Обнова на Офицерскиот дом |
Post Reply | Page <1 1314151617 26> |
Author | ||||
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4190 |
Quote Reply #281 Posted: 20-Dec-2014 at 17:26 | |||
|
||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15039 |
Quote Reply #282 Posted: 20-Dec-2014 at 17:28 | |||
Уште подобро, ако ме прашуваш мене. Најмалку што треба на еден плоштад да доминира некојси џиновски споменик. Но тоа е друга приказна. Edited by Џоле - 20-Dec-2014 at 17:28 |
||||
За сè има вторпат
|
||||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2599 |
Quote Reply #283 Posted: 21-Dec-2014 at 00:28 | |||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #284 Posted: 21-Dec-2014 at 21:08 | |||
проблемот доаѓа од тоа што објектот се реконструира со целосно нова намена која не одговара на оригиналот сметајте дека некои 60% од стариот објект отпаѓале на главната сала, а сега таа сала ќе ја нема, ќе има спратови на нејзино место |
||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||||
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1975 |
Quote Reply #285 Posted: 21-Dec-2014 at 21:29 | |||
Свесни сме одамна дека објектот само ќе личи на стариот. Но, барем салата да ја направеа. Штета.
|
||||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||||
Kid_A
Senior Member Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
Quote Reply #286 Posted: 21-Dec-2014 at 22:49 | |||
Не сум многу запознаен, па некој ако знае повеќе да ме упати. Дали ќе се реновира зградата на МЕПСО и поштата? Има започнато некакви процедури?
|
||||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2599 |
Quote Reply #287 Posted: 22-Dec-2014 at 00:17 | |||
Нема да се реновираат. Ќе се унаказуваат.
За МЕПСО можеш на гугл да пробараш. За Пошта/Телеком уште нема никакви информации. Не може чаушот да постигне толку.. да почекаме малку. |
||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #288 Posted: 25-Dec-2014 at 01:54 | |||
1
2 |
||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15039 |
Quote Reply #289 Posted: 05-Jan-2015 at 15:20 | |||
Воопшто не мислам дека Офицерскиот дом е „најмонументалната градба“ во денешно Скопје, но...
Градот си ја враќа најмонументалната градба На плоштадот „Македонија“ последниве неколку месеци се интензивира градбата на Градската куќа на местото на некогашниот Офицерски дом, во која ќе бидат сместени кабинетот на градоначалникот на Скопје и Матичната служба. Објектот треба да биде изградени во рок од шест години, откако за нив ќе биде издадено одобрение за градење, рок што веќе тече. Меѓу најрепрезентативните објекти што ги имал главниот град на Република Македонија беше сигурно и Офицерскиот дом. Зградата на Народна банка и Офицерскиот дом, на двете страни од плоштадот „Македонија“, и Камени мост долго беа заштитен знак на Скопје. За жал, двете згради беа урнати од земјотресот. Нашиот главен град е на пат да ја врати зградата на некогашниот Офицерски дом, со тоа што тој во иднина треба да биде градска куќа. Веќе се наѕираат контурите на ново-стариот објект, кој до некаде ќе го врати минатото на Скопје. Еве дел од приказната за идејата и за изградбата на Офицерскиот дом. Во белградскиот дневен весник „Време“, во издание од недела, 24 ноември 1929 година, е најавено завршувањето на работите на Офицерскиот дом во Скопје. Во информацијата, која беше на две колони, со цртеж на Офицерскиот дом, меѓу другото се вели: „Веќе се завршени сите работи, дури и внатрешното уредување на скопскиот Офицерски дом, најголемата и најмонументалната градба во Јужна Србија (сегашна Македонија н.з.), а во исто време најголемата и најпространа зграда од овој тип на Балканот. Мебелот што е нарачан треба да стигне за неколку дена во Скопје, така што уредувањето на домот целосно ќе биде завршено до половината на декември. На роденденот на Н.