build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Обнова на Офицерскиот дом

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3812
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 24-Jun-2009 at 10:23
barav nesto vo net za skopje, i slucajno najdov nesto:
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 24-Jun-2009 at 10:34
Еве ги и другите слики од овој проект...

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3812
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 24-Jun-2009 at 10:41

ova e pouba od taa drugata od posledniot konkurs

mi se dopaga i se nadevam deka ova ke se gradi
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 24-Jun-2009 at 12:43
И оваа е од истиот конкурс. Која се планира да се гради за жал нема никакви дилеми.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 25-Jun-2009 at 01:59

Бурмали џамија ја исфрли Градска куќа од плоштадот

Додека Исламската верска заедница бара реизградба на урнатата Бурмали џамија на плоштадот, градоначалникот Коце Трајановски бара нови локации за седиштето на градската власт

По барањето на Исламската верска заедница (ИВЗ) за денационализација на локацијата на плоштад Македонија за возобновување на Бурмали џамијата, неизвесна е изградбата на Градска куќа. Таа требаше да се гради на местото на урнатиот Офицерски дом, како негова реплика, односно на истото место каде што до дваесеттите години на минатиот век се наоѓала и џамијата. По последните искрења во јавноста меѓу ИВЗ и Владата, кои произлегоа од најавата за изградба на црква на плоштадот, се' поголем е впечатокот дека сите институции што ја најавуваа изградбата на Градската куќа, па дури и нарачаа проект, како да „атерираат“ во однос на оваа идеја. Сомневањата дека Градската куќа ќе остане само проект на хартија се зголемија и со написите во некои медиуми дека премиерот Никола Груевски не се противи на идејата за возобновување на џамијата. Неизвесноста стана поголема, откако градоначалникот Коце Трајановски на последната седница на Советот на Град Скопје рече дека од првиот ден на мандатот размислува за изборот на најсоодветна локација за Градска куќа. Тој во игра ја стави и онаа на Илинденска, каде што веќе неколку децении се наоѓаат градските бараки, но, не ја спомена локацијата на плоштадот.

- Сегашната локација каде што се наоѓаат бараките не е најсоодветна. Најблиска автобуска линија е онаа на булеварот Партизански одреди, што значи дека сообраќајно нема да биде добра како за вработените, така и за странките - изјави Трајановски.Неделчо Крстевски, раководител на Одделението за односи со јавност, тврди дека локацијата на плоштадот како идеја не е напуштена. Тој рече дека во моментов градската гарнитура е фокусирана на финансиската конструкција за изградбата, а локацијата ќе се избира потоа.

- Претпазливоста околу локацијата е поради тоа што треба да се изгради зграда која би ја собрала целата градска администрација, а воедно во тој објект треба да има и резиденцијален дел. Тој нема да се користи за живеење, туку само за официјални приеми - вели Крстевски.Најавите за обнова на Офицерскиот дом како Градска куќа беше издигната на сериозно ниво пред три години, кога Министерството за култура распиша конкурс за идеен проект за објектот. По изборот на првата награда, проектот беше на доработка, со објаснување дека предлогот на авторот не соодветствува доволно со намената што треба да ја има објектот, како седиште на градската власт. Според финалниот проект задржана е целата архитектура на Офицерскиот дом, со таа разлика што горе е предвидена стаклена купола. Во рамките на Градската куќа беше планирана и матична сала за венчавки. Од Министерството за култура не кажаа дали и кога ќе ја финансираат изградбата, само изјавија дека проектот сега се наоѓа во Министерството за транспорт и врски.

- Министерството за култура, во однос на изградбата на Градска куќа, имаше обврска да распише меѓународен конкурс за идејно архитектонско-урбанистичко решение за објектот, на локација на градскиот плоштад. Беше избран проектот на професор Коста Мангаровски. Проектот е предаден на понатамошна доработка во Министерството за транспорт и врски - изјави портпаролот Анита Јованоска. Од Министерството за транспорт потврдија дека проектот е кај нив, поради тоа што пред три месеци распишаа конкурс за идејно решение за изградба на хотел со пет ѕвезди на плоштадот и тоа во рамките на комплексот Градска куќа.

- Според деталниот урбанистички план за Мал ринг на плоштадот во рамките на шест парцели е предвидена изградба на комплекс во кој се предвидени повеќе содржини. Едниот дел ќе биде Градска куќа, а другиот - хотел - изјавија тогаш од Министерството за транспорт.

