build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост кај МНТ (првично планиран со Панорамско трк.)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 27-Mar-2015 at 18:38
Originally posted by Dexter26


Previous  Очигледно ти и @kultuzin сте тие кои лесно паѓате на евтини приказни и пропаганди.  Тргни ги настрана СОРОС, Шеќеринска и не знам кои, сите тие се приватни ентитети и слободно можат да прават со своите пари што прават и да ги трошат како сакаат. Како ги заработиле тие пари е веќе друга дискусија на која не и е местото на оваа тема.  Но од друга страна, овие 19 милиони евра народни пари наменети за изградба на панорамско тркало, не се пари на приватни ентитети, туку се пари на сите граѓани на Република Македонија. И како што може да се види од постерот, според податоци од 13 март 2015, на веб сајтот donacii.mk ги имало, односно ги има, околу 300 медицински случаи кои вредат колку тие 19 милиони евра, со кои можат да се спасат човечки животи, наместо да се гради панорамско тркало.  И батали ги СОРОС, Шеќеринска и не знам кои други, тие имаат право да прават со своите пари што сакаат, додека од друга страна, државата сноси одговорност пред граѓаните.  Не мислиш дека овие 19 милиони евра можат да се потрошат на попаметни работи наместо на панорамско тркало ?  И уште еднаш:  Не се вади со СОРОС и со Шеќеринска, ќе те потсетам по трет пат - тие се приватни ентитети и освен ако имаш докази за нивните наводно нелегални активности, исклучи ги од твоите коментари.




Nemozes da ga batalis BAGRATA zosto posterot e od niv produciran i sluzi za Propaganda tie se najmalku povikani da sozaluvat nekoj zatoa sto se polni kako brodovi so pari dobieni za Propaganda, a negledam deka nesto se pretrgnaa od donaciji za vakvi slucai. Nikogas nema da prifatam licemerie i politicka Propaganda bazirana vrz grb na vakvi tragicni sudbini. Ako zborime za humanost togas sekoj od nas treba taa na delo da ja pokaze a posle da pravime muabet. Na delo nema nisto od BAGRATA do sega osven borba za gola vlast.

Inaku koga sme kaj navedenite slucai. Eve i da gi dademe tie 19 milioni evra za tie 300 slucai. I? Ke se pomogne na tie luge i posle toa povtorno ista pesna za 5 godini ke Imame novi 300 slucai. Zatoa edinstveno resenie e zajaknuvanje na zdravstveniot fond. A toa se pravi so novi raboti mesta i borba protiv sivata ekonomija.
Mnogu sme silni koga vaka ja plukame drzavata Arno ama koga treba da se Plakat zdravstveni, socijalni i penziski dohodi nikade ne nema.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 27-Mar-2015 at 19:25
Previous
 
Веродостојноста на информациите од постерот е важна, а не издавачот на постерот.
 
Освен ако имаш докази дека информациите од постерот се неточни, исклучи го извадачот на постерот од коментарите.
 
Оваа година 300 случаи, па да даде Бог до година да бидат 0 (НУЛА) случаи.
 
Ништо не вреди повеќе од човечкиот живот и човечкото здравје кои немаат цена.
 
И да, приоритет треба да бидат тие 300 случаи наспроти панорамското тркало, неокласицистичките фасади, споменици нарачувани и поставувани во количини мерени во мегатони и гигатони, огради за мостови вредни над 1 милион и 200 илјади евра и бројни други тотално непотребни глупости.


