build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Обнова на Офицерскиот дом
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Обнова на Офицерскиот дом

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 21222324>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 09-Sep-2019 at 15:28
И порано пишав дека очекувам поради политички реваншизам голем дел од објектите во центар да останат така недовршени со години и така излезе на крај.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 09-Sep-2019 at 16:55
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Enzo

Апсолутно никаква активност нема на објектов,ни на хотелот што се гради до него,а сигурен сум дека комплексите на Петре нема ни да дозволат да се довршат објектите на плоштад.

Објасни те молам, каква врска има петре и како ја запрел изградбата.

Одма штом се смени власта се запреа сите проекти почнати од претходната,што треба да објаснувам не е преочигледно ? Кој ако не петре градскиот татко решава за тоа што ќе се гради во град Скопје,не знам може е поубаво со огромни чаршафи да ги покријат полуизгрдените објекти како кога дојде папата,да не се гледа срамот,или па нека ги срушат скроз,и онака се знае нивното мислење за "барокот",иако морам да признаам откако ги седнаа газовите во барокот некако не им смета.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 09-Sep-2019 at 18:46
Мостот го пренаменија. Океј, навистина не ни имаше потреба таму од панорамско тркало. Проектот за шпанските скали го укинаа, океј. Ама која беше логиката да се прекинат фасадите на Пелагонија и ЕЛЕМ/ЕВН, и да се прекине изградбата на хотелот и Офицерскиот дом? Класичен политички реваншизам, за жал...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 09-Sep-2019 at 19:19
Originally posted by Enzo

Одма штом се смени власта се запреа сите проекти почнати од претходната,што треба да објаснувам не е преочигледно ?


Прво, ова не е точно.
Второ, треба да ја научиш разликата помеѓу јавни и приватни инвестиции.

Редица Ск2014 објекти кои се јавни инвестиции, а се проблематични од урбанистички, архитектонски и функционлен аспект, за жал баш продолжија да се градат без никакви измени, како ништо да не се случило.

Офицерскиов дом е приватна инвестиција. И тоа приватна инвестиција со тежок криминал при продажбата на земјиштето, и со други проблеми кои бодат очи. Дури и како таков, јас би сакал да биде завршен што побргу (заедно со соседниот хотел), затоа што редно е веќе да се дооформи плоштадот и да се затворат тие градилишта.

Така што, ако сакаш да посочуваш вина, најди ги кои се „бизнисмените“ што се кријат де зад Контоминас, де зад Самсоненко, и впери го прстот кон нив. Јас лично би типувал дека главна причина за застојот е едноставно секнувањето на издашните извори на коруптивни пари со кои битангите располагаа претходно.


Originally posted by Enzo

Кој ако не петре градскиот татко решава за тоа што ќе се гради во град Скопје

Ајде да не се вртиме во круг. Објасни како решава, со какви ингеренции може да интервенира, какви мерки презел... Пиши било каков конкретен аргумент како дотичниот ја запрел изградбата на објектов.


Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 09-Sep-2019 at 19:40
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Enzo

Одма штом се смени власта се запреа сите проекти почнати од претходната,што треба да објаснувам не е преочигледно ?


Прво, ова не е точно.
Второ, треба да ја научиш разликата помеѓу јавни и приватни инвестиции.

Редица Ск2014 објекти кои се јавни инвестиции, а се проблематични од урбанистички, архитектонски и функционлен аспект, за жал баш продолжија да се градат без никакви измени, како ништо да не се случило.

Офицерскиов дом е приватна инвестиција. И тоа приватна инвестиција со тежок криминал при продажбата на земјиштето, и со други проблеми кои бодат очи. Дури и како таков, јас би сакал да биде завршен што побргу (заедно со соседниот хотел), затоа што редно е веќе да се дооформи плоштадот и да се затворат тие градилишта.

