build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонско (етно) село во Нерези

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 31-Oct-2016 at 11:19
Од она што го видов вчера, трлото и сл. не беа ставени во функција, работеа само гостилниците/кафулињата/рестораните, а има и хотел/и во дел од куќите. Исто така, има неколку продавници за накит и сувенири. До селото вози минибус, вчера беше преполн кога требаше да тргне накај Скопје.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 06-Dec-2016 at 09:38
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 17-Oct-2018 at 12:33
„Македонско село“ става клуч на вратите
Комплексот Македонско село се затвора од утре, а менаџментот одлуката ја објави на Фејсбук. Причината за оваа одлука не се наведува.
„Ве информираме дека менаџментот на комплексот Македонско село донесе одлука за затворање на комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, пишува на Фејсбук страницата на Македонско село.

Поранешната Влада во изградба на селото вложи 5,2 милиони евра, дополнителни 1,3 милиони евра беа потрошени за внатрешно уредување, 24.000 евра чинеа трите електромобили набавени за пренесување на куферите на гостите во селото, 4.200 евра чинеа патоказите и ознаките за комплексот, 2.700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.

Концесионер на „Македонско село“ е поранешниот градоначалник на Општина Центар и сопственик на „Квинс хотел“ и „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ кој во следните 20 години треба да стопанисува со селото и да плаќа кирија од 3.500 евра.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/makedonsko-selo-stava-kluch-na-vratite
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 17-Oct-2018 at 23:41
Originally posted by Џоле

Ајде малку весела математика:

Во селото се вложени над 5 милиони евра. Дадено е под концесија на 20 години, по цена од 3.500 евра месечно.

12 х 3.500 = 42.000 евра

20 х 42.000 = 840.000 евра

Економска логика што чини минус 4.160.000 евра народни пари.


На крај излезе дека и оваа математика била преоптимистичка   Wallbash

Да можеше барем да се пренамени, да има каква-таква корист од него... ама не гледам во што корисно би можело да се пренамени.

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 18-Oct-2018 at 06:41
Со месеци раководството збори дека објектот е неисплатлив, а наплатата на паркинг е само капак на се, 100ден час.
Чудно како објектот не располагаше барем со 20 паркинг места за своите гости.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 13-Nov-2018 at 16:00
Можеби треба да се пренамени во музејски комплекс на пример на македонски носии и некој други музејски содржини што недостасуваат. Одлично е направено и штета е да пропадне. Се разбира тие што ги проневерија парите треба да одат во затвор.

Edited by bob39 - 13-Nov-2018 at 16:00
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 09-Jul-2019 at 12:43
Ни куче не лае во „Македонско село“

Празно и жално зјае комплексот „Македонско село“ на скопско Водно, поточно спроти манастирот „Св. Пантелејмон“, кој беше отворен пред три години, но се затвори во октомври лани.

Катанец на портите ги чува новите селски куќи од случајни намерници и ги спречува љубителите на старинскиот дух да прошетаат по камените улици на селото, да вдишат од здивот на Македонија.

Тажно висат обесени македонските знамиња на високите јарболи. На дрвените чардаци никој не може да си почине. Фенерите не светат, а дворовите од животни ги чуваат испреплетени суви гранки. Ни куче не лае по ‘селските’ улици.

Околу селото природата си го зема своето. Неискосена трева повисока од човек, гранки и обраснати патеки. Она што требаше да потсетува на серијата „Македонски народни приказни“, е оставено на забот на времето. Но можеби само затоа што е градено по терк на старите македонски села, од камен, сè уште ‘грее’ на летното, скопско сонце.

Комплексот се состои од 12 тематски куќи, а секоја претставува по еден град од Македонија – беровска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора.

