build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонско (етно) село во Нерези

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 28-Mar-2011 at 11:03

Дали, конечно, ќе почне да се гради етносело на Водно?

Пред два дена е распишан последниот тендер за избор на фирма што ќе го врши надзорот на изградбата

Сања Наумовска


Пролетва ќе почне да се гради македонско село на Водно, најавуваат од Министерството за економија. Речиси три години откако излезе како идеја за нова туристичка атракција со која ќе се промовираат македонските традиционални вредности и ќе се привлекуваат посетители, деновиве, со завршување на последните тендери, конечно, се отвора патот за реализација на проектот. Иако и минатата пролет имаше најави дека изградбата само што не почнала, пред два дена, конечно, е распишан последниот јавен повик за избор на фирма што ќе го врши надзорот на изградбата, што е краен услов за да може да почнат градежните работи. Вредно околу 4 милиони евра, етноселото ќе има 12 куќарки од 12 региони низ земјава. Ќе се гради спроти манастирот „Свети Пантелејмон“ во Горно Нерези, над Скопје на површина од 12.000 квадрати.

Покрај куќарките, во селото ќе има и други традиционални македонски градби со кои пред странските туристи ќе се промовира нашата историја. Ќе се гради ан во кој ќе се служат традиционални македонски специјалитети, музеј каде што ќе бидат изложени предмети од македонската историја и традиција, како и мал амфитеатар за одржување претстави. Проектот предвидува и изградба на трло и на бачило. Долните катови на секоја од куќите ќе претставуваат грнчарница, ковачница, ткајачница и други работилници за стари занаети. На горните катови ќе има спални соби, кои ќе им се издаваат на посетителите. Се размислува и за проширување на проектот со изградба на вештачко езерце во чија близина ќе се сместат и воденицата и валавницата. Влезот во селото ќе зафати дел од паркиралиштата спроти манастирот, куќите ќе бидат распослани на брдото, а ќе се зафати и блискиот дол, каде што е можната локација за езерцето.

Изградбата, според надлежните во Министерството за економија, би требало за трае од две до три години, во кои ќе се распределат и потребните финансии за изградбата.

„Тендерот за избор на изведувач завршува на крајот на март, пријавени се 8 домашни и мешовити фирми, а очекуваме за еден месец да ја избереме и фирмата што ќе врши надзор. Со тоа завршуваат сите процедури и ќе може по почнат градежните работи“, вели Зоран Николовски, раководител на Секторот за туризам во Министерството за економија. За проектот веќе е обезбедена и градежна дозвола од Општина Карпош, откако пред една година Советот на Општината го усвои Деталниот урбанистички план „Горно Нерези“, како еден од приоритетните планови на Владата. Целосно е завршена и постапката за заокружување на парцелата, од која еден дел беше државно земјиште, а дел во сопственост на Македонската православна црква, која и' го отстапи на Владата заради реализација на овој проект.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3A52C98053A3C34699BED54A1E374CD2
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 486
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 11-Apr-2011 at 15:59
Novosti po realizaciata na ovoi proekt?
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 18-May-2011 at 05:38

4.350.000 евра за градба на виртуелно село

вторник, 17 мај 2011, 17:44

Економскиот тим на владата излегува со уште еден капитален проект – деновиве треба да почне изградбата на македонското виртуелно село во подножјето на Водно. На просторот над скопско горно Нерези, тетовската „ Ак инвест„ за 3.550.000 евра ќе изгради дванаесет автентични селски куќи што, според економија, ќе придонесат да се зголеми туристичката понуда на Скопје.
За изготвување на проектот за куќите веќе се вложени 800.000 евра. Дополнителни пари ќе се трошат за надзор и за уредување на внатрешноста на куќите, што е и најскапиот дел од инвестицијата.
Од економија имаат оправдување зошто се брза изградбата на виртуелното село.

Според досегашните вложувања во туристичката атракција, до која ќе се доаѓа по тесен и полн со дупки пат, од буџетот се издвојуваат 4.350.000 евра. Заокружувањето на целата инвестиција во виртуелното село што треба да се изгради за две години ќе допре до пет милиони евра.
Реалните села пак, за ревитализација од буџетот за оваа година, ќе добијат само 32.000 евра.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=37026
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1537
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-May-2011 at 13:32
Dodeka makedonskite ZIVI sela se davat vo kal, septicki jami, divi deponii i sto li uste ne Vladata frla milioni za ku.... zdravje!
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 18-May-2011 at 14:32
Originally posted by Denko

Dodeka makedonskite ZIVI sela se davat vo kal, septicki jami, divi deponii i sto li uste ne Vladata frla milioni za ku.... zdravje!


За тоа што го напиша одговорни се ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА т.е. ОПШТИНИТЕ, а не централната власт.



Edited by Cloverstack - 18-May-2011 at 21:27
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1537
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 18-May-2011 at 14:58
Originally posted by Шпер

Originally posted by Denko

Dodeka makedonskite ZIVI sela se davat vo kal, septicki jami, divi deponii i sto li uste ne Vladata frla milioni za ku.... zdravje!


За тоа што го напиша одговорни се ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА т.е. ОПШТИНИТЕ, а не централната власт.

И ако нешто не знаете, подобро молчете си, зашто навистина МОЛЧЕЊЕТО Е ЗЛАТО некогаш...

Selskite opstini osven za nekoja selska cesma pari imaat eventualno i za nekoja skromna proslava. Ne znam kako takov um kako tvojot ne memoriral fakt deka vo Makedonija vladee CENTRALISTICKI SISTEM. Za sekoj proekt nad 50.000€ se moli centralata vo Skopje.


Edited by Cloverstack - 18-May-2011 at 21:27
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 03-Jun-2011 at 18:39

Се рамни земјишето за градба на виртуелното село на Водно

Работници веќе три дена го рамнат земјиштето во подножјето на Водно, на просторот над скопско Горно Нерези каде власта ќе гради виртуелно село. Oд фирмата Ак Инвест уверуваaт дека ќе биде загарантирана безбедноста на куќите кои ќе се градат на планинскиот простор, но и на старите градби.

Луѓето кои спортуваат на падините на Водно се разочарани, од изградбата на виртуеното село. Стравуваат дека во Скопје има се помалку просторот за рекреација.

Власта за виртуелното село ќе потроши 4.350.000 евра, а рокот на изградба е година ипол. Освен автентични куќи од делчевскиот, беровскиот, гостиварско -реканскиот, струшкиот, прилепскиот, битолски како и куќа од регионот на Скопска Црна Гора. На просторот ќе има и штала, трло, рибник, воденица, вајалница, меана и амфитеатар.


Вероника Мароска Леова

Video:

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=37621

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 04-Jun-2011 at 02:06
идејата за етно село ми се допаѓа, му иде еден вид како експо за македонските села. Што се однесува за реновирање на македонските села сум за, ама проблемот е тоа се приватни куќи и тоа не е така едноставно, ако реновираш една, треба да ги реновираш сите, па плус одржување. Ниедна држава не може да финансира реновирање на сите приватни куќи. Она што моѓе да се пстоигне е да се потикне свеста кај нАРОДОТ, и да се запознаат туристите за посебноста на македонските села за да ги посетат. А приватните сопственици да си ги реновираат самите и привлечат туристи и профит.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 04-Jun-2011 at 03:39
Интересно е што почетокот на изградбата на етно селото коинцидира со пуштањето во употреба на жичарницата. Очигледно некому многу му се допаднале жичарницата и шпанското село во Барселона. Можеби е штета што оној кој бил инспириран од овие проекти не го почуствувал футуристичкиот дух на Гауди, инспирација која можеше да се материјализира во проектот Скопје 2014.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 04-Jun-2011 at 05:12
Originally posted by OCB

Интересно е што почетокот на изградбата на етно селото коинцидира со пуштањето во употреба на жичарницата. Очигледно некому многу му се допаднале жичарницата и шпанското село во Барселона. Можеби е штета што оној кој бил инспириран од овие проекти не го почуствувал футуристичкиот дух на Гауди, инспирација која можеше да се материјализира во проектот Скопје 2014.


Гауди нема врска со футуризам. Тој негува свој сопствен стил што е комбинација од нео готски, органски, модернизам од 19-20 век и ориентален
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 04-Jun-2011 at 05:54
Футуристички (придавка)
1. од, или се однесува на иднината (пр. футуристички поглед на светот).
2. пред своето време (пр. футуристички дизајн)


Футуризам (именка)
1. правец во уметностa, музиката и литературата настанат во почетокот на 20 век.

Се надевам сега разбираш што сакав да кажам.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 04-Jun-2011 at 17:55
Originally posted by makonix

идејата за етно село ми се допаѓа, му иде еден вид како експо за македонските села. Што се однесува за реновирање на македонските села сум за, ама проблемот е тоа се приватни куќи и тоа не е така едноставно, ако реновираш една, треба да ги реновираш сите, па плус одржување. Ниедна држава не може да финансира реновирање на сите приватни куќи. Она што моѓе да се пстоигне е да се потикне свеста кај нАРОДОТ, и да се запознаат туристите за посебноста на македонските села за да ги посетат. А приватните сопственици да си ги реновираат самите и привлечат туристи и профит.
не се работи само за реновација на куќи, туку општо за нивна целосна ревитализација на начин на живот и култура, а и плус, доколку селаните се вратат во своите краишта и таму има туристички промет, логично е да инвестираат во реновирање и привлечност
а етно-селово иако на прв поглед ми делува нелогично и неприфатливо, сепак има свои квалитетни страни, а тоа е што промовира, доволно би било за развојот на туризмот преку ова село туристите да се заинтересираат за сите региони во Македонија и притоа истите да се развијат
но за се треба темелна организација, а мене ме плаши што тоа кај нас е непознат збор, не смее инвестицијата во туризмот да се сведе на изградба на едно село, бидејќи ќе биде на некој начин пропадната инвестиција со минимално влијание врз туризмот и развојот на државата, се работи за функционирање на цел еден систем, кој за жал кај нас е оставен да функционира неконтролирано
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 05-Jun-2011 at 12:48
Originally posted by zabegan


не се работи само за реновација на куќи, туку општо за нивна целосна ревитализација на начин на живот и култура, а и плус, доколку селаните се вратат во своите краишта и таму има туристички промет, логично е да инвестираат во реновирање и привлечноста етно-селово иако на прв поглед ми делува нелогично и неприфатливо, сепак има свои квалитетни страни, а тоа е што промовира, доволно би било за развојот на туризмот преку ова село туристите да се заинтересираат за сите региони во Македонија и притоа истите да се развијатно за се треба темелна организација, а мене ме плаши што тоа кај нас е непознат збор, не смее инвестицијата во туризмот да се сведе на изградба на едно село, бидејќи ќе биде на некој начин пропадната инвестиција со минимално влијание врз туризмот и развојот на државата, се работи за функционирање на цел еден систем, кој за жал кај нас е оставен да функционира неконтролирано


Има многу примери низ цел свет каде селата функционираат чисто како туристички дестинации, добра инфрастурктура, сите куќи се реновирани и изнајмуваат на туристи, и економијата во селото е исклучиво врзана околу туризмот, како продавници, винарии, фарми каде децата може да си играат и запознаат со животни, бањи, водени спортови и слично. Сум посетил многу вакви места низ Шпанија, Австралија, Франција. Инаку си во право треба многу повеќе организација и системот трба да функционира од многу аспекти, инфрастркутура, лесен пристап, редовен превоз, гостопримливост, интернет промоција, патокази. Етно селото ке направи можеби почетен интерес, али долгорочно нашите села треба им се пристапи со појака стратегија.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 05-Jun-2011 at 12:54
Originally posted by OCB

Футуристички (придавка)
1. од, или се однесува на иднината (пр. футуристички поглед на светот).
2. пред своето време (пр. футуристички дизајн)


Футуризам (именка)
1. правец во уметностa, музиката и литературата настанат во почетокот на 20 век.

Се надевам сега разбираш што сакав да кажам.


Добро те разбирам што сакаш да кажеш. Мислам дека прогресивен би бил подобар збор за тоа што ти го мислиш. Гауди бил пред се уметник па архитект, ама денешните наши архитекти од повоената историја, ретко имаат уметничка диплома. Отприлика се завршува архитектонски, и толку, затоа и немдрнавме од пот-просечен минимализам во архитектурата. Предноста на старите стилови е што се веќе дефинирани па не можат многу да ги утнат.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 783
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 05-Jun-2011 at 14:48
makonix мислам генерално премногу конзервативно се приоѓа на проблемите, ретко кога некоја прогресивна идеја може да пркне.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 05-Jun-2011 at 15:05
Originally posted by makonix

Originally posted by zabegan


не се работи само за реновација на куќи, туку општо за нивна целосна ревитализација на начин на живот и култура, а и плус, доколку селаните се вратат во своите краишта и таму има туристички промет, логично е да инвестираат во реновирање и привлечноста етно-селово иако на прв поглед ми делува нелогично и неприфатливо, сепак има свои квалитетни страни, а тоа е што промовира, доволно би било за развојот на туризмот преку ова село туристите да се заинтересираат за сите региони во Македонија и притоа истите да се развијатно за се треба темелна организација, а мене ме плаши што тоа кај нас е непознат збор, не смее инвестицијата во туризмот да се сведе на изградба на едно село, бидејќи ќе биде на некој начин пропадната инвестиција со минимално влијание врз туризмот и развојот на државата, се работи за функционирање на цел еден систем, кој за жал кај нас е оставен да функционира неконтролирано


Има многу примери низ цел свет каде селата функционираат чисто како туристички дестинации, добра инфрастурктура, сите куќи се реновирани и изнајмуваат на туристи, и економијата во селото е исклучиво врзана околу туризмот, како продавници, винарии, фарми каде децата може да си играат и запознаат со животни, бањи, водени спортови и слично. Сум посетил многу вакви места низ Шпанија, Австралија, Франција. Инаку си во право треба многу повеќе организација и системот трба да функционира од многу аспекти, инфрастркутура, лесен пристап, редовен превоз, гостопримливост, интернет промоција, патокази. Етно селото ке направи можеби почетен интерес, али долгорочно нашите села треба им се пристапи со појака стратегија.
тоа е тоа што го зборев Cheers
инаку во многу од земјите денес селата живеат главно од туризмот, а туризмот има придонесено за развитокот на други стопански гранки во нив
дури и да не е селото некоја туристичка дестинација, да се користи како центар за престој и рекреација на туристите е доволно
такво нешто одамна се практикува на приморските области


Edited by zabegan - 05-Jun-2011 at 15:06
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 05-Jun-2011 at 15:41
Originally posted by mirakuliks

makonix мислам генерално премногу конзервативно се приоѓа на проблемите, ретко кога некоја прогресивна идеја може да пркне.


Нас ни е потребен еден Гауди, човек кој има уметничка дарба и го познава македонскиот дух на детали и традиции, а притоа да има и слух за модерното време

јас лично шпанските и австриските архитекти многу ги ценам. Ако јас се прашам би најмил некои интернационални архитекти кои би помогнале да се створи една школа која би негувала модерен дизајн со шмек на македонските традиции. И тоа би го понудил јавно, граѓаните да можат да даваат мислења, на крај краишта објектите се за луѓе не за архитектите да си ги празнат егата. Така би имале еден конзесус
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 07-Jun-2011 at 17:08
http://www.facebook.com/sharer/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fwww.makedonija24.mk%3FContentId%3D5279&t=undefined
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 07-Jun-2011 at 17:25
Originally posted by makonix

Нас ни е потребен еден Гауди, човек кој има уметничка дарба и го познава македонскиот дух на детали и традиции, а притоа да има и слух за модерното време јас лично шпанските и австриските архитекти многу ги ценам. Ако јас се прашам би најмил некои интернационални архитекти кои би помогнале да се створи една школа која би негувала модерен дизајн со шмек на македонските традиции. И тоа би го понудил јавно, граѓаните да можат да даваат мислења, на крај краишта објектите се за луѓе не за архитектите да си ги празнат егата. Така би имале еден конзесус
Тоа е тоа!
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 07-Jun-2011 at 22:49
„Македонско село“ ќе никне кај Горно Нерези

Денес, во близина на манастирот Св. Пантелејмон во Горно Нерези, беше поставен камен темелник за проектот „Македонско село“. Комплексот ќе биде етнолошко, културолошко и туристичко претставување на Македонија преку изградба на автентични куќи од разни македонски краишта, како и традиционален ан, воденица, фурна, валалница, трло, штала и слични објекти кои треба да го доловат начинот на живот во минатото. Дел од комплексот ќе бидат и музеј во кој ќе биде изложен дел од нашето етнолошкото наследство, амфитеатар и рибник.

„Македонско село“ ќе се простира на површина од 15 илјади метри квадратни. Изградбата ќе чини 216 милиони денари (3,5 милиони евра), средства кои ги обезбедува Министерството за економија. Рокот за завршување на работите е 17 месеци. Изведувач е тетовската фирма „АК Инвест“, а за надзорот е задолжен „Евро Консалтинг“. Проектот го изработи „Боград“ од Струга.

http://www.build.mk/?p=8055
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.