Така што, ако сакаш да посочуваш вина, најди ги кои се „бизнисмените“ што се кријат де зад Контоминас, де зад Самсоненко, и впери го прстот кон нив. Јас лично би типувал дека главна причина за застојот е едноставно секнувањето на издашните извори на коруптивни пари со кои битангите располагаа претходно.


Originally posted by Enzo

Кој ако не петре градскиот татко решава за тоа што ќе се гради во град Скопје

Ајде да не се вртиме во круг. Објасни како решава, со какви ингеренции може да интервенира, какви мерки презел... Пиши било каков конкретен аргумент како дотичниот ја запрел изградбата на објектов.



хаха океј ај не е он крив криви му се другарчињата од совет на град Скопје.

Edited by Enzo - 09-Sep-2019 at 19:40
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 09-Sep-2019 at 20:15

Enzo, ваква „дискусија“ да си водиш пред коперација, не тука.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 19-Oct-2019 at 15:48
Самосоненко обвинува – со фалсифкат и уцени се обидуваат да ми го земат хотелот на плоштад



Фалсификувана документација и спрега со судската власт. Ова се обвинувањата на рускиот бизнисмен и почесен конзул Сергеј Самосоненко кој тврди дека поранешен негов близок соработник заедно сопственик на фирма се обидуваат да му земат речиси два милиони евра откако издејствувале фирмата да отиде во стечај заедно со имотот на атрактивна локација – хотелот на плоштадот во центарот на Скопје.

Приказната почнува во 2016 година кога Самсоненко почнува да го гради хотелот и ангажира фирма како изведувач на системот на вентилација и греење, фирма со која и претходно соработувал. Според првичниот договор, доколку дојде до заостанување во плаќањето или во изведувањето на работите надлежен бил Основниот суд 2. Според адвокатскиот тим на Самосоненко, заостанување имало но пречките биле надминати и долговите израмнети.

Тогаш според нив на сцена стапува директорот Ратко Капушевски кој заедно со сопствениците на ангажираната фирма изготвиле фалсификат договор со фалсификувани печати според кој надлежен за спор повеќе не е суд туку извршител. Договорот е заверен во нотарската канцеларија „Папазов“ во отсуство на Самсоненко а долгот е проценет на 119 милиони денари.

Одлуката на судот ќе биде фирмата „СИС ИНВЕСТ ГРУП“ да оди во стечај заедно со хотелот на скопскиот плоштад.

„Имаме сомнеж дека се работи за организирана шема, со спрега со фирми, посредници и дел од надлежните, позната во светот како организирано превземање на објект со намалување на цената, негово фиктивно обезвреднување и нанесување на штета. Ова не може да биде случајно ниту пак да се организира без спрега на повеќе субјекти“, смета Александар Новаковскима адвокат на Сергеј Самсоненко.

Од друга страна пак, Капушевски ги отфрла наводите од Самосненко и неговиот адвокатски тим и вели дека станува збор за процес во законски застаруваа финансиските обврски и затоа бил солемизиран договорот со нотарски правен акт каде доверителот започнал судски да ги побарува своите средства.

„Јас не сум дел во ниту еден од наведените процеси, а најмалку од некој фалсификати кои го споменува адвокатот. Јас ниту можам да влијаам на одредена постапка ниту сум влијаел, тука нема ниту кривични дела ниту фалсификати тука има еден и единствен проблем должничко доверителски односи . Контрадикторност гледам каде адвокатот кажува записници за признавање долгови кои се основен проблем помеѓу страните а потоа фалсификати на документи во кои немам никакво учество“, вели Ратко Капушевски.

