build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Јавен автобуски превоз - Битола
    Posted: 18-Jan-2010 at 19:08
Отворен тендерот за градски превоз
ПОНЕДЕЛНИК, 18 ЈАНУАРИ 2010 17:23



Во тек е јавниот повик за распределба на 9 пакет линии во општинскиот линиски превоз на патници. Тендерот завршува на 25 јануари во 12 часот.

-Распределбата ќе биде по принципот пакет на линии, 9 пакети на линии, една градска и една до населените места во Општина Битола. Досега 4 превозници имаат подогнато тендерска документација која може да се најде во просториите на општината, рече Владимир Прчков, сообраќаен инспектор во Општинскио инспекторат.



Превозникот кој ќе се јави на повикот треба да има пообемна документација, но еден од најважните услови е поседување нова важечка лиценца со рок на траење до 2014 година.



-А за добивање на оваа лиценца се подигнува документација во соба 5 во општинскиот инспекторат. За добивање на оваа лиценца е потребна документација која треба да се набави, рече Прчков.

Со добивањето на пакетот линии се добива:



-Ќе поседува лиценца за овој вид превоз, дозвола од локалната самоуправа со важност од 5 години, на крај се утврдува возниот ред, рече Прчков.

Во 9 пакет линии се распределени 18 линии, а од општинскиот инспекторат очекуваат да се пријават десеттина превозници според досегашниот интерес. Во линиите нема промени, тие се истите од повикот во 2006-та година.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=16863:2010-01-18-16-24-34&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106

Барем да побарале еден услов: да не се постари од 40 години автобусите

Edited by гитардемон - 18-Jan-2010 at 19:41
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Jan-2010 at 19:18
Originally posted by гитардемон

Барем да побарале еден услов: да не се постари од 40 години автобусите

По твоја проценка, кои автобуси се поголеми канти, битолските или скопските?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Jan-2010 at 19:37
Скопските се поголеми, битолските се најчесто мини-буси

Него мајтап на страна, ретко кој користи градски (освен луѓето кои живеат во места до каде што не возат илегалните таксисти за 20 денари), макар што визуелно изгледа дека навистина има прилично градски автобуси низ Битола.

Вистината е сепак дека 90% од тие автобуси се за по фабриките - т.е. не се јавен превоз, туку приватен-изнајмен. Колку што читав последно има 5 градски линии (и една приградски) и колку што знам, со по 1-2 автобуси на секоја. Значи скоро и да не постои јавен превоз.

Тоа е нормално кога такси компанија со најнови Шкоди Октавии или Рено Мегани која издава и фискална сметка ти наплаќа старт 10 денари, и можеш било каде да стигнеш со 40-50 денари, а низ центарот со 30.

А инаку во однос на исправност, мислам дека сепак битолските градски се поисправни од скопските, од проста причина што се трудат нешто почовечно да испратат за да привлечат муштерии, а и си возат по најдобрите улици. Не дека се нови, едноставно се неискршени (последно пред 13 години се возев кога имаше кондуктер).

За фабриките возат кршовите (и да не се крш, по патот доттаму ќе се направат крш), како и за школскиот превоз.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Mar-2010 at 20:41
Зошто ја нема другата единица за Брусничка населба
ПЕТОК, 19 МАРТ 2010 18:09



За пакетот Б во чиј состав е линијата број еден која сообраќа од Брусничка населба, Црн мост, Дулие, Железничка станица и повторно Брусничка населба повторно ќе има јавен повик. Последниот, повторен конкурс распишан во февруари на кој се јавија три фирми е поништен.



-Се јавија три фирми кои за жал не ги исполнуваа условите предвидени со законот и предвидени со повторниот јавен повик така што комисијата го поништи и за кратко време сите превозници може да очекуваат повторен повик за пакетот Б каде што е линијата број еден. Двајца превозници не прикажаа дополнителен број автобуси, а третиот покажа несериозен број на поаѓања. Комисијата одлучи дека тоа е несериозен предлог, изјави Владимир Прчков, сообраќаен инспектор при Општинскиот инспекторат.



Повторното функционирање на единицата во обратен правец е од големо значење за жителите на Брусничка населба.

