build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 22-Feb-2012 at 18:13
Со 4ката со која се возам јас таа сината погоре мерцедес и таа црвената од теотравел двете, покрај изгор цените на горивата, , ја намалија цената од 15 на 10 денари живеам на периферија поточно стрелиште ама само кога се качуваш најверојатно од кај мојата населба и од оризари важо ова правило за 10 ден. цена , додека пак за да се вратам дома на пример од на факултет кој е на партизанска за до дома е 15 денари. Интересна му е намерата да привлечат повеке луге да се возат со бус наместо со дивите таксисти кој се иста цеа 15 денари до јавор.Другата линија пак која исто така е 4ка ама има обратна траса од на теотравел засега тие остануваат на истите цени.Незнам дали ке дочекам дури завршам факс да купат нов бус оти таа има 35+ години старост и е крш голем уште таа 4ка 6кат и 1ицата останаја кршови од времето на југославија , другите линии се подновија со 15тина години стари буса од Еу.Сега знам дека има некој рок за увоз на половни автобуси незнам до кога важи, ама ако не го искористат и овај рок да се подноват, редно време ке биди општината да му ја скини линијата и да му ја додели на некој кој исполнува услови да врѓи градски превоз

Edited by JOE - 22-Feb-2012 at 18:16
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 22-Feb-2012 at 18:16
Колку линии има Битола (?), и ако може да ги претставите на мапа....
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 22-Feb-2012 at 18:53
Според моја груба проценка, авотбуси што се занимаваат исклучиво со градски превоз се околку 15тина. Инаку еве една слика за мојата линија 4ката,возат две линии на секои 20 мин. Еве ја трасата ( неможев да ги фатам на принт скринот Брусничка населба и долно оризари за да ја опафтам со сликата цела битола)



Edited by JOE - 22-Feb-2012 at 19:05
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 22-Feb-2012 at 18:57
Не. Не мислев колку автобуси има. Туку колку линии... И сликата не се гледа, ако може да ја поправиш
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 22-Feb-2012 at 19:04
Мене ми ја отвара сликата , гибнав пак незнам дали е во ред.Инаку еве ги линиите ама тука се и од по селата линиите што се обракаат на две страници

http://www.avtobus.mk/index.php?option=com_content&view=category&id=35&Itemid=73

Edited by JOE - 22-Feb-2012 at 19:04
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4419
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 22-Apr-2012 at 01:48

БАРАЊЕ за ИЗЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС

во врска со

Избор на приватен партнер за поставување на автобуски стојалишта на подрачјето на Општина Битола

Општина Битола , ул.Булевар 1-Ви Мај бр.61, согласно планот на активности за 2012 година има намера да отпочне постапка за јавно приватно партнерство за поставување на 101 автобуско стојалиште на подрачјето на Општина Битола поточно на локации на кои се превезуваат патници во градскиот линиски превоз и тоа:

58 автобуски стојалишта во урбаниот дел сосоставени од еден, два, три или повеќе еднакви, истообразни, самостојни модули во кои може дополнителн да влезе киоск. Стојалиштата содржат конзола, настрешница, клупа за седење, корпа за отпадоци, два сити лајта (едниот за ознака на стојалиштето, а другиот за рекламирање), а може да се постави и киоск за комерцијална намена. За овие автобуски стојалишта постои и електрика која се снабдува со електрична енергија од градската електрична мрежа за осветлување на сити лајтовите и греење на киосците.
43 во руралниот дел, на локации на кои се превезуваат патници во општинскиот линиски превоз. Овие стојалишта се користат само дење и затоа не е предвидено електрифицирање. Во Програма за поставување на автобуски стојалишта на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општината Битола е предвидено демонтажа на стојалиштата од урбаниот дел и нивно репарирање со цел поставување во руралниот дел на општината.
Се известуваат заинтересираните страни дека во стојалиштата има можност за комерцијални активности согласно ДУП.

Се повикуваат заинтересираните домашни и странски физички и правни лица да достават Изјава за интерес најдоцна до 05-05-2012 година.
Изјавите за интерс може да се доставуваат по писмен пат на адреса на Општина Битола , како и електронски на следната адреса: slavica.nabavki@bitola.gov.mk

По истекот на рокот за доставување на Изјавите за интерeс ќе биде одржан состанок со сите заинтересирани субјкети, за што истите дополнително ќе бидат известени.

За подетални информации, заинтересираните субјекти можат да се обратат на:
Славица Димитровска-лице за контакт
Тел. + 389 47208326,+38947234234,
E-mail: slavica.nabavki@bitola.gov.mk

Комисија за спроведување на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за поставување на автобуски стојалишта и опрема.


http://bitola.gordsys.net/?InteresAvtobuskiStojalista
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 23-Jun-2015 at 11:35


??? by Kim L, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 23-Jun-2015 at 12:15
За информација, ова не е дел од автобусите од јавниот превоз. Веројатно превоз за работници. Компанијава има тендер за превоз на работници во РЕК Битола. Како и да е, не знам како е можно вакви возила да поминуваат технички преглед.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1051
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 26-Jun-2015 at 07:36
^ ^ ^
На принцип колор шема и тазе фарбање
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 716
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 26-Jun-2015 at 09:16
Не дека го бранам постоењето на возилото. Но кај нас за едно возило да помини на технички преглед нема старосно ограничување или ограничување на извувни гасови. Потребно е само да има функционални сопирачки, светла и уште некои основни работи. Типот на возилото е согласно стандардот на народот.Инаку возилото е за транспорт на работници.
Сум споменал и претофодно. Кога можеше Скопје да добие еден куп нови автобуси ,какви-такви сепак нови, можеа и неколкуте општини во РМ со реална потреба од гратски прево како Битола, Прилеп, Куманово, до добијат бар по 10.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 31-Oct-2018 at 07:30

Јавниот Превоз во Македонија е јавнат годиње од екс-стандардизацијата на САНсовиот Жив ЈСП Музеј на Тркала кој е памњрно со оглед дека и за време на дпмн не сакаа од истиот пр. битолчани ниту тркало на поклон [1] иако делови за саносите има на претек и бар безбедноста ќе им биде на ниво, убо и од sds што се сетиле на истата фора но 21 век та Народ тро метросексуално гледа на нештата сакаат фенси нископодни автобуси, ако не друго има простор тоа европските олдтајмери да ги прибираме во недоглед, со оглед дека за нови едвај и Скопје да се задолжи а не пак некој друг град, иако комотно можат и ЛАЗоите да им ги поклонат за да се уверат колку и тие ко понови се посклет од САНОСите, бреј се фрлија се' на се 300 милилни евра за Итонг Двокатните и ЛАЗовите в Скопје при последната поголема обнова на возниот парк на JСП нормално влета државата со директна неповратна субвенција, та можат и туто комплето да ги раздадат ако сакаат и пак никој нема да биде задоволен бидејќи некои велат цела нова флота на ЈСП е пред распад, за украинските фабриката е рокната за резервни делои ем електриката им биднала супер проблем, а за кинеските сакпо им е да влечат одржување од Кина, бар многу автобуси некој ми спомна и сите панормски се гаражирани, од кој сервис-агол е жалосно што не успејаа да ги склепаат во ФАС~11.10 та бар околу одржувањето ќе имаа каква таква луфта ако фабриката така кренеше глава ко рестартирана, но очигледно груевци така потешко ќе ушуќареа ддв за во буџет, ем градеа некој партнерски економски сојуз со кинезите чисто како балканска наклоност да не имаат во предвид ако и кога одврзат чекмеџето од фондот Силк Белт наскоро, но зајковци на таа карта нема да играат и 50 години да се вратат во минатото та ко Неврзани да се надеваат на поефтини кредити, нејсе ним пак со воа европските кочии та ич не им е лесно
мене друго ме копка дали и како сообраќајна контрола би можело да има почесто на приватните концесионери, ете пр. во приградската линија подпелистериото која ги опслужува средношколците и локалците, дневно со три тури од 40км напред-назад, се беше случил еден феномен да на комбето му беше ојден карданот веројатно хардиевата гума та лупаше по шасија иако претходно сигурно и гребел, разбрав втор пат го сервисирале истиот проблем и пак гајрет два месеца со комбето, при што комотно можеше да се случи во секое време несреќа особено на враќање каде по регионалниот пат Ресен Битола креваше батето брзина, а капак мнозина патници и стоеја проатум без рачка и каде да се фатат, тоа ни во Пред ѐдождот минибусот немаше таква атмосфера чинам, е за таму САНОСиве чинам се идеална работа, само како ќе ги штимаат тендери за да покријат конкуренција е прашање, а можат бидејќи селски автобуси да закачат и по една приколка нанив за да може Народ и тро да се натовари растовари чоечки какви и потреб и да имал град-село и обратно, а комотно и точак или куфери да товарат туристи без да ги пентарат по автобуси,
но и со овие автобуси нема мајтап, може ете бидејќи ЈП би ги услужувало таквите приградски линии та совест да им проработует и да исклучуваат склет конзерви од сообраќај, особено ако се има предвид и в Скопје имало зицери сонив, пр. на линијата Скооје Зеленуково 2014 нели беше излетала и се превртила една 67-ца со 49 повредени патници [2]
Интересно би било и Скопје да задржи како Pетро Штимунг подоста од САНосите, бар да вртат Туристички како ефтина рента до Археолошки Локалитњти, Културни Збиднувања и слично истите, јасно можат да ги изнјамуваат и за Свадби и за Фестивали можеби Хепенинзи, до места како ез.Којак или пак може да послужат и ко музејски филмски реквизити, просто Маркетинг Кампањи ако сакаат сонив нека тераат и слично, бидејќи скопјани и си ги сакаат овие олдтајмери ем во останатите градови навистина со ова ги омаловажуваме ... зошто ако може државата да посредува за ефтини нископодни градски автобуски кочии ко новите приватни в Скопје тоа да не го стори и за другите градови, нека ги договорат од Слобода Превоз преку нивните пријатели од еу да довлечкаат нешто што нема да ги тревожи останатите македонци како сеир од спунт, ниту пак мфорот ќе им биде нетапациран, освен ако не го направат пример бесплатен градскиот превоз та да не се бунат така битолци и еднаш за секогаш да им се угоди подостоиствено ...

09.10.2018 ~Автобуси од ЈСП Скопје на припомош во Битола

Во Општина Битола на припомош за превоз на учениците и другите граѓани стигнаа три автобуси од ЈСП Скопје кои ќе имаат обврска да ги однесат учениците до школо и други лица со потребната дестинација доколку се случи ситуација како вчерашната кога протестираа и не возеа превозниците од Битола.

Денес трите скопски автобуси биле на дестинациите и постојките од каде што се качуваат децата во случај да останат учениците беа превоз. Но, за разлика од вчера, битолските превозни компании денес возеа и ги пренесоа учениците и другите граѓани до потребните дестинации.

,,Благодарение на добрата соработка со град Скопје од вчера добивме автобуси од ЈСП Скопје со што во возниот парк во Општина Битола имаме зголемен капацитет. Ќе бидат наменети за потребите на граѓаните на општината онака како што ќе наложуваат околностите", рече Петровска.

Автобусите им се оставени на времено користење од шест месеци.




,,Ќе се користат по потреба не само за ученици.Општината понекогаш има потреба да превезува ученици до излетнички места. Имаме граѓани пензионери кои имаат свои потреби за превоз до некоја дестинација во општината. Ќе бидат превозни средства што ќе се користат за граѓаните", рече Петровска.

Градоначалничката најави дека и сите возила од општинскиот возен парк кои долго време се паркирани во дворот на Општината ќе користат во насокана подобрување на услугите на граѓаните.

Бесплатниот школски превоз со години наназад предизвикуваше големи долгови од училиштата кон превозниците, од кои дел се' уште не се платени. Превозот се одвиваше по различни тарифи за патниците во линискиот превоз и за учениците. Со законски измени учениците сега можат да ги користат редовните автобуски линии и да се возат по цена како другите патници. Вчера требаше тарифникот да биде изменет, но превозниците излегоа на протести со образложение дека не им се исплатливи новите цени. Донесувањето на тарифникот беше одложено, а градоначалничката рече дека останува отворена за разговори со цел изнаоѓање на разумни цени, но останува и непопустлива во ставот дека нема да дозволи високи цени кои ќе бидат на штета на училиштата.

http://apla.mk/index.php/direktno/item/1658-avtobusi-od-jsp-skopje-na-prishomosh-vo-bitola



Edited by Zelenikovo - 31-Oct-2018 at 07:40
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.