В. Кралот, 17 декември, на свечен начин ќе биде отворен Офицерскиот дом во Скопје“. По информациите за свеченото отворање и за распоредот на просториите во Офицерскиот дом, информацијата завршува со констатацијата дека отворањето на Офицерскиот дом на 17 декември ќе биде еден од најзначајните настани во културната историја на Скопје. Еден ден пред свеченото отворање на Офицерскиот дом, на 16 декември, и двата највлијателни дневни весници во тогашното кралство, „Политика“ и „Време“, го најавуваат овој настан. На шестата страница на белградска „Политика“, во информацијата за свеченото осветување на Офицерскиот дом, пишува: „Однадвор зградата изгледа огромно, но нејзината големина може да се види дури кога ќе се влезе внатре и кога ќе се погледнат сите нејзини простории, уредени и наместени многу раскошно. Големата свечена сала со огромното фоаје, со галеријата и со салоните потсетува на раскошните сали на монументалните градби во Европа. Во салата се поставени дваесет позлатени канделабри и три големи лустери, од кои секој дава светлина од 45 илјади свеќи“. Понатаму во информацијата се опишува делот наменет за кралот, во кој има простории за маршалатот, библиотека, читалиште, зелен салон и ложи што се поврзани со свечената сала. Исто така, на вториот кат се наоѓале кралските одаи, спалната соба, трпезаријата, салонот за приеми, бањите и кујната. Втората, долната свечена сала, имала илјада квадратни метри наменети за ресторан. Во долната сала, која како и горната била богато опремена, имало бина за музика, галерии, салони за билјард, гардероби и слично. Во сутеренот на зградата имало две големи гардероби за две илјади посетители, трпезарија за офицерите, кујна со модерни инсталации, парно греење и дванаесет големи бањи. Идејата за изградба на офицерски дом потекнува од 1913 година, од тогашниот командант на дивизија, армискиот генерал Божидар Терзиќ. Првиот дом се наоѓал во урната зграда на кафената „Палас“. Со почетокот на Првата светска војна првиот дом престанал со работа. По завршување на војната, Терзиќ повторно го отворил прашањето за изградба на офицерски дом во Скопје. Одборот за изградба на офицерски дом конечно успеал во 1922 година од општината да добие градежно земјиште. Тоа се наоѓало во близината на општинскиот парк. Подоцна, во 1924 година, локацијата е променета. За зградата на офицерскиот дом е доделено земјиштето на кое била „Бурмали-џамија“. Изградбата на Офицерскиот дом почнала на 11 април 1925 година, иако камен-темелникот го поставил кралот на 18 јуни 1925 година. Проектант на Офицерскиот дом бил архитектот Вилим Баумгартен, кој бил на работа во Министерството за војска и морнарица. Почетокот на изградбата му бил доверена на претприемачот Владо Савчиќ, а работите ги завршил Јаков Савчиќ. Според пишувањето на „Време“, изградбата на домот и опремата во него чинеле 25 милиони тогашни динари. Во „Време“, во текстот од 16 декември, меѓу другото пишува: „Како што е познато, Н.В. Кралот за време на престоите во Скопје мораше да ноќева во својот вагон за спиење, зашто во Скопје за тоа немало погодна зграда. Со изградбата на Офицерскиот дом и тоа прашање е решено. На западната страна на домот се наоѓаат сите одделенија за кралот. Сите простории се опремени со потребниот убав и скапоцен мебел“. Од вториот кат скалите воделе во кулата на Офицерскиот дом. Кулата имала два ката. Од подножјето на кулата до врвот имало 102 скали. На првиот и на вториот кат од четириаголната кула имало балкони од кои, според „Време“, имало единствен поглед на цело Скопје, Вардар, на Водно, Гази Баба и на Црна Гора. На врвот на кулата, на сите четири страни биле вградени часовници на електричен погон, па затоа, како што се вели во текстот, и ноќе тие го покажувале времето. На крајот од текстот објавен во „Време“ на 16 декември, ден пред предавањето во употреба на зградата на Офицерскиот дом, пишува: „За остварување на идејата за подигање на Офицерскиот дом во Скопје имаше многу поддржувачи и соработници чии заслуги се евидентни, како заслугите на инженерите и на претприемачите што создадоа вакво монументално дело“. Некогашниот украс од разгледниците за Скопје, Офицерскиот дом, беше урнат во катастрофалниот земјотрес, утрото на 26 јули 1963 година. Од урнатиот преден дел се гледаа големите лустери што ја украсуваа големата свечена сала. Скопје е на пат да врати уште еден објект што беше урнат во природната катастрофа. (aвторот е поранешен новинар) Автор: Подготви: Јосиф Џочков http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=14151728234&id=14&prilog=0&setIzdanie=23363 |