-Имајќи предвид дека со оваа линија за 5-8 минути се слегува долу во градот, за разлика од моментално линијата еден која е веќе доделена од порано и функционира, жителите од периферните населби ќе имаат поголем избор, вели Прков.

Тоа го потврдуваат и самите жители кои велат дека единицата која ќе сообраќа од Брусничка населба накај саатот им е повеќе од потребна.



-До кај сатот за да стигниш треба цел град да го вртиш вака, велат граѓаните.

Веќе неколку години другата единица не функционира.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=19321&Itemid=106

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-May-2010 at 18:20
Нови автобуси има, но превозот по старо
Четврток, 27 Мај 2010 18:41

OLIVERA%20AVTOBUSI%20001

Веќе еден месец истече откако 18 градски линии и линии кон битолските села се распределија на деветте автопревозници, со што се заврши првата фаза од реализацијата.Втората фаза, доделувањето на дозволи и возни редови, дел од превозниците ги обезбедиле овие акти но реализацијата сеуште трае.

OLIVERA%20AVTOBUSI%20PRCKOV

„ Проблем кој го потенцираа и самите превозници е тоа што, имено седум од нив имаат увезено автобуси од земјите на ЕУ."- вели Владимир Прчков општински инспекторат.

Закочена е работата, зошто само во една канцеларија во скопското МВР се врши регистарција на увозените возила од цела Македонија, па регистарција се чекала по месец и повеќе.

OLIVERA%20AVTOBUSI%20003

„ Возниот парк на автобуски превоз во овој градски превоз е многу стар возилата се некаде од 28-30г."- вели Владимир Прчков општински инспекторат.

Со новите увезени автобуси, покрај освежувањето на јавниот превоз, комплетно ќе се преземат и сите линии, а со нив се запазувале и стандардите на ЕУ, покрај редовните и хедикепираните патници да имаат можност за градски превоз.

OLIVERA%20AVTOBUSI%20002

„ Сите увезени автобуси се со посебна хидраулика која при застанување на велзните врати автобусот се спушта на висина од тротоарот."- вели Владимир Прчков општински инспекторат.

Автопревозниците во наредниве пет години ја имаат и обврската да ги одржуваат, автобуските стојалишта, кои беше најавено Нискоградба да ги постави онаму од каде беа тргнати.

OLIVERA%20AVTOBUSI%20004

„Ние почнавме со некои активности, целосно ја поправивме кај рекотратот."- вели Венцо Шишкин КЈП Нискоградба.

Битола располага со околу 40 автобуси кои треба да понудат безбеден и кавлитетн превоз за граѓаните.



http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=21982&Itemid=106

Нископодни (едноподни Stern%20Smile) и во Битола. Хомологација само во Скопје.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 15-Jul-2010 at 17:06
Еве нешто и за јавниот автобуски превоз во Битола. Мислам дека автобусите се од марка МАН, не сум ги видел одблиску за да тврдам со голема точност, само знам дека досега сум ги видел на линиите 1 и 4. Дисплејот изгледа дека работи, но што пишуваше навистина не можеше да се види.








Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-Jul-2010 at 05:30

Градскиот сообраќај во Битола со 18 линии

Општина Битола ги утврди правилата и сообраќајните линии за автобускиот градски превоз што ќе се врши во следните пет години.
- На територија на општина Битола во наредните пет години ќе се одржуваат вкупно 18 линии во општинскиот линиски превоз на патници. Превозот ќе го вршат девет превозници со 42 автобуса и минибуси. Шест од нив се со пристапни рампи за инвалидизирани лица, а еден е со пристап за инвалидска количка - изјави Владимир Прчков, овластен инспектор за патен сообраќај во локалната самоуправа.

Според условите за извршување на превозот, секој пријавен член од трите категории инвалидизирани лица (слепи, глуви и телесни инвалиди) ќе има на располагање по 100 бесплатни возења на годишно ниво кај секој од деветте превозници.

- Сега оваа бенефиција ја имаат 178 инвалидизирани лица, за кои се обезбедени посебни картички и тие се доделуваат според посебно предвидена процедура - истакна Прчков.

Организираниот градски сообраќај во Битола се очекува наскоро да се вмрежи со локалниот превоз во општините Новаци и Могила.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2758458C3516F141A5B153005C1CB7EE
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Jul-2010 at 19:43
Еве уште еден битолски автобус. Овој пат четворката. За жал не ја сликав баш најдобро.







И назад во далечината во сликата што требаше да биде за кружниот тек.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
VirginAtlantic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jun-2009
Location: Софиjа
Online Status: Offline
Posts: 254
  Quote VirginAtlantic Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Sep-2010 at 21:01
Originally posted by гитардемон

Еве уште еден битолски автобус. Овој пат четворката. За жал не ја сликав баш најдобро. 
. . . . . . . . . .
 

. . ..
 
 
 
 
 


Edited by VirginAtlantic - 21-Sep-2010 at 21:09
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Oct-2010 at 18:30
Општината задоволна од автобускиот превоз во градот
ПЕТОК, 08 ОКТОМВРИ 2010 18:27   


Веќе забележливи се последните месеци низ градот новите автобуси за опшптински линиски превоз.

Од Општинскиот инспекторат велат дека превозниците сериозно ја сфатиле работата. -Успеаја да набават за наши услови нови автобуси кои се увезени од странство и ги задоволуваат критериумите според законот за превоз во патниот сообраќај, вели Владимир Прчков, Општински инспекторат.

Сега и возниот ред бил засилен.

-Со поголем број поаѓања и на задоволство и во селата во Општина Битола тие возни редови се според нивните потрени.

Во одредени села дневно има од две до четири поаѓања, што во минатото не беше практикувано.

Самиот превоз оди по нагорна линија, самите превозници најавија можност за комплетирање и осовременување на возниот парк, дека до 2012 ќе имаме завиден градски превоз, вели Прчков.


















Со средувањето на општинскиот линиски превоз, ќе се намали и бројот на дивите превозници.

-Еден од условите за намалување на дивите таксисти покрај редовната контрола е масовното користење на јавниот општински превоз биејќи знаеме каков е комфорот во автобусите, а какво е возењето во тие диви превозници.

Можеме да кажеме дека е намален бројот, но уште треба да се работи, вели Прчков.

Од Општинскиот инспекторат велат дека голем број граѓани масовно го користат градскиот превоз за разлика од порано.


http://makmreza.com/index.php?option=com_content&view=article&id=1426:podobren-avtobuskiot-prevoz&catid=81:bitola&Itemid=197
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Nov-2010 at 14:27







TEO TRAVEL, ĐEM TOURS, PECE KOMERC, ZLATE ŠPED, JONČE TRANS

Имињава (па уште на латиница, за да стане познат светски бренд) ме вадат од чорапи! Па фонтот... па, па, па!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Nov-2010 at 16:46
Originally posted by гитардемон

...TEO TRAVEL, ĐEM TOURS, PECE KOMERC, ZLATE ŠPED, JONČE TRANS...Имињава (па уште на латиница, за да стане познат светски бренд) ме вадат од чорапи! Па фонтот... па, па, па!
Најубо се има брендирано ĐEM!
Скратено од ĐEMОООО, ба! Big%20smile
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 414
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Nov-2010 at 19:41
Минибусот на ĐEM не изгледа лошо. Нешто од ваков тип планираат за Скопје? И што стана со оние бели антички автобуси? Ги повлекоа?
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Nov-2010 at 19:52
сега пак е подобро во битола отколку што беше порано, хотел промаја во градските автобуси ама пак цената беше прифатлива од само 10 денари на линија 1
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 12-Nov-2010 at 15:36
me nerviraat od Teo Travel samo gi menuvaat busevite na linija 3 i 4 i sega gi trgnaja niskopodnite sega pogore toj siniot sto e 4ka a eden bel 3ka.Vnatre se ok ama nadovresno grdo izgledaat i treba po skali da se kacuvas.Pred eden nekolku dena edna baba pobara pomosh od mene za da slezi od bus.I nemaat vrata za izlezn na sredina kako sto imaat skoro site niskopodni.

Edited by JOE - 12-Nov-2010 at 15:38
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Jan-2011 at 16:37
Originally posted by JOE

me nerviraat od Teo Travel samo gi menuvaat busevite na linija 3 i 4 i sega gi trgnaja niskopodnite sega pogore toj siniot sto e 4ka a eden bel 3ka.Vnatre se ok ama nadovresno grdo izgledaat i treba po skali da se kacuvas.Pred eden nekolku dena edna baba pobara pomosh od mene za da slezi od bus.I nemaat vrata za izlezn na sredina kako sto imaat skoro site niskopodni.


Тој шо е синиот е MB Connecto - не е градски автобус и не е нископоден .По то шо сум гледал моментално Хера Турс имаат најдобри или најмногу нископодни увезено
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Feb-2011 at 11:29
Мислам дека би било добро да се унифицираат автобусите, доколку е можно, во една боја. Тоа не важи само за Битола, туку и за приватниците во Скопје. Да речеме, јавното претпријатие има црвена, приватниците да имаат плава боја, а не секој автобус различна боја. И да прашам, дали се планира основање на јавно сообраќајно претпријатие во Битола и зошто досега го немало?
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Feb-2011 at 18:36
Originally posted by BOJAN

Мислам дека би било добро да се унифицираат автобусите, доколку е можно, во една боја. Тоа не важи само за Битола, туку и за приватниците во Скопје. Да речеме, јавното претпријатие има црвена, приватниците да имаат плава боја, а не секој автобус различна боја. И да прашам, дали се планира основање на јавно сообраќајно претпријатие во Битола и зошто досега го немало?


Апсолутно мислам дека не треба да се разликуваат боите на јавните и приватните автобуси. Сепак тие извршуваат иста функција и граѓаните не ни треба да прават разлика помеѓу нив. Секако треба да се интегрираат целосно, а не само бојата. Односно, да важи иста карта, да се појавуваат на екраните на станиците итн.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 10-Feb-2011 at 21:36
Поскапи автобускиот превоз
10 ФЕВРУАРИ 2011



Советот на Општината Битола донесе одлука со која даде согласност да биде зголемена цената на билетот за користење на градскиот автобуски превоз. Согласно одлуката, линискиот превоз на патници ќе поскапи за 10 отсто или за 1,5 денари повеќе од досегашната цена.

Според новата тарифа, за линиите во градот цената на превозот ќе изнесува 16,5 денари, а за линиите до населените места надвор од Битола цената на превозот во еден правец е различна, односно до 3 километри чини 27,5 денари, а над 30 километри, цената на превозот во еден правец е 99 денари и дополнителни 5 денари за секој изминат километар.

Советот на Општината Битола неодамна им излезе во пресрет на такси-компаниите и даде согласност стартната цена за користење на такси-превозот да биде зголемена за 10 денари додека цената на услугата за изминат километар остана непроменета.


http://informator.ws/bitola/poskapi-avtobuskiot-prevoz

E демек сега ќе се плаќа 16,5 денари во возилото? И мора да се преземе нешто за унификација на билетите и да почнат да се продаваат по трафики и бакалчиња.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-Nov-2011 at 11:47
Прекин на автобускиот градски сообраќај во Битола

Во Битола изутринава целосно е запрен градскиот автобуски сообраќај. Предупредувачкиот протест и еднодневниот прекин на автобускиот градски сообраќај е поради неисплатени околу еден милион евра кон 11 фирми-автопревозници кои даваат услуги на пелагониските општини Битола, Могила и Новаци, односно бесплатен превоз за учениците во изминатите две години.


Прекинот на градскиот автобуски превоз на сите линии на подрачјето на општина Битола ги преполни автобуските станици со граѓани кои не очекувале дека најавата за денешниот прекин на автобускиот превоз во градот ќе се оствари.

Организаторите на протестот, претставници на фирмите кои вршат градски автобуски превоз најавија прес-конференција што ќе се одржи во текот на денот на големиот автобуски паркинг кај местото викано „стар прогрес“ под Тумбе кафе.


Izvor: Kurir, http://www.kurir.mk/republika/opstini/50651-Prekin-na-avtobuskiot-gradski-soobrakaj-vo-Bitola
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.