build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонско (етно) село во Нерези

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13137
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 31-Oct-2016 at 11:19
Од она што го видов вчера, трлото и сл. не беа ставени во функција, работеа само гостилниците/кафулињата/рестораните, а има и хотел/и во дел од куќите. Исто така, има неколку продавници за накит и сувенири. До селото вози минибус, вчера беше преполн кога требаше да тргне накај Скопје.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13137
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 06-Dec-2016 at 09:38
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6854
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 17-Oct-2018 at 12:33
„Македонско село“ става клуч на вратите
Комплексот Македонско село се затвора од утре, а менаџментот одлуката ја објави на Фејсбук. Причината за оваа одлука не се наведува.
„Ве информираме дека менаџментот на комплексот Македонско село донесе одлука за затворање на комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, пишува на Фејсбук страницата на Македонско село.

Поранешната Влада во изградба на селото вложи 5,2 милиони евра, дополнителни 1,3 милиони евра беа потрошени за внатрешно уредување, 24.000 евра чинеа трите електромобили набавени за пренесување на куферите на гостите во селото, 4.200 евра чинеа патоказите и ознаките за комплексот, 2.700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.

Концесионер на „Македонско село“ е поранешниот градоначалник на Општина Центар и сопственик на „Квинс хотел“ и „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ кој во следните 20 години треба да стопанисува со селото и да плаќа кирија од 3.500 евра.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/makedonsko-selo-stava-kluch-na-vratite
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 17-Oct-2018 at 23:41
Originally posted by Џоле

Ајде малку весела математика:

Во селото се вложени над 5 милиони евра. Дадено е под концесија на 20 години, по цена од 3.500 евра месечно.

12 х 3.500 = 42.000 евра

20 х 42.000 = 840.000 евра

Економска логика што чини минус 4.160.000 евра народни пари.


На крај излезе дека и оваа математика била преоптимистичка   Wallbash

Да можеше барем да се пренамени, да има каква-таква корист од него... ама не гледам во што корисно би можело да се пренамени.

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1956
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 18-Oct-2018 at 06:41
Со месеци раководството збори дека објектот е неисплатлив, а наплатата на паркинг е само капак на се, 100ден час.
Чудно како објектот не располагаше барем со 20 паркинг места за своите гости.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 13-Nov-2018 at 16:00
Можеби треба да се пренамени во музејски комплекс на пример на македонски носии и некој други музејски содржини што недостасуваат. Одлично е направено и штета е да пропадне. Се разбира тие што ги проневерија парите треба да одат во затвор.

Edited by bob39 - 13-Nov-2018 at 16:00
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6854
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 09-Jul-2019 at 12:43
Ни куче не лае во „Македонско село“

Празно и жално зјае комплексот „Македонско село“ на скопско Водно, поточно спроти манастирот „Св. Пантелејмон“, кој беше отворен пред три години, но се затвори во октомври лани.

Катанец на портите ги чува новите селски куќи од случајни намерници и ги спречува љубителите на старинскиот дух да прошетаат по камените улици на селото, да вдишат од здивот на Македонија.

Тажно висат обесени македонските знамиња на високите јарболи. На дрвените чардаци никој не може да си почине. Фенерите не светат, а дворовите од животни ги чуваат испреплетени суви гранки. Ни куче не лае по ‘селските’ улици.

Околу селото природата си го зема своето. Неискосена трева повисока од човек, гранки и обраснати патеки. Она што требаше да потсетува на серијата „Македонски народни приказни“, е оставено на забот на времето. Но можеби само затоа што е градено по терк на старите македонски села, од камен, сè уште ‘грее’ на летното, скопско сонце.

Комплексот се состои од 12 тематски куќи, а секоја претставува по еден град од Македонија – беровска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора.

