build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје после земјотресот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Скопје после земјотресот
    Posted: 07-Dec-2007 at 18:50

Ех, камо не остана само макета...


Еве, ексклузивно за вас, најретката макета од Скопје. Некои работи стануваат многу појасни кога ке ја разгледате убаво . Ке има уште, се надевам со подобар квалитет, зошто сликав со ВебКам, бидејќи немам скенер или многу, многу прецизна рака па да го прецртам Smile
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Dec-2007 at 19:00
Previous

Master Master Master Master Master


Човече, одавна копнеам по вакви материјали! Ќе ти го поклонам мојот апарат само земи испосликај поубаво LOL

Инаку зачудувачко е богатството на информации кое може да се добие од макети. За жал кај нас одавна на никого не му паднало на памет да се занимава со такви работи... Roll%20eyes

Претпоставувам дека оваа макета е една од подоцнежните ревизии на планот на Танге. Има некои работи кои многу повеќе ми се допаѓаат од денешниот „мал ринг“.

Cheers
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Dec-2007 at 19:24




Уживајте...ако можете да видите нешто. Чекам коментарииииииииииCheers
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Dec-2007 at 19:30
La linea, твоите слики дефинитивно заслужуваат посебна нишка, а ионака не се вклопуваа сосема во комиблок колекцијата. Се надевам не ти смета што отворив нова тема и што ги префрлив тука.

Тука ќе може да постираме и други пост-земјотресни фотографии и планови на Скопје Cheers
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Dec-2007 at 19:37
Ооо, ти ласкавецуу LOL

Инаку, добра ти е идејава. Thumbs%20Up
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Dec-2007 at 19:38
Originally posted by La Linea


Уживајте...ако можете да видите нешто. Чекам коментарииииииииииCheers



Може да се види доволно за да се забележат некои интересни детали. Ми паѓа криво што не сум живеел тогаш па да сум можел да го пратам целиот тој градежен бум и преобразба на градот. Материјаливе ти се право богатство! Thumbs%20Up

Заклучокот сепак се сведува на тоа дека во изградбата на Скопје премногу сме ги менувале концептите (и ден денеска продолжуваме), па резултатот е далеку од тоа што можел да биде.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Dec-2007 at 20:09
Некои од вас веќе ги имаат видено овие, ама не е на одмент да ги имаме и тука на форумов. Јас би рекол дека овие се 2 од пораните верзии на планот:









Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Dec-2007 at 20:21
Еве и една ретро колекција (1970-1985). Ако добро памтам фотките ги најдов на сајтот на една од нашите градежни компании.


1. ГТЦ


2. Тогаш Стопанска, сега Комерцијална банка


3. Технометал


4. Интекс


5. Нова Македонија


6. ПТТ


7. Внатре во ПТТ


8. Музеј на современа уметност


9. Кула во градски ѕид


10. Во тоа време интересен стамбено-деловен концепт, денеска за жал градот е преплавен од вакви и уште ги градиме...


11. Жито Лукс


12. Олимписки базен


13. Базен Карпош


14. Рекреативно езеро Треска
[/QUOTE]



Edited by Cloverstack - 11-Jan-2012 at 02:59
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Dec-2007 at 20:25
@ La linea - Се надевам имаш уште доста материјали. Дефинитивно треба да се снајдеме за да ги презентираш во поквалитетна форма. Cheers


@ pbanks - Памтам дека ти имаше една или две уникатни панорами на Скопје (мислам се гледаше изградбата на МТВ). Да ги најдеш и да ги постираш, иначе не те сметам за чоек! Big%20smile

Edited by Cloverstack - 07-Dec-2007 at 20:26
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Dec-2007 at 20:43
@La Linea BowMaster

Долго време се занимавам со прибирање на ваков тип на материјали за Скопје но на твојава монографија не сум налетал. Право богатство. Квалитетот на сликите е супер како за прва помош но овие раритети имаат толкава вредност што ќе биде редно во некоја не толку далечна иднина да се сретнеме на пиво и цел овој материјал да го дигитализираме како што треба со скенер. Се надевам дека имаш уште роба

@Cloverstack добијаш друже само да ги ископам од мојов хаотичен хард диск Big%20smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Dec-2007 at 20:47
За почеток... Clover мислам дека ни ти ја немаш видено оваа до сега, скоро ја добив пред 2 недели.... Градски ѕид, Дом на АРМ и Пелагонија U/C Big%20smile




Edited by pbanks - 07-Dec-2007 at 20:48
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 07-Dec-2007 at 20:58
Еве најдов уште една... МТВ и ЗОИЛ (денеска QBE) U/C


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-Dec-2007 at 21:10
Originally posted by pbanks

Еве најдов уште една... МТВ и ЗОИЛ (денеска QBE) U/C



Нешто се случува и кај трговски, а можеби и кај МНТ... За жал не се гледа добро. Знаеш ли од која година е ова?

