build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Трета Македонска Бригада

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
LEPI View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-Feb-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LEPI Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 25-Feb-2013 at 10:09
Благодарам за топлото добредојде воедно и во прилог на новиот ГУП беше потенцирано дека се пристапува кон дислокација на сите индустриски капацитети надвор од Скопје па така и со ф-ката Раде Кончар (по примерот на Алумина во Карпош)што мислам дека е одличен потег затоа што во тој дел на Аеродром има баш голем потенцијал за градба,воедно и тука е планирано поврзување на Аеродром со Кисела Вода и пробивање на новиот Бул.Македонија во делот каде сега се пругите.Што се однесува до цените навистина немам претстава затоа што тој дел на Скопје по долги години сега стана атрактивен за градба но доколку добијам некоја инф. веднаш ке ја споделам.
Back to Top
mirko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 04-Aug-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote mirko Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 04-Mar-2013 at 22:39
se ova ok ama da se prodolzi so selenje na fabrikite podaleku od gradot no koga ke se seti nekoj na golemite zagaduvaci na skopje kako usje toa da se dislocira bi zavrsilo golema rabota
Back to Top
LEPI View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-Feb-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LEPI Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 05-Mar-2013 at 19:57
   По мое инсистирање во Град Скопје конечно добив и прецизен одговор за тоа кога и од каде ке започне просирувањето и одговорот гласеше дека со работа ке се започне во месец Септември(што значи ке се започне здравје боже некогаш) а ќе се работи само на делницата од Бул.Србија па до Тинех а за останатиот дел сеуште нема прецизирано темпо на работа.

    Важно се сликаа и побараа уште 1 мандат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 05-Mar-2013 at 20:06
Проектот е супер но преспоро е цепкањево на сто делници. Подобро нека прават по една голема улица во буџетска година отколку по пет мали сегменти на повеќе сообраќајници. Најквалитетен сегмент од минатиот мандат беше прва фаза на илинденска.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 06-Mar-2013 at 02:53
Опааа ќе се работи тука 2-3 години...а може се тоа многу брзо да се заврши ама...и не е изненадување, во програмата на Коце пишува дека ќе се гради од 2013-2015.Ohno
Back to Top
LEPI View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 22-Feb-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote LEPI Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 11-Aug-2013 at 09:37
Тендерот конечно се распиша за изградба на 1та фаза од проширување на булеварот 3 Мак ударна бригада и проширувањето ке започне од крстосницата кај Бул.Србија и ке заврши кај бензинската на ЛУКОИЛ.
Доколку некој има линк до самиот тендер ве молам да го прикачите.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 11-Oct-2013 at 21:17
Скопје
Улицата „Трета македонска бригада“ ќе стане булевар

Градот Скопје денеска ја почна реконструкцијата на улицата „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром од крстосницата со булеварот „Србија“ до крстосницата со улицата „Никола Карев“. Градежнните работи во првата фаза ќе го опфати делот до улицата „Фрањо Клуз“.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски истакна дека токму оваа улица е многу важна за Аеродром, општина во која се одвива интезивна градба на станови.
- Во рамките на ГУП-от ева е булеварско решение, а со новиот ГУП ќе се овозможи од левата и десната страна на булеварот да се изградат станбени, деловни и комерцијални објекти кои што ќе ја оправдаат неговата изградба -истакна Трајановски.
Со проширувањето на оваа прва делница долга 1.243 метри, улицата ќе добие четири коловозни ленти, по две во секоја насока и средишно зеленило широко пет метри. Градежните активности на оваа делница ќе се искористат за да се постави атмосферска канализација во дожина од 1.300 метри која ќе се приклучи кон колекторот на булевар „Србија“. На сообраќајницата ќе бидат поставенит 84 столбови за улично осветлување со 128 светилки.
За реконструкција на оваа улица Градот Скопје ќе потроши 133 милиони денари, а градежните активности ќе ги изведува ДГТ„Жикол“ Дооел Струмица. Рокот на изведба е девет месеци.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=25558
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 11-Oct-2013 at 21:50
По речиси година конечно се враќаме на надградба на патната инфраструктура во Скопје

Само една работа, атмосверската канализација ќе се приклучи на колекторот на булевар Србија! Да ве потсетам дека после секој пороен дожд булеварот Србија е делумно потопен (на потегот помеѓу Трета Македонска Бригада и Борис Трајковски) и се вози по тротоарите. Ова само може да ја влоши ситуацијата.

Edited by alexsend - 11-Oct-2013 at 21:51
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 11-Oct-2013 at 22:58
Фала богу, еден рационален и многу потребен проект... ваквите проекти навистина се реткост веќе долго време наназад.

Ме радува фактот што ќе се прави со средишно зеленило, ми падна камен од срце во врска со ова. Но не знам која е потребата од овие заебанции со тротоарите и велосипедските патеки... од едната страна ќе имало тротоар, велосипедски патеки и зелен појас по сите нишани, а од другата страна ќе имало само тротоар и тоа со мизерна ширина од 1,5 метри (колку реално ќе остане за движење после поставувањето на сообраќајни знаци и улично осветлување?). Штета за ова.

