build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авијација и сè што е поврзано со летање (видео)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Авијација и сè што е поврзано со летање (видео)
    Posted: 17-Oct-2010 at 10:07

Најдов одлични видеа кои вклучуваат полетувања, слетувања на Скопскиот аеродром, се надевам во иднина ќе имаме и за цела Македонија....

Јас ќе споделам неколку од ЈуТјуб.... а ако имате нешто, зошто да не го пуштите да го видиме.....

најпрво.... две видеа снимени од пилотската кабина, полетување и слетување.... Се гледаат и крановите на конструкцијата на новиот терминал како и продолжувањето на пистата.... околината, бунарџик, петровец, автопатот... доста интересни глетки, еријалс што би рекле.... и интересни спознајства како работи еден авион.... глејте само како се однесуваат, еден од друг тип на авиони и колку некои од нив се стабилни во воздух, а исто така и на слетување и полетување.... како функционираат...



Edited by FoSsiL - 17-Oct-2010 at 10:20
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Oct-2010 at 10:25

еве уште неколку...

ова како се симнувате од авион и како влегувате во терминалот, стариот секако

понатаму....

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Oct-2010 at 10:51

Ајде уште неколку..... вака сега.... видеата не се по хронолошки распоред, и се од различно време... но се надевам дека нема да ви смета и дека за датата можете да видите на ЈѕТјуб.... со тек на време можеме да ги средиме, заедно со модераторите, сега нека стојат така, па кога ќе имаме поголема колекција, ќе се подредат убаво по различни аспекти..... во тоа спаѓаат оние спортски летови, кои ако имате такви може да ги споделите.... па после може да се вклучат и воените и полициските хеликоптери... се што е поврзано со темата, а со време би се средиле во посебни оддели, кое за што е..... и така.... еве....

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Oct-2010 at 11:04

еве следново е баш од Стенковец.....

уште едно....

поточно неколку...

ова е продолжение од претходното...

леле како сакам едно вакво.... мене ми изгледа перфектно авионче...

понатаму....

едрилицава ја бива....

нешто помало...

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Oct-2010 at 11:23

ај уште овие и треба да искачам....

нешто постаро....

еден лет над старо Скопје, мислам дека го имаме на форумот но нека стои и тука....

еден понов....

еве нешто од параглајдерство над Крушево, поточно Македонија, како први видеа.... после ќе пуштам уште...

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 17-Oct-2010 at 11:25
Зар не се јаки.... ова морам да го пробам во животов мој..... ај сега отидов... после пак...
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 17-Oct-2010 at 16:48

Како што реков.... параглајдерство и слично....

има и вовче.... ако знаете каде е и кој воз.....

еве нешто и во тандем....

неверојатна глетка на Охридско

одлична глетка од Скопско


Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Oct-2010 at 17:11

еве ги нашите два Air Tractor At802A Fire Boss авиони во лет.....

добро, тука има малку повеќе полиција, но има и одлични еријалс од Скопје, концентрирајте се на хеликоптерите и глетките на градот....

лоша снимка, но тоа е....

е ај да ве видам сега..... викаат не е можно... дека е преправена.... незнам еве нека стои.....

нешто постари...

Во Маврово...

аеро-митинг Битола, Логоварди..... 2009

нешто и од 2010

и малку пауза сега.....

Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 209
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Oct-2010 at 21:58
Одлични видеа Fossil. Thumbs%20Up
Во врска со чудото со Ми24 можеби е возможно она да се направи но за жал она не беше македонски хеликоптер. Бојата и ознаките не соодејствуваат со македонските.
Инаку одлично што ти текнало да отвориш ваква тема.
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Oct-2010 at 22:05

Сеедно, нека стои така за сега...

Фала за коментарот... утре ќе побарам уште нешто... касно е прва смена сум па да си легнам..

поздрав

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4389
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 16-Jan-2011 at 21:19
Првите две кои ги постира фосил, и овие следните се супер за гледање во HD.

Па и скорешни се, може да видете напредок на пистата.


15-минути, но многу добра снимка од пилотот.


Ова пак има транскрипт, ако го гледате на сајтот на јутуб може да го прочитате, ако не еве ќе го ставам тука:

