build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Од регионот
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од регионот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 26-Apr-2021 at 13:04
София - Бояна , комплекс Дъбова гора.
























Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 26-Apr-2021 at 13:49
София - еко комплекс Алено цвете.
























Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 26-Apr-2021 at 17:09
София - Кошер


Започва строителството на най-новия жилищен проект в София - Кошер на Софбилд. Комплексът е на бул.България ,разположен на площ от 25дка.













Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 26-Apr-2021 at 17:17
Убави проекти.
За сè има вторпат
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 28-Apr-2021 at 12:46
София
























Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 30-Apr-2021 at 14:26
Sofia Park Villas






















Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 06-May-2021 at 16:30
EVER GREEN COMPLEX-Prishtina





KOMPLEKSI PANORAMA APARTMENTS-Fushë Kosovë







KOMPLEKSI VA-RESIDENCE-Prishtina









https://www.facebook.com/VllezeritAsllani
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 08-May-2021 at 12:23
Sofia - Home2U












Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 11-May-2021 at 13:09
София-Панчарево- ж.к. La Ville

Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 13-May-2021 at 18:35
Residental Park Plovdiv
В Пловдив започна изграждането на най-мащабният жилищен проект извън София. Жилищният комплекс е разположен на площ от 200дка и е разделен на две части от голяма търговска пешаходна улица. Комплексът е на две нива - подземна - където се намират подземните улици за достъп до жилищата ,паркинзи ,гаражи , контернери за смет , складове и места за зареждане и надземното ниво - където е парковата и жилищна част с офиси, банкови клонове, ресторанти, заведения за обществено хранене,търговски и спортни комплекси.























Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 27-May-2021 at 15:07






https://www.facebook.com/BekamentMK
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 30-May-2021 at 17:04
VA RESIDENCE-PRISHTINA



...

EVER GREEN COMPLEX-PRISHTINA









https://www.facebook.com/VllezeritAsllani
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 30-May-2021 at 17:12
Tomov Plaza Plovdiv 16fl. /// Томов Плаза гр. Пловдив 16ет.







https://www.facebook.com/TomovPlaza
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 01-Jun-2021 at 16:39


https://www.facebook.com/BekamentMK
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 11-Jun-2021 at 16:42
Marigona Residence, Приштина



За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5314
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 11-Jun-2021 at 21:35

Така се шири еден град, а не со одвратни петкатници со лимено поткровје врз улици од турско.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 12-Jun-2021 at 01:15
Originally posted by гитардемон


Така се шири еден град, а не со одвратни петкатници со лимено поткровје врз улици од турско.


Апсолутно не. Барем не како генерална идеја за растење на еден град. Вакво ширење гарантирано води кон долга листа на многу лоши исходи. Ова може да биде добар урнек само доколку се работи за мал број полуелитни населби. И тоа под услов да се поблиску до градот и да се подобро интегрирани со градот во смисла на комуникации, сервиси и слично... Јас би рекол дека ова ќе беше добар урнек за „елитата“ во Бардовци. Но приштинскава населба е одалечена 6 km од градското ткиво и 10 km од центарот на градот. Тоа е по воздушна линија, а како што гледам над 2 km спореден пат ги дели пред воопшто да се приклучат на главна комуникација кон Приштина. Ако околу Приштина им се намножат вакви населби, ќе им се намножат и многу нови крупни проблеми.

Со ваква густина на население и со ваква дистанца од компактното градско ткиво, во вакви населби не е економично ниту практично да се организира базичен автобуски јавен превоз, а камо ли нешто повеќе. Веднаш прешкртај и велосипедски превоз, електрични тротинети итн. Значи апсолутно нема никаков избор освен автомобили, за сите потреби.

А овде претставува проблем и е неекономично да се обезбедат дури и базични институции и општествени услуги. Со тоа транспортниот проблем станува уште покритичен. На жителите им требаат многу возила, многу гориво, и многу време, за редовни секојдневни работи... А целиот тој дополнителен сообраќај со сите економски и други последици што ги предизвикува, не е проблем само на жителите на овие населби, туку ќе биде камен околу врат на целиот град.

И секако тука потребната инфраструктура по глава на жител кошта многу повеќе отколку што кошта во малку покомпактно градско ткиво (и како стартна инвестиција, и како тековно одржување).



Ова што го кажав во контекст на приштинскава населба секако не значи дека никнување на петкатници или десеткатници збиени околу стара, затекната улична мрежа, е добро. Ама suburbia сигурно не е лекот.



Edited by Cloverstack - 12-Jun-2021 at 01:26
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 12-Jun-2021 at 08:00


https://www.facebook.com/BekamentMK
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5314
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 12-Jun-2021 at 18:30
Originally posted by Cloverstack


Апсолутно не. Барем не како генерална идеја за растење на еден град.



