build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост кај МНТ (првично планиран со Панорамско трк.)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 29-Oct-2010 at 00:06
Originally posted by lupo

Дефинитивно метото му е во Луна парк, а второ на таа локација на кеј не гледам ни простор воопшто. Кога ке го изградат Офицерски, катната гараза и мостот до театарот, баш ме интересира како сето тоа би изгледало.....


Da .. i mene toa me zagrizuva....

Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 155
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 29-Oct-2010 at 02:14

Па за Нова Година кога ке го наредат тркалото со огномет, абе има сите од лондон тука да доаѓаат. Само уште вардар пловен да го направат,  мостовите Гоце Делчев и тој кај холи-деин  да се креваат, а саат кулата на битпазар да се напраи поголема и етети Лондон 2..

Шала на страна ама поголем дел од објектите и општо од целокупниот проект ги подржувам. 

На следнава слика погледнете го само Скопје во 2003 та година, се сеќавате колку споменици имавме тогаш? Дури и жално е што во сред центар толку време не беше пипнато ништо и зјаеа толкави ниви/парцели. А тек од целокупниот проект не е завршено ни 50%. Ке правиме споредби со тек на време...


Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 29-Oct-2010 at 02:59
Плоштадот е оддалечен од Водно со километри тркалото би било на неколку десетини метри од главните објекти околу плоштадот. Значи не е до релјефот. Единствена дебата е дали сакаме или не сакаме панорамско тркало. Можеби не е естетски оправдано, околу тоа треба да е дебатата претпоставувам. Некој забележува дека се смалувал плоштадот? Па јас колку што гледам локацијата не му е на плоштадот? Плоштадот е голем, плоштадот е соодветен. Други интересни ми се реакциите кои од прилика одат вака - уау лудост. После следува соодветен контра аргумент во којшто објавуваш листа на градови низ цел свет во кои има панорамски тркала( значи не е нешто ново измислено или нешто невидено) и после во недостаток на други аргументи се оди со добро познатото - е добро де има и што сега да ги копираме? Значи не ми е јасно како исти луѓе коментираат прво како е лудо нешто да се прави затоа што е "невидено" и "ова само кај нас го има" за после одговорот да реплицираат со "па до кога ќе копираме". И еве еден предлог на некој од објектите што се планирани за градба да се направи убава тераса или на кровот од објектот да се направи некаков видиковец па ете ако на некого толку му пречи "лудото" тркало тој проект може да се откаже или дислоцира.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 29-Oct-2010 at 03:19
Originally posted by Observer

Плоштадот е оддалечен од Водно со километри тркалото би било на неколку десетини метри од главните објекти околу плоштадот. Значи не е до релјефот.
А Кале?


Originally posted by Observer

Некој забележува дека се смалувал плоштадот? Па јас колку што гледам локацијата не му е на плоштадот?
Не забележав никој да ставил замерка за смалување на плотадот во контекст на тркалово. Забелешката е за панаѓурската атмосфера на плоштадот. Можеме да спориме дали тркалото е формално на површина на плоштадот, ама во пракса тоа е тој простор и поентата останува иста - панаѓур на плоштад Македонија.


Originally posted by Observer

После следува соодветен контра аргумент во којшто објавуваш листа на градови низ цел свет во кои има панорамски тркала( значи не е нешто ново измислено или нешто невидено)
Има ли еден единствен друг град каде тркалото го тупнале на главниот плоштад и има ли таков каде што имаат рид со прекрасен поглед врз целиот центар, на нецели 300 метри од тркалото?


Originally posted by Observer

па ете ако на некого толку му пречи "лудото" тркало тој проект може да се откаже или дислоцира.
Не би бил оптимист...
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 29-Oct-2010 at 14:32
Originally posted by Cloverstack

Не забележав никој да ставил замерка за смалување на плотадот во контекст на тркалово.