Улицата Трета Македонска бригада ќе прерасне во булевар

извор:%20Град%20Скопје

Започнаа градежните активности за проширување и реконструкција на првата делница од улицата Трета Македонска бригада што ја поврзува населбата Лисиче со центарот на Скопје. Целосниот проект предвидува реализација на булеварски профил на сообраќајницата на потегот од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата со улицата Никола Карев, при што постоечкиот коловоз ќе се реконструира и ќе се изгради нов коловоз со две сообраќајни ленти, а помеѓу нив ќе се изведе средишно зеленило.

„Во првата фаза од градежните работи што ги почнуваме денеска, ќе се прошири делница од улицата Трета Македонска бригада – од булеварот Србија до улицата Фрањо Клуз. Со проширувањето на оваа прва делница долга 1.243 метри, улицата Трета Македонска бригада ќе добие четири коловозни ленти, по две во секоја насока и средишно зеленило со ширина од пет метри. Од двете страни на новоформираната сообраќајница ќе се изградат тротоари кои што ќе се покријат со бехатон плочки. Од левата страна тротоарот ќе биде широк 1,5 метри, а од десната страна ќе се оформи зелен појас, велосипедска патека и пешачка патека“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Градежните работи на оваа делница ќе се искористат за да се постави атмосферска канализација во должина од 1.300 метри со променлив профил. Новата сообраќајница ќе ја осветлуваат 84 столба за улично осветлување со висина од по 10 метри, на кои ќе се постават 128 светилки. Рокот за завршување на првата фаза изнесува девет месеци. Од градската каса за проширувањето на улицата Трета Македонска бригада ќе се издвојат 133 милиони денари. Изведувач на градежните работи е компанијата „Жикол“ од Струмица.



#
Објавено на 11.10.2013 во категорија Вести.

Тагови: Булевари и улици, Велосипедски патеки и пунктови, Градска инфраструктура, Жикол, Инфраструктура, Скопје, Улица Трета македонска бригада

http://www.build.mk/?p=29291
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1901
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 06-Dec-2013 at 12:16
Вчера вечерта поминав два пати по овој булевар и сакам да кажам дека сум прилично импресиониран со каква брзина се работи на него ,поголемиот дел од трасата е расчистен и се поставени цефки за атмосферска канализација ,а во исто време е израмнета трасата и се поставени рабници, во моментов се копа за цефки кај Американскиот Колеџ. Би требало во догледно време да се става тампонот и потоа (најверојатно на пролет) следува асфалтирањето.
Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 06-Dec-2013 at 23:49
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 07-Dec-2013 at 02:48
Previous
Како што се гледа и од сликата, колку не пазат на загадувањето на околината, пред 2 дена токму на пресекот помеѓу бул Србија и Трета мак брига било измерено загадување 14 пати повисоко од нормалното!
Не само што воздухот оачјно лошо смрди, туку од големата фреквенција на автомобили се создава магла од прашина преку целиот ден. Ама кај нас очигледно се задоволуваме само со терминот "градење". Точно е, ја сум еден од позадоволните што и овој дел ќе се среди, зашто многу често пешки одам до Лисиче баш од овој дел, али дефинитивно мора да се поработи на чистотата. Очигледно и алармантниот податок за зголеменост на луѓе со малигни заболување не допира до надлежните, па уво ги заболе од тоа како се гради. Топло препорачувам секој да помине од тука и да се увери за што зборам.


Edited by N23 - 07-Dec-2013 at 02:49
23ka.wordpress.com
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 14-Feb-2014 at 20:06

DSC02843 by george k. 1981, on Flickr


DSC02844 by george k. 1981, on Flickr


DSC02846 by george k. 1981, on Flickr


DSC02847 by george k. 1981, on Flickr


DSC02854 by george k. 1981, on Flickr


DSC02855 by george k. 1981, on Flickr


DSC02856 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 14-Feb-2014 at 20:07
Не ми е јасно како се дозволува ваква трошна куќарка да остане на 20 см од булевар.


DSC02848 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2365
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 14-Feb-2014 at 20:49
Таа самата ќе падне од вибрациите на натоварените шлепери.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 14-Feb-2014 at 23:24
Проблемот е што е трошна или што е преблизу? Пошто исто е и кај ЗОО, само тие не се трошни.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 15-Feb-2014 at 13:14
Мене ми е проблематично што е преблизу. Се надевам дека ќе ја отстранат, зашто нема логика да оставиш куќа на пола метар од прометен булевар (Иако знам дека логиката во земјава не функционира секогаш најздраворазумски).
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Feb-2014 at 13:29
Originally posted by Џоле

Мене ми е проблематично што е преблизу. Се надевам дека ќе ја отстранат, зашто нема логика да оставиш куќа на пола метар од прометен булевар (Иако знам дека логиката во земјава не функционира секогаш најздраворазумски).
Vo slucajov bulevarot e na pola metar do kukata.   
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 15-Feb-2014 at 14:59
чисто процедурално,

во ред е, и ја сум за тоа. сакав само да расчистиме дали е проблемот околу близината или состојбата на објектот.

Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 15-Feb-2014 at 15:55
Originally posted by fichot

чисто процедурално,

во ред е, и ја сум за тоа. сакав само да расчистиме дали е проблемот околу близината или состојбата на објектот.

i dvete.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.