Скопје после земјотресот |
Post Reply | Page <1 2324252627 30> |
Author | |||||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #481 Posted: 26-May-2020 at 22:08 | ||||
Хм Хм Хм, ко да си бил Сведок или оние кои сведочеле волкави Црковни (градби) Храмови граделе, сепак можеле ако сакале бар ко Објект На Култура да го водат и така завршаат, но многуверојатно од идеолошки причини ни тоа не биднало случај [1] впрочем Соборниот Храм во Скопје е инициран токму во време кога (првиот асномски Министер за Култура) кавадарчанецот Никола Минчев бил републички кормилар на Собранието [2][2] а сигурно по инсистирање на Архиепископот Доситеј [3] кој Возобновувајќи ја Охридската Архиепископија сиигурно и им потенцирал поусрдно на македонските комунисти дека бар и како културна посебност Црквата е неопходна во републиката, нагаѓам но во недостаток на никакво рекла-казала сведоштво што друго ми останува!? но еве во прилог бар некои концизни и релевантни ... Камен Темелник 23 Април 1972-ра https://mk-otvori.com/на-денешен-ден-е-поставен-камен-темелн/ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=625&PID=123435#123435 |
|||||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #482 Posted: 26-May-2020 at 22:14 | ||||
Истиот текст, ама многу почитлив:
Edited by Staro Skopje - 26-May-2020 at 22:15 |
|||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|||||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #483 Posted: 26-May-2020 at 22:33 | ||||
аман бе до толку ли е работава? ајде, ти Благодарам, камо да имав лекторка и подома мислам разликувајте бе Луѓе народно и административно форумско думање, каде со овој памет!? асномски официјално може мора со големи букви во институција, ама каде бе тука разговорно, очигледно не разликует некој дека големи букви посреди форумска дебата е налик ГАЛАМА!!! некој ни запирки не користи, некој пак меѓу нив не остава празно место, просто, СТИЛ Е СТИЛ НАУЧЕТЕ! ај с’к бек тук риалити, да прашам јас кој од Вас излегувал пред Црква во 90-тите, едно време не викаа на вести црните гаврани, а всушност ние (тие) алтернативни субкултурни групи што таму ни беше сврталиште пред по или во Град сред мрак, така таму сме си имале Прибежиште, несвесно натопувајќи се од спунт во Благодат, а дури годиње подоцна ставија Ограда иако повторно нецелосно па и баш не ми е јасен ефектот од оградувањето, иако дефакто тогашните Млади и оние посттранзиционите се разликуваа сигурно поприлично, во наше време имаше бар ефтин МрМр ефтино Вино Пиво Ракија дури и во дискотеки или пак во кафани а не пак за на клупа карши Гранап кој ако сакаш и до сабајле ќе те чека за од кауција да собира кајмак! |
|||||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2018 |
Quote Reply #484 Posted: 26-May-2020 at 22:41 | ||||
Ја барате причината кај што ја нема. Па денеска на МПЦ му го препишуваат "гревот" дека баш комунистичка држава ги создала зашто баш заради заслуга на Југославија стекна автокефалност, а вие мислите дека МПЦ била саботирана (нема врска со сабота и саботари ) на републичко институционално ниво. Поединци комунисти сум сигурен дека имале таков обид, ама тоа нема врска. Едноставен е одговорот, финансирање. Градена е доминантно со дотации од странство од иселеници. Дома немало финансиски моќни потенцијални ктитори, компаниите главно општествени не финансирале овакви проекти и тоа е. Нема потреба од длабока политика, едноствано бахатост и финансирање.
