build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од регионот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Од регионот
    Posted: 08-Mar-2009 at 23:45
АЕРОДРОМИ И АВИЈАЦИЈА ВО РЕП. БУГАРИЈА:
На територијата на Бугарија се наоѓаат 8 интернационални патнички и карго аеродроми: Софија, Пловдив, Варна, Бургас (како најважни), следени од аеродромите во  Стара Загора, Русе, Горна Орјаховица и Казанлак.

АЕРОДРОМ СОФИЈА-Враждебна (
Летище София-(Враждебна)):





Главниот аеродром како за патнички така и за карго превози во Бугарија. Се состои од 2 терминала, од кои Т2, е пуштен во употреба на 1ви Јануари 2007 година, кога Бугарија и официјално и се придружи на Европската Унија.
Т1: Стариот терминал, реновиран во 2000 година, сега се користи исклучиво од нискотарифните авиокомпании и има капацитет од околу 1 400 000 патници на година.
Т2: Новиот терминал се градел цели 6 години, пропратен со типичните и за нас скандали и корупциски зделки.

Зградата зафаќа површина од 56 000 квадратни метри и располага со 7 излези во форма на ракав за авионите, 34 чек-ин постови и 200 метра галерија кон пистите. Терминалот е на 7 нивоа, од кои 4 се подземни во кои е сместен паркингот на Аеродромот, со околу 800 места за автомобили (long and short term park). Со останатите делови од терминалот е поврзан преку 12 лифта и 7 ескалатора.















Аеродромот е врзан со градски транспорт со самиот град и тоа: А84 Терминал 1 - Софиски Универзитет и А284 Терминал 2 - Софиски Универзитет.



Пистата е долга 3 600 метри (Скопје е само 2 450м) а во план е изградба на уште една писта, паралелна на сегашната.

Во склоп на аеродромот делува и новоотворениот центар на германскиот национален авиопревозник, Lufthansa Technik Sofia (A320 and Boeing 737 maintainance).



Во 2008 година, Аеродромот обслужил 3 230 000 патници, што е раст од 17,6 % во споредба со претходната 2007 година. Биле опслужени 46 редовни интернационални линии, 3 редовни домашни линии и 12 чартерни линии. Најдинамичен е растот на нискотарифните патнички превози, дури 127%!!! Нешто што многу ми се сака да го видам и во Скопје. Целокупниот капацитет на двата терминала е 4 400 000 патници годишно и затоа веќе се прават проекти за раширување на Т2 со уште 7 гејта.
Cheers

Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Mar-2009 at 00:29
овие бројки, капацитети, пропратна инфраструктура и изглед на аеродромот во Скопје се очекува да се постигнат во 2085 година, после петнаесеттата светска екомомска криза, пред одржувањето на 30те парламентарни избори кај нас Wallbash

за уште поубаво расположение, еве пар фотки од Аеродромот Мајка Тереза во Тирана. Новиот терминал е завршен март 2007.





Од изградбата



А еве и две и од аеродромот во Подгорица, новиот терминал е завршен 2006




Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1297
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Mar-2009 at 00:29
Колку што сум запознат јас,за Русе и Стара Загора сеуште се бараат концесионери,аеродромите се многу стари и обично се користат за рели трк,Горна Ораховица се користи од министерството за одбрана на Бугарија,мислам дека и за него е почната постапка за концесионирање,а Казанлак е почната реконструкцијата на аеродромот од страна на бугарски бизнисмен,но тој е многу мал и не знам колку би бил функционален за меѓународни летови.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-Mar-2009 at 00:39
Да, прав си, сите овие аеродроми ќе одат под концесија. Но, сите овие аеродроми имаат асфалтирани писти од 2 450+ метри (како и Аеродром Скопје) и сите имаат по 5 апрона (стојалишта за авиони од типот Боинг 737). Русе и Стара Загора сега се затворени, но во минатото извршувале дневни летови за Софија и други источно-европски градови. Аеродромите во Тирана и Подгорица се фини на изглед, но јас не би се сложил новиот терминал во Скопје да биде изграден без гејтови за авиони. Пешачење по писта е напуштено уште пред 50 години.
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Mar-2009 at 09:43
Колку што се сеќавам, тиранскиот аеродром сепак има гејтови (плус наскоро започнуваат со изградба на уште еден терминал) а аеродромот во Подгорица навистина нема гејтови (но Подгорица е град со само 100.000 жители, а при тоа новиот аеродром е барем двојно поголем од постојниот во Скопје).