Jas mislam deka zabeleskata deka se stavaat premnnogu objekti na plostadot e edna od najgolemite zabeleski protiv stavanje na trkaloto.
Originally posted by Cloverstack

Забелешката е за панаѓурската атмосфера на плоштадот. Можеме да спориме дали тркалото е формално на површина на плоштадот, ама во пракса тоа е тој простор и поентата останува иста - панаѓур на плоштад Македонија.

Malce sum zagrizen za toa kako ke go konstruiraat ovoj proekt, ali znam deka moze da se napravi ubavo i da ne bide panagurski. Ovde malce pogoduvame zatoa sto ne znaeme kako go imaat smisleno trkaloto. moze ako imame podetalen plan ili nekakov render bi mozele podobro da go zamislime finalniot product.
Originally posted by Cloverstack

Има ли еден единствен друг град каде тркалото го тупнале на главниот плоштад и има ли таков каде што имаат рид со прекрасен поглед врз целиот центар, на нецели 300 метри од тркалото?

Eve procitaj go ova http://www.parkworld-online.com/news/fullstory.php/aid/1386/Great_City_Attractions_-_it_all_started_with_a_Ferris_Wheel.html
kako sto gledam planiraat da izgradat vakvi trkala vo Beijing, Orlando i Berlin, od koi vo Beijing ke bide najgolemoto trkalo vo svetot.

Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 29-Oct-2010 at 14:44
kako go imat smisleno trkaloto?!! so barokni kabini i so skulpturi po stranite  Ohno 
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 29-Oct-2010 at 14:48
Originally posted by G.I. Joe

kako go imat smisleno trkaloto?!! so barokni kabini i so skulpturi po stranite  Ohno 

Haha se nadevam deka se seguvas
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 29-Oct-2010 at 15:09
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3772
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 29-Oct-2010 at 15:17
ee gledas.... se gradat tamu kade ima mesto!
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 29-Oct-2010 at 15:26
Originally posted by my Macedonia

ee gledas.... se gradat tamu kade ima mesto!


Da ali pogledni isto trkaloto vo Manchester na google map. Spikano e izmegu dve pogolemi zgradi....

Mislam deka prostorot a najgolemoto prasanje vo nasiov slucaj....

Me interesira od koja golemina mislat da go pravat ova trkalo?... Da ne mi zvuci kako sjajna idea, ali ke vidime....
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 29-Oct-2010 at 15:40
PreviousМислам некаде погоре прочитам 50метри (вероватно дијаметар на тркалото)
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 29-Oct-2010 at 15:53
Originally posted by UrbanFreak

PreviousМислам некаде погоре прочитам 50метри (вероватно дијаметар на тркалото)


Znaci ke bide okolu 4-5 millioni evra.... vo Manchester e 60 metra i gi kostase 5 milioni evra.

Epa airlia neka e... Neznam kako i kade ke gi stavat drzackite stolbovi... Celata strana na kejot ke se zatvori...


Edited by LouReed - 29-Oct-2010 at 15:53
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 29-Oct-2010 at 19:56
Како што прочитавме од веста допрва се бара идејно решение, тоа значи дека димензиите и изгледот не се знаат или се лажам? Помалку важно тркалото, некој го спомена Кале, Кале треба да се комерцијализира (дислокација на ресторанот и изградба на мини-музеј или некаква продавница за сувенири) и можеби ете место тркалото :-) некаков двоглед како оние од Водно за гледање на центарот? Ц ц ц беспари делам совети кај го има ова.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 29-Oct-2010 at 23:09
Originally posted by Observer