Одолговлекувањето нема никаков канонски темел, туку има многу врска со една друга работа. А тоа е дека црква не се прави "на сила" во секоја смисла на зборот. Што значи тоа? Дека не се изнудува поддршата од актуелни власти на сила со уцена, дека не се сили урбаниситички план и градежна дозвола кроз институции, не се изнудива под уцена финансирањето, не се работи со принудени работници. Нешто што во исламскиот свет има еден многу добар збор за целата оваа работа, се вика дека верски храм мора да се изгради со "алал", иако овој метафизички концепт, начин на размислување, може на некој да му е јасен, а на некого не. Генерално затоа се случуваат одолговлекувањата на овакви проекти, а не дека има некоја посебна причина зашто изградбата мора да иде споро. Тоа што ние свашта се изнагледавме годиниве, тоа е сосема друга работа. Од црква на кале, со црква на плоштад, со црква во струмица, со џамии дивоградби на секој ќош, едноставно црква не ја личи, не е достојна да биде дивоградба ниту да биде неартикулиран куп од градежен матерјал, а денес има многу такви и цркви и џамии. Од друга страна имаме и опструкција на "туѓите" верски храмови кои па исто така некој друг ги почнал на изнасилен начин, па и идеолошка опструкција од одредени групи према цркви генерално, све е тоа што им намалува од "алал"-от на ваквите проекти. Edited by user8642 - 26-May-2020 at 22:44 |
|||||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #485 Posted: 28-May-2020 at 10:48 | ||||
Посета на кинескиот Претседател (официјално Претседател на Комунистичката партија на Кина) Хуа Гуопинг на Скопје, 24 август 1978: britishpathe.com
Значи покрај советот Хрушчов, и Гуопинг го посетил главниот град на СР Македонија. Џералд Форд, кој подоцна станал Претседател на САД, дошол по земјотресот како член на делегација на Конгресот. Background: Chinese President Hua ???eng visited Skopje and Zagreb during his 8 days long visit to Yugoslavia. In Skopje he visited factory "11. octombri" and Macedonian A??? Academy for Arts and Sciences, and in the evening same day the Skopje Shopping Centre. He was heartily applauded in Sko???je as well as in Zagreb the next day /August 25/. In Zagreb he was in "Rade Koncar" big factory producing electric generators, and other metal machines. In Skopje he visited a factory producing buses. |
|||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15037 |
Quote Reply #486 Posted: 02-Jun-2020 at 08:58 | ||||
Театарот на народностите во изградба, 1973
Скопска железарница – поглед од Градските гробишта во Бутел, 1973
Современи семејни живеалишта во Скопје, 1973
Остатоци од џамијата Ј’лан Капан, оштетена во земјотресот во 1963 година, во новото окружување на постземјотресно Скопје, 1973
Чаршијата – место на сретнување и разминување, 1973 Средба, 1973
https://artspaces.kunstmatrix.com/en/exhibition/1102961/catalog?fbclid=IwAR2fUUay39Q5XgL3x5tKa2ZVLSVB_Fu8PZ82Q5zxk3PGM3TVMS_p9icpjvA Edited by Џоле - 02-Jun-2020 at 09:05 |
|||||
За сè има вторпат
|
|||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15037 |
Quote Reply #487 Posted: 02-Jun-2020 at 09:20 | ||||
Поглед кон Скопје, 1973
Поглед кон зградата на Палатата на управата и кон зградите од структурата Градски ѕид, 1973
Кулите на булеварот „Партизански одреди“, 1973
Поглед кон Султанмуратовата џамија и Саат-кулата, 1973 Стоковна куќа „Илинден“, 1973
Средба во паркот пред „руските згради“ во Карпош 4, 1973
|
|||||
За сè има вторпат
|
|||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15037 |
Quote Reply #488 Posted: 05-Jun-2020 at 08:37 | ||||
Мост Гоце Делчев, 1973 г.
извор: (твитер, @AleksandarSrb) |
|||||
За сè има вторпат
|
|||||
FT
Senior Member Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 567 |
Quote Reply #489 Posted: 05-Jun-2020 at 15:49 | ||||
^ wow
Колкав потенцијал имало Скопје... Оваа слика ми текнува секој пат кога поминувам покрај Транспортен: https://www.instagram.com/p/B4KpbCanya5/ Edited by FT - 05-Jun-2020 at 15:49 |
|||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #490 Posted: 05-Jun-2020 at 17:16 | ||||
@Џоле, феноменална серија, фотки кои прв пат ги гледам.
|
|||||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #491 Posted: 05-Jun-2020 at 17:26 | ||||
Покрај линкот погоре, тука може да се најде остатокот од фотките на Халперн. Којзнае уште колку има, дел од сликите од изложбата која ја сподели Џоле не се објавени на credo.