Би било добро да најдеме извор на информации во кои периоди се градени позначајните објекти во градов. Не само како податок сам по себе, него и ради идентификација на вакви слики. La linea, нели има такви податоци во твојата монографија? Ај нека постира некој ако има Smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Dec-2007 at 21:14
Па МТВ е градено цели 10 години, 1978-1988 (иако главниот дел е направен до 1984/86 некаде). Според сликава веројатно се работи за 1978-1980. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-Dec-2007 at 21:17


Тогаш што ли е она кај трговски. Сигурно тој е комплетиран порано.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 07-Dec-2007 at 21:18
Еве најдов краток историјат за зградата на МТВ кој има малку различни информации од моите но тука сме. Да подсобереме малце материјали може да направиме вакви досие-threadovi за побитните градби во Скопје.

ДОСИЕ: СОВРЕМЕНИ ГРАДБИ ВО СКОПЈЕ
Во објектот на МРТВ не е вложен ниту еден државен денар
Со своите 19 ката и 90 метри височина, се смета за една од највисоките згради во Скопје и во Македонија

Проектирана три и градена осум години, зградата на Македонската радио-телевизија од почетокот на осумдесеттите години претставува маркантно архитектонско обележје на метрополата. Со своите 19 ката и 90 метри височина, се смета за една од највисоките згради во Скопје и во Македонија.

- Токму големината е најчестата забелешка што се упатува на сметка на зградата. Сите решенија во врска со објектот се направени врз основа на технологијата што постоеше во тоа време. Првиот магнетофон што го купи Радио Белград зафаќаше една поголема соба. Сега со дигитализацијата, техниката на МРТВ ќе се смести на далеку помал простор, но тогашните услови налагаа да се направи голем објект - вели Кирил Бабамов, кој бил раководител на секторот за проектирање и изградба на радио-телевизиски дом.

Потребата да се изгради нов објект се појавила по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога паднал и тогашниот објект на Радио Скопје, а сите екипи се преселиле и емитувале од шатори и од бараки во Нерези.

- Кога се правеше новиот план за градот, добивме многу добра локација за објектот. Формиравме експертска група, составена од инженерите Кирил Ацевски, Кирил Петровски и Крсто Ристовски, која направи идеен проект. За него се консултиравме во поголемите европски ТВ-куќи и од сите добивме позитивно мислење. Врз основа на тој концепт, проектантското биро на "Бетон" изработи и главен проект. Одговорни проектанти за подготвувањето на инвестициско-техничката документација беа Кирил Ацевски, Нако Манов и Харалампие Јосифовски - вели Бабамов.

Проектирањето траело од 1971 до 1974 година, кога почнала изградбата. Главни изведувачи биле "Маврово" и "Пелагонија". За полесна работа и координација, на градилиштето бил подигнат привремен објект за сите проектанти, инженери и консултанти, за да можат да ги решаваат проблемите на самото место.

- Од архитектонски аспект, се работи за современ објект со висечки фасади од стакло и мермер и од алуминиум. Граден е според сите технички стандарди и прописи. Зградата е направена со контрола на ИЗИИС, а кога се изгради армирано-бетонската конструкција, врз неа се изврши тест за издржливост на земјотреси - вели Нако Манов, еден од проектантите.

Објектот е составен од четири блока - музички и радиостудија, драмски и телевизиски студија и кулата како административен објект. Има вкупно 14 други студија. Тие наменети за драмата, не се изградени. Телевизиските имаат површина од 400 квадратни метри, а околу нив има повеќе помошни простории - шминкерници, одаи за одмор и сл. Во едно од музичките студија можат да се сместат оркестар и хор, составени од 120 луѓе и 50 луѓе публика. Два ката од објектот се отстапени за кинотеката.

- Музичките студија се градени 11 метри под земја и достигаат три метри под нивото на Вардар. Имаат по три пода и по три ѕида и големи акустични врати, тешки по четири тона, колку што тежат и светлата. Опремата во студијата е англиска, француска и германска - вели Бабамов.

Парите за изградбата на комплексниот објект ги обезбедила МРТВ, дел од Дирекцијата за обнова на Скопје по земјотресот, а другото од кредити.

- Од државни пари, за објектот не беше потрошен ни еден тогашен денар - завршува Бабамов.


http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2592&stID=42310
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 07-Dec-2007 at 21:22


Текстов ја расчистува мојата дилема Thumbs%20Up Веројатно тогаш го привршувале трговски...




А ваков бисер не им требаше LOL

Со своите 19 ката и 90 метри височина, се смета за една од највисоките згради во Скопје и во Македонија


Edited by Cloverstack - 07-Dec-2007 at 21:54
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 07-Dec-2007 at 21:41
не би биле они без некој бисер... Зарем е толку тешко да ги пребројат катовите Bash
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Dec-2007 at 13:47
Макета за стоковна куќа „МОСТ“, денес многу помала од оваа верзија  ми се чини







Македонски народен театар U/C






Тha babes of Skopje


Edited by La Linea - 08-Dec-2007 at 14:36
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Dec-2007 at 13:53
Администратори, очигледно настанала некоја ужасна збрка во постов, па би бил благодарен ако се избрише под итно. Suicide
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.093 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.