build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонско (етно) село во Нерези

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 13141516>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Glava View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 08-Sep-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Glava Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 11-Jul-2016 at 07:49
Незнам зошто сите сте запнале проектов да го гледата како инвестиција кој треба да генерира профитабилност во краток рок.
Ако беше така проектов ќе беше приватна инвестиција.
Токму затоа и проектот е изграден од Министерството за Култура како културолошка придобивка на РМ а даден е на управување на приватно лице за негово одржување.
Цената на закупнината пазарно се определуваше на јавен конкурс и мислам дека околу тоа никој неможе да најде замерка затоа што секој можеше да учествува со наддавање
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 11-Jul-2016 at 08:21
Покрај нова автобуска линија, јас мислам дека треба солидарно сите ние граѓани на Скопје да му дадеме по 20 денари годишно на овој проект за да му тргне, како што вика Глава.

Бидејќи цената на закупнината била пазарно определена, а цената на самиот проект била работа за културолошка придобивка на Македонија.

Мене ми пречи прво главата од каде доаѓа овој проект. Таа глава мисли како во најцрните денови на комунизмот. Тоа се вика, ќе дадеме пари за некој проект милион евра, за да заработиме 100.000 евра. Најбитната работа тука е дали на него му се допаѓа или не истиот, ништо друго не е релевантно.

И како тргнала работата, манастирот „Св. Пантелејмон“ ќе стане помалку познат симбол на Скопје од „Етно село“. Бидејќи автобусот на ЈСП одел до „Македонско село“, никој не го споменува ова непроценливо богатство на Скопје кое било тука пред да дојде на власт оваа споулавена тоталитарна власт.

Тоа е истиот принцип како и со центарот на Скопје. Калето го забораваме, црквата „Св.Спас“ ни е вкопана во земја и не личи да ја промовира во ера на споулавениот национализам, па затоа ќе си креираме нова историја, наша, т.е. во овој случај може да биде само ВАША, а не и моја!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2365
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 11-Jul-2016 at 09:40
Originally posted by BOJAN



И како тргнала работата, манастирот „Св. Пантелејмон“ ќе стане помалку познат симбол на Скопје од „Етно село“. Бидејќи автобусот на ЈСП одел до „Македонско село“, никој не го споменува ова непроценливо богатство на Скопје кое било тука пред да дојде на власт оваа споулавена тоталитарна власт.

Тоа е истиот принцип како и со центарот на Скопје. Калето го забораваме, црквата „Св.Спас“ ни е вкопана во земја и не личи да ја промовира во ера на споулавениот национализам, па затоа ќе си креираме нова историја, наша, т.е. во овој случај може да биде само ВАША, а не и моја!


Не го заборавај и камениот Мост, симболот на градот Скопје, кој се наоѓа и на неговиот грб, а кој е (ќе биде) засенет од околниве пешачки мовчиња и од Панорамското тркало.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 11-Jul-2016 at 10:41
Ubavi snimki od dron

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 11-Jul-2016 at 18:31
Сите знаменитости кои ги набројавте сега се многу кратно по посетени од што беа во времето кога Скопје личеше на град после атомска катастрофа. Истото е и со Матка, истото е и со Камен мост и со свети Спас и со старата чаршија. А исто е и со Свети Пантелејмон кај Нерези. А сега со Македонското Село посетата на Свети Пантелејмон ќе биде уште повеќе зголемена затоа што туристите имаат причина плус да одат до таму. А дали станицата се викала Македонско Село или Свети Пантелејмон веќе спаѓа во рубриката „барање влакно во јајце„ мотивирано исклучиво врз база на негативна перцепција и политичка фрустрација.
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 11-Jul-2016 at 18:46
Originally posted by Џоле



фото: Hover Production (facebook)


Bojan & phenomenon, како што се гледа од сликава, Пантелејмон и етно селото се едно до друго. Новата автобуска линија би ги опслужувала и двата комлекси. Така да ќар има и едниот и другиот комлекс од тоа што се блиску. Ако сака некој да го види едниот комплекс, лесно е и другиот да го види. Така да има синергија. Не одзема посетеноста на едниот комплекс од другиот.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 11-Jul-2016 at 18:53
Originally posted by CenterCityKid



Bojan & phenomenon, како што се гледа од сликава, Пантелејмон и етно селото се едно до друго. Новата автобуска линија би ги опслужувала и двата комлекси. Така да ќар има и едниот и другиот комлекс од тоа што се блиску. Ако сака некој да го види едниот комплекс, лесно е и другиот да го види. Така да има синергија. Не одзема посетеноста на едниот комплекс од другиот.