Во долниот дел од куќите беа сместени дел од занаетчиските работилници, додека на горниот кат има соби за престој. Во битолската куќа, на пример, се наоѓаше грнчарска работилница, па сите што сакаа можеа да влезат внатре, да се обидат сами да направат нешто со помош на занаетчијата кој беше вработен таму или, пак, да купат нешто од готовите производи. Комплексот вклучуваше и хотел, огромно зелено пространство, со прекрасно уредена хортикултура, продавница за сувенири, маркет, како и неколку места за одмор и вкусна храна.

Но приказната за овој комплекс заврши во октомври 2018 година кога компанијата „Тинекс“, која беше првиот концесионер на комплексот од неговото отворање во 2016 година, информираше дека нема економска исплатливост и дека комплексот во континуитет работел со загуби.

Изградбата на комплексот „Македонско село“, почна во 2011 година, со инвестиција на Владата, а чинеше 6,5 милиони евра. Односно, за самата изградба се дадоа 5,2 милиони евра, за внатрешно уредување беа потрошени 1,3 милион евра, 24 илјади евра беа потрошени за електромобили кои служеа за пренесување на куферите на гостите во селото, 4.200 евра беа потрошени за патоказите и ознаките на комплексот, а 2.700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.

Прв концесионер беше „Тинекс“, кој се јави на вториот јавен повик за јавно-приватно партнерство и го доби за месечна кирија од 3.500 евра. Првиот повик го доби „Тренд“, но веднаш се откажа од концесијата. Етнокомплексот има 12.000 квадратни метри и е изграден во стилот на традиционалната македонска архитектура. Во него работеа 50 вработени, а се очекуваше вкупната бројка да биде околу 70. Првичната цел и замисла за отворање на овој комплекс беше да се зголеми туризмот во Скопје, па и во Македонија.

Бајковитото село, кое според некои наликуваше на филмско студио, каде што може да се види Македонија во мало сè уште гордо стои на падините на Водно. По неговото отворање за кусо време го посетија многубројни гости од земјава и од странство. Беа фасцинирани од изградбата на куќите од работилницата за филигран, грнчарската работилница, ткајачницата… Имаше три ресторани, а во едниот од нив се служеше традиционална храна. Имаше и етнобар, каде што се точеше увозно и наше македонско квалитетно вино. Комплексот имаше и обезбеден простор за најмалите, каде што децата можеа да се забавуваат, како и огромно зелено пространство со домашни животни, што исто така будеше интерес кај најмладите. Блиску до градот, а со сосема поинаков шмек, „Македонско село“ даваше можност да се ‘избега’ од Скопје на чист воздух, со температурата пониска за седум до осум степени отколку во центарот.

„Тинекс“ одненадеж реши да се повлече, а за тоа не ја извести ни Владата. Во соопштение оттаму информираа дека не биле запознаени со намерата ниту со одлуката на менаџментот на комплексот „Македонско село“, објектот да биде затворен и да престане да работи. „Во договорот склучен меѓу СОЗР и концесионерот, претставуван од компаниите ‘Тинекс’ и хотелот ‘Квинс’, има член кој јасно определува дека за ваква одлука давателот на концесијата треба да биде известен најмалку шест месеци однапред“, соопштија од Владата кога „Тинекс“ реши да се повлече.

Две недели потоа Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од изнаоѓање решение за стопанисување и управување со комплексот „Македонско село“ во Нерези, Скопје, и донесе одлука за формирање работна група за разгледување на сите аспекти на новонастанатата фактичка состојба, која ќе треба, врз основа на анализата на сите законски решенија, да предложи постапката со која ќе се обезбеди продолжување на стопанисувањето и управувањето со комплексот „Македонско село“. До затворање на весникот, „Независен весник“, и покрај инсистирањата, не доби одговор од Владата дали е формирана работна група и каков заклучок донеле.

Билјана Богдановска

https://nezavisen.mk/ni-kuche-ne-lae-vo-makedonsko-selo/?fbclid=IwAR16otKDhC2nAyGJOthqK_d0YcU_EwS96lmcH4flTmcUxG6hqKSjOKapbnA
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13137
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 17-May-2020 at 19:21


ЗА ДА ЗАЖИВЕЕ ВЕШТАЧКОТО СЕЛО НА ГРУЕВСКИ ВО НЕРЕЗИ ФИРМИТЕ ЗА ПОЧЕТОК НЕМА ДА ПЛАЌААТ КИРИЈА

Македонско село во Нерези, на падините на Водно близу Скопје, кои беше измислено од Владата на Никола Груевски ќе се пренамени во стартап село, најави денес премиерот Оливер Спасовски, презентирајќи го третиот сет економски мерки за справување со коронакризата. Како што објаснуваат од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК, во првата фаза во селото ќе се обезбеди брз интернет и услови за работа, а дел од куќите ќе функционираат како простор за заедничка работа (co-working).

„Во првата фаза ќе им се нуди бесплатна кирија на претприемачите, а потоа ќе плаќаат минимален надоместок со цел поддршка на нивните бизниси. Македонското стартап село во подоцнежната фаза ќе има и сместувачки капацитети за претприемачи од државата и странство, како и простор за настани, обуки и конференции“, велат од Владата.

Овој проект, како што велат од Владата, е дел од долгорочната стратегија за позиционирање на државата како стартап средиште (хаб).

Повеќе на https://sdk.mk/index.php/makedonija/za-da-zazhivee-veshtachkoto-selo-na-gruevski-vo-nerezi-firmite-za-pochetok-nema-da-plakaat-kirija/
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 979
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 17-May-2020 at 19:40
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Online
Posts: 125
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 17-May-2020 at 20:12
Само потврда дека овие се 10 пати по инвентивни за пари крадење и заработка на сметка на народот и државниот имот од самиот Н.Г. Ај се кладиме дека нема да пропуштат и они нов плоѓтад од корен да направат, веќе и почнаа... Не ми е јасно зашто го уништиа комплексов кој беше преполн со посетители за сега ваква глупост да измислат... Брука и срам...
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 666
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 17-May-2020 at 20:29
Никој нема ќар од посетители, парата треба да се врти...а комплексов беше нерентабилен во однос на тоа и покрај тоа што закупецот плаќаше пресмешна кирија.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2204
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 17-May-2020 at 20:29
„Овој проект, како што велат од Владата, е дел од долгорочната стратегија за позиционирање на државата како стартап средиште (хаб).“

А??????????????????????????????? Каде е стратегијата и каде се нејзините ефекти??????????????????????????
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 494
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 17-May-2020 at 20:40
Можеби и идејата е во ред, искрено, само ми личи дека е уште еден начин да не се употребува придавката „македонско/и“. Ако се искрени во намерите тогаш нека биде името Македонско стартап село (Macedonian Start-up Village).
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 269
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 18-May-2020 at 07:58
Ами прво нека ја завршат тоа кулата за да имаат подобар ВиФи информатичарите . Тоа за плоштадот не ме ни чуди, ако останат на власт ќе ги продолжат тие каки (по боја) плочки до Мериот, под изговор дека старите биле или „дотрајани“ или „лош квалитет“ а може да им текне дека „треба да се усогласат канделабрите“ бидејќи само во Скопје имате два стила на еднен ист простор а како имаме барок и по кеј се до Националната Арена, ќе има многу „работа“.

Да не се разбереме погрешно, не можеме од една страна да садиме четири дрвца (кај соборна) а од друга да сечеме дрворед на ул. Даме Гриев во Центар, исто како што не може предходно веќе сегашната опозицијата да ја обвинуваме за „популизам“ а сега да го правиме исто тоа во име на „европеизација“.

Баш ме интересира што ќе биде рекламата на „Стартап селото“ и кои фирми ќе искористат „бесплатно сметување на село“.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6854
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 19-Aug-2020 at 11:12




https://www.facebook.com/Cesovent
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.