Како генерална идеја, не. Ама како специфичен пример за градови со јадра од турско како нашите, да. Тоа и сакав да кажам. Другата опција е да се срамни со земја цела инфраструктура и да се цртаат улици на ново, ама за тоа сакало СССР и Сталин, а не СФРЈ и Тито.

Originally posted by Cloverstack


Вакво ширење гарантирано води кон долга листа на многу лоши исходи. Ова може да биде добар урнек само доколку се работи за мал број полуелитни населби. И тоа под услов да се поблиску до градот и да се подобро интегрирани со градот во смисла на комуникации, сервиси и слично...

Со ваква густина на население и со ваква дистанца од компактното градско ткиво, во вакви населби не е економично ниту практично да се организира базичен автобуски јавен превоз, а камо ли нешто повеќе. Веднаш прешкртај и велосипедски превоз, електрични тротинети итн. Значи апсолутно нема никаков избор освен автомобили, за сите потреби.


Ова што го кажав во контекст на приштинскава населба секако не значи дека никнување на петкатници или десеткатници збиени околу стара, затекната улична мрежа, е добро. Ама suburbia сигурно не е лекот.

Мислам дека како решение за одредени делови на градот, многу е похумано да има вакви предградија/регионални урбани центри отколку нашето решение кое е срамно и го нема ни во третиот свет. Американската suburbia е многу лошо поврзана со јавен транспорт, но во Европа ваквите приградски населби имаат локална кружна линија која ги носи кон собирна линија на трамвај/метро/BRT/LRT. Да сме имале неколку такви во селата кај Скопје-север, и да имало неколку автобуски линии кои носат патници кон постојката Скопје-север немало да е и така лошо.

А велосипедска патека може да има покрај градскиот булевар кој води кон овие малецки населби, а низ нив и онака има ограничување 30 km/h, па си се вози на коловоз.


Originally posted by Cloverstack


И секако тука потребната инфраструктура по глава на жител кошта многу повеќе отколку што кошта во малку покомпактно градско ткиво (и како стартна инвестиција, и како тековно одржување).


Претпоставката е дека за инфраструктурата плаќа инвеститорот/developer-от, како и да се вика на македонски. Плаќаат комуналии, да, но за елитен комплекс сакаат елитна инфраструктура, а за тоа треба инвеститорот сам да вложи додатни средства.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 12-Jun-2021 at 21:48
Originally posted by гитардемон

Европа ваквите приградски населби имаат локална кружна линија која ги носи кон собирна линија на трамвај/метро/BRT/LRT.
Секако има решенија, но уште во старт се многу понеефикасни и поскапи. Генерално, ако таквите решенија не се дебело субвенционирани, јавниот превоз ќе биде катастрофален и ќе биде крајно неатрактивен за жителите, а тоа значи уште помалку патници и уште понеефикасен превоз - се влегува во порочен круг. Особено во сиромашни балкански средини, одма пиши пропало.


Originally posted by гитардемон

А велосипедска патека може да има покрај градскиот булевар кој води кон овие малецки населби, а низ нив и онака има ограничување 30 km/h, па си се вози на коловоз.

Може да има велосипедска патека, ама ретко кој ќе ја користи во вакви сателитски населби толку многу одалечени од градот. Инаку конкретниов пример од Приштина не се наоѓа на главна комуникација, туку жителите треба да поминат над 2 km спореден пат за воопшто да се приклучат на главна комуникација кон градот. Како што пишав во претходниот пост, јас не би имал против ограничен број на вакви населби, особено ако се поблиску до градското јадро и ако се добро поврзани со градот, пожелно долж некоја постоечка комуникација со соодветен капацитет. Но населбава кај Приштина е зафрлена упм. Мојата главна замерка на твојот коментар е тоа што сугерираш дека тоа е добар пример што треба да се следи кога станува збор за растење на еден град. Јас мислам дека како генерален концепт, ова е рецепт за катастрофа.


Originally posted by гитардемон

Претпоставката е дека за инфраструктурата плаќа инвеститорот/developer-от, како и да се вика на македонски. Плаќаат комуналии, да, но за елитен комплекс сакаат елитна инфраструктура, а за тоа треба инвеститорот сам да вложи додатни средства.
Инвеститорот ќе плати за внатрешната инфраструктура. Но товарот за сето останато реално ќе оди на „државна“ сметка. Не знам како е на пример во Америка, ама како што стојат работите во Македонија треба градот или општината да направат скапи сообраќајни комуникации. Треба населбите да се врзат на вода, канализација, струја... колку подалеку од градското јадро, трошоците пропорционално раснат. Дури треба и некое јавно претпријатие да праќа камиони богу иза леѓа и да собира смет, но ќе наплаќа исто колку што му наплаќа на некој што живее во густа градска средина, кадешто реалниот трошок за услугата е 10 пати помал. И ред други такви работи кадешто голем дел од скапите инвестиции и скапото тековно функционирање реално ќе го оптоваруваат целото општество.


Edited by Cloverstack - 12-Jun-2021 at 21:50
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.