Напротив како што пишав и погоре убеден сум дека сега Манастирот ќе биде многу кратно по посетен од порано. Но едно е кога мислиш и расудуваш со чист разум а друго е кога си полн со омраза и гнев.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 11-Jul-2016 at 21:48
Само една од многуте фотографии од заштитениот споменик на културата Железнец, Демирхисарско, кое не е допрено, но сепак беа потребни 11 кома нешто евра да се дадат за овој комплекс.

Со ова, само се дава пример на уште поголема централизираност и развој на главниот град, наместо зачувување на селата и градовите во Македонија.

Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 718
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 12-Jul-2016 at 03:04










Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 15-Jul-2016 at 06:30

како и во цела држава така и на форумов, дрмаат претежно два табиета или ултра чалам или ултра сеир, во вториот случај заради плитка исполитизираност мајтапот речиси и да испари а остана само мрчењето, чаламџиите пак приказна за себе во која и сеирот го пречекувват како мрчење, та се на се дебата речиси и да нема, а заради што лично веќе подолго време апстинирам од активна дружба на форумов, нормално не сакам да се попарам за и мене да не ме понесе дадена атмосфера ... камо сите да беа умерени, може немаше човек форумскава преписка да го уморува, та и да се одважи на учество!?

него за Е-Селово да фрлам едно Аирлија, експонатов нека им биде пред се на младите скопјани амортизер кон рурална реемиграција [1][2] бар да им огрее воља своите огништа да си обноват одржуваат, иако факт е дека многумина веќе и ги немаат или пак ко деленици не се ни нафаќаат нешто да укрепат, затоа можеби е нужно зло и последен момент државата на културен начин да ги примора на тоа уценувајки ги со рурална национализација [3] и не само уцена туку тоа и да го стори, да спаси што може да се спаси од онаа изворна руралност ко што е предочена в демирхисарско погоре

нејсе, добивме инстант музејски комплекс со инстант концесионер, ни фалат уште инстант рекламни паноа одоколу, за да постојано бидеме освестувани за фатаморганата во која живееме - инстант конзумеристичко општество! впрочеми СК'14 и Е-Село се инстант обид за туристичка но и меѓуетничка катарза, колку и да се недоносени, колку и да се криминални, иако второво сеуште е само чаршиски муабет, а не ни може подалеку да добаци бидејки се е законски и тендерски пеглано, така и за селово, навистина што несе јави некој друг на тендерот за концесија, бар фиктивно да ја крене цената, претпоставувам како маркетинг спин подобра реклама од ова здравје за која и да е скопска компанија макар ги работеле со кетеринг служба то рестораните, просто кој сме колку сме толку сме, добро што се нафатил некој да го стопанисува а самата појава Тинекс заради себепромоција дури и да зијанат од чалам ќе мора се вокондиција да одржуваат ... Аирлија и за нивната решителност ... патем од сето ова произлегува една озбилна дилема, претпоставувам тука заради туристичкиот момент ќе нема, но дали заради истиот ќе ги секнат турбофолк свадбите во ресторанот кај Свети Пантелејмон, а доколку им дозволат и понатака да распалуваат тоа да биде само акустично а изворно ...
    

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 15-Jul-2016 at 07:40

заборавив посебно да го пофалам и то инстант изѕиданиот камен! него што е до понудата на концесионерот, според нивниов пиар излегува дека државата не им дала специфична рамка околу културната програма, што е малку склет за импровизирање, што вели Јанко не е лошо да имаат и рурални работилници, но пред се тоа треба да биде фестивалски а не индивидуално, бидејки е музејски комплекс од општ интерес, односно секој ден при културно уметничката програма да има претставување традиционален занает или вештина во која секој би можел да земе учество од гостите, што вели народно да си испрљаат рацете, во спротивно доколку на вакво место се тераиндивидуално она етикетата музејски комплекс нека ја фрлат под пат со насмевка ... камо да има и ученички кулинарски работилници [1] a за таква цел сигурно ќе им треба и поголема фурна но и поголемо плато некаде во продолжение на местово

исто не е лошо стопаните да се преименуваат од Тинекс во ЕТНИКС односно од ова да почнат да билдаат нов бренд, кој потенцијално би се проширил и со некоја Македонска Градина пр. во соработка со тоa Бонсаи-центарот можеби на Средно Водно, додека горе кај Крстот би кренале некоја манастирска кујна ко подостапна за домашни туристи [1][2] јасно сето тоа изворно стокмено ... бар како маркет со озбилен кетеринг тоа и ќе можат да си го дозволат онака во еден здив да снабдат три такви комплекса со традиционална храна надолж падините на Водно

кончено како хотел Етно Селото може да има и флексибилни аранжмани, 12 дена 12 куќи - секој ден различно искуство, чисто опција за авантуристи, иако вакво нешто би било поприкладно за некој рурален хостел, но колку и да е креативно-културен момент како атракција требаше и можеше да ја лоцираат другде на Водно, вака ќе излезе, сакале тоа или не, туристички куплерај во самиот атар на најпознатиот скопски Манастир, но имало ли кој да чукне глата кога праеле физибилитката дека тоа ќе биде случај, само уште еден доказ колку сме површно Побожни та дури ни на државно ниво немаме етички параметри при планирањето!



