build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје после земјотресот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 11-Feb-2009 at 19:32
Originally posted by beTon

сега она и кадарот со партизанска малку ме збунува знае некој за кој дел се работи, на момент ми заличи дека станува збор за партизанска но малку не ми држи вода тоа, иако ова кулава од лево ептен ми личи на онаа на симпо, но тие горе на крајот кај што треба да е пошта во тој случај воопшто не ми држат вода.

Тоа не е Партизанска туку е Бул. Кочо Рацин.

Интересно, во горниот дел се гледа Народна Банка (поранешен СОК, комплекс банки) во фаза на изградба.



Edited by Cloverstack - 11-Feb-2009 at 19:33
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 11-Feb-2009 at 20:11

Previous да вака ми држи вода, а она е јужен булевар доле попречно, токму поглед од водно, само уште хотелот или ресторанот да го лоцираме!    

досие: СОВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ ВО СКОПЈЕ - Со банките ќе се служат уште многу генерации - Дневник - 16.11.2004

Иако денес објектот не е она за што бил проектиран и банките што го изградиле веќе не постојат, тој може да се менува и да одговори на новите потреби

Потребата да се изгради комплекс банки во Скопје се јавила по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој се урнале објектите на Народна и на Југо-банка. Покрај тие две, инвеститори во комплексот банки кај железничката станица се и централата и филијалата на СОК (Службено општествено книговодство).

- Постземјотресниот план на јапонскиот архитект Кензо Танге предвидуваше кај Транспортниот центар да се изградат повеќе објекти. Веднаш до станицата беше предвидена Градска порта од високи административни објекти и трговски центри, од двете страни на булеварот. Откако ќе ја миневте станицата, портата требаше да значи дека сте влегле во градското подрачје. До овие објекти беше предвидено да се изгради зграда, во која ќе се сместат повеќе банки - раскажува архитектот Радомир Лаловиќ, еден од авторите на проектот.

Банкарите не се сложиле со идејата да бидат сместени во иста зграда. Тие барале да имаат посебни објекти, со посебни влезови и простории. Затоа архитектот Лаловиќ, со колешката Олга Папеш направиле идеен проект, според кој ќе се изградат три посебни згради, залепени една до друга, при што секоја имала посебна автономија и со еден заеднички низок објект, во кој предвиделе ресторан, амбуланта и други служби за заеднички потреби.

- Инвеститорите се сложија со нашата идеја, но не и градските татковци, зашто проектот беше спротивен на концептот на Танге. Затоа, градските власти чекаа Танге да го одобри. Тој го виде и го прифати и тогаш со колешката Папеш го изработевме и главниот проект за банките - вели Лаловиќ.

Тој тогаш бил проектант во Институтот за студии и проектирање "Бетон", при истоименото градежно претпријатие. Проектот се работел во текот на 1967 година. Авторот раскажува дека во текот на проектирањето имал проблеми со инвеститорите, кои не умееле да ги усогласат желбите и идеите. Проектантите морале да го намалат нивото и да го направат проектот поевтин, зашто банките не биле еднакво финансиски моќни. Затоа ги симнале стандардите и ставиле поевтини материјали.

- Сакавме внатре да има простории со т.н. "пејзажно уредување". Тоа е кога целиот кат е отворен, нема никаде прегради, ниту ѕидови. Сите вработени се заедно, во една голема просторија, одделени меѓу себе со цвеќиња, паравани и сл. Канцеларии требаше да има само за директорите. Тоа е можно затоа што нема столбови на средината, објектот е проектиран така што носечките столбови се на периферијата, на аглите на зградите. Идејата за пејзажното уредување не се реализираше комплетно. Откако се изградија објектите, надлежните во банките решија да подигнат ѕидови и да го поделат просторот на канцеларии - вели Лаловиќ.

Изградбата завршила релативно брзо, но застој во работата предизвикало поставувањето на централната климатизација. Зградата година и пол стоела во карабина, додека швајцарската фирма што го добила тендерот поставувала климатизација. И покрај напорот, таа никогаш не профункционирала како треба, поради технички проблеми.

- Затоа подоцна вработените почнаа да монтираат клима-уреди, кои многу ја нагрдуваат фасадата и го нарушуваат концептот на објектот - вели авторот.