И овие се интересни: Edited by Staro Skopje - 05-Jun-2020 at 17:26 |
|||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|||||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #492 Posted: 05-Jun-2020 at 17:51 | ||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|||||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15037 |
Quote Reply #493 Posted: 08-Jun-2020 at 09:52 | ||||
Архитектонски медалјон на влезот во Градскиот парк
Градскиот парк во Скопје е најголемиот градски парк во Северна Македонија и со парк-шумата Гази Баба единствен од ваков обем. Градскиот парк датира уште од 19 век, а во периодот пред Втората светска војна во времето на најголемиот скопски градоначалник Јосиф Михаиловиќ е проширен, уредени се патеките и направени се фонтани. Паркот е дооформен по земјотресот во 1963 година, кога е и направен еден од најголемите технолошки зафати во земјава, регулацијата на коритото на реката Вардар. Градски парк кој го знаеме денес е направен во 1970 година, кога е завршен насипот на Вардар, а како круна на паркот во 1971 година пуштена е во употреба фонтаната „Лотос“. Градскиот парк денес зафаќа површина од 486 илјади квадратни метри и се простира помеѓу улиците „Ленинова“ на исток, булеварот „Октомвриска револуција“ на запад, реката Вардар на север и булеварот „Илинден“ на југ. ФОНТАНАТА „ЛОТОС“ ПОРТА НА ПАРКОТ Како и секој парк и нашиот парк има своја порта. Движејќи се со возило по овие улици единствено место кое гласно нè повикува и кое јасно им назначува и на оние кои случајно залутале во Скопје, каде се слави, почитува и архитектонски заокружува природата, а тоа во центарот на градот е фонтаната „Лотос“. Тоа е таа капија на паркот, свечена, акцентирана, каде ништо не е случајно. Тенденциозна, романтична сонувачка, елегантна, но модерна таа е онаа која нè повикува да пристапиме, да одмориме, да се забавуваме, да уживаме, да се чувствуваме свечено и важно. Истовремено да бидеме и дел од природата, но да бидеме и урбани. Фонтаната „Лотос“ не е носталгична, таа е храбра и современа, таа не се покорува, таа придонесува и го надградува и паркот и градот. Фонтаната е мошне вешто проектантски балансирана, подредена на паркот токму онолку колку што е потребно да ја нагласи неговата важност и умерено претенциозно нагласена за да го надополни паркот, како нов, современ елемент кој придонесува на неговата убавина. На местото на фонтаната пред нејзината изградба имало мочуриште, полно со убави бели цветови. И токму оттаму потекнува инспирацијата за проектантот, лотосовиот цвет. Фонтаната „Лотос“ е дело на архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец (1938-1982), која работела во Заводот за урбанизам и архитектура Скопје. Фонтаната уште пред нејзината реализација се очекувала со големо нетрпение и била најавувана во медиумите како најубава и најрепрезентативна во земјата. архитект Мирјана Милановиќ-Волињец (1938-1982) Токму онаква каква што била и каква што треба да биде и денес, ние поубава и немаме. Отворена е на 3 мај 1971 година со гламурозна вечерна свеченост на која покрај проектантот и градските власти присуствувале и голем број значајни гости, меѓу кои и легендарниот градоначалник на Белград Бранко Пешиќ, градоначалникот на Атина, англискиот амбасадор во тогашната Југославија, кој свечено ја пресекол лентата, пуштајќи ја во употреба, како и многу други видни гости. И тогаш се сечеле ленти, црвени, се пееле и песни, се сликале, но ленти се сечеле кога е создадено нешто капитално и вредно, а не за пешачки мост преку река за тежина од 100 килограми или засадена трева и понекоја жардиниера со елитистички пароли за грижата за зеленилото. отварање на фонтаната 3.05.1971 Фонтаната била предвидена со Планот за Градскиот парк, а плановите тогаш биле стручни, изработени врз основа на опсежни анализи од сериозни тимови составени од професионалци. А не како денешниве, кои се изработуваат по желба на инвеститори и сопственици на локации. Овие последниве, веројатно сè би дале на оваа локација да може да изградат некоја станбена зграда, се разбира со ситна структура на станови. Поставена е на плато подигнато со скали од улиците, со висина пријатна за чекорење. Фонтаната чие корито е со дијаметар 10 метри е централна тема на просторот, но не и централно поставена. Таа е настрана, отмено повлечена, како девојка од добра куќа, која е доволно забележлива, но не и претенциозна. Главната осовина е оставена слободна за визура, а главниот влез води директно кон споменикот на Гоце Делчев, дело на вајарот Љубомир Делчев, (велат дека имал македонско потекло), а подарок од градот Софија. Пјацетата се развива лево и десно од влезот, а фонтаната изгледа како лотосов цвет кој никнува од земја. Коритото е спуштено до партерот, иако во идејниот проект било предвидено да биде одвоено и претставува еден вид чинија на цветот. Од коритото се издигнуваат четири топки, една поставена централно највисоко и три пониски околу, формирани од прскалки за вода. Во времето кога е направена фонтаната била и технолошки и технички многу напредна, препознатлива и по својата игра на водата, која е составен дел на архитектурата, а проектот за водоводните инсталации е изработен од италијанската фирма „Алпина“ од Ферара. Во ноќните часови била фасцинантна со својата игра на светло и сенки, постигната и со просторната композиција и со осветлувањето. „Предвидено е фонтаната да изгледа како воден цвет – лотос, смирен по својот колорит, како да никнува од земја. Во долната чинија на фонтаната, која е и носител на цветот, водата непрекинато се движи, паѓајќи од ’листовите на цветот‘ и од т.н. водени толчници. Играта на водата се одвива во четири програми. Водата си игра меѓу цветовите со специјална структура на движењето на водените млазови“, изјавила архитектката Волињец за своето дело. ДЕЛ ОД УРБАНИСТИЧКИ АНСАМБЛ Но фонтаната не е сама за себе, таа е дел од цел урбанистички ансамбл и партерно уредување решено вешто од почеток до крај, без ништо, како што вообичаено денес бива, особено кога станува збор за партерите, препуштено само на себе. Тој ансамбл е формиран како заокружена целина, каде преовладува бела боја, која се истакнува во однос на зелената заднина, но и обратно, природата се истакнува во однос на белината, и овие две главни слики се надополнуваат, почитувајќи се меѓусебно. Околу фонтаната, по контурите на платото поставени се клупи, кои делумно го оградуваат просторот. Клупите се организирани во полукружно седење, создаваат полујавни-полуинтимни простори, повлечени за точно половина круг, кои овозможуваат собирање на група посетители која има можност да седи и ужива во просторот, еден вид соба на отворено. Формата на клупите е формирана од бетон, има свој препознатлив дизајн со закосени страни, аголот се отвора како оди кон партерот и се создава современа силуета со препознатлива контура и пријатна димензија. Во истиот манир се проектирани и жардиниерите (во некои растат и смокви), со еден збор секој елемент е проектиран, а не набавен преку јавна набавка. Материјалот е натур бетон, облагороден со мермерен малтер во бела боја. „Колоритот на фонтаната со бела боја ќе доминира во просторот, имајќи го како фонд богатството на зеленилото од паркот“, изјавила Волињец. Животот на архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец завршува ненадејно и прерано. Ни ја остави нашата фонтана за која професор Живко Поповски во ин меморијам издаден од тогашниот Сојуз на архитекти СДАМ, денес ААМ ќе напише: „Фонтаната во нескротен цвет, со партерно уредување на влезот во градскиот парк е естетска минијатура пред еден систем на просторно вреднување во облик на архитектонски медалјон, кој зборува во особена светлина за творецот, како исклучителна личност и страстен читач на животот“. архитект Волињец и градоначалникот на Атина ФОНТАНАТА Е СКОПСКА Оној кој е од Скопје и кој е малку повозрасен или во најдобри години, ја памети фонтаната во сиот свој сјај. Не постои скопјанец кој не шетал таму, не постои некој кој нема фотографии и спомени од својата младост или детство токму на ова место. Кога бевме деца на фонтаната нè носеа родителите да прошетаме и да ја посетиме, како споменик. Но не како било, туку сите облечени во најубавата облека и нови чевли. Играта на водата нè воодушевуваше, млазовите вода кои прскаа од топките беа бели и воздушести како пена. Големо доживување беше да се стави рака во коритото, во спротивно исто како да не си бил. Кога пораснавме одевме таму често, а мислам дека најчесто кога бегавме од часови и секој со своето друштво седеше на полукружните клупи, во својата соба на отворено. Фонтаната секогаш предизвикуваше радост, сите луѓе присутни во тој архитектонски ансамбл беа насмеани. Но фонтаната стивна, вода нема или тече тажно, руинирана е, направени се обиди за реновирање, сите до еден неуспешни, како обложување на коритото со сив гранит, веројатно донесен од некој магацин, останат од некоја јавна набавка, поставен вертикално, под прав агол, со што е изгубен потегот на закосување на оригиналното корито. На подот се поставени сиви, безлични плочки (од некое од оние спомнати реновирања), наместо оригиналните кои беа во две нијанси на слонова коска, со различна текстура, поставени во штрафти. Клупите се скршени, бојата излупена, целиот просторот е исчкртан со графити. Не дека не почитувам уметност на графити, токму спротивното. Сите оние кои велат дека графитите не се уметност, туку вандализам, гадно се лажат. Уметниците тоа го прават од чиста љубов и обично сакаат да пренесат некоја порака. Но ова што ѝ е направено на фонтаната е обично чкртање, порака за чист вандализам, несфаќање на нејзината вредност, непочитување, недостаток на домашно воспитание. ЗАРЕМ НЕ ИМ СМЕТА КОГА СЕКОЈДНЕВНО ЈА ГЛЕДААТ СОСТОЈБАТА? И сè ова не го велам со носталгија или жал за младоста. Ова го пишувам затоа што со ништо не можам да си објаснам две работи. Фонтаната „Лотос“ не е ниту прв, ниту единствен објект во градот, кој е вреден и значаен, а препуштен сам на себе и секој обид да му се подобри состојбата, најчесто е декларативен или по обичај завршува неславно. Едната работа која не ми е јасна е: Овој простор е буквално, ама буквално „пред нос“ на официјалните лица и на Град Скопје и на Општина Центар. Зарем не им смета кога секојдневно ја гледаат состојбата? Си велам, веројатно човек и на убавина и на грдотија се навикнува кога тоа му е секојдневие, па очигледно се навикнале, во овој случај на нашата бивша убавица. Втората работа е: Помодарството во повикувањето за што повеќе паркови и зеленило, па градоначалниците сакајќи да соберат политички поени, а мислејќи дека се авангардни и којзнае што прават, се сликаат со секое дрвце и трева и даваат изјави како на избор за Мис на светот. И тоа не е лошо, не е нешто особено важно, бидејќи решенијата се спорадични, но нека садат зеленило. Со години се прашувам зошто не ја реновираат најубавата, единствената вистинска фонтана во центарот на градот? Зачудува и факот што често се спроведуваат конкурси за паркови и се презентираат некои недоречени решенија со нејасни визуализации, а „Лотос“ никој не ја споменува. Бидејќи во животот често не е сè така како што изгледа, па ни 3Д анимациите, особено кај нас, како ќе изгледаат тие новопредвидени паркови сè уште не е многу јасно. Па така во меѓувреме може да се охрабрат и да нарачаат проект за реновирање на фонтаната „Лотос“. Не треба ништо особено да направат, треба само да состават проектна програма која ќе бара реновирање на фонтаната во сè според тоа каква била, тоа значи да не ѝ се прави ништо повеќе и ништо помалку. Сите ќе им бидеме благодарни, нема потреба да ја „разубавуваат“, само нека ја направат иста и само нека најдат пари. Впрочем тоа им е и работа, нели, менаџери на градот. А кога фонтаната, нашата дама, повторно ќе блесне со сиот свој сјај, е тоа ќе биде нов ветер на култура кон просторот, односот кон природата и почитување на вредностите кои ги имаме. Така ќе покажат дека разбрале, можеби не сфатиле, но покажале дека умеат да послушаат професионалци и да почитуваат. * * * Нека расцути белиот лотосов цвет со сета своја волшебност и убавина. Нека повторно нè запре и повика барем на миг, да му пријдеме и споделиме со него нешто наше носталгично, интимно и љубовно. Ја слушаме песната на водените самовили и божествената разнеженост на стотици и стотици капки по нашето лице и тело. Те посакуваме убавице како што и ти нас нè посакуваш. Со љубов , Игор Волињец (син на авторката) https://www.porta3.mk/arhitektonski-medaljon-na-vlezot-vo-gradskiot-park/?fbclid=IwAR3fDpIGZkCtQnw0eudn6m_ugY-C1QY_Gtk8dsTijczQdvnFFCAfxHK2nDU |
|||||
За сè има вторпат
|
|||||
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #494 Posted: 08-Jun-2020 at 11:30 | ||||
Нели сега брзо градските власти ја „обновуваа“ фонтатаната, зашто не е отстранет гранитот или пак обновен, зашто не се вратени топките на фонтата и зашто таа не прска вода во сиот свој сјај, ја паметам како дете во деведесетите ,не беше прекрасна, но беше многу поубава од денес.
|
|||||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #495 Posted: 08-Jun-2020 at 18:29 | ||||
Далечната 1969 година во текот на изградбата на новата зграда на гимназијата [Никола Карев].Зградата официјално е пуштена во употреба на 27.04.1970, а лентата била свечено пресечена од страна на тогашниот Министер за просвета. ⏳🎞
извор |
|||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #496 Posted: 12-Jun-2020 at 17:15 | ||||
По дома ми се врти планов со години, не знам зошто не сум го постирал, не знаев каде, па тука.
простете за резолуцијата, немав како да го скенирам не знам од која година е, никаде не пишува, ама детално се испишани сите улици и побитни институции, а впишани се и тогаш планираните, со испрекинати линии. Тоа што ми е чудно е што денешните постоечки булевари, на многу места имаат различни траси, некои блокови од населби направени пред осамостојувањето на Македонија ги нема Edited by zabegan - 14-Jun-2020 at 17:05 |
|||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #497 Posted: 12-Jun-2020 at 22:00 | ||||
image not found |
|||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||||
anonimen
Groupie Joined: 10-Mar-2012 Online Status: Offline Posts: 58 |
Quote Reply #498 Posted: 12-Jun-2020 at 22:47 | ||||
Vo pozadina se gledaat zgradite vo TC Leptokarija? Dali nekoj ima informacija koga e izgradena TC Leptokarija? Slikata e 1970 godina, a mislam deka Leptokarija e pustena I vselena kon krajot na 88,89,90 ili pocetokot na 90-setite? Ili spored formata ova se zgradite vo Taftalidze, od drugata strana na Bul.Partizanska? Edited by anonimen - 12-Jun-2020 at 22:50 |
|||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #499 Posted: 14-Jun-2020 at 17:01 | ||||
личи на блокот што е карши Лептокарија |
|||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #500 Posted: 14-Jun-2020 at 17:05 | ||||
|
|||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||
Post Reply | Page <1 2324252627 30> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |