build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбени комплекси „Grand Prestige“ и Домино

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11563
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 17-Jul-2013 at 23:42
Не се готови. Има уште работа. Вчера поминав оттаму, и се работеше на поплочување на плочникот околу зградите, како и на самите згради. Нема некој посебен напредок од последните фотографии од месец мај.
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 18-Jul-2013 at 00:36
дури сега откако ги изградија, приметувам колку многу се излезени кон булеварот, што не ми се допаѓа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Bobi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bobi Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 10-Nov-2013 at 22:13
Дали некој знае дали и кога ќе се градат остатокот од зградите од проектов.Колку што гледам веќе се вцелуваат,а има и дупка за уште една зграда.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1575
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 11-Nov-2013 at 17:38
Голем дел од становите се веќе вселени иако се гледа дека сеуште се работи за градилиште.
Малку заглавија со работа, очигледно им смачило на оние кои чекаа да се вселат во сопствените станови.
Треба да има уште 4, претпоставувам следните две на пролет.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 26-Dec-2013 at 01:38
кај и да е ќе се вселуваат зградите. во едната(што излегува на улица) веќе е отворен и салон за мебел. малку да се расчисти воздухов, ќе сликнам. деновиве секако се уредува околината баш ме интересира како ќе го уредат просторот
Back to Top
maci View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 16
  Quote maci Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 11-Feb-2014 at 11:01
колку што имам информација,тешко дека ќе се изградат уште 4 вакви згради.
еден од газдите е во затвор,имале финансиски проблеми....затоа оди вака бавно.
тие што се вселија ќе мора да го гледаат хаосот на терен уште подолго време.+ кога ќе се почне некогаш со градба,тоа има да биде живот на градилиште.
жално.
купуваш стан и мораш да ги трпиш сите галами,тропања,камиони,прашини....
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11563
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 14-Aug-2014 at 11:00
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1575
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 14-Aug-2014 at 16:49
Нема најави за следните 2 (вкупно 6)?
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 08-Sep-2014 at 08:30
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 08-Sep-2014 at 10:59
Ист к... како комплексот кај хотел ТЦЦ Гранд Плаза...
Од чаламот си патиме!
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 08-Sep-2014 at 12:16
Не е толку лошо, само некако заглавена е работата за останатите
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 13-May-2015 at 19:28
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1575
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 14-May-2015 at 16:24
Боите на фасадата на првата зграда онаа до улицата се избледени во однос на другата. Се надевам дека не се со ист квалитет и остатокот од материјалите.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 23-May-2015 at 23:03
Тоа дека објектов е стравотно грд, само спомен куќата на Мајка Тереза може да му конкурира.

Но зошто не можеше да се решат клима уредите да не бидат како тртки, сите прозори да имаат исти ролетни, сите тераси да имаат исти тенди? Или да нема заградување на тераси? Очигледно не се работи за немање пари, туку за недомаќинлук и неодговорност. Демек, мене ми е убаво и климатизирано дома, а ме боли како изгледа фасадата.

Па уште се вика Гранд Престиж ... оф мори мајко.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4411
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 24-May-2015 at 13:54


Најинтересното е што држачите за климатизерите се инсталирани од самиот изведувач на исто место за сите станови, а видете што направил станарот-дебил на кафеавиот кат. За алал е!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11563
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 24-May-2015 at 16:30
Ваков случај сум забележал и кај многу други згради. И сето тоа поради самоволието на станарите на кои им текнало да постават клима-уред кај што им се сака, а не кај што е предвидено место за тоа.
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3346
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 22-Sep-2016 at 08:46
Веднаш до Grand Prestige на местото на поранешна „Алумина“ се бетонира плоча на огрооомен објект по површина. Не знам колкава површина ќе се гради, но не би ме изненадило Стефчоградња-Карпош да направил некаква промена на ДУП-от и за оваа локација! Дали знаете дека на раскрсницата кај МИ-ДА, на парцелата што сакаше да ја купи „Меркатор“, будалата зацртала станбен објект со 15 ката!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1575
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 23-Dec-2016 at 17:22
Зградите кои се доградуваат не ми личи дека се дел од проектот на Гранд Престиж. Има табла со нов изглед на зградите/зградата кои се градат...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 23-Dec-2016 at 18:58

Домино – новото препознатливо обeлежје на Скопје


render-atrium-1

Поширокото централно подрачје во Скопје ќе добие нов врвен станбено-деловен објект, кој, по својата архитектура, по естетиката, но и по начинот на енергетско-ефикасна градба и употреба на материјали, треба да биде новото препознатливо обележје на главниот град.

