build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Трета Македонска Бригада

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Булевар Трета Македонска Бригада
    Posted: 15-Nov-2010 at 16:27
Преку булевар до Лисиче

Следната година ќе се проектира со колку ленти ќе се прошири ули­ца­та Трета македонска бригада и колку ќе чини изградбата

Ули­ца­та Трета македонска бригада во Аеродром ќе стане булевар. Из­ра­бот­ка­та на проектот за проширување на главната улица кон населбата Лисиче е пред­ви­де­на за следната година, како една од капиталните градски ин­вес­ти­ции во Општината.
Со колку ленти ќе се прошири улицата и колку ќе чини изградбата, допрва ќе се проектира.
"Точ­но е дека Трета македонска бригада ќе стане булевар, но кога ќе поч­не да се гради, ќе биде познато кога ќе заврши целата процедура на из­ра­бот­ка на проектот и избор на фирма која ќе гради. В година само ќе се из­ра­бо­ту­ва идејното решение, по што симболично ќе се види и колку пари ќе тре­ба да потрошиме за неа", велат од Град Скопје.
Овој булевар со години е црна точка во Општината. Бидејќи води кон на­сел­ба­та Лисиче, многу е фреквентен, па жителите се жалат дека на оваа ули­ца досега се случиле голем број сообраќајки.
Ос­вен овој булевар, во план е проширување и на булеварот АСНОМ во Но­во Лисиче, како и завршување на изградбата на булеварот Србија, кој ќе ги поврзе Аеродром и Кисела Вода.

(М.Ѓ.)
http://vest.com.mk/?ItemID=FEA3FFCD6469E54D9962DB21844E994C
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Dec-2011 at 02:47
АЕРОДРОМ И ГРАДОТ ГИ УТВРДИЈА ПРИОРИТЕТИТЕ

За Трета македонска нема проширување и в година

Жи­те­ли­те на Аеродром бараат од градските власти да се прошири бу­ле­ва­рот Трета македонска бригада за да се намалат сообраќајните несреќи во овој дел. Со вакво барање, тие го пречекаа градоначалникот на Град Скоп­је Коце Трајановски за време на посетата на Општината.

"Гра­ѓа­ни­те, преку месните и урбаните заедници, дадоа сугестии за проекти кои може да се предвидат во градскиот буџет за следната година, а едно од главните барања беше проширувањето на булеварот Трета македонска бри­га­да", изјавија од Општина Аеродром.
Од Град Скопје најавија проширување на булеварот, но не за следната го­ди­на.
"Мо­ра да се решат многу имотно-правни прашања и да се направат со­об­ра­ќај­но-урбанистички проекти, кои бараат многу време, со што ре­а­ли­за­ци­ја на овој проект не може да се очекува за наредната година", изјавија од Гра­дот.

Овој булевар со години е црна точка во Општината. Бидејќи води кон на­сел­ба­та Лисиче, многу е фреквентен, па жителите се жалат дека на оваа ули­ца досега се случиле голем број сообраќајки.

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=85FDE1E615377C46A921FC34D4325310





Делот по кој овој „булевар“ е обична улица. Должина: 2,2км.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Dec-2011 at 02:15
Требало у текстов да стават дека ова е ЕДИНСТВЕНА улица по која граѓаните на населбата Лисиче, па и селото Лисиче,можат да стигнат од дома до Центар и обратно. Ама очигледно Аеродром е навикнат во последниве години да остане заборавен од градската управа...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Dec-2011 at 10:28
Со оглед на тоа дека на оваа улица меѓу Тутунски и Бул.Србија има само 1 семафор на 2+км сметам дека движењето по неа не претставува потешкотија, барем јас многу често ја користам кога од Бисер одам накај Капиштец.
Има далеку побитни улици кои треба да се претворат во булевари, оваа сигурно ќе почека барем до 2014.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-May-2012 at 19:53

На барање на жителите, до крајот на 2012 година, Градот ќе распише тендер за проширување на булеварот Трета Македонска бригада, најави градоначалникот Kоце Трајановски на последната работна средба со градоначалникот на Општината Аеродром, Ивица Kоневски. По овој булевар се движи автобуската линија „7“. На истата средба тој ја најави и реконструкцијата на булеварот „Јане Сандански“ - од „Мекдоналд“ до булевар Србија која ќе чини околу 750.000 евра. Годинава, пак, Градот и Општина Аеродром, ќе продолжат со доизградба на почнатите паркинзи. Досега, во разни проекти на територијата на оваа општина, според Трајановски, од градскиот буџет биле слеани 500 милиони денари.