Edited by beTon - 15-Jul-2016 at 07:44
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 15-Jul-2016 at 08:50

останува да склепаат добра веб страна, а зошто да немаат интернационални воркошопови, кои би требало како простор бесплатно да им биде достапен и на секое здружение на граѓани кое во соработка со мин.К. би направила соодветна програма, јасно државен разглас, проектор и урбана опрема, Тинекс строго да го работи туристичко-угостителскиот дел а се околу културниот логично би било да е под закрила на музејот, но дали е тоа така и на хартија, може ли некој да го извади договорот на увид да се види какви обврски и смерници има концесионерот

http://www.etno-muzej.si/en/workshops

конкретно освен поголемо плато и' до селово, за културниот дел да функционира и во зима за истото треба да предвидат и некој монтажен павиљон, повторно сето тоа во режија на државата и бесплатно за секое граѓанскоздружение ... тука Тинекс не е лошо да паркира и еден Панорамски Балон доколку истиот не претставува некаква опасност за жичницата

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 24-Aug-2016 at 17:41

кога самиот стопан сеуште не се пофалил на својот вебсајт дека договорил ваква чупа за чалам [1] што пак да очекуваме дека би направил посебен за неа

друга забелешка со кој памет браварски столбои и современи тенди на терасата од ресторанот или пак пластични и метални држачи за чадори наместо дрвени кај барот, овде за терасата може и треба максимум рогозина, а најдобро е сенка од лозници, или наједноставно платна со изворни мотиви ... кому тоа ќе му продаваме етно атмосфера можеби на волонтерите од Стајковци




22.08.2016 - Македонско село на падините на Водно: Во потрага по идентитетот

Во земјите од источна Европа како и на Балканот, стана популарно туристичките агенции да нудат таканаречен селски туризам. Во овие понуди задолжително се вклучени и посети на некое етно село.

Префиксот „етно“, најпрвин се појави во популарната музика означувајќи песни кои во себе содржат елементи од локалниот мелос. Последниве години овој префикс многу го користи и туристичкиот маркетинг, така што и правењето етно села стана популарно.makedonsko selo (16)
Современите етно села не се некои постоечки, стари села, со зачувани етно карактеристики. Всушност, ниту едно село само по себе не било доволно етничко, ниту пак некогаш било. На избран локалитет се градат неколку објекти кои потоа ги именуваат како етно села. Карактеристиките на ваквите етно села, стануваат воопштени, со минимум географски и историски одредници.
Она што се гради и прави во овие етно села не е никаква етнографска или археолошка реконструкција на стварниот живот во некое село. Со нивната изградба повеќе се сака да се обнови духот на минатите времиња во една идеална етно заедница. Се прават за да се привлече домашната публика која се идентификува со своите корени и традицијата , но и да се привлечат странски туристи на кои, можеби, сè ова им изгледа егзотично.

Изградбата на овие, како и низа други „етно“ куќи или простори, сосема јасно произлегува од потребата за (ре)изградба на идентитетот, кој, во тек на овие последни децении, стана акутен на идентитетската криза произведена со процесот на глобализација. Имено, забрзаните промени сиве овие години, го зафатија секое село кое до денес останало живо и ги смениле, како изгледот на селото, така и начинот на живот на луѓето што останале да живеат


На 22 јуни оваа година и кај нас, на падините на Водно, спроти манастирот „Св. Пантелејмон“ во село Нерези беше отворено етно селото наречено „Македонско село“, комплекс од повеќе објекти изградени во духот на македонската архитектура од 19 и 20 век. Ова етно село е изградено да потсетува на град, како збир на различни стилови на градби од нашето поднебје. Идејата била, тука посетителот да ја доживее Македонија во мало. На самиот влез се наоѓа голема главна капија и информативен центар, каде што се добиваат сите потребни информации.
Целиот комплекс зафаќа површина од 12.000 м2, а се состои од шеснаесет куќи со вкупен сместувачки капацитет од 100 гости. Во комплексот се застапени куќи од различни географски подрачја на Македонија; куќа од Битолско, куќа од Прилепско, куќа од Велешко, куќа од Струшко, галичка куќа, реканска куќа, Скопско-црногорска куќа, куќа од Кратовско, беровска куќа, куќа од Делчево, куќа од Кумановско и тетовска куќа. Куќите се поврзани со поплочани камени патеки, теренот е во пад, а во централниот дел на селото се наоѓа отворена тераса, наткриена со платнена тенда која служи како ресторан во овие топли денови.

Секоја од собите во куќите има поинаков поглед низ прозорецот и различен пат по кој до неа се доаѓа. Ентериерот е во ранг на хотелско сместување, приспособен на современиот стил на живеење и потребите на современиот турист. Во собите е поставен стилски изработен мебел, се користат природни материјали, а збогатени се со рачно ткаени черги изработени на разбој. Секако, секоја соба има современи уреди за ладење на воздухот, како и за негово затоплување.

Туристичката намена на „Македонското село“ е потполно јасна, а префиксот „етно“ би требало да го окарактеризира како атрактивна локација за посета и одмор. Направено првенствено да ги задоволи туристите и посетителите, како и да понуди нешто поинакво во туристичката лепеза на нашиот град. Секаде во светот цвета атракцијата наречена life seeing, односно, грубо преведено, живо разгледување.

Сè повеќе туристи сакаат да учествуваат во животот на заедницата што ја посетуваат, да ги запознаат нивните обичаи, традиција, култура, начин на живот, исхрана… Етно селото им ја нуди оваа можност на своите посетители.

При посетата на „Македонско село“, освен прошетките по патеките на планината Водно, гостите ќе можат да се одморат и уживаат во храната и пијалаците во трите ресторани ; Ан, Антигона и етно барот. Рестораните се опремени во етно стил, а на своето мени нудат традиционални македонски јадења, подготвени на оган, како и јадења подготвени во современи кујни.
Сите се со различна гастрономска понуда. Покрај трите ресторани направена е и винарска визба каде што можат да се пробат и купат најквалитетните македонски вина. Со многу вкус и фантазија, рестораните се оплеменети со природни материјали и топли бои, етнографски и уметнички детали кои ги чинат пријатни за провод и одмор.
Етно амбиентот на комплексот е надополнет со неколку занаетчиски работилници каде гостите ќе можат да се запознаат со традиционалните стари занаети карактеристични за ова поднебје, и одблизу да го проследат процесот на изработка на кујунџиски и грнчарски предмети, како и да се запознаат со вештината на ткаење килими. Живописноста на македонското село ќе биде збогатена и со домашни животни.

Трлата за домашните животни се прават и се очекува во најскоро време, да се донесат животните. Во рамките на комплексот Македонско село постои и мал Етнолошки музеј, кој сè уште не е отворен. Во него ќе биде уредена етнолошка поставка, која ќе ја долови традиционалната македонска култура низ неколку сегменти: народните носии, народниот вез, народните ткаеници и алатките за преработка на текстилни суровини и покуќнински текстил.













































http://www.porta3.mk/makedonsko-selo-na-padinite-na-vodno-vo-potraga-po-identitetot/


патем ова форава со Олициве навистина го прави селово Етно а со толку фрлен камен можеа да го дотераат баш до Изворно, иако никогаш не е касно да ги отстранат, но ќе треба да си прошират атмосферката цевка, а тоа значи нов тендер и така во недоглед


Edited by beTon - 24-Aug-2016 at 17:51
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 30-Oct-2016 at 18:44
Не можеле да ги сокријат или да ги замаскираат клима-уредиве



А од ова нема ништо погрозно:



Edited by Џоле - 30-Oct-2016 at 18:47
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 31-Oct-2016 at 10:05
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 31-Oct-2016 at 10:06
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 31-Oct-2016 at 10:06
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 31-Oct-2016 at 10:06
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 31-Oct-2016 at 10:07
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 31-Oct-2016 at 10:25
Џоле не зафркавај „МАЛА„ репортажа. Туку чудно ми е што во медиумите постојано се споменува 12 куќи а всушност се 16. И уште едно прашање: дали тој делот со трло, штала, мелница.... е активен или има уште работа таму? За климите и оџаците зборови не се потребни. Туку она што мене ми пречи е исклучително слабата online презентација на селото, особено затоа што web страната уште не им е активна. Најавуваа дека ќе има можност за преноќување во селото а тоа никаде не може да се провери дали воопшто профункционирала оваа понуда и ако НЕ од кога ќе почнат со нудење на апартмани. Но како и да е тоа се финеси, се на се мислам дека селото е вистински погодок.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 13141516>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.