Самсоненко и неговите правни советници уште во февруари поднеле кривични пријави против три лица а случајот е пријавен во МВР и во Обвинителството за гонење на организиран криминал. Тие не ја исклучуваат можноста да бараат заштита и од меѓународните судови доколку надлежните во Македонија не постапат по нивните пријави.



https://telma.com.mk/samosonenko-obvinuva-so-falsifkat-i-utseni-se-obiduvaat-da-mi-go-zemat-hotelot-na-ploshtad/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 27-Oct-2019 at 15:46
Судот ќе пресече кој ќе газдува со објектите на Самсоненко на скопскиот плоштад



За околу три недели ќе стане појасно која е судбината на двата објекта на плоштадот во Скопје што ги градеше рускиот бизнисмен и почесен конзул на Руската Федерација, Сергеј Самсоненко. Неговата фирма „Сис инвест груп“, која ги поседува недоградениот хотел „Мериот Кортјард“ и невселениот Офицерски дом, во кој требаше да има и градска куќа, отиде во стечај, а рочиштето од кое се очекува некои работи да станат појасни, е закажано за 18 наредниот месец.

Во оваа стечајна постапка листата на доверители е затворена. Се пријавиле 14, со вкупно побарување од 9,5 милиони евра. Но, иницијатор за стечајот е само еден од нив, фирмата „Кратер“ на бизнисменот Миле Младеновски, чие побарување е најголемо и изнесува два милиона евра. Тоа што токму тој побарал стечај за да си го наплати побарувањето за Самсоненко и неговиот адвокат Александар Новаковски е чудно, зашто со него имале долга соработка на изведба на инсталации за греење, вентилација и климатизација и на други објекти, како што е салата „Јане Сандански“ и хотелот Русија. Сепак, списокот на останатите доверители што го објави ИРЛ откри интересни детали за тоа кој може да ги „лапне“ атрактивниот плац на плоштадот и двата објекта. Па така, како доверител се јавува и контроверзната фирма „Ексико“, чиј основач е регистриран во Швајцарија, поради што не се знае сопственикот. „Ексико“, компанија која во минатото добиваше многу државни тендери е под истрага на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Империја“, а обвинителката Лиле Стефанова, која го води тој случај тврдеше дека истрагата ја довела до Јордан Камчев како нејзин сопственик. „Ексико“ во стечајот на „Сис инвест груп“ побарува 1,7 милиони евра. Со далеку помало побарување е уште една компанија на Камчев, „Кара“, која преку стечајот бара 390 илјади евра. Свое побарување и тоа од 195.000 евра има и Стопанска банка Битола, која исто така се поврзува со Орце Камчев. Но, од својата „Сис инвест груп“ побарува и самиот Самсоненко. Преку фирмата „Балкан груп констракшн“, со која од претходниот инвеститор, грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас го купи плацот и делумно изградените објекти за 660.000 евра, за што склучи договор со Министерството за транспорт и врски, тој сака да наплати 634 илјади евра. А, како физичко лице бара уште 26.000 евра, кои како позајмица ги дал на „Сис инвест груп“. Доверители на „Сис инвест груп“ се уште и НЛБ Банка, општина Центар, Град Скопје, како и градските претпријатија „Водовод“ и „Комунална хигиена“.

Имајќи го пред себе тој список на 18 ноември стечајниот судија и доверителите треба да дадат патоказ за иднината на објектите на плоштадот, кои судејќи според сличните случаи, најверојатно ќе завршат на лицитација. Во меѓувреме, Самсоненко преку својот адвокат обвинува дека всушност не должи и е изигран од долгогодишниот соработник, фирмата „Кратер“, која единствена од сите на кои, како што вели им доцнел со плаќањето активирала нотарска извршна клаузула. Според Самсоненко, документот со кој било барано извршување на долгот бил фалсификуван, па против сопственикот на Кратер, нотарот и до неодамна неговата „десна рака“, Ратко Капушевски, кој еден период управувал со „Сис инвест груп“ се поднесени кривични пријави.

ИРЛ пишува дека во овие објекти Самсоненко досега вложил 14 милиони евра, а франшизата за хотелот „Мериот Кортјард“ ја платил 199.000 евра. За да го заврши целиот градежен потфат, Самсоненко проценил дека му се потребни уште 20 милиони евра.

https://www.vecer.press/судот-ќе-пресече-кој-ќе-газдува-со-обје/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 21-Dec-2019 at 15:48


https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 14-Sep-2020 at 15:42
Кога ли ќе видиме тука некоја промена...вечно слушаме изговори со немање ингеренции,одобренија и слични трикови само за да не исплива неспособноста на површина.Ако се чека да им истечат дозволите за градба тогаш тоа е 2022 до тогаш глетката ќе биде ваква...

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 30-May-2021 at 17:42
Незнам дали досега рендериве биле постирани во темава,листав наназад но не ги најдов...проектов е веќе со години во стагнација и разврска би можело да се очекува дури по 2023г





Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 31-May-2021 at 00:49

ова е навреда за оригиналниот објект... имам заборавено колку лоши им беа сите тие „реконструкции“ на објекти
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 20-Jan-2022 at 18:16
БИЗНИСМЕНОТ САМСОНЕНКО ОБВИНУВА Фирмата „Кратер“ незаконски си присвои удел од мојата вреден 9,5 милиони евра

Фирмата „Кратер“ на бизнисменот Миле Младеновски успеала незаконски да стане сопственик на удел во компанијата СИС ИНВЕСТ ГРУП ДОО на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко вреден 9,5 миилиони евра во ноември годинава преку Налог за извршување, обвинуваат од СИС ИНВЕСТ ГРУП, пишува порталот Фактор.

Од СИС ИНВЕСТ ГРУП објаснуваат дека „Кратер“ веќе има добиено 3,2 милиони евра, пари кои се исплатиле договорно како долг за целиот случај и настанатиот проблем кој впрочем почнува со намерата за изградбата на објект – Офицерскиот дом во центарот на Скопје. Од „Кратер“ не сакаат да коментираат за случајот.

Приказната е од 2016 година кога помеѓу фирмите на рускиот бизнисмен – СИС ИНВЕСТ ГРУП која е носител на одобрение за градба и БАЛКАН ГРУП КОНСТРАКШН ДООЕЛ – кој се јавува во функција на изведувач на работите од една страна и фирмата „Кратер“ на Младеновски, како изведувач на машинска инсталација на објектот, од друга страна, се склучува Договор за деловно техничка соработка со гаранција.

Од СИС ИНВЕСТ објаснуваат дека и покрај сите перипетии и недоследности во случајот за кој тие веќе го исплатиле „Кратер“, сега фирмата на Младеновски станала сопственик на удел во СИС ИНВЕСТ, за што и самиот Самсоненко, како што велат, дознал од промената во Централниот регистар.

Адвокатата Сања Трајановска вели дека „Кратер“ има фактички инсталирано машински инсталации во вредност од 1.088.000 евра, што е потврдено со две машински и економско финансиски судски вештачења, а вредноста на инсталации кои, како што вели, неосновано ги фактурирал и кои не се изведени на лице место во Офицерски дом ниту машинската опрема и инсталации изнесуваат 2.065.000 евра износ што според ена, неосновано го побарува.

– Најверојатно ова е земјата во која секој кој има повеќе моќ и здружени сили од другиот може да го добие она кое го сака, колку истото да е неосновано и незаконски. Така и овој пат. Преку Извршител Никола Богатинов, на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко поради наплата на побарување му се запленува удел во компанијата СИС ИНВЕСТ ГРУП во вредност од 9,5 милиони евра. За истото целосно неосновано побарување и наплата не е доставен Налог ниту е известена одбраната односно адвокатскиот тим на Сергеј Самсоненко кој информацијата ја дознава случајно од направената промена во Централен регистар – вели Сања Трајановска, адвокат.

Објаснува дека фирмата на Самсоненко веќе му платила договорен долг на 199.065.403 милиони денари што е 3,2 милиони евра. Велат дека и овој долг не е фактички ниту реален туку е износ на кој Самсоненко договорно пристапил да го исплати, за како што велат стави крај на целиот случај.

Сумата која пред само еден месец е извршена на штета на Самсоненко е 9,5 милиони евра, во удели во фирмата СИС ИНВЕСТ ГРУП. Трајановска вели дека вооедно „Кратер“ ДООЕЛ увоз-извоз Илинден, побарал од извршителот Богатинов, наплатата на побарувањето да се спроведе и со заплена освен на уделите на Самсоненко во „СИС ИНВЕСТ ГРУП“ ДОО Скопје во износ од 9.5 милиони евра, така и во фирмата „СИС АВИАТИОН“ ДООЕЛ Скопје на удел во висина од 10 милиони евра, удели кои како што вели, се повеќекратно повисоки од побарувањето на „Кратер“. Тоа според неа е заради неоснована наплата на побарување во вкупен износ од 31.000.000 денари или 505.000 евра.

– Тоа е речиси три пати повисока сума од договорената и веќе исплатена сума на „Кратер“ од страна на Самсоненко. Доколку се разгледа целосната документација на случајот никаде „црно на бело“ низ сите договори важечки, неважечки, законски, спогодбени, ниту меѓу редовите на истите не постои извршна клаузула која го поткрепува овој чин на благо речено „грабеж и рекет’’ на бизнисменот кој единствено може да се изведе доколку истиот како во случајот е поддржан од моќните или подобро кажано гладни за моќ лица со различни функции – адвокати, судии, нотари, извршители, бизнисмени – во системот во кој се применува селективна правда и владее и важи се, освен законот и правилата – вели Трајановска.

Инаку целата приказна од почетокот па до сега ја следат многу перипетии. Во 2018 година „Кратер“ иако, како што тврдат, не ја инсталирал опремата која ја фактурира во Офицерски дом ги блокирал сметките на СИС ИНВЕСТ ГРУП и БАЛКАН ГРУП ДООЕЛ. По истекот на 45 дена, Кратер поднесува барање за отворање на стечајна постапка единствено за СИС ИНВЕСТ ГРУП – кој е носител на одобрението на градба на објектот.

Во февруари 2019 година поднел предлог за стечајна постапка до Основниот граѓански суд, се назначил привремен стечаен управник и во септември истата година се отворила стечајна постапка врз СИС ИНВЕСТ ГРУП. Од компанијата велат дека целата оваа постапка е проследена со низа неправилности и доаѓа до судски спор на кој упатува стечајниот управник.

Според нивната страна истовремено, фирмите БАЛКАН ГРУП ДОО како должник и СИС ИНВЕСТ ГРУП во својство на гарант платец, поднесуваат тужба за поништување на договорот за техничка соработка и бараат вештачење како на договорот – конкретно печатите и потписите на истиот, но и на работите кои се изведени во „Офицерскиот дом’’ до моментот на запирање на активностите на објектот.

Додаваат дека во 2020 година, Сергеј Самсоненко како физичко лице се одлучил да пристапи кон преговори со „Кратер“, поради отворената стечајна постапка која „Кратер“ ја отворило над СИС Инвест како истата би се запрела и да може да се продолжи со доградба на Офицерски дом, која изградба е запрена бидејќи е отворена стечајната постапка.

Во овој договор за пристапување кон долг со обезбедување на побарување покрај Сергеј Самсоненко како физичко лице, пристапува и СИС БАЛКАН ДООЕЛ, чиј сопственик е исто така рускиот бизнисмен. Преку СИС БАЛКАН ДООЕЛ се дава обезбедување на побарување во имот, а за возврат ,,Кратер’’ треба да даде согласност за запирање на стечајната постапка врз СИС ИНВЕСТ ГРУП. Покрај договорената сума на долг во висина од 119.065.403 милиони денари, во договорот постоела и камата од 31 милиони денари, за која се тврди дека не е законска ама била исплатена. Кон крајот на 2020 година се запира стечајната постапка врз СИС ИНВЕСТ ГРУП,а ,,Кратер’’ го добива износот на договорениот износ и кога се појавуваат првите изгледи за разрешница на случајот