||||
За сè има вторпат
|
||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #290 Posted: 05-Jan-2015 at 17:43 | |||
најмонументалната градба за која просечниот граѓанин ништо не знае и е монументална поради чаршиски муабети за „Старо Скопје“... дури и тие кои лично го доживеале објектот се потпираат на чаршиски муабети и ако објектот е толку монументален, се прави негова целосна детална реконструкција, до камен, а не некоја ужасен плагијат со канцеларии... ама верувам граѓаните кои се фацинирани од монументалноста на објектот не ги интересира тоа |
||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||||
FCB
Newbie Joined: 26-Jul-2011 Location: USA Online Status: Offline Posts: 29 |
Quote Reply #291 Posted: 07-Jan-2015 at 06:49 | |||
Цело време се потенцира дека оваа градба ке биде Матична служба и Градската куќа а никаде не се спомнува дека овој објект е всушност хотел, во приватна сопвеност, од кој само мал дел ке биде наменет за градот. Некаде се спомнуваше само 2 ката ке отпаднат на градот, а другото ке биде во склоп на хотелот до него. Дали некој знае што воопшто се гради тука? Има ли повеке информации за тоа?
|
||||
ArChJaZz
Newbiе Joined: 18-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #292 Posted: 09-Jan-2015 at 16:04 | |||
Монументална градба?!? Што има тука монументално? Јас овој објект и неговото „значење“ не ги поднесувам, а особено чаршиските муабети што се останати. Значи немам апсолутно ништо против тоа да има зграда на тоа место, само не таа зграда. Па незнам луѓево што мислат, ама тоа е симбол на ТУЃА ОКОЛУПАТОРСКА ВОЈСКА на сред плоштад на нашиот главен град. Изграден е во тоа време кога сме биле окупирани, за потребите на окупаторската војска и окупаторскиот крал!!! Што е тоа што е монументално во овој објект, а е до значење за нас како граѓани на Скопје? Па уште и верна копија (реконструкција) да му правиме.
|
||||
Kid_A
Senior Member Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
Quote Reply #293 Posted: 09-Jan-2015 at 22:03 | |||
Па, и Камениот мост е одраз на окупаторско владеење, Старата чаршија исто така, стотиците изградени џамии врз цркви се исто така резултат на владеење на окупаторот, асимилирани и исламизирани Македонци се исто така резултат на владеењето на окупаторот, па никој не ги урива, туку напротив ги реставрираат и обновуваат, па дури се градат и бесправно изградени џамии во арапски стил со четири минариња, куќи во арапски и турски стил. Оваа страшно глумење лудило на Македонецот многу ме нервира. Сите станаа нешто анти-Срби, анти-Бугари, анти-Грци само затоа што не можеме на магарето, па удри на самарот. |
||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #294 Posted: 10-Jan-2015 at 01:30 | |||
џамиите можеби се мал исклучок од функционалноста и развојот, ама затоа се стотици години стари и во себе содржат добри парчиња уметност... другите џамии се веќе друга тема која нема врска со реставрација и историја можеби е детски да се збори за окупаторски војски, ама овој објект е олицетворение на окупаторска војска, за разлика од другите... ај еве, ако сме толку паметни, да ја реконструираме турската касарна? може? или нема доволно чаршиска глорификација за нејзе? Офицерскиот дом можеби е маркантен објект за својот период, ама тука завршува се... никогаш сме немале никаков просперитет од него, за разлика од некои други објекти од истиот период, како што е железничката станица на пример неговата глорификација се должи на чаршиски муабети од просечни граѓани и урбани легенди кои никој никогаш не ги доживеал кратко кажано, ќе беше убаво денес да го имавме оригиналниот објект и таман своевремено ќе добиеше имаше реална историска тежина, ама пред да се врши реконструкција на нешто, прво се размислува малку... реално гледано, дури и оваа дискусија е безвредна кога ќе видиш дека воопшто не се работи за реконструкција и потполно е упропастена оригиналната поента и намена на објектот, кој сите толку го сакаат а не можат да препознаат некои негови основни особини |
