build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост кај МНТ (првично планиран со Панорамско трк.)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3490
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 27-Oct-2019 at 15:32
Од пред некој ден влегоа багери во Вардар непосредно до мостов се надевам дека веќе конечно ќе ги средат песочниве острови,купиштата смет и ќе ги тргнат тарабите...



https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/pcb.2652654884780707/2652651768114352/?type=3&theater
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 05-Jan-2020 at 16:48






За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4510
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 05-Jan-2020 at 19:30
Дали каблите имаат статичка улога, или само декоративна?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1924
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 05-Jan-2020 at 22:48
Во првичниот проект статичка, овде веројатно се само декоративни бидејќи веќе биле нарачани и поставени.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3490
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 18-Jan-2020 at 20:17
Шилегов: Тргнати се фундаментите за панорамското тркало, коритото на Вардар е чисто и проточно








Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека се отстранети фундаментите за панорамското тркало.

Инаку, изградбата на панорамското тркало во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје, беше стопирана речиси пред две години со одлука на Советот на Град Скопје

https://www.vecer.press/шилегов-тргнати-се-фундаментите-за-па/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3490
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 19-Jan-2020 at 18:36
МОСТОТ БЕЗ ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕН ВО МАРТ, СКОПСКИОТ КЕЈ ПРОЛЕТВА ПРООДЕН ПОСЛЕ 6 ГОДИНИ

За два месеца ќе биде готов пешачкиот мост на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје на кој требаше да стои панорамското тркало. Мостот почна да се доградува во декември 2018 и беше најавено дека ќе биде готов пролетта 2019. Но, градежните работи сѐ уште траат.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека изградбата на мостот, наследен од претходното градско раководство како дел на проектот „Скопје 2014“, е при крај. Целосно е исчистено коритото на реката од бетонските столбови на кои требаше да стои панорамското тркало и сега се работи на ситни градежни зафати на мостот. Со пуштањето во употреба на мостот, после 6 години ќе биде прооден кејот во овој дел од најстрогиот центар на градот.

„Тргнати се фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок. Коритото на Вардар е чисто и проточно. Мостот ќе биде целосно готов и пуштен во употреба за два месеци. Остануваат уште да се постават пристапни рампи и некои ситни зафати“, вели Шилегов.

Градоначалникот Шилегов во април 2018 најави дека одлучиле мостот од проектот „Скопје 2014“ да не се урива, туку да се догради без панорамското тркало и да биде пешачки премин. Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнаа договор мостот да се догради по пониска цена од онаа во првичниот договор, односно наместо 7 милиони евра, Градот да доплати 3,1 милиони евра. Претходно, на изведувачот му беа исплатени 10 милиони евра.

Мостот на кој што според проектот требаше да стои панорамско тркало почна да се гради во 2014. Град Скопје тогаш проектот го предаде на ЈСП „Скопје“, а пари покрај од буџетот на Градот се обезбедуваа и преку донации од Агенцијата за електронски комуникации. Според договорот со ГП „Бетон“, изградбата требаше да чини 18 милиони евра.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/mostot-bez-panoramskoto-trkalo-ke-bide-zavrshen-vo-mart-skopskiot-kej-proletva-prooden-posle-6-godini/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 25-Jan-2020 at 10:12
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3852
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 25-Jan-2020 at 11:48
Фали стаклото (ограда) а тие две кабини треба лифтови да станат? Иначе симпатичен.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4510
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 25-Jan-2020 at 17:53
Ако победи ВМРО сигурно ќе го направат тркало, бидејќи потпорите се наменети за да издржат нешто такво.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 563
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 26-Jan-2020 at 09:30

Сигурно нема. Едино може да се очекува подобро одржување на објектите од СК2014. Инаку лошо е ако мостов остане со гол бетон, се гледа кај мостот Око дека од атмосферски влијанија брзо пропаѓа.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Online
Posts: 558
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 01-Feb-2020 at 04:35
Originally posted by my Macedonia

Фали стаклото (ограда) а тие две кабини треба лифтови да станат? Иначе симпатичен.
Симпатичен за Зајас и Трапчин Дол
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3852
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 01-Feb-2020 at 10:16
Originally posted by kiriOK

Originally posted by my Macedonia

Фали стаклото (ограда) а тие две кабини треба лифтови да станат? Иначе симпатичен.
Симпатичен за Зајас и Трапчин Дол

што сакаше ти, панорамско тркало како во UK? Е не може
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.