Во јуни 2021 година фирмите „БАЛКАН ГРУП КОНСТРАКШН“ ДООЕЛ Скопје, и „СИС ИНВЕСТ ГРУП“ ДОО Скопје го известуваат „Кратер“ дека еднострано ги раскинува сите заеднички договори, поради незавршени обврски од другата страна и сите договори помеѓу овие две компании се раскинуваат. Сепак во ноември било испратено и новото барање за извршување со заплена на уделите на Самсоненко во двете фирми едниот удел на 9,5 милиони евра на Самсоненко во „СИС ИНВЕСТ ГРУП“ ДОО Скопје и другиот на 10 милиони евра во фирмата „СИС АВИАТИОН“ ДООЕЛ Скопје.

– Овие удели се повеќекратно повисоки од побарувањето на „Кратер, поточно 40 пати повисоки, а заради неоснована наплата на побарување во вкупен износ од 31.000.000 денари или 505.000 евра. Откако побаравме да ни бидат доставени налозите за запленување на удели од страна на извршителот Богатинов, против истите поднесовме приговори за сторени неправилности и незаконитости при извршувањето во постапката за присилно извршување кои приговори Основниот Граѓански суд Скопје ни ги усвои, но „Кратер“ ги обжали – заклучува Трајановска.

Фактор се обиде да добие коментар и објаснување за сите овие тврдења и од фирмата „Кратер“. Оттаму одбија да ги коментираат објаснувањата на Самсоненко и не дадоа изјава.

https://plusinfo.mk/biznismenot-samsonenko-obvinuva-firmata-krater-nezakonski-si-prisvoi-udel-od-mo-ata-vreden-9-5-milioni-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 09-May-2022 at 14:42
ИСТЕЧЕ РОКОТ ЗА САМСОНЕНКО ЗА ИЗГРАДБА НА ХОТЕЛОТ СО ОФИЦЕРСКИ ДОМ НА ПЛОШТАД, ТОЈ ВЕЛИ ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО ОПСТРУИРА



Истече рокот од 10 години за рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко да го изгради хотелот со Офицерски дом на Плоштад Македонија во Скопје. Како што велат од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК, според договорот за продажба на градежното земјиште, инвеститорот бил должен да го изгради објектот до 10 април 2022 година, што досега не е направено.

Тоа значи дека сега инвеститорот за секој месец доцнење со градбата ќе плаќа пенали на Општината. Доколку не плаќа и после три последователни опомени на сметката на Општината не легнат пари, тогаш договорот се раскинува и земјиштето се враќа во сопственост на државата, односно во овој случај, на Општина Центар.

„Инвеститорот СИС Инвест груп, со управител Сергеј Самсоненко, е обврзан согласно договор за отуѓување на градежно земјиште со електронско јавно наддавање, склучен во 2011 година, да изгради хотел на Плоштад Македонија, во кој се предвидени и државни институции. Имено, СИС Инвест груп, беше во стечај сѐ до почетокот на 2021 година. Од јануари, 2021 до 10 април 2022 година, на посочениот објект инвеститорот не презел никакви градежни активности кои би значеле завршување на објектот т.н. Офицерски дом. Инвеститорот во 2021 година поднел барање за измени во тек на градба, меѓутоа истото, согласно Законот за градење, од формално-правни причини е отфрлено. На ова, инвеститорот има поднесено жалба, за која постапката е сѐ уште во тек“, велат од Општина Центар.

Од правниот тим на Самсоненко, пак, за САКАМДАКАЖАМ. МК велат дека инвеститорот сака да го изгради хотелот со Офицерски дом на Плоштад Македонија, но постојано се соочува со опструкции, а во моментов тие се од Општина Центар. Најпрво застој на градба имало поради неоснованото поведување на стечајната постапка од фирмата „Кратер“, која траела две години и се запира на 29 декември 2020.

„Како втора причина за застојот во довршување на изградбата се постојаните опструкции од страна на Општина Центар кои се технички и не може да се продолжи градењето. Инвеститорот до Општина Центар преку електронскиот систем е-дозволи поднел Барање за одобрување на измени во тек на изградба за издадено Одобрение за градење кое треба да се одобри за да продолжи градбата, Откако инвеститорот постапил по Пресметката на Град Скопје за регулирање на надоместок за уредување на градежно земјиште и уредно ги платил комуналиите, во февруари 2022 година целосниот предмет бил предаден на градоначалник на Општина Центар, за негово понатамошно постапување. Меѓутоа, од денот на предавање на предметот на градоначалникот на Општина Центар, истиот не постапува кон потпишување, односно склучување на Договор за регулирање на надоместок за уредување на градежно земјиште“, велат од адвокатското друштво Менкиноски, кое е правен застапник на Самсоненко.

Поради непостапување на Општина Центар бил побаран вонреден инспекциски надзор од Државен управен инспекторат по што, како што велат адвокатите на Самсоненко, било донесено решение во нивна корист.

„И покрај тоа, градењето на определени блокови на Офицерски дом сепак е во тек. Но, со оглед на фактот дека од денот на издавање на правосилно Одобрение за градење во 2012 била извршена промена на сопственичката структура кај инвеститорот, потоа врз инвеститорот беше отворена стечајна постапка, настана вонредна ситуација поради пандемија на ковид-19, а вооедно и постојаните технички опструкции од страна на Општина Центар и непостапување по барањата на инвеститорот, значително ги отежнија и ги оневозможија на некој начин реализациите на проектите на инвеститорот“, дадоваат од адвокатското друштво Менкиноски.

Од Општина Центар велат дека обвинувањата за опструкции се неосновани.

„Ние сакаме објектот да се догради, да нема онакво градилиште во строгиот центар на градот, но мора да се почитуваат процедурите и законите“, велат од Општина Центар.

Хотелот, што според најавите требаше да биде од синџирот хотели „Мериот кортјард”, и Офицерскиот дом кој треба да биде резиденцијален кабинет на градоначалникот на Скопје и да има матична служба, почна да го гради грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас во 2011. Тогашната влада на Никола Груевски преку Министерството за транспорт и врски му го продаде ова атрактивно земјиште со површина од 6.300 метри квадратни по цена од 100 евра по квадрат. Но, откако Кондоминас во 2015 беше уапсен во Грција поради затајување данок, проектот го презеде Сергеј Самсоненко кој ја купи фирмата на грчкиот бизнисмен за 600.000 евра.

[https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/isteche-rokot-za-samsonenko-za-izgradba-na-hotelot-so-ofitserski-dom-na-ploshtad-toj-veli-opshtina-tsentar-go-opstruira
Carpe diem
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 09-May-2022 at 15:41
Da se imase malku nacionalna samosvest i zdrav razum ovoj objekt voopsto nemase da bide postaven na dveven red a kamo li da dojde red da se izgradi. Zalosno e kolku lutame so nacionalnite cuvstva i vo najblaga forma kazano, se glupirame, so vakvite gradbi koi direktno gi rusat nacionalnite cuvstva na Makedonecot.   
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 128
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 09-May-2022 at 16:46
Originally posted by Denko

Da se imase malku nacionalna samosvest i zdrav razum ovoj objekt voopsto nemase da bide postaven na dveven red a kamo li da dojde red da se izgradi. Zalosno e kolku lutame so nacionalnite cuvstva i vo najblaga forma kazano, se glupirame, so vakvite gradbi koi direktno gi rusat nacionalnite cuvstva na Makedonecot.   