0:00Flight OK846 from Prague to Skopje, OK-EGO on end approach to runway 34
0:05Bardar village (right of lakes) comes into view
0:13Blace village (foreground) comes into view
0:39At Katlanovo, the M1 highway from Skopje to Veles splits into one road for each direction
0:47The pilot initates a missed approach maneuvre and turns West towards Skopje
1:15Flying along the highway from Skopje to Veles
1:20At R'zanicino, the highway splits into directions M3 Skopje (left) and M1 Kumanovo (right)
1:26Skopje international airport and Petrovec village come into view
1:40Passing Petrovec village
1:50The pilot finishes turning East and flies parallel to the runway
2:13Passing Mralino village
2:21Passing Kadino village
2:30Extending flaps, producing thin vapour trail
2:52Passing Marino village
3:10180 degree turn East towards Skopje airport
3:48Short preview of runway 1 (left)
3:55...and back to Ilinden Community
4:18Aligning with the runway
4:30Mount Vodno in the background (right)
4:55Technological Industrial Development Zone Bunardzik
5:03Crossing highway M4 connecting Skopje and M1
5:19Macedonian Airforce in the background (helicopters)
5:30Touch down, full spoilers, and reverse thrust
5:45Some thunderstorms (top left)
5:55Spoilers retracted
6:31Turning off the runway
7:25The two Skywings machines: Z3-AAN on the right (white tail), and Z3-AAJ on the left (blue tail)
7:35Macedonian flag, above the building: pretty strong wind from the South!
7:44Turning into stand 8



Невообичаено приземјување од другата страна на пистата (обично се слетува и полетува од страната на село Петровец).

---------

Малку од Охрид, полетување и слетување со ЈАТ.





Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 16-Jan-2011 at 22:53


До сега немав видено слетување на скопскиот аеродром од северна страна, сега одеднаш два пати и тоа на видео 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 17-Jan-2011 at 01:27
На второто се гледа нешто активности низ Бунарџик.
Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 17-Jan-2011 at 23:02
"0:47The pilot initates a missed approach maneuvre and turns West towards Skopje"

Ова не е missed approach, да не дојде до забуна, туку вообичаена постапка за ILS approach runway 34 with visual circling for runway 16, во случај како на видеово, кога има јужен ветар. Воздухопловите секогаш слетуваaт "во ветар", значи кога има северен ветар (како што е најчесто случај во Скопје - ветар од североисточен правец) тогаш слетуваат од југ, односно во писта 34 (ова 34 значи правец 343 степени, односно правец во кој се протега полетно-слетната патека) а кога има јужен ветар, тогаш изведуваат visual circling за писта 16 (правец на протегање 163 степени) бидејќи од тој правец немаме инструментален приод (ILS - Instrument Landing System). На конкретниот пример, воздухопловот го наведуваме на ИЛС за писта 34, и откога "ќе се закачи"- established on ILS, добива инструкција од кула: Break left to join right hand traffic circuit for runway 16, report base, по што воздухопловот врти на пропишаната висина во лево и се вклучува во десен школски круг за визуелен приод за писта 16. Пропишаната висина зависи од категоријата на воздухопловот(постојат A, B, C, D И E категории на воздухоплови), во зависност од approach speed above threshold-Vref). Нормално, за да се оствари визуелен приод, треба да бидат исполнети и минимумите за видливост, во зависност повторно од категоријата на воздухопловите. Пример, за категорија C и категорија D (генерално сите патнички воздухоплови спаѓаат овде) минимум видливост за visual circling е 4800 метри.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4674
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 17-Jan-2011 at 23:28
Многу поучно и интересно инфо. Би ми било мило да споделуваш вакви работи и понатаму, колку што можеш и колку е дозволено. Благодарам многу.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Jan-2011 at 00:37
@ ATC-LWSK

1. Дали со надградбата која е во тек се планира поставување на ILS za 16-ката?
2. Дали со истата надградба се планира инсталирање на друга позначајна опрема?
3. Може ли малку подетално да ги објасниш категорите на аеродроми, исто така во која категорија е моментално LWSK и дали моментално се работи на надградба во повисока категорија или барем да постои конкретен опиплив план за поблиска иднина?
4. Отприлика колкав процент од полетувањата/слетувањата се изведуваат на пистата 16?
5. Дали се случува понекогаш да дува значаен јужен ветар, а сепак видлвоста  да падне под 4800 и што во таков случај?
Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Jan-2011 at 10:01
Originally posted by Cloverstack

@ ATC-LWSK

1. Дали со надградбата која е во тек се планира поставување на ILS za 16-ката?
2. Дали со истата надградба се планира инсталирање на друга позначајна опрема?
3. Може ли малку подетално да ги објасниш категорите на аеродроми, исто така во која категорија е моментално LWSK и дали моментално се работи на надградба во повисока категорија или барем да постои конкретен опиплив план за поблиска иднина?
4. Отприлика колкав процент од полетувањата/слетувањата се изведуваат на пистата 16?
5. Дали се случува понекогаш да дува значаен јужен ветар, а сепак видлвоста  да падне под 4800 и што во таков случај?


1. Не се планира од повеќе причини, а најмалку од финансиски. Многу поважно е што планините на север, Скопска Црна Гора и Муратица не дозволуваат да се постигне добар glide slope за ILS-от, односно агол на понирање. Најстрмен агол на понирање има London City со 6 проценти (нормален е 3 проценти, а нашиот во Скопје за писта 34 е 3,3), и аголот се одредува според препреките, или во случајот со City Airport, поради Noise abatement procedures (да не барам линкови, само прогуглајте го поимите ако ве интересираат детаљи), а кај нас мислам дека не може да се постигне дури ни агол од 6 проценти. Има случаи кога се прави ИЛС со вртење, прочитајте за стариот аеродром во Хонг Конг, Каи-так, но и тоа е тешко изводливо, а пред се не толку потребно.
2. Не знам на што мислиш позначајна опрема, од аспект на оперативно работење на аеродромот, најзначајно е продолжувањето на полетно-слетната патека за 500м кон југ, со што ќе се овозможи зголемување на take off run available, или популарно кажано, ќе може да полетува и џамбо наполнет до даска (и до сега полетувале и слетувале џамбовци и русланди (АН124) но при полетување, морале да бидат ограничувани во take off weight, односно мораа да полетуваат "полесни" со гориво, со што им беше намален range-от на летање). Сега ќе можат натанкани да полетуваат и да летаат на подолги дестинации, но пак и тоа ќе зависи од временските услови, пред се надворешна температура и моментален ветар.
3. За категоризацијата, има повеќе видови категоризација на аеродроми по разни основи, но од оперативна гледна точка, сметам дека е најважна категоризацијата според тип на инструментален приод. Ги има пет типа, да не ги објаснувам, само ќе ги набројам:
ILS category 1
ILS category 2
ILS category 3a
ILS category 3b
ILS category 3c
Нашиот аеродром е категорија 1, одосно најнепрецизен од прецизните интрументални приоди, со релативно високи минимуми за слетување во однос на видливост, и пак ќе кажам, не поради финансиски причини, туку поради конфигурација на терен.
Најпрецизен е ILS category 3c, односно слетување на слепо, без никаква видливост.
за повеќе информации, гугл ILS
Инаку, за патниците и за операторите, најважен е капацитетот на аеродромот, односно колку патници и воздухоплови може да опслужи за еден час, а за тоа немам прецизни информации.
4. Немам точна информација, нас од оперативен аспект не ни е толку важно, ги водиме и за 34 и за 16, со тоа што при јужен ветар, намален ни е капацитетот на полетувања и слетувања, но поради малиот обем на сообраќај, нема застои.

http://eurocontrol.gryph.de/airports/LWSK.pdf
Овде има линк за АИП-от (Aerodrome Information Publication) каде можете да видите и мапи, и детални информации за аеродромот.

5. Кога има јужен ветар посилен од 10 јазли, и помала видливост од 4800 метри, или UTC времето е past sunset, тогаш се дивертира на алтернативен аеродром, најчесто Охрид, а некои оператори, на пример Малев и Кроација се враќаат назад од каде што полетале. Тоа зависи од компанијата, на пример Аустриан оди за Охрид, а ако е затворен и Охрид, одат за Солун итн.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Jan-2011 at 17:34
Благодарам за исцрпните одговори  Bow


Уште две дополнителни прашања

1. Дали се работи на подигање на ILS категоријата на LWSK?
2. Дали проблематичниот пристап за слетување на пистата 16 може да биде сериозен ограничувачки фактор за долгорочниот развој на аеродромот (се разбира зборувам доколку почнат да се остваруваат оптимистичките сценарија и многукратно зголемување на сообраќајот)?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-Jan-2011 at 19:40
atclwsk и јас имам неколку прашања. Има ли некоја идеја, имало ли за уште некоја писта изградба. Дали паралелна покрај автопатот под некој агол со оваа с. Мралино с. Чојлија, или па паралелно на Бунарџик, или па од другата страна на м1 во полигонот Чојлија. Некаква варијанта се вртело ли некогаш?

Како е означена трасата од автопатоот што треба да е резервна писта. Има ли броеви свои и дали воопшто некогаш се случило да се искористи или да има барем случај кога некогаш била на работ на искористување? Имало ли некогаш таква ситуација да се помислило на оваа опција?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4389
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Jan-2011 at 20:11
Читав баш пред некој ден за ова на форумот avijacija.mk и постарите членови (поранешни припадници на југословенското воено воздухопловство) кажуваа дека имало луѓе од ЈНА (ЈВВ) на пунктовите за наплата на патарина кои биле обучени во рок од половина час да ја уредат таа делница за слетување. Значи тргање на средишната ограда, поставување на светлосни уреди, и сè друго што подразбира подготовка за слетување. Не знам дали луѓето од цивилното воздухопловство имаат врска со тоа, сум добил впечаток дека тоа било повеќе за итни случаи на военото воздухопловство, на пример во вонредна состојба.

Го затрупавме човекот со прашања, но има и што да сподели со нас.

Edited by гитардемон - 18-Jan-2011 at 20:13
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.