||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||||
Kid_A
Senior Member Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
Quote Reply #295 Posted: 10-Jan-2015 at 02:15 | |||
За какво историско наследство зборуваме на градот кога денес Стара чаршија е дувло на џихадисти и рамковни браќа? Тоа е се само не македонско, но нема врска. Не сакам да ја вртам темата во тој правец. Вие сите се загриживте за обнова на некој дом, затоа што бил изграден од окупаторската војска, но не се загрижувате што во секоја дискотека, кафич и јавен настан се свири и пее југословенска музика, т.е. српска музика, на секоја телевизија секоја втора серија е српска, секоја четврта инвестиција е турска. Тоа е ропство во вистинска смисла на зборот, а не некоја касарна или Официрски дом. |
||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #296 Posted: 10-Jan-2015 at 02:54 | |||
и не збориме за тоа колку некој објект е македонски, туку колку е вреден за историјата, културата и секојдневието на овој народ... епа тука збориме за објект кој бил затворен за пошироката јавност, нема долга историја и во светот на архитектурата како струка, нема некоја посебна уметничка или функционална вредност во пошироки глобални рамки... само од разгледници ја знаат луѓево... нели не е хумано тоа? една обична скапана бутка како Стоилко има поголема културна вредност од Офицерски, затоа што луѓето можат да се поистоветуваат со нејзе а за чаршијата воопшто да не ни почнеме да збориме... не е ни турска, а не па рамковна... Edited by zabegan - 10-Jan-2015 at 02:57 |
||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||||
Kid_A
Senior Member Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
Quote Reply #297 Posted: 10-Jan-2015 at 18:53 | |||
@zabegan
Чаршијата е моментално на тој што е и сопственик на истата освен ако не се залажуваме со некакви правни рамки. Никаде не ја оспорувам нејзината културна вредност, но факт е дека и таа е изградена од окупаторска османлиска војска, а денес е се само не македонска. Ако се лажеме можеме до утре да тераме, но таа е реалноста. |
||||
citizenK
Newbie Joined: 06-Dec-2014 Online Status: Offline Posts: 27 |
Quote Reply #298 Posted: 10-Jan-2015 at 18:58 | |||
Двојни стандарди, чаршијата и џамиите биле океј а офицерскиот бил симбол на ропство. Инаку колку што знам во офицерскиот дом се одр=увале игранки и други граѓански активности и колку и да негираме од надвор како објект бил маркантен а и пак ќе биде. Изгубена е секоја поента на муаебтот затоа што овој објект се реконструира само како здание а не како дом за окупаторска војска. |
||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #299 Posted: 11-Jan-2015 at 01:34 | |||
голем дел од чаршијата која ја знаеме денес е изградена некаде во почетокот на 20-ти век патем и аман човек, треба со огромни букви ли да пишам дека воопшто не распитуваме колку нешто е македонско, туку колку вреди да се цени како историска оставштина... не мора да е направено од Александар Македонски или Гоце Делчев за да се цени човече дај еве, наместо јас да објаснувам зошто треба да ја цениме чаршијата, објасни ми зошто треба до толкава мера да го цениме Офицерскиот дом? Edited by zabegan - 11-Jan-2015 at 01:37 |
||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #300 Posted: 11-Jan-2015 at 01:44 | |||
и кој ти кажа за игранкиве? баба ти што никогаш не влегла внатре? (без намера да те навредам, фигуративно кажано) ...дури и да збориме за игранки, за кои збориме, за некои игранки што биле одржани во период од две-три години пред земјотресот? или замислувате дека тука се правеле балови во времето на Марија Антоанета? стварно не можам да ве разберам доста веќе со таа слепа љубов кон работи кои не знаете да си ги објасните |
||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||||
Post Reply | Page <1 1314151617 26> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |