build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Обнова на Офицерскиот дом

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 242526
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dinger Carlos View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 06-Mar-2024
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote Dinger Carlos Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 09-Mar-2024 at 20:30
Не се согласувам. Секаде има иднина, не гледам никаков разлог да бидам песимист и дефетист. Немојте да мислите дека ве чека некоја златна иднина во Западна Европа или преку океанот. Никаде не врнат пари и никаде не е совршено. Мора да поченте да си го цените своето. Јас сакам да инвестирам во својата татковина, нема што да цмиздрам по форуми како се е лошо.

Право да ви кажам таквите муабети дека некој се срами од својот град или од својат земја поради тоа што е сиромашмна се прекринџ. Тие не го разбираат поширокот историски и геополитички контекс и не разбираат дека светот и културата се менуваат и дека таа промена се случува бавно, но мора да се издржи.

Кинезите не се прадаваат. Индијицте не се предаваат. Не цмиздрат ко некое инфантило балканско племе на кое мајките после триесета сѐ уште им готват оброци и им ги перат гаќите. Не се правдаат пред туристи ко некои снизходливи домордци. Држат глава горе и се борат. Тоа ни треба и на нас.

   

Edited by Dinger Carlos - 09-Mar-2024 at 20:33
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 568
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 10-Mar-2024 at 00:37
Originally posted by Dinger Carlos

Не се согласувам. Секаде има иднина, не гледам никаков разлог да бидам песимист и дефетист. Немојте да мислите дека ве чека некоја златна иднина во Западна Европа или преку океанот. Никаде не врнат пари и никаде не е совршено. Мора да поченте да си го цените своето. Јас сакам да инвестирам во својата татковина, нема што да цмиздрам по форуми како се е лошо.

Право да ви кажам таквите муабети дека некој се срами од својот град или од својат земја поради тоа што е сиромашмна се прекринџ. Тие не го разбираат поширокот историски и геополитички контекс и не разбираат дека светот и културата се менуваат и дека таа промена се случува бавно, но мора да се издржи.

Кинезите не се прадаваат. Индијицте не се предаваат. Не цмиздрат ко некое инфантило балканско племе на кое мајките после триесета сѐ уште им готват оброци и им ги перат гаќите. Не се правдаат пред туристи ко некои снизходливи домордци. Држат глава горе и се борат. Тоа ни треба и на нас.

   


Друже парите се најмал проблем овде хахаха. Сиромашни сме во духот и душата, без надежи за подобрување...
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1001
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 10-Mar-2024 at 00:47
Во Скопје проблемот со луѓе од провинција веќе не е никаков проблем, туку повеќе проблем е што кога човек од страна кога ќе дојде во Скопје има дојам дека е во Албанија, на сите маркантни места во градот имаш дојам дека Албанците се мнозинство...од кога слетаат на аеродром,преку Матка, па до чаршија, плоштад, улица Македонија, градски парк, кафичи...

Споредено со кога јас растев во Скопје во 90 ти години, градот е мноооогу изменет, етнички.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3664
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 10-Mar-2024 at 02:41
сте ја отерале здраво офтопик!, ајт и ја да ви се умешам у манџа, та ќе дадам подршка за оптимизмот, на кој пак му фали само у&у да се одважат да подотворат систем бар со законски задолжителни јавни еФоруми за НВО-а и' некако ќе тргне на поарно работа, а да се надеваме ќе дочекаме и Партиски и Институционални еФоруми натака!, просто ет, закаснети сме во се' а нема друг начин таквата летаргија да се ничкоса него 24/7 да се дебатира на право место секој во својта фела за навреме да се адресираат проблемите и чарињата пред некој ко по обичај до сега да товари на мегдан медиокритет од решенија!

што е за то етничката рецка, чинам перцепцијата е погрешна, бар во однос векот, но и во однос фактот дека пола Косово тука доаѓа на шопинг или лекување, а сигурно мнозина бегаат и трајно од то гратисо осиромашен ураниум зад СЦГ ... во секој случај ликот '90-ти на Скопје беше улична идила во која претежно андерграунд плебсот беше 24/7 на улица земено центарски, додека сега истио или тилта понадвор илити дреме подома, но малку фали за да нештата се сменат на поарно [1] ем македонците се далеку од традиционални за разлика од албанците кои без проблем ќе се помогнат во небрано, додека нам и бесплатно кафе да ни ет на лагер пак ќе треба време за да се здушиме ко порано, синкир вака сега емпаципирани секој сам за себе ви е најфутуристички а!?, аирлија на памето!

што е до Офицерски, ќе добие ли некое ново име објектов или ќе си се влечка воа од Јужна Бановина?, можеби во костец Мериот и Павиљоно на Лубовта може да му лепнат некое налик Скопска Балада, ем за Бал ем за Фестивал та и Карневал во Матичнo!?, вистина изгледа ќе забегаат со КупиДом Купидонски, кизнај можеби ГС т.е. Градски Светилник ко лајтхаус на Вардар и' ќе му заличи потаман него ОфДом
Back to Top
Dinger Carlos View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 06-Mar-2024
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote Dinger Carlos Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 10-Mar-2024 at 17:01
Погоди една многу битна поента за Скопје у девеести. Нормално дека ќе седат дома, пошо више се луќе у години имаат фамилии и не им е филм да се пијачат на коцка и кеј, а ј иам здувано од Ск пошто ми се укажала шанса, Коса сме веќе тука, мене најјголемо насиље и силување на градот не ми се објектите од ова проектов Скопје 2014. Најголемо насилње е оној лименион ќумез Лумикс кој го изградија врз најкултнот простор во градот Коцка. Младонста си ја остаив таму со панекрите. Па тоа е таково сквернавење на Скопје ко да градиш врз костуница, врз људски гробови... Гадови.

Офицерски си е тука и таман е ќе биде како Градска куќа. Иако мене ми е океј и модерната интерпретација на Народна банка спроти него која исто така е Скопје 2014 ама не му смета на никој, како ни Фихармонија па ни музејкот на ВМРО.

А за албаниците ги има и тука во Австрија многу, што да правиме народ кој сака да се можи и да се сели. Неам нишо против.

Back to Top
Dinger Carlos View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 06-Mar-2024
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote Dinger Carlos Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 10-Mar-2024 at 17:02
Се сеголасувам, ни теба културна промена.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 23-Mar-2024 at 14:54




Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 24-Mar-2024 at 15:09
Продолжуваат градежните работи на Офицерскиот дом и хотелот



– Објектите се градат согласно намената утврдена со ДУП, прифатена согласно со склучен договор за купопродажба на градежно земјиште по пат на јавно надавање и согласно со издадено одобрение за градење – одговорија од локалната самоуправа, наведувајќи оти се издадени решенија за измени во тек на градба за двете градежни парцели. Инаку, барањата за измени во градба од фирмата на Самсоненко биле поднесени во 2022 година

Продолжува изградбата на објектот на местото на Офицерскиот дом во кој треба да има резиденцијален кабинет на скопскиот градоначалник и тука да биде сместена матичната служба, како и хотелот на плоштадот „Македонија“.

Тоа го потврдија и од Општина Центар од каде што информираат дека „Сис инвест гроуп“ дооел Скопје го гради овој објект, како и хотелот на Градскиот плоштад

-Објектите се градат во согласност со намената утврдена со ДУП, прифатена согласно склучен договор за купопродажба на градежно земјиште по пат на јавно надавање и согласно со издадено одобрение за градење – одговорија од локалната самоуправа, наведувајќи оти се издадени решенија за измени во тек на градба за двете градежни парцели. Инаку, барањата за измени во градба од фирмата на Самсоненко биле поднесени во 2022 година.

Од Општина Центар појаснуваат дека се работи за два хотела со компатибилни класи на намена во којшто има мали комерцијални единици и деловни простории.

-Поконкретно, за објектот таканаречен поранешен Офицерски дом станува збор за хотел, намена Б5 –хотел, и намена В4- државни институции ( канцеларија на градоначалник на Град Скопје и матична служба) со компатибилна класна намена мали комерцијални единици – велат од Општина Центар.

Притоа, додаваат дека инвеститорот на објектите сè уште плаќа пенали согласно договорот за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање и тоа во износ од 3 проценти од вкупно постигнатата продажна цена на земјиштето, кумулативно за двата објекта. Односно, Самсоненко плаќа секој месец пенали на Општина Центар во висина од 10.000 евра. Тоа е поради надминување на роковите за изградба на двата објекти на плоштад „Македонија“.

Од Општина Центар нагласуваат дека престанокот на уплата на договорната казна три месеци последователно значи и раскинување на договорот.

Хотелот, што според најавите требаше да биде од синџирот хотели „Мериот кортјард”, и Офицерскиот дом кој треба да биде резиденцијален кабинет на градоначалникот на Скопје, со матична служба, почна да го гради грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас во 2011 година. Тогашната влада на Никола Груевски преку Министерството за транспорт и врски му го продаде ова атрактивно земјиште со површина од 6.300 квадратни метри по цена од 100 евра по квадрат. Но, откако Кондоминас во 2015 година беше уапсен во Грција поради затајување данок, проектот го презеде Сергеј Самсоненко кој ја купи фирмата на грчкиот бизнисмен за 600.000 евра.

https://www.vecer.press/prodolzuvaat-gradeznite-raboti-na-oficerskiot-dom/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 17-Apr-2024 at 17:51
ОФИЦЕРСКИ ДОМ КОЈ ГО ГРАДИ САМСОНЕНКО ЗАЕДНО СО ХОТЕЛОТ НА ПЛОШТАД ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ВО ОКТОМВРИ И ПРЕДАДЕН НА ВЛАДАТА



Офицерски дом кој е дел од комплексот со хотел на Плоштад Македонија и го гради рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ќе биде готов во октомври. Потоа објектот Градска куќа што треба да биде ќе биде предаден на Владата односно на Службата за општи и заеднички работи која треба да го уреди со мебел и да го стави во функција. Офицерски дом треба да биде резиденцијален кабинет на градоначалникот на Скопје и во него да има простории за матичната служба.

Хотелот и Офицерскиот во центарот на Скопје се градат 13 години, а почна да ги гради грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас во 2011 година. Тогашната влада на Никола Груевски преку Министерството за транспорт и врски каде министер беше Миле Јанакиески му го продаде ова атрактивно земјиште со површина од 6.300 метри квадратни по цена од 100 евра по квадрат односно за 630.000 евра. Инвеститорот според договорот има обврска во склоп на хотелот да изгради и резиденцијален дел за градоначалникот на Скопје каде ќе има и матична служба, со фасада на некогашниот Офицерски дом.

Но, откако Кондоминас во 2015 беше уапсен во Грција поради затајување данок, проектот го презеде Сергеј Самсоненко кој ја купи фирмата на грчкиот бизнисмен за 600.000 евра и продолжи под истите услови да го гради објектот.

Од фирмата на Самсоненко „СИС инвест груп“ велат дека во моментов градежните работи се одвиваат со засилена динамика и дека до крајот на годинава двата објекти ќе бидат пуштени во употреба.

„На објектот Офицерски дом во моментов се завршени 90 отсто од работите. Изведена е армирано-бетонска конструкција на сите нивоа на проектот. Кулата на последниот кат која гравитира на главниот плоштад е изградена, таа е изработена во челична конструкција и е во фаза на затворање согласно проектот. Фасадната е веќе во завршна фаза, електрични и водоводните инсталации се 70% завршени. Лифтовите во сите блокови се веќе нарачани и ќе бидат поставени според проектната документација во најбрз рок. Машинските инсталации се завршени 40%. Нив ги изведува компанијата ‘Кратер‘ со која уште сме во судски спор од причина што е исплатен фиктивен долг за опрема која не е инсталирана“, велат од фирмата „СИС инвест груп“.

Во однос на хотелот како што велат од компанијата армирано-бетонска конструкција на сите нивоа на проектот е изведена 90%, во моментов започнато е со работа на кровот и фасадата.

Градежните работи на двата објекти беа прекинати неколку години поради, а продолжија лани. Од фирмата на Самсоненко рекоа дека прекинот е поради опструкции. Најпрво, застој во градбата имало поради неоснованото поведување стечајна постапка од фирмата „Кратер“, која траела две години и се запира на 29 декември 2020. Откако тој проблем бил решен, причина за застојот во довршување на изградбата, според правниот тим на Самсоненко, биле постојаните опструкции од Општина Центар кои се технички и поради тоа не можело да се продолжи со градењето.

Според договорот за продажба на градежното земјиште, фирмата „СИС инвест груп“ требаше да го изгради објектот до 10 април 2022, што не е направено. Поради надминување ги роковите за изградба на двата објекта на Плоштад Македонија, Самсоненко плаќа секој месец пенали на Општина Центар во висина од 10.000 евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ofitserski-dom-koj-go-gradi-samsonenko-zaedno-so-hotelot-na-ploshtad-ke-bide-gotov-vo-oktomvri-i-predaden-na-vladata/
Carpe diem
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 05-Jun-2024 at 18:31
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 20-Jun-2024 at 18:36
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 242526

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.173 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.