На работната средба, освен градоначалниците, присуствуваа и директорите на јавните претпријатија, претставници од градски сектори и месни заедници, како и администрацијата на Општина Аеродром. Средбите со општинските челници, Трајановски ги остварува од почетокот на својот мандат заради полесно реализирање на капиталните проекти.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E56CDB926F2917468B5A5ED3C7522C3F

За Трета македонска бригада веќе има оставено солиден простор по цела траса за проширување, а и поради новите згради кои се градат пред Лисиче а и изборите што следат, убеден сум дека за овој проект ќе најдат пари.




Edited by Cloverstack - 10-May-2012 at 13:40
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-May-2012 at 13:56


А и не треба којзнае колку пари да се најдат. Се работи за должина од 2 километри и како што кажа трасата е чиста. Ниту пак има потреба од изградба на било какви поскапи структури. Градежните работи веројатно можат да се завршат за под 2 милиони евра. За експропријација нема ништо позначајно. Еве да додадеме и еден голем бонус за крадење, пак целата работа веројатно може да се заврши за под 3 милиони евра, освен ако ептен не забегаат со крадењето. Од друга страна, бенефитот од овој проект ќе биде огромен и со оглед на висината на средствата кои се потребни за него, срамота е што и досега не е реализиран. Навистина кога нема гужва, профилот на улицата е сосема адекватен, но во шпицови знае да се закрчи. А сега со интензивната изградба долж улицава и во околината, дефинитивно е дојдено крајно време за проширување на 3-та Македонска бригада.

Инаку се надевам дека нема и овде да им текне да прават некакви импровизации за да заштедат некој ситниш кој што после ќе го „инвестираат“ во некоја жална врба или во некоја шмизла. Проширувањето обавезно мора да биде со средишно зеленило, велосипедски патеки и со сите нишани, а не само додавање на ленти.


Edited by Cloverstack - 10-May-2012 at 13:58
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Jun-2012 at 23:52
Отпочнува постапката за претворање на улицата во булевар:

ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА

Изработка на Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај на дел од булевар 3-та Македонска бригада на потегот од крстосница со булевар Србија до крстосница со улица Никола Карев во Скопје, со обезбедена ревизија

Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа

Понудите да се достават најдоцна до: 04.07.2012 во 10.00 часот

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Dossie/dosieRPP.aspx?EntityId=8432c81c-9128-4b85-9aaf-2d74c1d2e223&Level=2
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 20-Feb-2013 at 17:31
Градоначалникот на Градот Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, утре /21.02.2013 година, четврток/ во 11  часот на раскрсницата на улицата Венјамин Мачуковски со улицата 3 Македонска бригада, (во близина на општинската зграда на Општина Аеродром), ќе дадат изјави во врска со проширувањето на улицата 3 Македонска бригада во булевар.

Од официјалниот сајт на Град Скопје
23ka.wordpress.com
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Feb-2013 at 15:17
http://kurir.mk/republika/opstini/104619-Aerodrom-ke-dobie-nov-bulevar
Го ставам линкот затоа што најважното се наоѓа во видеото.


Edited by daci92 - 21-Feb-2013 at 15:17
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Feb-2013 at 15:40
Работава само колку да се сликаат и да ги има на ТВ вакак за пред избори

Ниту кажаа колку точно фази ќе има
Ниту кажаа кој е рокот (до крајот на годинава)
Ниту колку метри ќе се прошируваат во првата фаза
Ниту колку ќе чини тоа
...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Feb-2013 at 19:46
на горниот линк пишува дека вкупната должина ќе биди 2100 метри(како булевар) а ќе се пробива до Корчагин.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Feb-2013 at 20:01


Делот до Корчагин (поточно до „Злате“) веќе има 4 ленти, иако без средишно зеленило. Од друга страна, помеѓу крстосницата кај амбулантата „Пролет“ до проширениот дел кај крстосницата со булеварот Србија има точно 2100 метри.

Проектов е многу потребен и се надевам дека има нешто посериозно во најавава отколку политиччки маркетинг. Особено со целата моментална станбена експанзија во зоните долж трасата на сообраќајницава, може да се каже дека веќе проектов е УРГЕНТЕН!

Исто така се надевам дека нема да се изостави и пробивањето на сегментот покрај Корчагин, како и проширувањето на постоечката улица до ГТЦ, затоа што се работи за една логична сообраќајна целина, а моменталната ситуација со пренасочување на целиот сообраќај кон булеварот 11 Октомври е неодржлива подолгорочно.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Feb-2013 at 21:12
Делницата што ќе минува помеѓу Корчагин и Олимписки е многу мистериозен дел од овој проект - не се знае ниту на кој начин ќе се гради - ниту како ќе се реши поврзувањето со бул.Кочо Рацин.
Кога веќе се спомна булеварот 11 Октомври баш пред некој ден помислив дека Скопје нема никаква алтернатива на оваа сообраќајница која би се користела како алтернатива при обнова на асфалтот кој е делумно оштетен на повеќе точки.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Feb-2013 at 21:47
На новиот ГУП мислам дека има како треба да изгледа и како треба да се поврзе .
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Feb-2013 at 22:03

Да бидам искрен ништо не разбрав од собиранката на градоначаниците. Ниту почна нешто да се гради , ниту пак се одредија термини буквално ништо. Ќе понело да се гради кога ќе имало пари и кога ќе се решеле имотно правните проблеми кои патем биле многу сложени. Преведено на македонски јазик буквално ништо не се случи а со почеток и крај на градбата можат да почнат и после 10 години.

Мене ми личеше цела акција премногу млитава, неконкретна и несериозна за да верувам дека набрзо ќе се реши овој булевар.

Дај боже да грешам зошто овој булевар е многу битен плус во моментов изгледа како да е во некоја напуштена средина , што со оглед на експанзијата на стамбени единици во овој дел во блиска индина може да биде огромен проблем. 

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Feb-2013 at 23:10
Од Аеродром до Центар ќе се вози само по булевар


Булеварот "Трета македонска бригада" ќе биде долг 2.100 метри, ќе има четири ленти со зеленило во средишниот дел. На него ќе биде поставено ново осветлување и нова атмосферска канализација, а проширувањето е предвидено да заврши до крајот на годинава

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5AD4CD4AB56FBF42A142D4688BDA4F5C


Јас навистина неможам да им најдам НЗС на нашите медиуми.

Back to Top
LEPI View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-Feb-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LEPI Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Feb-2013 at 10:34
Eve informacija od 1 raka imeno imam imot na samata trasa kade se najavi prosiruvaneto na 3 Mak udarna brigada,i do denes nikoj nitu me kontaktiral nitu pak pobarale sredba so mene taka da nekako ne mi izgleda deka rabotava ke se odviva so tempo kakvo sto posakuvame site nie .Voedno i da ne zaboravime deka po noviot GUP za Skopje celiot poteg kaj f-kata Rade Koncar sega ke se prenameni za kolektivno domuvane i veke od opstinata dobivme uveruvane deka se zapocna so izgotvuvane na nov DUP za del ! 17 po GUP.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-Feb-2013 at 20:14
Прво пази ја реченицава која сите медиуми ја пренесоа и никој не поставил никакво потпрашање, греота...

Булеварот "Трета македонска бригада" ќе биде долг 2.100 метри, ќе има четири ленти со зеленило во средишниот дел. На него ќе биде поставено ново осветлување и нова атмосферска канализација, а проширувањето е предвидено да заврши до крајот на годинава.

Сите кои имаме GoogleEarth знаеме колку е долга улицата, НО до крајов на годинава значи ќе биде се готово! Сите фази така!? Игра на зборови, тоа до крајот на годината се однесува на првата фаза која може и 100м да е АМА...

Зошто се сликаат ако не започнува истиот ден со работа? За да ни кажат дека таму имаат во план да прошируваат!? По таа логика нека се сликаат и на водно дека и таму имаат во план да прават ски патека. Разбирам да се сликаат кога започнува со работа, ама ова...

Фала за сознанието кое инаку веќе сите го знаевме
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-Feb-2013 at 23:00
јас мерев на гугл,2100 метри е од надвожњакот на железницата,а не од почетокот на улицата

Edited by gjoko - 22-Feb-2013 at 23:00
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 24-Feb-2013 at 21:08
Originally posted by LEPI

Eve informacija od 1 raka imeno imam imot na samata trasa kade se najavi prosiruvaneto na 3 Mak udarna brigada,i do denes nikoj nitu me kontaktiral nitu pak pobarale sredba so mene taka da nekako ne mi izgleda deka rabotava ke se odviva so tempo kakvo sto posakuvame site nie .Voedno i da ne zaboravime deka po noviot GUP za Skopje celiot poteg kaj f-kata Rade Koncar sega ke se prenameni za kolektivno domuvane i veke od opstinata dobivme uveruvane deka se zapocna so izgotvuvane na nov DUP za del ! 17 po GUP.
Ме изненади ова што спомна дека просторот кај фабриката Раде Кончар (всушност целиот блок 17) со новиот ГУП е пренаменет за колективно домување. Сега проверив и додуша не е само за колективно домување туку е мешовита зона која вклучува и деловни и комерцијални намени, но сепак за мене е изненадување со оглед на постоечката лесна индустрија таму.

Дали си во тек, моментално како се движи пазарната цена на земјиштето во тој реон?


Патем добредојде на форумов Smile
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.