Ова зборвам цело време,македонче и барок магаре и музика. Скопје си имат колку толку некаков автентичен стил од згради низ дебар маало шо можат да се земат за пример,еве ако сакате дури и оние до ристиќева палата се попристојни од "модерниов барок". Го разбирам комплеско,мисла оти секој ја разбира потребата,да се има поширок среден простор кај шо ќе можиш да се внесиш да одиш и да се восхитуваш на преубај згради на убајна шо сне немале слобода и историска можност да ја изградиме,ама не се прај то вака. Прво незнат да го напрат,второ ко шо сум кажал,нас кај бароко не не сакет,не е патетика,вистина е и требит да се помират љуѓево со то,џабе шминка ако е криво насадено.
И не,то не значи дека го оправдувам силувањето на градо после земјотресо,тој шо поддржва брутализам нема вкус ниту слободен ум,ТОЧКА.
Нормално сегде низ свето центаро е најпретставителнио дел од градо,и во ск требит да биди така само мисла оти немате визија за споственио град,крај краева напрај го барок,и гтц и градски ѕид и цел град,ама напрај го квалиетно убо,а не ФУШ со нешто што личит на мермер а не е мермер,да ги дрпниш парите,да ја задолжиш цела држава и на крај да избегаш ко најголем скот со парите,а овде да остајш споменици дивоградби,градено не доградено и што ти не.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 09-May-2022 at 19:41


Поентата на Денко е дека Офицерскиот дом е симбол на српската окупација и влијание во Македонија. А зградите што ги спомнуваш ти се изградени во истиот период, од истата (окупаторска) власт. Пред доаѓањето на Србите, реално Скопје било типична отоманска/ориентална касаба. Погледнете ги фотките од почетокот на 20-ти век, личи на село, а не на град. Е сега, факт е дека по протерувањето на Турците/Отоманците, Србите се нафаќаат да го „европеизираат“ Скопје, и до некаде успеале, но со земјотресот во 1963 се изгубиле многу од тие неокласични згради. Понатаму си ја знаеме прикаската како се одвива.
За сè има вторпат
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 128
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 09-May-2022 at 20:09
Да да Џоле знам,јас појќе за изгледо ко изглед мислев,го спомнав ко пример само,а то во каков амбиент биле градени ми е појќе од јасно.
Зато и велам,требит убо да се разгледат сите агли за евентуално доградувње на офицерскио,хотело до него кој го поседуват знајме кој,а згора на то ко ќе видиш дека го почнаја најсрбоманската партија во Македонија,вмро се е јасно.

Никако да се ослободит главнио град и државава од српска чизма,причина плус зошто толку го мразам брутализмо ко стил,скопје градено по пример на белград и тогаш и сега...
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 09-May-2022 at 23:35
Официрскиов, заедно со мостот кај мнт и двете универзитетски згради се типичен пример за целиот урбанизам кај нас.

Корумпирана забегана власт решава да гради скапо со фушерај материјали, доаѓа друга корумпирана забегана власт со ветувања дека ќе ги запре проектите, потоа пошто немаат пари ни да ги срушат основите, решаваат да ги баталат проектите кои остануваат да чмајат ко ругло во сред центар, или пак да ги редизајнираат со образложение дека штедат финансии, а резултатот на таквиот редизајн е уште поголем фушерај и кич него кога би биле изградени во фул.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 10-May-2022 at 14:58
Originally posted by Џоле



Поентата на Денко е дека Офицерскиот дом е симбол на српската окупација и влијание во Македонија. А зградите што ги спомнуваш ти се изградени во истиот период, од истата (окупаторска) власт. Пред доаѓањето на Србите, реално Скопје било типична отоманска/ориентална касаба. Погледнете ги фотките од почетокот на 20-ти век, личи на село, а не на град. Е сега, факт е дека по протерувањето на Турците/Отоманците, Србите се нафаќаат да го „европеизираат“ Скопје, и до некаде успеале, но со земјотресот во 1963 се изгубиле многу од тие неокласични згради. Понатаму си ја знаеме прикаската како се одвива.
Taka e, se soglasuvam, so malo dopolnuvanje. Skopje stanuva administrativen centar i sediste na Vardarska Banovina vo Kraljevina SHS pa od turska Palanka pocnuva da se razviva vo regionalen kulturno-politicki centar, za cija potreba se izgradeni nekolku reprezentativni i nacionalni objekti koi ja reprezentirale srpskata nacija.    
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 21222324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.