Како што прочитавме од веста допрва се бара идејно решение, тоа значи дека димензиите и изгледот не се знаат или се лажам? Помалку важно тркалото, некој го спомена Кале, Кале треба да се комерцијализира (дислокација на ресторанот и изградба на мини-музеј или некаква продавница за сувенири) и можеби ете место тркалото :-) некаков двоглед како оние од Водно за гледање на центарот? Ц ц ц беспари делам совети кај го има ова.
Татковината ќе ти биде вечно благодарна! Со ниедни пари тоа не се купува! Smile
Инаку, мое мнение е дека дебатава за рингишпилов е солидно прејудицирана!
Затоа, во оваа „расипан телефон” фаза на тркалово, фаза „не знам каде, кога, како и колкаво”, ќе има крајна подвоеност во перцепциите на јавноста. Такви на кои тркалото дури да е и на кров на гинекологија ќе им се допаѓа, но, и такви кои, „незнамкадеида” да го сместат, априори, ќе бидат против.
Со еден збор, крајно поделени и субјективизирани рингишпил ставови. Што е и „нормално” и за очекување, оти, идеологот на Скопје 2014 во неговата реализација за водилка ја има стратегијата на партизаните. Се појавува и дејствува тогаш и таму каде што никој не очекува! Што ме тера на парафраза на една прочуена реплика од славните партизански денови на Мирко и Славко:
„...Пази Грчев, уште еден барок позади грб!” Big%20smile
П.С. Сепак би било добро да добиеме малку повеќе инфоа за рингишпилов, пред да се „п(р)овозиме” на него!


Edited by OKA - 29-Oct-2010 at 23:34
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 30-Oct-2010 at 11:41

Да се изгради ротациска кула на Кале

Објектот би се наоѓал меѓу Музејот на Македонија и куќата на Есма

Да се изгради ротациска кула на Кале од која вистински ќе се ужива во панорамската глетка на Скопје бараат граѓаните што живеат во околината на тврдината. Тие сметаат дека просторот меѓу Музејот на Македонија и оној на Есма е идеална локација за атрактивниот објект. Иницијативата ја правдаат со фактот дека на Калето, изземајќи го Водно, се наоѓа највисоката кота во градов каде што има идеални услови за изградба на објект со намена за панорамски поглед на Скопје. За идејата на жителите од урбаната заедница „Јане Сандански“ веќе лично е информиран и градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, на последната седница на општинскиот Совет.

„Граѓаните сметаат дека на посочената локација би требало да се изгради таков објект, бидејќи просторот ги има сите идеални услови. Во непосредна близина има и паркинг со можност за негово проширување, а има и постојна инфраструктурна и канализациона мрежа“, дополни Александар Младеновски, советник од Социјалистичката партија, пренесувајќи ја идејата на жителите.

Градоначалникот Тодоровиќ истакна дека Општината е отворена за соработка и идеи на граѓаните и наскоро ќе го разгледа предлогот.

Инаку, урбанистичкиот план за реонот Кале не предвидува изградба на таков објект, па во случај предлогот да биде прифатен, ДУП-от ќе треба да се менува. Од друга страна, прашање е како на ова ќе реагира амбасадата на САД, која се наоѓа во непосредна близина на локацијата.

Изградбата на ротациската кула, всушност, би била вториот објект што ќе овозможува панорамски поглед на градот, ако се има предвид изградбата на панорамското тркало во центарот. (Дс.Т.)http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=50E34EB20804CA46923A479B4F4B686F

Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 30-Oct-2010 at 11:44
Ако треба да се бира помеѓу тркалото покрај Врадар и ротациска кула на Кале,второво ми изгледа по-добра варијанта.
Инаку по принцип и двете работе не се потребни.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 30-Oct-2010 at 15:35
Лу Рид, љубезно веќе нè прошета по светските, градски тркала. Стари, нови, големи, мали, во центар, на периферија, модерни, рустикални...
Во тој контекст, можеби би било поефикасно да дебатираме за суштината. Не за тркалото. Оти тоа е само (еден вид) форма. А темата, чинам, всушност е - поглед (врз градот) од птичја перспектива. Како вечен градски и воопшто човечки феномен. Уште од Дедал и Икар.
Некој ја спомена Барселона. Која си има повеќе панорамски погледи. Од пранаселеното брдо Montjuïc, со ефект на „Скопје од Кале”, па сè до мултимедијалниот забавен парк Тибидабо, каде Барселона може да се доживее од ракурс на Google Earth. Но, тоа не е сè. Барселона „мини панорами” нудат и Гаудиевиот парк Гуел, балконот на прекрасните водоскоци кај Саемот, неколку ресторани, хотели, вертикалната железница кон Montjuïc, прочуениот „фалусоиден” објект на бреговите од Барселона... Луѓето имаат избор, се одлучуваат за тоа што најмногу ги импресионира, или за она кое се совпаѓа со времетраењето на нивниот туристпакет.
Париз е можеби, светски лидер во продукцијата на птичји погледи. Природата баш и не го обдарила со можности за тоа, но, граделе неуморно, посветувајќи максимално внимание речиси од секаде, како на дланка, и да го покажат тоа што го изградиле. Градот е апсолутно видлив од ~300 метарската Ајфелова, 210 метарската кула на Gare de montparnasse. Но и прекрасните „пониски” погледи од Триумфалната порта, Galeries lafayette, катедралite Sacre coeur i Notre Dame... И два builda би биле недоволни да се избројат сите париски панорами.
„Источниот Париз” - Прага, е исто мултипанорамска. Од мини погледот врз стариот град, што го нудат топничката кула и видиковецот на катедралата со ротирачките светци, па се Google „вјуто” од дворците, катедралите и ѕидините на Храдчани. Се разбира тука се и (мојот омилен) Јан Палах поглед врз „Вацлавската авенија”, како и современата ТВ кула и ултрамодерниот, инкорпориран ротирачки ресторан.
Виена е „низински” хендикепирана, па можеби најдобрата панорама врз градот е тркалото на, „балканскопанаѓурскиот” Пратер. Патем, велат, најстарото во Светот, ако, старите грци, како и сè друго, не го измислиле  и рингишпилот. Нејсе, за похрабрите, Пратер нуди „птичја” Виена и од разните катапултирачки и јојо аерокапсули. Од кои, една, еднаш, завршила неколку километри од Пратер, на автопатот кон Грац. Но, панорами се возможни и од винскиот Гринцинг и еден куп ресторани и цркви, вклучително и катедралата на Штефен Плац. Хммм, делумно можеби и од Шенбрунскиот летниковец, Глориет.
Во Рим, град изграден врз „н-ти број брда” може да се бира од кое ридче ќе се панорамизира. Се разбира, убаво е чувството „над Рим” и од Колосеумот, ватиканскиот Свети Петар, античкото Палатино... Но, и од безбројните „висечки” хотели, ресторани и кафетерии во градот.
Љубљана, омилена на Форумов, си го средила „проблемот” со лифтот до старата тврдина. Мене лично, пак, ме фасцинира погледот врз „Емона”, од стариот, добар, хотел „Лев”... Белград, Калемегдан, Генекс кула, авалскиот споменик на непознатиот јунак... Приказната за птичјиот поглед, нема крај...
Нејсе, и Скопје, (не) е за жалење. Си ги има Кале, Водно...и „ќопавиот”, полупоглед од ”ориенталномрсниот” ресторан на Stone Bridge.
*(Свадбарскиот ПодКале, во фаза на дислокација, не ги исполни критериумите да биде нотиран во овој пост).
Сум имал прилика, со кафеанскиот еснаф, во повеќе наврати, да разговарам на темата зошто Скопје нема ниту еден, нормален угостителски објект, „во небо под облаци”. Од кој човек би можел да го почувствува Скопје ала „Аватар”. Одговорот секогаш бил, дека сè уште нема критична маса на публика. За „Аватар” кафе од 5 евра. Ниту за бифтек во „панорамски” сос од 30 евра. Порција.
Значи, урбана опција за скопска панорама, сега засега, е на повидок во можностите што би ги понудиле најавените, градби на јавни проекти: рингишпил, триумфалната порта и, зошто да не, покривот на „овалната”, административна зграда на ЈО (јавнотообвинителство) и ФП (финансискатаполиција), покрај Вардар.
Ангажманот на општеството за дополнителна супституција на потребата од птичји поглед врз градот, може да биде и оправдан. Оти, прво, не се сите планински, „КалеВодно” типови. Има алергични на полен.
Па луѓе кои бифтек и кафе по цена за Абрамович Роман, не можат да си дозволат. Рингишпил билет од 100 денари е друга приказна.
Секако, за супституирање се и кратките престои во Скопје, кои подразбираат цајтнот за искачување на Кале и Водно.
Можеби треба да се напомене и тоа, дека, „урбаната опција за Скопјепанорамавју”, во форма на јавен објект, би била во позиција да креира тренд на разумна „еколошка дисперзија” на бројот на посетители „воајери”, на Водно и Кале. Кои по секоја цена сакаат да ѕирнат панорама од Скопје.
На крај, покрај птичјиот поглед, кул тема е и подземниот поглед, врз еден град. Катакомбите на Прага под Храдчани, римските мистериозни тунели со подземните куќарки на Ромул и Рем...
Што ако некој македонски „Марти Мистерија” одлучи да ја отвори приказната за мистериозниот, подземен град под Кале? Хм, за почеток, познавајќи нè нас, најверојатно, човекот би бил Паскоизиран... Big%20smile


