build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Обнова на Офицерскиот дом

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 04-Oct-2008 at 12:46
ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ ЗАГЛАВЕН ВО СУДСКИ ПРОЦЕДУРИ
Денационализацијата го голтна Офицерски дом
Изградбата на Офицерски нема да почне до крајот на годинава, бидејќи за денационализација на просторот на кој ќе се гради треба да се одговори на пет барања

Изградбата на некогашниот Офицерски дом на плоштад Македонија, кој сега треба да биде градска куќа, нема да почне до крајот на годината, бидејќи парцелата каде што тој треба да се гради е заглавена во процесот на денационализација. Од Министерството за култура, кое од Владата доби задача да го возобнови некогашниот Офицерски дом, велат дека тие нивната работа ја завршиле, односно изработиле идејно решение и главен проект кој е предаден во Министерството за транспорт и врски на одобрување. Во меѓувреме, за парцелата на која ќе се гради Офицерски, во зеленилото пред зградата на "Телеком" веднаш до плоштадот и до кејот, почнат е процес за денационализација, за кој во Министерството за финансии велат дека не можат да кажат кога ќе заврши, бидејќи тој е заглавен во судски процеси.
"За парцелата каде што треба да се гради Офицерски, до Комисијата за денационализација стигнаа пет барања. По едно од овие барања одлучено е сопствениците да бидат обесштетени, бидејќи на земјиштето ќе се гради објект од општ интерес, но тие поднеле тужба до Управниот суд. По останатите четири барања се уште се одлучува", вели Мартин Мартиновски, портпарол на Министерството за финансии.
Тој објаснува дека додека не завршат судските процеси, Министерството не може да ја заврши денационализацијата за парцелата за Офицерскиот дом, а тие тешко дека ќе се решат до крајот на годинава.
Обновата на Офицерски дом Владата ја најави уште во 2006 година кога беше даден рок изградбата да заврши до 2010 година.(Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157752&idg=8&idb=2489&rubrika=Skopje

Абе нели имавме нишка за офицерски?! Ја нема!

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 04-Oct-2008 at 22:21
само ако веќе се силат да го градат нека му ја поместат маркицата кон лево за барем неколку метри, бидејќи многу смета на денешната линија на кејот
П.С. Највеќе ми се допаѓаше проектот на Владимир Пота, но ете избраа друг
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 19-Oct-2008 at 02:53

знам дека интервјуто е старо, но држи место за мене и како прилог кон трезно размислување за тоа што треба да означува зборот плоштад денес, а и како мислење на еден бунтовник со причина... Thumbs%20Up она каде можеби само претерал неимаров е во преголемиот залак од идејно решение за градска куќа, проект кој дефинитивно е за на кале, но во ваков габарит и форма никако за на плоштад, иако се си мислам дека овој проект го има извадено од фиока само како провокација за долекажаното како би се потикнале надлежните на размислување, јавни дебати и многу прецизно мерење пред сечење и на идеите и на проектите...

Слободан Живковски - архитект

Плоштадот е идентификација на државата и народот
Урбанистичките решенија во Скопје се рутински и нехумани, неодговорни и без визија. Како најеклатантен пример за тоа би го издвоил планот за плоштадот и малиот ринг.

Основниот идентификационен код на Македонија е фундиран длабоко во историјата, така што македонскиот фактор во креирањето на античките вредности е исто толку значаен колку и египетскиот, грчкиот и сличните во тој период. Можеби најголема заслуга во афирмирањето на античките градителски искуства и вредности има Македонија, кога во својот империјален период го пренсесува своето влијание на многу поголеми пространства од својата географска и етничка територија. Бидејќи се декларираме како Македонци ние мора да бидеме свесни и одговорни кон наследството кое треба да го почитуваме и афирмираме

  • Зошто се одлучивте да учествувавте на конкурсот со креација која воопшто не ја почитува целта и програмските барања?

Живковски: Причините се од морален и професионален карактер. И како граѓанин и како архитект никогаш не ми било сеедно што се случува со мојот град. Особено со најекспонираниот простор во државата во вакви историски околности.
 
Мислам дека секој од нас, посебно луѓето од мојата фела треба да чувствуваат одговорност и да имаат свест за проекти кои се од суштинско значење за нас како држава. Токму таков простор е плоштадот во Скопје.
Кога зборуваме за овој простор особено важно е да се има предвид дека се работи не за градски плоштад, туку за државен плоштад. Тој треба да претставува симбол на нашиот народ, историја, култура и воопшто на нашето битие. Воедно тој треба да ја симболизира нашата државност.
 
Досега, на некој начин голема среќа беше тоа што просторот повеќе од 40 години беше празен, а особено во поседните 15 години кога се случија силни политички турболенции.
 
Слободно можам да констатирам дека многу урбанистички решенија во Скопје се рутински и нехумани, неодговорни и без визија. Како најеклатантен пример за тоа би го издвоил планот за плоштадот и малиот ринг.
 
Секогаш кога се зборува за јавен простор како што е државниот плоштат треба да се гради еден сериозен и одговорен пристап.
 
Тука треба да се употреби методологија која се применува насекаде во светот. Тоа не е нешто ново, туку напротив нешто што функционира повеќе од 2.000 години.

 
На уредувањето на плоштадот треба да се гледа како на нешто што ќе ја симболизира и нашата држава со сите нејзини политички, културни и општествени специфики. Ние на полоштадот треба да го презентираме сопствениот идентитет и идентитетот на нашата држава.
 
На овој простор не смееме да дозволиме примена на комерцијалните принципи. За жал, тоа ни се случува. Кога ќе погледнете што се случува на просторот пред Матицата на иселеници кон потегот на Арапската куќа. Кога и обични лаици ќе го погледнат овој простор јасно е дека тука владее хаос. Дури и стручните лица тешко ќе можат да ги убедат граѓаните дека овој простор треба така да функционира.
 
За жал ваквата урбанистичка матрица треба да се примени и во другиот дел на плоштадот.
Јас преку идејното решение кое го понудив на конкурсот го искажав своето несогласување со ваквиот начин на работење на еден јавен простор кој ни припаѓа на сите нас.

  • Кои се најзначајните принципи за креирање на ваков простор?

Живковски: Основен принцип е принципот за еквивалентност, односно за големината и значењето на јавниот простор- плоштадот.
 
Во дваесетите години на минатиот век кога плоштадот бил проектиран Скопје бил град во секој поглед и бил поразличен од она што е денес. Тие работи мора да ги имате предвид кога ја осмислувате неговата содржина.
 
Тогаш Скопје бил административен центар на една друга држава и имал многу подруго значење. Денес, тој е главен град на држава.
 
Тоа значи дека просторот треба да биде максимално голем, а не да се преполовува како што тоа се прави сега со овој принцип на работа.
 
Во случај да се изгради “Офицерскиот дом” ќе се намали големината на плоштадот и тој ќе добие карактеристики на сквер.
 
Големината на просторот на плоштадот го симболизира и значењето на градот.
 
Скопје е главен град на држава, што значи дека најекспонираниот јавен простор е од државно значење, а не од градско. Затоа не би требало да зборуваме за градски плоштад, туку за државен.
 
Ако се земат предвид овие критериуми кои се воедно и факти, тогаш обидот да се изгради официрски дом станува неаргументиран и бесмислен.

  • Идејата за возобновување на “офицерскиот дом” не беше прифатена со воодушевување од јавноста. За повеќето луѓе тој е објект кои го познаваат само од слика. Па дури и оние кои го паметат не се премногу носталгични. Зошто токму офицерски дом?

Живковски: Таквиот објект, како и да се применува и пренаменува во иднина, повеќе ќе соопштува за отсуство на свест за значењето на просторот и архитектурата и историскиот процес низ кој минува Македонија.
 
Вториот критериум е формата на просторот. Секогаш се тежнее кон тоа формата на просторот да биде правилна. Тоа само по себе ќе симболизира дека се работи за повисок ред на значење и вредности позади кои стои организирана свест и сериозна држава.
 

При креирањето на формата особено се води грижа да се почитуваат природните карактеристики на теренот, значајни објекти од културно историско наследнство и постоечка урбана структура.
 
Во нашиот случај околу плоштадот фигурираат збир на објекти од најразличен карактер и стил и од нив не може да се направи вредносен систем.
 
Највредни елементи во просторот се Калето, Камениот мост и реката Вардар.

 
Формата на просторот е недисциплинирана со многу прекини, упади, испади и тешко се дешифрира. Третиот критериум за вакви теми е содржината на просторот околу него. Идетификацијата на државата со нејзините атрибути и симболички вредности е насока кон која се проектираат, наменуваат и обликуваат објектите.

  • Како го дефинирате моменталниот лик на плоштадот?

Живковски: Постоечкиот простор околу плоштадот е преполн со комерцијални објекти кои сугерираат дека сe е на продажба. Тоа значи дека ако некој има амбиција и доволно аргументи би можел да гради што сака ако претходно си најде друг урбанист.
 
Денешната состојба на полоштадот остава впечаток на улична балканска тезга, каде мора да има сe и сe да е различно и шарено.
 
Тоа е класична негација на идејата за целина и високи вредности, а напротив асоцира на минливост и безвредност на постоењето.
 
Следниот критериум е е архитектонско и стилско единство кое треба да остави добар впечаток дека државата знае да креира во континуитет и високо да вреднува и тоа да го почитува на долг период.
 
За жал, во постоечкиот урбаничтички план има низа недостатоци, па дури и решенија кои се во спротивност со суштинските принципи.
 
Затоа треба да се оспори важешкиот Детален урбанистички план и повторно сериозно да се сфати и креира стратегијата за овој простор.

  • Кажете ни нешто повеќе за вашиот проект. Што треба да претставува тој?

Живковски: Композицијата на објектот е составена од три волумена кои треба да ги симболизираат трите периоди на македонската државност –античка Македонија, Самоиловото царство и современа Македонија. Тие треба да го симболизираат континуитетот на македонскиот идентитет и покрај сите неповолни историски околности.
 
Архитектонскиот стил е избран од повеќе причини. Неопходноста да се изгради и афирмира свеста кај граѓаните дека овој стил не е е туѓ, туку е дел од нашата градителска и естетска традиција.
 
Тоа е стил кој во својата основа ја има идејата за вечноста и константните вредности, стил кој воедно симболизира моќ, елеганција и дисциплина. Поради тоа целокупната западна цивилизација, кога имала потреба од објекти од вонвременски карактер со константни естетски вредности.
 
Содржински овој примарно треба да биде национален музеј. Секундарната содржина треба да биде мултимедијален простор.

  • Што би им порачале на надлежните?

Живковски: Би им порачал да не останат пасивни на ваквиот недоследен начин на кој се планира урбанизација на плоштадот. Тоа би било крајно неодговорно.

Kapital - број 390 -  10.05.2007

 Applause



Edited by beTon - 03-Nov-2008 at 01:00
Back to Top
dimme.von.macedonia View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote dimme.von.macedonia Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 13-Jan-2009 at 12:45
Originally posted by JoAnS

Puke
 Dali ima nekoj pretstava koj e genijalecot na ova delo, koj go utnal vremeto so rimskata imperija. Ovaa "unikatnost" se najde, ne znam kako na ovogodinesnoto bienale i pretstavuva resenie za gradskata kuka.
Nekako vo guzva go pominav bienalevo i ne go zabelezav imeto na avtorot, ako nekoj ima takov podatok ke ve molam da mi go prati.
Applause Ma bravo navistina e supe.. Puke AA! NE mozam, ne mozam da veruvam do koja merka odi ljudskata GLUPOST!!! WallbashWallbashWallbashWallbash hhhaaaaa!!!!!
Back to Top
dimme.von.macedonia View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote dimme.von.macedonia Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 13-Jan-2009 at 12:47

Ok, se smiriv sega, ali WTF?? Sto sakal ovoj da stori od Skopje? RIM??? ali, hahahahah! Ovj bil 100 procenti na nesto koga mu padnalo na pamet ova Crazy

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 13-Jan-2009 at 22:50
Originally posted by dimme.von.macedonia

Ok, se smiriv sega, ali WTF?? Sto sakal ovoj da stori od Skopje? RIM??? ali, hahahahah! Ovj bil 100 procenti na nesto koga mu padnalo na pamet ova Crazy



Ovde е интервјуто на типот и го објаснува својот проект.


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 13-Jan-2009 at 23:06
симболизираат трите периоди на македонската државност
античка Македонија, Самоиловото царство и современа Македонија

Во потполност
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 13-Jan-2009 at 23:55

па лошо сте го прочитале, но ајде нормално кога нашиве новинари воопшто и не се интересираат зошто баш ваков проект има предложено човеков!

еве едно интервју една страна поназад каде може да се извлече заклучок дека "архитектов" целиот овој проект го подразбира  поинаку, па преку историско просторни примери ја исмева потребата од возобновување на офицерскиот дом, и јасно тоа го прави на најоригинален начин.

мене од досега јавените и прозваните околу плоштадот човеков е најтрезен и најпрецизен од сите анализа на оваа тема што ги имам чуено!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 14-Jan-2009 at 00:02
Значи, возобновуваме објект, а не возобнуваваме некое си општествено уредување. Без разлика на тоа за што бил користен објектот, сега може да биде користен за нешто друго. Еве ја ќе дадам, преддлог армијата од сегашниот дом на арм да се префрли у офицерскиот па така ќе си ја има ~основната функција.

Е сега една опција е дом на арм да биде градска куќа, што и не е така лоша идеја, но јас не сум толку за тоа.

Јас ипак сум за опцијата градска куќа да биде стара железничка, со тоа што би се направила онаа нивелација на две нивое на третиот дел од улица Македонија.

Кога веќе нишкава носи наслов градска куќа тогаш мора да прокоментираат и тие што не се слагаат со офицерски да биде градска куќа.

Сега малце ги тераме два муабета паралелно во нишкава па малку е проблем. Значи кога дискутираме за обнова на офицерскиот е еден муабет, а градска куќа е тема на друг муабет. Случајно некако се зацрта градската куќа обавезно да биде во офицерски па затоа и тргнавме вака.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 14-Jan-2009 at 13:33
јас те поддржувам во идејата градската куќа да биде во железничка, ипак ја држи една од најголемите симболики на градот
а офицерски дом може да биде и музеј на град скопје, како што е сега железничката
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 14-Jan-2009 at 13:43
Па идејата е градска куќа и музејот на Скопје да се во иста зграда односно стара железничка, а сегашниот дом на арм може да биде за било каква намена, а добро ќе му дојде некој младински центар или нешто слично, пошто ионака има свечена сала и слични простории. Од тамо филхармонијата скоро треба да си оди пошто ќе се гради посебна зграда, така да ионака ќе му опадне фукцијата, а ќе биде премногу за арм.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3793
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 16-Feb-2009 at 15:18
najdov nesto prekrasno ako se gradi ova togas ...super samo da ima 2 kati poveke
 

Храбро ново Скопје 15.3.08

Блогов стои отворен веќе некое време, а никако да почне. Но, денес се најдов на отварањето на БИСТА (Биенале на студентите по архитектура) и ми се чини најдов доволно добра приказна за почеток на ова место.

Храбро%20ново%20Скопје

На БИСТА се изложени трудови на студенти со интервенции низ градот. Една од поентите на изложбата е да се претстави можна архитектура за градот која ќе биде одраз на своето време, наспроти тековни тенденции за реизградба на срушени згради.

Идеја%20за%20градска%20куќа

Можна градска куќа?

За оние кои сакаат да ја видат изложбата е во Мала станица.

(П.С. Замислата зад овој блог е замислен како место каде блогери од Скопје ќе можат да зборуваат за градот онака како тие го гледаат (по примерот на metblogs.com). Се надевам дека ќе се приклучат луѓе и дека ќе има интересни содржини (и можеби посоодветен дизајн).)

Posted by Новица at 15.3.08  



Edited by Cloverstack - 16-Feb-2009 at 16:28
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3793
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 16-Feb-2009 at 15:55
luge sto molcite ....LOL
nemate da komentirate dali vi se sviga kolku se sansite itn..................
Back to Top
Vbruten View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vbruten Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 16-Feb-2009 at 16:33
pogodite koj ja crtashe salata na sobranieto...Cheers...samo nikakva sloboda...kako mi rekoa desnite race na trifun-azha taka i napraviv....najako e sho kabinata na tipot sho prozhektirashe morav vo proektov da mu ja namalam od 5 kvadrati na 4...chichkoto me prokolnuvashe...mu objasnav deka vo sluchajot sum samo crtach

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 16-Feb-2009 at 16:45
LOL а која им била инспирацијата на деснаците на ГТТ , реплика на германскиот кинески ѕид кај градски!  добро а само оваа нарачка беше или имаше и други нарачки што не завршиле на бимас?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 16-Feb-2009 at 23:26
Недоволно успешен обид.

ЕДИТ: Сега гледам доле како сум зафркнал доле кај дрвата кога сум сечел. ЈБГ, ни перспективата не е фатена добро...



Има ли некој од вас подобар рендер од победничкиот проект за градска куќа?

Edited by La Linea - 16-Feb-2009 at 23:28
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 16-Feb-2009 at 23:55
Originally posted by La Linea

Недоволно успешен обид.
Сосема солидно, дури и супериорно према бројни „професионални“ трудови.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 17-Feb-2009 at 00:06
Доволно е добро да си види како ќе се вклопи во просторот.

   Дури и да го направат најдобро и најдоследно до рендерот, пак контрастот што ќе го има помеѓу зградата на Македонски телекомуникации и Градската куќа ќе биде преголем. Инаку офицерскиот дом јас никогаш не сум го сметал за објект со добар изглед. Напротив, Ристиќева, Народна банка и Театарот секогаш ми биле пред него.

 Но, тоа што ме плени кај Офицерски и Народната банка е тоа што оформуваат некаква грандиозна „порта“ низ која се влегува преку Камениот мост во еден убав оформен плоштад. Тој ефект може да се постигне и со модерни објекти. Проблемот е што кај нас овој збор „модерни“ некој го сфатил пресериозно...

Edited by La Linea - 17-Feb-2009 at 00:07
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3793
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 17-Feb-2009 at 07:38
@ la linea
1.bravo
2.dali e ova zgrada pobednikot, ili nekoja druga ?'
3.ako e nekoja druga zgrada mozes li da ja stavis vo plostadot (taka kako si ja stavi vo slikava gore)  ?
 
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 17-Feb-2009 at 15:12
Originally posted by my Macedonia

@ la linea
1.bravo
2.dali e ova zgrada pobednikot, ili nekoja druga ?'
3.ako e nekoja druga zgrada mozes li da ja stavis vo plostadot (taka kako si ja stavi vo slikava gore)  ?
 
ова е победникот на последниот конкурс, но ништо не гарантира дека во иднина нема да го сменат (се надевам на подобро), со оглед дека додека да започнат со проектот има време
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.