Во долниот дел од куќите беа сместени дел од занаетчиските работилници, додека на горниот кат има соби за престој. Во битолската куќа, на пример, се наоѓаше грнчарска работилница, па сите што сакаа можеа да влезат внатре, да се обидат сами да направат нешто со помош на занаетчијата кој беше вработен таму или, пак, да купат нешто од готовите производи. Комплексот вклучуваше и хотел, огромно зелено пространство, со прекрасно уредена хортикултура, продавница за сувенири, маркет, како и неколку места за одмор и вкусна храна.

Но приказната за овој комплекс заврши во октомври 2018 година кога компанијата „Тинекс“, која беше првиот концесионер на комплексот од неговото отворање во 2016 година, информираше дека нема економска исплатливост и дека комплексот во континуитет работел со загуби.

Изградбата на комплексот „Македонско село“, почна во 2011 година, со инвестиција на Владата, а чинеше 6,5 милиони евра. Односно, за самата изградба се дадоа 5,2 милиони евра, за внатрешно уредување беа потрошени 1,3 милион евра, 24 илјади евра беа потрошени за електромобили кои служеа за пренесување на куферите на гостите во селото, 4.200 евра беа потрошени за патоказите и ознаките на комплексот, а 2.700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.

Прв концесионер беше „Тинекс“, кој се јави на вториот јавен повик за јавно-приватно партнерство и го доби за месечна кирија од 3.500 евра. Првиот повик го доби „Тренд“, но веднаш се откажа од концесијата. Етнокомплексот има 12.000 квадратни метри и е изграден во стилот на традиционалната македонска архитектура. Во него работеа 50 вработени, а се очекуваше вкупната бројка да биде околу 70. Првичната цел и замисла за отворање на овој комплекс беше да се зголеми туризмот во Скопје, па и во Македонија.

Бајковитото село, кое според некои наликуваше на филмско студио, каде што може да се види Македонија во мало сè уште гордо стои на падините на Водно. По неговото отворање за кусо време го посетија многубројни гости од земјава и од странство. Беа фасцинирани од изградбата на куќите од работилницата за филигран, грнчарската работилница, ткајачницата… Имаше три ресторани, а во едниот од нив се служеше традиционална храна. Имаше и етнобар, каде што се точеше увозно и наше македонско квалитетно вино. Комплексот имаше и обезбеден простор за најмалите, каде што децата можеа да се забавуваат, како и огромно зелено пространство со домашни животни, што исто така будеше интерес кај најмладите. Блиску до градот, а со сосема поинаков шмек, „Македонско село“ даваше можност да се ‘избега’ од Скопје на чист воздух, со температурата пониска за седум до осум степени отколку во центарот.

„Тинекс“ одненадеж реши да се повлече, а за тоа не ја извести ни Владата. Во соопштение оттаму информираа дека не биле запознаени со намерата ниту со одлуката на менаџментот на комплексот „Македонско село“, објектот да биде затворен и да престане да работи. „Во договорот склучен меѓу СОЗР и концесионерот, претставуван од компаниите ‘Тинекс’ и хотелот ‘Квинс’, има член кој јасно определува дека за ваква одлука давателот на концесијата треба да биде известен најмалку шест месеци однапред“, соопштија од Владата кога „Тинекс“ реши да се повлече.

Две недели потоа Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од изнаоѓање решение за стопанисување и управување со комплексот „Македонско село“ во Нерези, Скопје, и донесе одлука за формирање работна група за разгледување на сите аспекти на новонастанатата фактичка состојба, која ќе треба, врз основа на анализата на сите законски решенија, да предложи постапката со која ќе се обезбеди продолжување на стопанисувањето и управувањето со комплексот „Македонско село“. До затворање на весникот, „Независен весник“, и покрај инсистирањата, не доби одговор од Владата дали е формирана работна група и каков заклучок донеле.

Билјана Богдановска

https://nezavisen.mk/ni-kuche-ne-lae-vo-makedonsko-selo/?fbclid=IwAR16otKDhC2nAyGJOthqK_d0YcU_EwS96lmcH4flTmcUxG6hqKSjOKapbnA
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.090 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.