Edited by OKA - 30-Oct-2010 at 17:52
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8900
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 30-Oct-2010 at 16:15


Би те надополнил со Сан Марко како одлична локација за панорамски поглед а сигурно такво нешто ќе нуди и „Реконструкцијата на народна банка“. Барем во строгиот центар на Скопје.

Тркало дефинитивно треба да има, но би го ставил во парк. Прво бидејќи мислам дека центарот е навистина добро „опскрбен“ со видиковци а и бројот наскоро би требало да се зголеми. А второ, бидејќи мислам дека е убаво да има видиковец и над градскиот парк. Не само што паркот е убав само по себе и ќе може да се добие панорамски преглед на езерцата туку ќе отвори и нови видици кон кале но и кон до тогаш веќе завршениот и во полн сјај стадион.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 588
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 30-Oct-2010 at 16:38
Originally posted by OKA

 
Виена е „низински” хендикепирана, па можеби најдобрата панорама врз градот е тркалото на, „балканскопанаѓурскиот” Пратер. Патем, велат, најстарото во Светот, ако, старите грци, како и сè друго, не го измислиле  и рингишпилот. Нејсе, за похрабрите, Пратер нуди „птичја” Виена и од разните катапултирачки и јојо аерокапсули. Од кои, една, еднаш, завршила неколку километри од Пратер, на автопатот кон Грац. Но, панорами се возможни и од винскиот Гринцинг и еден куп ресторани и цркви, вклучително и катедралата на Штефен Плац. Хммм, делумно можеби и од Шенбрунскиот летниковец, Глориет.
 Big%20smile

 

Samo nekolku zbora za Viena. Nekolku meseci prestojuvav tamu i ne sretnav nitu eden Avstriec reoden vo Viena pozitivno da se izjasni za parkot Prater. Koga ke gi zamolev da prosetame i da uzivame vo gletkata  samo prezrivo ke napravea grimasa. Toa za niv e mesto koe sekoj "Bechlija" koj drzi do sebe  go izbegnuva. Ne mislam deka se vo pravo no sakav samo da go prenesam toj stav.


Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 30-Oct-2010 at 16:52
Originally posted by nenad

...ne sretnav nitu eden Avstriec reoden vo Viena pozitivno da se izjasni za parkot Prater. Koga ke gi zamolev da prosetame i da uzivame vo gletkata  samo prezrivo ke napravea grimasa...
Пратер е под „целосна контрола” и е менаџиран од срби, бошњаци, хрвати, санџаклии, роми, албанци...
А Виенчаните!? Немаат тие ништо против тркалото. Виенчаните традиционално се ксенофобични како ретко кој!!! И се „гордеат” со тоа! Big%20smile

Edited by OKA - 30-Oct-2010 at 16:53
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.