Објектот со асоцијативно име – Домино, што ја изразува блоковската планираност на градбата, веќе започна да се гради во непосредна близина на поранешна Алумина, во скопската општина Карпош, на булеварот Митрополит Теодосиј Гoлоганов. Инвеститор и изведувач на Домино е домашната градежна компанија Импексел 2, која има долгогодишно искуство во изградбата на станбено-деловни комплекси, како што е соседниот комплекс Гранд Престиж, а кај клиентите е препознатлива по довербата и по квалитетот на градбата.

„Домино е станбен комплекс, со станови на едно станбено ниво и станови за висококвалитетно домување – на две станбени нивоа, таканаречени дуплекс станови. Вкупната површина на која се гради ДОМИНО изнесува околу 9.500 м2, а комплексот е развиен во две ламели. Соодветно на Деталниот урбанистички план за овој дел од македонската метропола, катноста на едната ламела е приземје, единаесет катови и поткровје, додека на другата има приземје, тринаесет катови и поткровје. Естетиката и функционалноста на целиот простор се проектирани по највисоките светски стандарди за објекти со комбинирана намена. Така на пример, за најмладите, во централниот простор е предвидено детско игралиште, каде што децата ќе можат да уживаат и да се забавуваат во амбиент и околина изолирана од сообраќај и од градската врева, специјално наменет за нив“, велат одговорните во компанијата – инвеститор, Импексел2.

plocha-1

Вкупната нето развиена, изградена, станбена површина на Домино ќе изнесува над 30.000 метри квадратни, а проектирањето на квадратурата на стабените единици е во согласност со трендовите, односно со она што се бара на пазарот на недвижности во последниве неколку години во Скопје.  Така што, на пример, двособните станови се движат од 39 м2 до 56м2, а предвидени се и двоетажни двособни станови од по 70 м2. Трисобните станови се со површина од 67 м2, 70 м2 и 92 м2, со тоа што и кај овој тип домови се проектирани двоетажни станови од 85м2. Четирисобните станови се со две еднокатни површини – од 105 м2 и 150 м2, а двоетажните станови се со површина од 122 м2 и 150 м2, потенцираат во Имексел2.

Движењето помеѓу објектите е така насочено што од централната дворна површина се пристапува кон атриумскиот простор во сутеренот, како и на двата подземни етажи, каде што се сметени мали деловно-комерцијални содржини, но и место предвидено за голем супермаркет. Вредно е да се напомене дека плански се искористени и просторите на покривите на објектите, каде што се испланирани покривни градини, кои на целиот комплекс му даваат дополнителна вредност, од естетска и од функционална гледна точка.

„Со употреба на урбани елементи како што се тремови, пасажи, паркови, покривни градини, не само што се создава пријатен простор за живеење на станарите, туку истовремено се подигнува и квалитетот на локалната урбана средина, на засебната градска четврт. Во дизајнот се користени обликувани постапки кои нудат адаптација и трансформација според потребите на корисниците. Како краен резултат се формира нов градски блок кој поттикнува социjална кохезија и современ начин на живот“, истакнуваат од ДОТ Архитекти, архитектонското биро коешто го испроектира овој комплекс.

Комплексот Домино е целосно домашна инвестиција, со поддршка на македонски банки. Градежните работи ги извршува компанијата инвеститор – Импексел 2, при што се вклучени и десетина домашни подизведувачи, а на градежните работи се посветени преку двестотини работници. Во Импексел2 нагласуваат дека при изградбата на Домино се употребуваат најсовремени материјали за градба, со висок и проверен квалитет, при што посебно се води внимание за енергетската ефикасност на комплексот. Целосното заокружување на градбата на Домино е планирано да се заврши етапно, за околу три години, во две фази, првата кон крајот на 2018 и втората кон крајот на 2019 година.

http://www.porta3.mk/domino-novoto-prepoznatlivo-obelezhje-na-skopje/


Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1575
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 24-Dec-2016 at 15:56
Тука нешто е сомнително. Ист инвеститор кој наместо да ја доврши првичната замисла ја менува во нов проект каде зградите имаат поголема висина. Дали од маркетиншки причини со оглед на тоа што не се прозлавија со првиве 2 згради гледано од аспект на квалитет, дали од некоја друга причина...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.