Инаку тиранскиот аеродром е под концесија, а подгоричкиот се изгради со грант и кредит од ЕУ. И во двата случаи се изградија комплетно нови пристапни патишта од градовите. Отиде регионот пред нас во секој поглед...каскаме веќе со години назад...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4380
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Mar-2009 at 15:25
Веројатно мислиш на jetway/jet bridge како овие, бидејќи gate мора да има секој аеродром, и скопскиот има две Еве на што мислам



Е сега вистина е дека поголемите аеродроми (од нашите) практикуваат вакви, на помалите нема потреба, но и на најголемите на светот нормално е дека нема потреба од џетвеј за секој лет. Особено за летовите од Скопје кои се изведуваат (најчесто) со авиони со капацитет до 80-тина луѓе, џетвејот не е конфигуриран за таков тип на авиони, и затоа се врши транспорт со автобус по паркирањето на авионот. Затоа, за нашиот аеродром (во сегашната состојба) многу е поважно да има најпрво автобуси, па потоа да се мисли на jetways. Знам дека има 2 автобуси во Скопје, тој едниот го гледам вечно паркиран, а другиот само еднаш сум го видел, но факт е дека никогаш не возат, сум летал од Скопје и на -20, и на +45 но никогаш не ме пренеле со автобус. Само ти вика теткицата на излезот, пази се лизга од мразот, и се случи неколку луѓе да паднат... Тоа ли е услуга? Како и да е, да ја завршам мислата, во сегашната состојба, со летови од 50 патници jetway воопшто не му треба на аеродромот Скопје, видете го аеродромот во Сплит, тој нема jetway па е прекрасен, и службата е прекрасна. Со оглед на тоа што моментално скопскиот има многу малку летови дневно, од кои повеќето се групирани во определен период на денот, а нема никакви проблеми со гужви или такви работи (едноставно со неточност на вработените, но тоа е друга приказна), мислам дека не е итно ова за нашиот аеродром. Canadair CRJ на Адриа и Мат не можат да се прикачат за ова, ATR 42 на Bulgaria Air исто така, ATR 72 на B&H Airlines не може, Austrian само кога е нивни боинг, инаку најчесто се codeshare летови со минијатури на Austrian Arrows или Lufthansa кои исто не се компатибилни со jetway-от, и да не продолжувам бесцелно, со ваквиот минимален сообраќај, аеродромот џабе ќе има jetway, кога нема кој да го користи. Ако порасне бројот на патници, ќе има поголеми авиони, и може да има потреба од ова. Сега засега, само за boing 737 може да се примени ова од авионите што летаат до Скопје, а малку компании пуштаат такви за Скопје.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Mar-2009 at 15:34
аха, на тоа мислев, не ја владеам баш стручно терминологијата Smile

Originally posted by гитардемон

бидејќи gate мора да има секој аеродром, и скопскиот има две


да да, легендарни се оние објави на разгласот: ,,се молат патниците на летот за Виена да се упатат на излез број 1.'' Бурлески Big%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11772
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Mar-2009 at 16:28
@ anDarko
Тиранскиот сигурно нема "jetways". А Скопје има пристапен пат до аеродромот уште одамна и тоа автопат. Регионот дефинитивно граби напред и ние не треба да дремеме, но не чини ни со сила да се потценуваме.


@ гитардемон
"jetways" има најразлични и сите тие се помалку или повеќе прилагодливи на поголеми групи на типови на авиони. така да ако проекциите на ТАВ за скопскиот аеродром бидат макар делумно остварени, без "jetways" аеродромот ќе биде тотално фијаско. На рендерот ги имаше, но тоа се разбира не е никаква гаранција. Рачунам на здравиот разум дека ќе ги има и тоа не само 2-3.

Еве фотки од најраспространетите мали "regional jet" авиончиња како доказ дека дури и за нив во нормален свет се користи jetway Big%20smile

Embraer ERJ-170


Embraer ERJ-145


Canadair CRJ-900



Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4380
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Mar-2009 at 16:45
Хм, мене никогаш не ме зеле со jetway кога сум летал со ваков, но можеби бидејќи само низ Европа сум летал со овие аеро-автобуси Зависи како го дефинираш ти нормален свет, но овие мене сите ми изгледаат од ненормален свет за нас Сите слики се од САД и Австралија, во Европа имам летано од Виена, од Москва-Шереметјево, од Скопје, од Сплит и од Берлин-Шонефелд, а сум бил многу пати на Солун и Атина, но не сум видел никогаш џетвеј на мали авиони, бидејќи апроните се презафатени со меѓународни (не мора меѓународни, но оддалеку доаѓаат) летови (за Скопје ова не важи ) па веројатно затоа ги паркираат регионалните на 'сред никаде'. А во САД и Австралија ретко има меѓународни летови во внатрешноста на државата, па jetway-овите не им се резервирани за меѓународните летови, ги користат и за помали воздухоплови. Сепак мислам дека за лет со помал број на патници не би требал jetway, навистина не сум сретнал на ниеден лет од Скопје, а сум летал на неколку. А пак на други кратки дестинации не сум летал, сите биле многу долги со дестинација големи аеродроми, па jetway-от е a must таму, затоа не можам да споредам од лични искуства. Скопје изгледа е лош пример за споредба, а? Од Виена сум летал 8 пати за Скопје и секогаш сум летал од најзафрлениот терминал C, во кој се стига само со автобус при меѓународните трансфери, и многу е напорна работа да се оди доттаму, се лета само за Белград, Ереван и Тбилиси оттаму (зафрлени држави). Меѓутоа привилегија е и со нив да нè ставаат во иста група ко што ни тргна работата.


Edited by гитардемон - 09-Mar-2009 at 16:49
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Mar-2009 at 16:53
Originally posted by Cloverstack

@ anDarko
Тиранскиот сигурно нема "jetways". А Скопје има пристапен пат до аеродромот уште одамна и тоа автопат. Регионот дефинитивно граби напред и ние не треба да дремеме, но не чини ни со сила да се потценуваме.


Се согласувам, апсолутно не треба да се потценуваме; и да, до скопскиот аеродром има автопатска врска веќе со децении (другите аеродроми се разбира и порано имаа пристапни патишта, сега изградија нови, по-соодветни).

Проблемот е во тоа додека ние имавме автопат до аеродром, споменатите земји имаа штали од аеродроми; ние сега останавме само на импресивниот патен пристап, кој сега во последните 300 метри пат пред аеродромот асфалтот е здробен, навечер неосветлен, а претходно поврзан со спојка во кривина која убива доколку не знаете за која луда косина се работи (излезот кон аеродром после патарината - исто неосветлен, малтене се работи излез кон некое село, а не аеродром).

Каде беа Тирана и Подгорица само до пред некоја година, каде сме сега ние...претходно спомнав дека во една подалечна земја која до пред 5 години имаше буквално штала за аеродром сега е веќе трета година како е пуштен феноменален нов аеродром + со нова железничка врска со центарот на градот! Зборувам за Тбилиси...Скопје се уште нема ни бус линија усогласена со летовите...


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8747
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Mar-2009 at 16:57
Originally posted by anDarko



Проблемот е во тоа додека ние имавме автопат до аеродром, споменатите земји имаа штали од аеродроми; ние сега останавме само на импресивниот патен пристап, кој сега во последните 300 метри пат пред аеродромот асфалтот е здробен, навечер неосветлен, а претходно поврзан со спојка во кривина која убива доколку не знаете за која луда косина се работи (излезот кон аеродром после патарината - исто неосветлен, малтене се работи излез кон некое село, а не аеродром).



Оваа кривина е претпоставувам некое од фамозните скопски привремени решенија. Излез кој трга од трета лента неможе да биде нормален. За лакот и да не збориме. Таа клучка треба да се комплетира со нормален надвозник и излез десно веднаш по патарината и се би било нормално.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11772
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Mar-2009 at 17:00
Originally posted by гитардемон

не сум видел никогаш џетвеј на мали авиони, бидејќи апроните се презафатени со меѓународни (не мора меѓународни, но оддалеку доаѓаат) летови
Па ова сигурно не е пожелна ситуација, особено кога се спремаме да градиме речиси нов аеродром со сосема нов терминал. Треба убаво да се испланира и димензионира и дополнително да се размислува за подоцнежно ширење.
Не знам зошто на помали авиони да не се применуваат jetways, тоа сигурно не е ниту луксуз ниту нешто сувишно. А плус треба да се размислува и за во иднина - трендот е се поголема употреба на jetways, а не на автобуси.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Mar-2009 at 20:11
Е сега вака... Прво од каде тоа дека Скопје имал автопат до аеродромот а другите имале патчиња и штали!?! И што ако има кога како што кажавте е полн со дупки и уште на самиот излез кон терминалот знакот за исклучување е на жолта позадина  (локален пат) и пишува Аеродром-Aerodrom Bash. Сите нормални градови си имале отсекогаш и големи аеродроми и автопати кои водат до нив (Белград, Софија, Загреб). Ако вас ви е критериумот Тирана што беше главен град на изолирана држава или Подгорица што беше 10ти град по големина во Југославија (а Скопје 3ти) тогаш ОК.
Второ не е точно дека мали авиони летаат кон Скопје. Само Булгариа Ер има стварно мал авион. Адрија еднаш дневно лета со голем Ербас и еднаш со Канадер за 90 патници, но и двата во Љубљана се оплусжуваат на нормални цевка-гејтови.  Мислам дека токму ова е најнужното нешто за нашиот аеродром. Ние имаме без конкуренција најлош аеродром на балканот (од поважните аеродроми). Многу се надевам дека ТАВ  ќе направат нешто добро, но за жал почетокот им е неславен...

@гитардемон, од каде тоа дека Ск Аеродром има два џетвеја? ај дај постирај една слика да го видам тоа чудо! Како може терминал што е на приземје воопшто да има џетвеј???
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4380
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Mar-2009 at 17:41
Баш го реков обратното, му објаснував на anDarko дека гејт и џетвеј не е исто. Фала богу дека Скопје нема такво нешто, иако не си во право дека не може на приземје да има џетвеј, скоро половина аеродроми во светот се така конфигурирани што приземјето е едно ниво над пистата, а има подземје кое би дошло -1 кат. Така џетвејот е поврзан со нивото кое е приземје, но кога гледаш од страната каде што е влезот на аеродромот, не пистата.

Инаку за авионите, јас канадерот го сметам за мал авион, сепак во однос на распонот на крилата и должината, значително е помал од боингот 737. Канадерот има распон од 24,85 метри додека боингот 28,9 метри. За должина и двата се околу 36 метри, но ме сфати што сметам за мал авион, баш како овие што ги постира Cloverstack погоре. Инаку факт е дека само Turkish и Malev пуштаат редовно Boeing 737, додека сите други користат помали авиони.

А делот за патот навистина не го разбрав, сакате да кажете дека аеродромот во Скопје има некој посебен пат кој води до него? Тоа е само еден квази автопат, со крпени дупки како и половина од т.н. автопати во Македонија. Можеби е подобар од тие во Албанија и Црна Гора, но не треба тие да бидат репер за добар пат.

ЕДИТ: Далеку од тоа дека не му треба на аеродромот џетвеј, тоа е нормално за иднината, едноставно реков дека со моменталниот сообраќај тоа е луксуз најнепотребен, а воедно и не може да се изведе со оглед на тоа што не е како аеродромите кои ги опишав погоре. Нека купат еден автобус сега засега да не се резилиме, и онака терминалот е срам невиден, барем до авионот да има со што да се стигне. Каде друго место во светот смее некој слободно да пешачи каде сака по паркингот за авиони. Ако истрча некој кон друг авион нема никој да го запре.


Edited by гитардемон - 10-Mar-2009 at 17:51
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Mar-2009 at 20:03
Croatia Airlines редовно лета за Скопје со Airbus 319; Czech Airlines лета со Boeing 737-500; бар пола летови ЈАТ ги лета со Boeing 737-300, а многу често и Adria користи Boeing 737-300. Тука е се разбира и МАТ со својот Boeing 737-500 и како што спомна Turkish со Airbus 319/320. Така да сепак, испаѓа дека повеќето компании за Скопје оперираат со авиони кои се соодветни за jatway Smile

За патот, крш се двете еднонасочни (значи со една коловозна лента) скршнувања кон аеродромот од автопатот - првото веднаш после патарината и второто пред самиот влез во аеродромот. И во двата случаи се работи за делници од по 200-300 метри, со здробен асфалт, без осветлување, никаква патна ознака и кривина под голем агол.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Jun-2009 at 21:19

Аеродром Пловдив           Летище Пловдив




Аеродромот во Пловдив e лоциран на 15 километри југоисточно од вториот град по големина во Бугарија. Сместен е близу до селото Крумово, на патниот правец Пловдив-Асеновград-Паппорово-Грција.  Денешниот патнички Терминал 1 е пуштен во употреба во 1971 година.

Локацијата на аеродромот, го прави атрактивен поради блискоста на објектот со најпознатите зимски туристички центри во земјата, а имено Пампорово, Банско и Боровец. Инаку самиот аеродром е оддалечен од Софија на 160 км и се користи во пример на ггуста магла, за пренасочување на сообраќајот од Аеродромот на Софија.





Аеродромот е доста добро поврзан со останатиот регион. Кон него води автопатот Пловдив-Асеновград:



Потоа освен редовните автобуски линии, има и пруга, која е дел од системот на брз регионален воз Пловдив, Линија Р1 (на мапата означена со сива боја, во долниот дел на сликата). Р1 вози на релација Централна ЖП Гара Пловдив-Аеродром Пловдив.



Но, иако поволната положбан добрата поврзаност и блискоста на вториот град по население во Буагрија, Аеродромот е само 4ти по број на патници во земјата. Затоа владата одлучи за изградба на нов патнички термина, Терминал Пловдив 2.
Изградбата започна во фебруари годинава, и е пред самиот крај. Пуштањето во употреба се очекува за околу 1 месец.



Март 2009:





Април 2009:





Јуни 2009:



















Edited by Andrej_LJ - 22-Jun-2009 at 12:41
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11772
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-Jun-2009 at 01:35
Андреј, дали знаеш колкави се капацитетите на двата терминали и колкава е цената на новиот?
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 23-Jun-2009 at 01:54
The terminal will be ready at the end of July and fully operational for the beginning of the 2009 winter tourist season. The cost are estimated to be €20,000,000.

Летище Пловдив започна изграждането на нов пътнически терминал, който ще има два пъти по-голям капацитет и ще може да посреща 500 хил. пътници годишно. Пърка копка бе направена на 23 февруари 2009 г.
Новата сграда ще може да посреща по 1000 души на час при 250 пътника в момента. Предвидено е изграждането на шест нови стоянки за самолети (така броя им ще достигне 12), нова пътека за рулиране, паркинг и пречиствателна станция. Терминала и прилежащата инфраструктура ще струват 40 млн. лева.

- Значи инвестицијата е 20 милиона евра.
- Т1 има 6 апрона (стојанки) за авиони, Т2 ќе има уште додатни 6
- Т1 има капацитет од 250 патници на час, Т2 ќе има уште дополнителен капацитет за 1000 патници на час, со што ќе се постигне бројка од 1250 патници на час или околу 10 авиона/полета.
- Должината на пистата е 2500 метри, а широчината 50 метри.

Инаку дали би знаел како стои Аеродром Скопје по овие параметри случајно?

Edited by Andrej_LJ - 23-Jun-2009 at 01:57
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 23-Jun-2009 at 02:08
И уште нешто само што најдов на Нет. Возниот ред на Регионален Влак Пловдив (нешто како С-Бан), Р1, помеѓу главната железничка станица на Пловдив и Аеродром Пловдив. Инаку стварно е срамота за нас да немаме врска со Аеродром Скопје, па макар на почетокот и автобуска.... Еве го распоредот:


Заминава      Пристига      Категория      Времетраене
05:30                05:55      ПВ             00:25
06:00                06:25      ПВ             00:25
06:30                06:55      ПВ             00:25
07:30                07:54      ПВ             00:24
08:30                08:55      ПВ             00:25
09:40                10:04      ПВ             00:24
11:30                11:54      ПВ             00:24
12:30                12:54      ПВ             00:24
13:30                13:54      ПВ             00:24
14:30                14:54      ПВ             00:24
15:30                15:54      ПВ             00:24
16:30                16:55      ПВ             00:25
17:30                17:54      ПВ             00:24
18:31                18:55      ПВ             00:24
19:30                19:54      ПВ             00:24
20:32                20:55      ПВ             00:23
21:30                21:53      ПВ             00:23

* ПВ - Патнически Влак (Патнички Воз)
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 20-Oct-2009 at 18:41
Авионот на кинеската државна делегација, во посета на Софија (Боинг 747):




"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.