Според проектот, на најгорните катови се изградени сали за конференции. Додека се граделе, граѓаните мислеле дека таму ќе бидат сместени трезорите. Тие се долу, под земја, а во нив може да се влегува и со возила, од страната што гледа кон Вардар. Трезорите исто така ги опремила швајцарска фирма, според сите тогашни стандарди.

Објектот е висок 56 метри, највисоката зграда има девет ката, средната седум, а најниската пет. Фасадата е од натур бетон, материјал што многу се користел при градењето во тоа време.

Нискиот објект е шалтер-сала, составена од приземје и галерија, предвидена за 160 работни места на пулт.

Кога се изградил комплексот, во него секојдневно се слевала река од луѓе, кои ги извршувале секојдневните банкарски обврски.

- Денес објектот не е она за што беше проектиран. Банките што го изградија веќе не постојат. Сега таму се сместени Народната банка на Македонија, Платниот промет и Централниот депозитар. Тоа покажува дека објектот може да се менува според потребите и сигурен сум дека ќе доживее со него да се служат уште многу генерации - вели Лаловиќ.



Edited by beTon - 11-Feb-2009 at 22:50
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 11-Feb-2009 at 20:34

еве уште еден спот од Јонче, но пред тогаш сеуште непостоечката Мавровка, се гледаат зградите на битпазар, основен 1 и врховен суд, МКЦ 25Мај, а телевизија најверојатно е во изградба!

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 11-Feb-2009 at 20:44
Не приметив дека веќе сте ја разрешле дилемата Bonk а веќе ја направив сликава па ај да не се фрли


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 11-Feb-2009 at 20:49
И првиот спот е интересен но вториот е вистиска драгоценост. Одлични материјали бетон Thumbs%20Up
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 11-Feb-2009 at 21:17

па браво за аристотел пиперката што ги начекал на трета и ги качил на нет!

навистина ова вториов клип е раритет од детството ми имаат останато во глава тоа светлечките знаци по раскрсниците!

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 11-Feb-2009 at 21:58
И пак ќе констатирам, многу многу почисто изгледало Скопје тогаш. Одлични материјали Бетон. А дилемата каде е снимано, можам да констатирам само дека сигурно не е поштенското, бидејќи тоа е доста повисоко, а и ова е тереса на некој хотел. Остануваат како варијанати Панорама или Средно Водно.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 22-Feb-2009 at 17:31

мала корекција, во овој пост имав наведено лоши координати за епицентарот на земјотресот, т.е. ги постирав тие од вики, сега е корегирано точните координати се 42.10N 21.40E  www.iris.edu/seismo/quakes/1963skopje/

во контекст еве интерсен pocket guide за скопскиот земјотрес

The 1963 earthquake

In its long history, Skopje has been struck several times by devastating earthquakes, most recently on July 26, 1963. At 05:17 on that day, a 20-second tremor measuring 6.9 on the Richter scale hit the city, killing some 1,100 people and making an estimated 120,000 people homeless. About 80% of the city's buildings were destroyed or made uninhabitable. The quake is still very recent in memory and everyone in Skopje who was alive at the time will have a story about it. The pompous 1930s National Bank and the Army House from 1929 at the southern end of the Stone Bridge were destroyed, as was the large National Theatre from 1927 on the northern bank below the fortress. The large administrative buildings of the fortress and many of the old walls and towers collapsed. In the old bazaar area, many monuments including mosques, hans and hamams suffered damage. In the centre, the remaining half of the train station building was preserved as a memorial to those who died, with the clock stuck at the time of the quake. The city centre was hit badly, although it would go too far to say the earthquake dramatically changed the way the city looked. Until that time, Skopje's centre still was mostly filled with small and unremarkable houses, and the local authorities had already cleared old neighbourhoods away to make place for 1950s high-rise buildings including the ugly blocks lining Bitpazarska, buildings that date back from well before the earthquake. The rebuilding of the city after the disaster continued along the same lines, with lots of modern, large apartment blocks lining the sides of wide new roads. After the earthquake, a massive international relief effort helped the rebuilding of Skopje and many countries from both east and west gave generous donations. The Romanians built a hospital, the Poles built the contemporary art museum (which was filled with works donated by the artists) etc. The Japanese architect Kenzo Tange won the UN competition for re-planning Skopje, with a master plan that envisioned a city wall of high-rise blocks surrounding the centre, mirroring the fortress walls. His original designs were completely out of this world (see pictures at www.ktaweb.com/works/en_scopje.html) and were never executed, but they did build a depressing grey wall ring around the southern part of the centre which has actually changed the microclimate, stopping cold wind descending from the mountains. Look for the ring when viewing the city from the fortress or Mount Vodno.

www.inyourpocket.com/macedonia/skopje/feature/56043-the_1963_earthquake.html?more=1

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7782
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 22-Feb-2009 at 17:44
најтажно ми е што станбените блокови збришале цели маала и прекрасна архитектура уште прд земјотресот
тоа е едноставно жално, да замениш историска архитектура со станбени блокови кои денес го нагрдуваат центарот
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 22-Feb-2009 at 18:14
ова на првава слика не е зградaтa спроти ГП.Илинден на  ќошот на Свети Климент Охридски и Димитрие Чуповски, онаа до драмски мислам спортлајф го преселија таму. 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 22-Feb-2009 at 19:48
Originally posted by beTon


Згадава е помегу гимназијата Ј.Б.Тито и кулата на Плоштад Слобода, прекопат Аеро клуб
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 22-Feb-2009 at 20:00

да тоа е таа, само јас малку поинаку ја ориентирав не сакајќи да му го спомнувам името на маршалот!             

_____________________



Edited by beTon - 02-Mar-2009 at 16:13
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 15-Mar-2009 at 19:51

бидејќи досега на повеќе пати се јавуваат недоумици кој е крив за нереализираниот план на Танге, од тоа дека самите ние сме криви за денешната почната и незавршена ситуација од мастер планот на Танге, па до тоа дека тиле и ко голем дел од средствата од ОН фондот ги пренасочиле во централната каса, затоа еве нешто инфо и околу големината на средствата кои биле "однесени" за Скопје од ОН.

www.meseisforum.net/1963_skopje.pdf

...

Funds used for reconstruction of the city of Skopje are estimated at 980 million US dollars of 1963 which was about 15% of gross national product of former Yugoslavia for 1963, considered as an exceptional and unique effort in disaster mitigation in the World scale. Today in 2003, forty years after the July 26, 1963 Skopje Earthquake total amount of Funds used for reconstruction could be estimated at 2.5 to 3 billion US dollars of 2003

значи од горниов текст можам да извлечам заклучок дека само во ’63 биле издвоени тогашни една милијарда долари, споредено денес минимум со фактор 10 тоа ќе му дојде како денес  да имаме на располагање минимум 10 милијарди долари, карикирам, може да станува збор и за дваесет пати поголема вредност, со оглед дека истата таа валута тогаш била и далеку појака од сите останати, а исто фактор се цената на материјалите и работната рака кои тогаш биле прилично ефтини.

е сега колку денес може да се направи со минимум десет милијарди долари,   тоа навистина не би сакал да нагаѓам, но сигурно дека далеку повеќе од она што го имаме денес на терен останато од мастер планот на Танге.

инаку некои велат  оригиналниот план бил жртва на трансформирање   на југословенската народна одбрана во оперативна армија  (кај нас трета) и територијална одбрана, па за нашиот дел средствата ги обезбедила обновата на скопје,  а некои велат дека отишле за градење и на југословенската престолнина, но во недостаток од докази (што тешко и дека во блиска иднина ќе се обезбедат) ова ќе остане јавна недоумица, освен јасниот факт дека "многу имало", но "малку завршило" во СК. еве еден афирмативен текст од Мак.Сонце за обновата на СК, кој доловува колку навистина од оние една милијарда  долари завршиле во СК

...Во Обединетите нации бил формиран посебен фонд за обнова и за изградба на Скопје. На овој и на други начини на Скопје  му при стигнала помош од странство во износ од 347,9 милиони динари во тогашна вредност

М.Сонце - Милева Лазова - 27.07.2007

 

од подолниов текст пак може да се извлече заклучок колку и како се работело на строга имплементација на планот на танге, но и тука нема многу инфо околу отстапките и измените кои се извршени во мастер планот на танге од страна на доксијадис од атина и кој и зошто тоа го одобрил!незнам само зошто архитектите се обидуваат да ги обвинат своите колеги од минатото, кои е повеќе од јасно дека работеле според директива, но сигурно не од танге, туку од централната(сојузната) власт.

Скопје по Кензо Танге: Град на изневерените надежи

Скопје доживеа невидена катастрофа. Но Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата заедница. Тоа ќе биде гордост и симбол на југословенската и светската солидарност. Само ден по катастрофалниот земјотрес што разурна 85 отсто од центарот на градот и однесе многу жртви, ова го изјави претседателот на тогашната СФРЈ Јосип Броз Тито.

И покрај обидите неговата визионерска порака да се отстрани од разурнатиот ѕид на старата железничка станица каде што стоеше со децении, таа се уште јасно се гледа. Денес, 45 години по несреќата, оние без политички и други фрустрации ја читаат како опомена дека Скопје и скопјани на некој начин ги изневерија тие што без двоумење им дадоа помош. Други пак, задоволни од самото тоа што се во големиот град го тераат животот игнорирајќи го тоа што Скопје не е “под конец”, како што замислил постземјотресниот планер Кензо Танге, што се гуши во сообраќаен хаос и нечистотија, што на секое празно ќоше никнува по некоја чудна градба...

Каква е денес македонската метропола која со несреќата од пред четири и пол децении доби и уникатна шанса да стане убава и модерна, убаво илустрира изјавата на професорот на Техничкиот универзитет во Виена Јоханес Фидлер, кој имаше свое излагање на неодамна одржаниот Форум “Скопје 2008”. Тој рече дека Скопје имало две катастрофи: земјотресот и урбанистичките решенија. Токму тој форум, ако не пошироко, барем на архитектонската јавност и ја освежи меморијата дека Скопје ја носи одговорноста да се идентификува како симбол на меѓународната солидарност. Всушност, без разлика дали спонтано или намерно, се почна така, со таа идеја. Уште несоземен од последната катастрофа градот доби понуда и помош повторно да заживее во еден нов облик. Архитект Мимоза Томиќ се присетува дека првите дилеми по земјотресот биле дали да се обновува разурнатото или да се гради ново, модерно. Одлуката била во рацете на сојузните власти и тие се решиле за втората варијанта. Тогаш, и никогаш повеќе во својата историја Обединетите нации од својот специјален фонд одвоиле средства за обнова на градот, а на распишаниот меѓународен конкурс победил урбанистичкиот план на Јапонецот Кензо Танге. Томиќ вели дека ова решение не било прифатено само од жирито, туку “му симнале капа” и останатите учесници на конкурсот. Во годините што следеле почнал да се реализира неколку пати преработуваниот план на Танге, но и да се прават првите отстапки од него. Градскиот ѕид кој требало да го маркира центарот, кој патем речено во некоја форма го имало уште изграден, што денес може да се почувствува. “Градскиот ѕид е многу критикуван затоа што е монолитен. Но, не е таков според проектот на Танге. Дел од вината за тоа имаме ние архитектите, а другиот дел е на СИЗ за домување, кој сакаш е да продаде што повеќе деловен простор. Така се затворија пасарелите, воздушните премини, па имаме само мали премини само таму каде што е потребно. Нема аерација, која беше предвидена и на мезанините”, вели Томиќ. Според планот на Кензо Танге, изградена е новата железничка станица, но не и градската порта покрај неа, која требало да биде мултифункционална со станбени и бизнис блокови во центарот. Била предвидена и зграда за носителите на власта, а тоа што не е изградена и денес се чувствува како проблем, зашто министерствата се распрскани низ градот. Од планот на Танге не се изградени ни содржините од левата страна на Вардар, а многу недоследно и не до крај се реализирани прецизните сообраќајни решенија. Томиќ смета дека со нашите урбанистички пропозиции сме го укрутиле целиот проект на Танге.

Хрватската архитектка Инес Толиќ, која подготвува докторски труд за урбанистичкиот проект за Скопје на Кензо Танге, вели дека со резолуцијата на ОН од 14 октомври 1963 година, со која сите нејзини агенции и земји членки биле повикани да дадат секаква помош, Скопје дефинитивно станало симбол на интернационалната солидарност. “На 26 јули годинава ќе биде 45-тата годишнина од земјотресот. Историјата на реконструкцијата е скоро заборавена, стана еден вид легенда. Скопје не е направено ниту според првиот проект на Кензо Танге, ниту според другите верзии на мастер планот правен по земјотресот. Скопје не стана споменик на интернационалната солидарност и најимпресивно потсетување на земјотресот е полууништената зграда на Музејот на град Скопје”, констатира Толиќ.
...
Порта3 - Светлана Вукчевиќ - бр 84

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 21-Mar-2009 at 18:15



Edited by beTon - 21-Mar-2009 at 19:55
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 21-Mar-2009 at 19:17

Повеќето од овие се веќе постирани на првата страна. Избегнувајте репостирање без потреба.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 04-Jun-2009 at 23:36
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 11-Jul-2009 at 19:09
Превземени неколку слики од фликр галеријата на Владо Дамјановски. Сите се од периодот 1976-1978. Човекот изгледа си го дигитализира семејниот албум така да се работи за "ексклузивни" слики, различни од оние стандардните кои се вртат постојано и сме ги виделе по 100 пати. Галеријава постојано расте така да верувам ќе излезат уште интересни материјали Cheers

1 Камени мост

2

3 Телеком. Поштата уште не е изградена

4 Мислам дека блоковиве се во карпош но не сум сигурен

5 Видете колку уредно/убаво е се осветлувањето. Денеска истата рутинска комунална работа ни ја претставуваат како 'rocket science'

6 Од МКЦ кон центар

7 Дали се ова кулите на Кочо Рацин? Неможам никако да се ориентирам

8 Мојот фаворит . Оригинал "билдерска" фотка од 70те години Thumbs%20Up. Сликано некаде карши универзална сала со ориентација кон телеком

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7782
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 13-Jul-2009 at 00:44
7. Да тоа е на Кочо рацин, на сликата се гледаат куќите од ново маало, а во позадина е зградата на крајот од паркингот, каде што денес има слика од старо скопје
5. ако мислиш конкретно за осветлувањето на ѕидчето на кејот тогаш се согласуваме Thumbs%20Up
1. Леле, колку била освежена Ристиќева, сум заборавил дека толку беа црни зградите низ градов, ако не грешам не беа реновирани до пред околу десет години
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1169
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 25-Jul-2009 at 12:09

Неми сведоци на предземјотресното Скопје



%20

 

Градот загуби многу репрезентативни објекти во земјотресот од пред 46 години. Сепак неколку градби останаа за да ги раскажуваат приказните за животот пред 1963 година

 
 
%20  

Ги нема веќе Офицерскиот дом, Народната банка, Стариот театар, половина железничка станица и многу други објекти. Скопје во земјотресот од 1963 година загуби речиси 70 отсто од значајните градби. Некои од нив се обновуваат, други се градат во современа варијанта, а повторната изградба на дел објекти е или неизвесна или невозможна.

Сепак, не беше сé загубено во кобниот час пред 46 години, во 5.17 часот наутро на 26 јули 1963 година. Многу објекти се урнаа како кули од карти, но, за чудо, опстанаа репрезентативни градби со кои градот и денес се гордее. Ристиќевата палата, домот „Ибни Пајко“, хотелот „Бристол“, Арапската куќа и зградата на „Метропол“, денешна „Сити галери“, ја преживеале катастрофата. Останале речиси сами во своите маала, опкружени единствено со урнатини. Паднале дури и зградите што биле залепени до нив, но тие не. Опстануваат и понатаму да сведочат за тоа како изгледало предземјотресното Скопје, град што според многу негови стари жители е загубен засекогаш. За среќа, овие маркантни градби сé уште ги раскажуваат скопските приказни од пред 1963 година.


ПРВАТА ЗГРАДА СО ЛИФТ


Домот „Ибни Пајко“, по кој било наречено Пајко Маало, е првата станбена зграда направена на левата страна на реката Вардар, во 1938 година. Во неа првпат во Скопје бил вграден лифт. Се наоѓа веднаш до Камени мост, а градена е во стилот на архитектот Корбизје. Ја направил познатиот трговец Ибни Пајко, кој ги користел становите за издавање, но имало и социјални седишта. Порано зградата била бојадисана во црвено и целосно се вклопувала во поранешниот плоштад „Црвена вода“.


ЕРМЕНЦИ ЈА НАПРАВИЛЕ АРАПСКАТА КУЌА


Арапската куќа, позната и како хотелот „Јадран“, се градела од 1936 до 1938 година. Таа била во сопственост на Агоп и Агавни Дикинџијан, богати трговци од Ерменија. Во времето кога била изградена палатата, нејзината надворешност била вистинска сензација за граѓаните на Скопје, кои дотогаш немале видено такви градби. Арапската куќа била изградена на два ката, со шарени полуелептични џумлаци, а на покривот наместо ќерамиди имало стаклени кули. Во објектот гостите влегувале преку масивна железна врата на која биле изгравирани иницијалите А.Д. Внатрешниот дел на куќата бил поставен со унгарски паркет, со жолто-зелени и со црвени стакла и со црвени мермерни скали.


ХОТЕЛ НАМЕСТО КАРВАН-САРАЈ


Хотелите во предвоено Скопје биле далеку од вистински хотели според удобноста и хигиената, но сепак биле подобри од карван-сараите. Имале по најмногу десет соби, со по неколку скромно наместени кревети, а долните катови биле кафеани што се нарекувале „локантри“ или „бирарии“. „Бристол“ бил еден од најугледните хотели во тоа време, со сопствена гаража и со телефонски приклучоци. Денес е единствен угостителски капацитет што опстанал од предземјотресниот период и што може да сведочи за хотелиерството во минатото. Го изградиле браќата Караџа во 1924 година.


КАФЕАНА СО ЛИМИТ


Васа Аврамовиќ бил газда на познатата кафеана „Метропол“, сместена во денешниот објект на стоковната куќа „Сити галери“. Била најпосетен објект во своето време, бидејќи нудела добра храна, услуга, пијалаци и музика. Гостувале „Трио Орлов“ со репертоар на „Мјузикл хала“ и кабаре со раскошна гардероба и акробатски балетски точки. Во неа можеле да влезат само богатите, но постоел лимит колку смееле да потрошат за една вечер.


ПАЛАТА СО БАЊИ НА СИТЕ КАТОВИ


Ристиќевата палата на плоштадот „Македонија“ е еден од најчестите објекти на разгледниците од Скопје. Изградена е во 1926 година и била во сопственост на аптекарот Владислав Ристиќ. Проектот го направил архитектот Драгутин Маслаќ, а скулптурите ги изработил Данило Станковиќ. Зградата имала деловни простории во приземјето, а станови на катовите. Заедно со околните куќи биле една целина, која се разрушила во земјотресот. Становите уште пред 80 години имале сопствени санитарни јазли и бањи на сите катови, како и фрижидер со мраз и домашни телефони, луксузи незамисливи за тоа време.




Само среќата ги спасила

Тоа што ги зачудува повеќето денешни жители на главниот град е како останале овие објекти додека сé околу нив се уривало. Експертите знаат дека порано не се внимавало многу на сеизмичката издржливост на градбите, па немаат некое посебно објаснување за тоа чудо. Велат дека била чиста среќа што овие згради и денес ги имаме во градот.

Архитектот Мирослав Грчев вели дека во тоа време само за објектот на „Метропол“ се знаело дека може да издржи земјотрес.

- Архитектот Милан Злоковиќ ја имаше направено таа зграда според најсовремените стандарди. За другите објекти среќата била главниот фактор, односно линиите на магнитудата. Со други зборови, некаде земјотресот удрил посилно, а некаде послабо - смета Грчев.

Михаил Гаревски, директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), смета дека уривањето на зградите е феномен што не може секогаш да се објасни.

- Што ќе се урне, а што ќе опстане зависи и од материјалите користени при изградбата, како и од тлото, кое може да го засили или да го забави ударот. Проблемот со скопските градби беше што се градеа со вертикални носечки ѕидови. Затоа паѓаа цели катови - објаснува Гаревски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7259102271&id=14&setIzdanie=21747
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 25-Jul-2009 at 17:20
Уште неколку слики од Владо Дамјановски

1. Мостот Гоце Делчев

2. Поглед кон камени мост

3. Од Зајчев рид кон воена болница

4. Од Зајчев рид кон Карпош 4

5. Улицата кај Драмски театар ноќе

6. Партизанска ноќе

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.