Тогаш најавија и дека голем дел од земјиштето на овој простор е државно и дека ќе го отуѓуваат по изборите, но досега не е распишан конкурс за продажба. Изминативе години во јавноста имаше уште неколку идеи за локации за Градска куќа, и тоа во објектот на Старата железничка станица, на „Илинденска“, како и зад Општина Центар, односно на слободното земјиште на Министерството за одбрана.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A2A86EADE069514A840309C37C49CD70

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3812
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 28-Jun-2009 at 17:51

spored formata sto e nacertena na planot mal ring ova moze da bide pobednikot:


 
taka mislam jasRoll%20eyes
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 10-Jul-2009 at 14:01

Нема абер од изградбата на Офицерски дом

Приватниот инвеститор кој на лицитација ќе ја купи парцелата за изградба на хотел на плоштад Македонија, треба да го изгради и Офицерскиот дом, а потоа да му го отстапи на Градот делот предвиден за Градска куќа

Офицерски дом на плоштад Македонија ќе го гради приватен инвеститор, кој покрај овој објект ќе гради и хотел во строгиот центар на Градот. Приватниот инвеститор кој на лицитација ќе ја откупи парцелата за изградба на хотел во зеленилото на плоштад Македонија пред управната зграда на "Телеком" должен е во склоп на комплексот да го изгради и Офицерски дом, а потоа да му го отстапи на Градот делот од објектот каде е предвидено да се смести Градска куќа. Но никој од надлежните не кажа кога ќе почне изградбата на овој објект, кој се најавува веќе три години.
Возобновувањето на Офицерски дом по налог на Владата, го почна Министерството за култура, кое досега успеа да избере само идејно-архитектонско решение за новиот објект. Изградбата на објектот беше планирано да почне уште пред две години, но реализацијата на проектот постојано беше одложувана поради тоа што за дел од парцелата се води постапка за денационализација.
Во меѓувреме Исламската верска заедница побара државата да им ја отстапи парцелата и место Офицерски дом, на тоа место да се возобнови некогашната Бурмали џамија. ИВЗ побара и измена на деталниот урбанистички план "Мал Ринг" во кој побара маркичката за Офицерски дом да се пренамени за верски објект.
Од Министерството за култура велат дека реализацијата на проектот ја презело Министерството за транспорт и врски, а дека нивна обврска било само да распишат меѓународен конкурс за избор на идејно архитектонско-урбанистичко решение за"Градска куќа".
" На конкурсот беше избран проектот на професор Коста Мангаровски", велат од Министерството за култура.
Од Министерството за транспорт и врски велат дека на конкурсот за идејно -архитектонско решение за хотел во комплексот "Градска куќа", се јавиле четворица понудувачи, и дека комисијата одлучила да откупи три прокти, но оти главна награда не е доделена. Изведбениот проект за хотелот, како што велат од Министерството, треба да се развива од овие три откупени понуди, и дека нема да распишат нов конкурс за идејно решение. "По спроведување на постапка за продажба на земјиштето избраниот најповолен понудувач треба да го изгради хотелот согласно насоките од конкурсот за идејно решение, а Градската куќа да ја изгради согласно одбраниот проект од Министерство за култура. Инвеститорот кој ќе ја реализира оваа градба ќе има обврска да го отстапи делот кој е предвиден за Градска куќа", велат од Министерството за транспорт и врски.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=2C2DD16551DB2D4E918D3E1C645079E6
Back to Top
vendetta View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote vendetta Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 26-Jul-2009 at 19:14
Мислам дека тука на тоа место треба да се изгради градска куќа.
Немам ништо против муслиманската заедница, меѓутоа мислам дека добро би изгледал тој објект тука баш на тоа место. Не ми се допаѓа погоре проектот, некако ми е ептен футуристички. Ко парна локомотива изгледа LOL
------------------------------
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 711
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 12-Oct-2009 at 21:07
Hi, I just wanted to know if there is any update on this project, and any update on the hotel project proposed for the land beside it. Thank you.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 11-Nov-2009 at 01:47

Ќе има ли Градот две градски куќи

Освен на плоштадот, предвидено е да се гради и втора градска куќа, на се' уште непозната локација, која би служела за прием на странски гости и делегации

Градските власти, кои со години останаа во трулите бараки на „Илинденска“, размислуваат за изградба на уште еден објект со намена за градска куќа, покрај оној што е предвиден на плоштадот Македонија, на местото на некогашниот Офицерски дом. Иако пред неколку месеци од изјавите на Градот се доби впечаток дека ќе бараат сосема нова локација за преселба на целокупната градска администрација, од последните информации е јасно дека за потребите на Градот ќе се градат две различни згради. Едната на местото на стариот Офицерски дом, а за другата допрва ќе се бара локација и ќе се распише конкурс за идејно решение.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, повторно не беше прецизен во објаснувањата кој се' ќе биде сместен во градската куќа на плоштадот, а кој во вториот објект. Според неговите претходни објаснувања, замислата е вториот објект да служи како резиденцијален дел, каде што би се примале странски гости и делегации. Не е јасно дали во тие простории ќе заврши и дел од градската администрација. Трајановски објасни дека по изготвувањето на проектот ќе се знае каде ќе биде изградена новата зграда.

- Размислуваме за локација - изјави тој.

Во Министерството за транспорт и врски немаат информации дека Градот има потреба од дополнителна локација.

- До Министерството не е пристигнато барање од Градот Скопје за доделување локација за изградба на градска куќа - изјавија од Службата за односи со јавност.

За изработка на проектот за резиденцијалниот дел во Предлог-буџетот на Градот за 2010 година се предвидени четири милиони денари, односно околу 60.000 евра.

Проектот за градска куќа на плоштадот е од 2007 година, кога Министерството за култура распиша конкурс за идејно решение. Првата награда ја доби архитектот Коста Мангаровски. Проектот беше и на доработка кај авторот, со објаснување дека „предлогот не соодветствувал доволно со намената што треба да ја има објектот, како седиште на градските власти“. Според финалниот проект, задржана е целата архитектура на Офицерскиот дом, со таа разлика што горе има стаклена купола.

Од Министерството за култура потврдуваат дека на плоштадот ќе има градска куќа, но веќе две години не кажуваат кој ќе ја финансира изградбата. Кажуваат дека проектот се' уште е на доработка, овој пат во Министерството за транспорт и врски.

Од Транспорт објаснуваат дека доработката подразбира во комплексот на плоштадот наречен „Градска куќа“, да се вклопи и хотел со пет ѕвезди.

- По распишаниот конкурс за избор на идејно-архитектонско решение за изградба на хотел на плоштадот, комисијата одлучи на три анонимни понуди да им биде доставено барање за откуп. Од нив е избрана една анонимна понуда за изготвување на идејното решение - изјавија од Министерството.

Оттаму објаснуваат дека работата околу изградбата на комплексот е пролонгирана бидејќи дел од земјиштето на плоштадот е приватно, односно денационализирано. Министерството планира да го продаде земјиштето на јавно наддавање, во соработка со приватните сопственици, во согласност со Законот за облигационите односи и со Законот за градењето.

- Според детаљниот урбанистички план за Малиот ринг, на плоштадот во рамките на шест парцели е предвидена изградба на комплекс во чии рамки има хотел и градска куќа - изјавија од Министерството за транспорт и врски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5DD74D444F639F44A15D1BC3E6C80B28

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 11-Nov-2009 at 01:50
Ваљда не мислат дека сме до толку наивни и ќе поверуваме дека ќе се направат две градски куќи. Неможат една да направат, а не па две! Јасно е дека се кокетира со земјиштето, пробни балони. Сепак, не викам, дека не би сакал градот да обие два такви објекта. Како на пример стара железничка и офицерскиот, иако со оглед на тоа што се работи за плоштад повеќе прилега градската управа да биде централно поставена.

Јас дури би направил и еден експеримент што сега ми дојде на памет, незнам колку е изводлив, но мислам дека треба во тие/таа идна/идни градска/и куќа/и да има канцеларии сите општини од градот Скопје како би можела да се врши поголема координација на проекти, сепак е ова еден град и е компактна средина.
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 11-Nov-2009 at 12:34
Сте забележале дека во последно време многу „новинари„ користат материјали од форумов, како слики и текстови. Погледнето го долниот лев агол на сликата од натписот !Bash
Прашањето ми е, дали воопшто бараат дозвола за објавување или барем информираат дека преземаат материјали од форумов ?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 11-Nov-2009 at 12:50
Една од целите на форумов е да придонесе во колективната свест кон урбаниситчките прашања, така да од страна на билд воопшто нема проблем за дистрибуцијата на слики од форумов, впрочем и за тоа се наменети и тоа треба да не радува.

Инаку во печатеното издание сликата е со друг формат па целосно е скртатено името одоздоле.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 11-Nov-2009 at 13:34
Мислам дека е баш позитивно да го има watermark-от, промотивно за сајтот...штета само што го скастриле вака простачки...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 14-Nov-2009 at 18:17

Dali znaci deka poroektov e zamrznat?

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 14-Nov-2009 at 18:19
De facto замрзнат, de jure нема ништо со години, било какво, макар и спомнување неакде во некој ќош.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 05-Mar-2010 at 17:37
Ма­тич­но ќе го че­ка "Скоп­је 2014"

Скоп­ја­ни уш­те нај­мал­ку че­ти­ри го­ди­ни ќе го ка­жу­ва­ат суд­бо­нос­но­то "да" во ам­би­ент со ис­кр­ше­ни про­зор­ци, про­пад­нат пок­рив, про­кис­на­ти олу­ци и ужас­на­та смр­деа на мув­ла ко­ја се ши­ри во нај­фрек­вен­тна­та са­ла за вен­чав­ки. Про­кис­на­ти­те олу­ци се при­чи­на за мув­ла­та и вла­га­та во нај­го­ле­ма­та са­ла за вен­ча­ва­ње­во глав­ни­от град

Скоп­ско­то Ма­тич­но е очај. Нај­го­ле­ма­та и нај­фрек­вен­тна са­ла за вен­ча­ва­ње, смес­те­на кај Град­ски парк, 20 го­ди­ни не е ре­но­ви­ра­на. Ис­кр­ше­ни про­зор­ци, про­пад­нат пок­рив и про­кис­на­ти олу­ци се сли­ка ко­ја не се ме­ну­ва го­ди­ни на­на­зад. Пр­ва ра­бо­та ко­га ќе се вле­зе во ру­и­ни­ра­на­та ба­ра­ка е ужас­на­та смр­деа ко­ја се ши­ри низ це­ли­от прос­тор. Ми­ри­сот на мув­ла и ре­а­та од не­ис­чис­те­ни­те то­а­ле­ти бук­вал­но ду­ши. И пок­рај мно­губ­рој­ни­те ве­ту­ва­ња де­ка ма­тич­но ќе се ре­но­ви­ра, до­се­га ни­кој ниш­то не сто­рил.
Ако прет­ход­но оп­рав­ду­ва­ња­та за ло­ша­та сос­тој­ба на Ма­тич­но беа де­ка се не­ма па­ри, се­га ве­ту­ва­ња­та се де­ка но­ва са­ла за вен­ча­ва­ње ќе има со за­вр­шу­ва­ње­то на про­ек­тот "Скоп­је 2014". Спо­ред овој про­ект, но­во­то ма­тич­но ќе би­де во сос­тав на Офи­цер­ски­от дом. До­то­гаш ос­та­ну­ва ид­ни­те мла­ден­ци бра­ко­ви­те да ги склу­чу­ва­ат во са­ла ко­ја ска­пу­ва и се рас­па­ѓа.
Од Оп­шти­на Цен­тар и од Град Скоп­је ин­фор­ми­ра­ат де­ка Ма­тич­но­то ве­ќе три ме­се­ци не е под нив­на над­леж­ност ту­ку е под Ми­нис­тер­ство за прав­да, од­нос­но под Уп­ра­ва за во­де­ње ма­тич­ни­те кни­ги.
От­та­му ве­лат де­ка за оваа го­ди­на се пла­ни­ра­ни единс­тве­но поп­рав­ки на во­до­вод­на­та мре­жа и на елек­трич­на­та ин­ста­ла­ци­ја, до­да­вај­ќи де­ка пос­ле­ден пат ма­тич­но се ре­но­ви­ра­ло пред 20 го­ди­ни.
"Во го­ди­неш­ни­от бу­џет на Уп­ра­ва­та има став­ка во ко­ја се оп­фа­те­ни поп­рав­ки и ин­тер­вен­ции, по пот­ре­ба, за си­те под­рач­ни од­де­ле­ни­ја и кан­це­ла­рии на УВМК, а ме­ѓу нив е и са­ла­та за вен­чав­ки. Но са­мо во де­лот на ин­ста­ла­ци­и­те", об­јас­ну­ва Ка­те­ри­на Бит­ров­ска, со­ра­бот­ник за ко­му­ни­ка­ции при Уп­ра­ва­та.

http://vest.com.mk/?ItemID=6C128CB51BC35746ABA5DF99B377BCD3
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 17-Nov-2010 at 16:39
Nevidov poseben topic za oficerskiot dom pa pisuvam tuka... Dali nekoj znae koga ke pocni toj proekt da se gradi?

Gledav nekoi stari sliki od Skopje i stvarno izgleda dobro pokraj mostot.






Edited by LouReed - 17-Nov-2010 at 16:48
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 17-Nov-2010 at 16:44
izgleda dobro ako zivejme vo 1800 god.... od taa strana na vardar poddrzuvam samo moderni objekti
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 133
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 17-Nov-2010 at 16:52
Pa da donekade i si vo pravo. Dobro e da ima balance Nov/Star grad... ali krivo mi e sto polno zgradi bea unisteni i nikogas obnoveni posle zemjotresot. Edna od niv i Starata zeleznicka Stanica..... Gi gledav denes slikite od staro Skopje, pred zemjotresot i stanav malce nostalgicen...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.