Edited by Dexter26 - 27-Mar-2015 at 19:28
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 27-Mar-2015 at 19:46
И не само вредноста на постерот што е пласирана погоре. Еве што се` може да се направи со 19 милиони евра од инфраструктура во Скопје:
- изградба на железничка врска од Скопје до аеродромот Александар Велики. Крак од постоечката пруга Скопје - Куманово до аеродромот е цирка 3 километри, плус изградба на помала железничка станица во склоп на скопскиот аеродром, плус купување на две електромоторни гарнитури би било ЕКВИВАЛЕНТНО на сумата што безмилосно се фрла за Панорамското тркало. Со железничката врска ќе биде поврзана Главната железничка станица директно со скопскиот аеродром, но и граѓаните од Маџари, Хиподром и дел од општина Илинден ќе имаат побрза и поевтина врска со центарот на Скопје. Дополнително, сите странци и македонски граѓани надвор од Скопје ќе можат многу лесно да извршат трансфер до аеродромот. Од автобус или од воз директно во возот кон аеродромот.

ВТОР ПРЕДЛОГ: Наместо ступидните мостови (Панорамското тркало и оние два кај Археолошки музеј и Јавно обвинителство), можеше да се изгради КРУЦИЈАЛНА СООБРАЌАЈНИЦА. Вкупната сума на овие три мостовски глупости од Скопје 2014 е над 23 милиони евра! Наместо нив, со оваа финансиска конструкција можеше да се прошири булеварот Климент Охридски кон Пластичарската улица. На потегот од владата, можеше да се изгради мост преку Вардар и тунел под кале што би завршувал на раскрсницата кај Пластичарската улица. Овој булевар би имал по две коловозни ленти во секоја насока и со него ТРАЈНО би се надминала гужвата кај Бит пазар и на раскрсницата кај Судска палата.

Ова се САМО ДВЕ можности што можеа да се направат ако се спречи изградбата на Панорамското тркало!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2379
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 28-Mar-2015 at 16:41
Originally posted by kultuzin

Sponzor na plakatot Fondacija Slobodno Opstestvo.

Prazanje do niv STO MOZEME DA IMAMAME so stoticite milioni evra koi gi lapnaa do sega i toa za destruktivni aktivnosti i isklucivo licni interesi?

Koj ne go znae SOROS nisto ne znae.

Vlade Milcin i ostanata Bagra se najmalku povikani da delat lekcii sto treba a sto ne.



Сакаш да нè обманеш со црвена харинга?


Crvena haringa označava iskaz koji obmanjuje sagovornika ili mu odvraća pažnju od glavne teme ili argumenta. Ovo primenjuju neki pisci da bi čitaocu namerno skrenuli pažnju i tako očuvali misteriju. Uz to može biti i retorička strategija koja se koristi, na primer, u politici.



U logici je crvena haringa neformalna logička greška, posledica lošeg argu- menta. Premda može da izgleda prihvatljivo, na kraju je samo nebitno skretanje s teme dijaloga.

Poreklo naziva nije poznato. Navodno ga je smislio Vilijam Kobet (William Cobbett), pozivajući se na sledeću praksu: nekada su se smrdljivom ribom zava- ravali psi tragači i tako im je skretana pažnja s mirisa koji slede. Ipak, za ovo ne postoje konkretni dokazi.

Crvenu haringu neretko primenjuju oni koji uoče da protivnik formira validan, neosporiv argument. Često se koristi nenamerno ili čak nesvesno. Najčešće je u samoodbrani primenjuju osobe koje hoće da zaklone svoje neosnovane i uglavnom besmislene stavove od bilo kakve neprijatne kritike. Mada, može se koristiti i namerno, kao prevara, radi postizanja cilja da se žrtva povinuje štet- nom zahtevu ili prihvati štetnu ponudu.

Brojne logičke greške su podvrste upravo ove greške. Mnoge su opisane u ovoj knjizi. Među njima su argument iz porekla, pozivanje na većinu ili autoritet i druge.

Primeri

Mama: Ne možeš da ideš na žurku jer se plašim da ćeš piti alkohol. Stevan: Kako možeš to uopšte da pomisliš? Pa, ceo dan sam radio domaći!

Rad na domaćem zadatku nema nikakve veze s konzumiranjem alkohola. Stevan skreće temu s opijanja na nešto pozitivno što je uradio.

Smatram kako postoje važni razlozi da se podrži pooštravanje uslova za upis na postdiplomske studije i preporučujem da svi glasate za tu meru. Na kraju, naš budžet je sve oskudniji i ne želimo da nam se svima smanje plate.

Ne postoji apsolutno nikakva veza između pomenutih plata i uslova za upis stu- denata na postdiplomske studije.

Možda si u pravu, biće da je Marko stvarno prepisivao na testu, ali pogledaj koliko se jadničak snuždio. Kako možeš da ga oboriš na popravni?

Ovde se skreće pažnja sa činjenice da je učenik prepisivao na testu i u tu svrhu se kod sagovornika bude emocije, konkretno, sažaljenja. To je primer logičke greške crvena haringa koja je ujedno i logička greška pozivanje na emocije, konkretno, podvrsta pozivanje na sažaljenje.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2438
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 28-Mar-2015 at 16:46
или, недраматуршки кажано - дефокусирање.

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 04-Aug-2015 at 11:16
ФОТО ВЕСТ: Се изведуваат столбовите на Панорамското тркало

По девет месеци од почетокот на градежните работи, работниците на скопски „Бетон“ во моментов ги изведуваат столбовите на објектот Панорамско тркало во коритото на реката Вардар. Овој сегмент од изведбата на реквизитниот објект е најтежок, со оглед на тоа што дел од неговите основи ќе се наоѓаат во самите води на Вардар. Пред да започне оваа фаза, изведувачот ги заврши подготвителните работи поврзани со реализацијата на проектот.



















Панорамското тркало се гради помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. За изведба на ова здание од проектот „Скопје 2014“ се издвоија финансиски средства во висина од 18,3 милиони евра. „Барокниот“ објект ќе има дијаметар од 57 метри, при што истиот ќе се издигне 73 метри над брегот на реката Вардар. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми. Како придружни објекти ќе бидат изградени кафетерија, сувенирница и ресторан. Рокот за изведба е пет години.

Градот Скопје за изготвување на проектот за Панорамското тркало одвои дополнителни половина милион евра. Проектот го изработи австриската фирма „a2 Hotelconcept GmbH“, додека идејното решение е дело на „Massabni architects GmbH“, исто така од Австријa.

http://www.build.mk/?p=45624
Back to Top
SugarBlue View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 02-Aug-2015
Location: Eindhoven
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote SugarBlue Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 04-Aug-2015 at 11:30
Уствари и a2 и Massabni се една иста компанија.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 04-Aug-2015 at 14:51
Edvaj cekam da mu se navozam Roll%20eyes
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2379
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 05-Aug-2015 at 13:54
Originally posted by iGi_PoP

Edvaj cekam da mu se navozam Roll%20eyes



Па што една прекрасна панорама ќе ти се пружи од тркалово, накај Бит-Пазар, Топана, Чаир, Крњево, Маџир-маало, Ќерамидница...Леле, мераци!
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 05-Aug-2015 at 14:15
veke ligi mi tecat!
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1906
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 05-Aug-2015 at 15:10
inat vreden 15 milioni evra
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 05-Aug-2015 at 18:42
Previous
 
Утеха е фактот дека не станува збор за недвижнина, поради што останува жива надежта дека оваа играчка еден ден ќе биде демонтирана и преместена таму каде што и е местото - во луна паркот, заедно со спомениците од проектот Скопје 2014 во градскиот парк или во градовите низ Македонија.
 
Но затоа, од друга страна, сите оние ружевини наречени недвижности, кои изникнаа како печурки на плоштад Македонија, кај Бристол, кај МОБ и покрај Вардарот, не можат да бидат преместени, барем не по ниска и прифатлива цена.


Edited by Dexter26 - 05-Aug-2015 at 18:44
Back to Top
Stibera View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote Stibera Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 10-Aug-2015 at 13:17
Originally posted by iGi_PoP

Edvaj cekam da mu se navozam Roll%20eyes


Што убав поглед на Солун ќе има Big%20smile
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1890
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 12-Aug-2015 at 09:31
Господата што одлучуваат нека сватат дека доколку ги потрошеа тие 18 милиони во Луна Парк сите едно големо БРАВО ќе им кажеа! На овој начин уште толку револт ствараат.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 12-Aug-2015 at 10:37
Da
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 17-Aug-2015 at 23:33
Во четврток протест против изградбата на Панорамското тркало

Група граѓани за четврток закажаа протест против изградбата на Панорамското тркало. Активистите преку социјалните мрежи ги повикуваат сите граѓани да се придружат на мирниот протест и граѓанско собрание, кое што е планирано да се одржи со почеток од 18 часот. „Во четврток сакаме да им порачаме на одговорните дека Скопје не е Дизниленд и ова лудило мора да сопре. Продолжуваат да се градат контроверзни зданија и споменици без соодветна јавна дебата и консултација со жителите на овој град“, се наведува во објавениот повик до граѓаните.



Најавениот протест под мотото „Скопје не е Дизниленд“ ќе се одржи токму на локацијата каде што во моментов се гради Панорамското тркало. Настанот е само прв чекор на пошироката граѓанска иницијатива што ќе се одвива во претстојниот период. Иницијаторите планираат во четврток да одржат граѓанско собрание, на кое ќе се почне разговор за изработка на стратегија за натамошно дејствување против уништувањето на центарот на главниот град.

http://www.build.mk/?p=45751
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 20-Aug-2015 at 21:29







porta3.mk
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 21-Aug-2015 at 09:11
Бре, бре гужва на протестов. Сигурно имаше повеќе од 125 луѓе. Значи скопјани се стварно против проектот!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 21-Aug-2015 at 09:24
Originally posted by Navigator

Бре, бре гужва на протестов. Сигурно имаше повеќе од 125 луѓе. Значи скопјани се стварно против проектот!


Navigator, а да не се пребројуваме вака според твоите курирски правила, ај да распишеме еден референдум на ниво на Скопје со прашањето: Дали ја поддржувате натамошната доградба на проектот „Скопје 2014“? Ама на оваа граѓанска форма на учество во донесувањето на одлуки да учествуваат и твоите што избегаа од последниот референдум во Центар.

Јас сум уверен Навигатор, дека налудничавите идеи на твојот пастир ќе добијат пораз на референдумот. Впрочем, затоа и не е одржан, нели? А што се однесува на протестите против „Скопје 2014“, не се секирај, еве јас да ти кажам дека допрва ќе ги има, и тоа многу побројни верувај.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 21-Aug-2015 at 09:42
Originally posted by BOJAN

Originally posted by Navigator

Бре, бре гужва на протестов. Сигурно имаше повеќе од 125 луѓе. Значи скопјани се стварно против проектот!


Navigator, а да не се пребројуваме вака според твоите курирски правила, ај да распишеме еден референдум на ниво на Скопје со прашањето: Дали ја поддржувате натамошната доградба на проектот „Скопје 2014“? Ама на оваа граѓанска форма на учество во донесувањето на одлуки да учествуваат и твоите што избегаа од последниот референдум во Центар.

Јас сум уверен Навигатор, дека налудничавите идеи на твојот пастир ќе добијат пораз на референдумот. Впрочем, затоа и не е одржан, нели? А што се однесува на протестите против „Скопје 2014“, не се секирај, еве јас да ти кажам дека допрва ќе ги има, и тоа многу побројни верувај.

Фрустрации, бес, злоба, изговори, навреди, етикетирање... Веќе видено и чуено. Големи најави за "големите промени што ќе следат" - уште почесто. Ама врв на фрустрираноста ви се овие креативни предлози за што и кого треба да се праша на референдум. И да бидам искрен, мислев дека ќе ти биде незгодно кога ќе се спомне зборчето референдум, после бламажата на другар ти Жерновски.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.