build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопје после земјотресот
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје после земјотресот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 19202122>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 30-Dec-2015 at 10:39
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 23-Jan-2016 at 11:23
Преземено од форумот ЅЅС. Изградба на монтажната населба Бутел 2 по земјотресот.

Originally posted by lovac;130203271

Izgradnja montažnog naselja Butel II poslije potresa.





Edited by Џоле - 23-Jan-2016 at 11:23
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 25-Jan-2016 at 23:49


Како идеше она... мртво, сиво, бездушно!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 26-Jan-2016 at 02:18

душата и колоритот на еден град се состојат во неговиот народ... Скопје е мртво најпрво поради луѓето во него
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 26-Jan-2016 at 20:20
Ај сеа ти одма контра во другата крајност.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 26-Jan-2016 at 22:13
Originally posted by fichot

Ај сеа ти одма контра во другата крајност.
зошто друга крајност? на сликава нема некоја прекрасна архитектура, едноставно луѓенцата на нејзе ја прават подобра
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 28-Jan-2016 at 01:48
Па и тогаш и сега и понатаму ќе има луѓе(нца?) на плоштадот.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 29-Jan-2016 at 02:26
Originally posted by fichot

Па и тогаш и сега и понатаму ќе има луѓе(нца?) на плоштадот.
да, ама многу помртво е и со луѓето... сеуште си пресметувам зошто е така
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 29-Jan-2016 at 18:10
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 31-Jan-2016 at 21:35
Од линкот на Старо Скопје, кој објави стари фотографии од зградата на владата, ископав неколку интересни фотки...

Населба Ѓорче Петров, 1970 г.





Центар, делегацијата на Ј. Б. Тито









кај хотел Континентал





раскрсницата кај денешна Мавровка



Скопскиот аеродром







нас. Карпош



Јованка Броз го посетува олимпиското село







нас. Центар











Вила Водно



Бит Пазар



Скопската чаршија







Автокоманда, 1978 г.



Скопскиот аеродром, 1963 г.



Скопската железарница, 1967 г.





1969 г.









1970 г.







http://www.foto.mij.rs/site/tag/mesto/40/1
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 17-Mar-2016 at 13:55
Од галеријата Беше еднаш Југославија на Off.net.mk, фотки од поранешна Југославија и Скопје од 1970-те години и макетите на Кензо Танге.
 
Колку само биле оперирани од памет и од вкус тогашните архитекти, знаат само овие денешниве таканаречени архитекти кои се занимаваат со гипсан неокласицизам.
 
http://off.net.mk/galerii/beshe-ednash-jugoslavija
 

 

 

 

 

Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 17-Mar-2016 at 14:40
Која џамија се наоѓала на местото на денешната црвена судска палата?

http://www.foto.mij.rs/media/cache/resizedh640/media/photos/photo1/1972_506/1972_506_070.jpg
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1147
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 17-Mar-2016 at 14:46
Елен Капан (Yılan Kapan). Срушена околу 1979 поради големо оштетување во земјотресот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 23-Jun-2016 at 07:49
1985 година





фото: @rudibr (твитер)
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1147
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 08-Sep-2016 at 10:38


Автор: Едвард Равникар

Соработници: Мајда Крегар, Ана Мавко и Едо Равникар

Година: 1965

Извор: „Еdvard Ravnikar, architect and teacher“ – Aleš Vodopivec, Rok Znidarsic, 2009; „Skopje resurgent” – United Nations, New York, 1970; Книга 20 – Завод за урбанизам и архиектура, Скопје, 1967.

По катастрофалниот земјотрес во 1963, Скопје добива странска помош во форма на средства за брзо расчистување како и реконструкција на долг план. ОН формира комисија за обнова на градот која по првата фаза на изведување на итните интервенции, почнува да работи на новиот мастер-план. По анализите од експертите следува просторното планирање и финалниот урбанистички план за градот Скопјe.



Земјотресот значително го уништува централното подрачје оставајќи го градот и регионот без главното комерцијално и комуникациско јадро. Ова ја налага потребата за негово најбрзо оживување, но истовремено претставува и можност за досега најрадикално модерно репланирање на централното подрачје. За оваа задача бордот решава да повика врвни домашни и странски архитекти на конкурс за создавањето на новиот изглед на центарот на Скопје.



Тимот на Едард Равникар е повикан како еден од четирите домашни – југословенски тимови да изготви концептуален план, врз основа на кој во наредната фаза Заводот за урбанизам и архитектура ќе го изработи деталниот план за централното градско подрачје. Препораките од бордот на консултанти укажуваа дека Старата Чаршија треба да се смета како интегрален дел на центарот; дека домувањето треба да е со густина 350 – 400 жители/хектар, просторен стандард од 20м2 по жител; и дека зелените површини по течението на Вардар треба да продолжат во континуален систем низ центарот.



Творештвото на Равникар претставува синтеза на универзалните стандарди и регионалните обележја. Неговите подоцнежни проекти се модерни но сепак покажуваат одреден јужен – медитерански карактер. Во случајот на проектот за Скопје тој конкурира со план заснован на вредностите на стариот град, менталитетот на жителите, климатските услови, како и неидеалната финансиска и технолшка состојба на државата.



Планот на Равникар се состои од систем на рингови концентрично распоредени околу географскиот центар на Скопје. Во средиштето се наоѓа станбениот ринг, опкружен со ринг од паркинг сместен во парковско зеленило, двата споени со комерцијални улици кои го комбинираат модерниот начин на пазарење со традиционалниот – чаршиски. Следи ринг со институции, ринг со рекреативни површини, завршувајќи со отворен ареал кој го истакнува карактеристичниот македонски „монументален пејсаж“. Северната страна на Вардар е целосно посветена на културни програми, универзитет и модерни едноспратни атриумски домови околу чаршијата, кои со својот сличен размер би ги замениле волумените на сега уништените куќи од стариот град.



Архитектот длабоко навлегува во значењето на историските комплекси во сликата на градот, проширувајќи ја својата визија и кон нивното реконструирање во манир на спојување на старото и новото и создавање на заокружени целини. Разгледувајќи ги различните системи кои допринесуваат кон оформување на ориенталниот амбиент на стариот град, Равникар сугерира разработување на системот на зеленило, заштита од сонце и системи на ладење преку фонтани, сите важни фактори за формирање на пријатна микроклима многу потребна за квалитетна функција на градскиот центар во топлите летни денови.





Венеција како пример

Користејќи аналогии од барокна и модерна Венеција, Равникар ја истакнува важноста на вистинскиот спој на урбани елементи од стариот и новиот град, кои укажуваат на одреден концепти според кои би можел да биде дизајниран центарот на Скопје.



·Исто како што Гранде Канал е паркинг за гондоли а истовремено и луксузно место за живеење, така и скопскиот појас за паркирање може да се смести во парк кој истовремено би бил и спој на пешачкиот и автомобилниот сообраќаај, пропратен со сите останати потребни фукнции и содржини;
·Позиционирање на најважните јавни објекти во најфрекфентните комерцијални места за одмор, ја исклчува можноста за нивно изолирање и ги доближува вработените во јавниот сектор до градските маси;
·Формирање на изобилие од пријатни места за одмор во градскиот центар;



·Можноста за организирање на слични модерни масовните настани како тие на Пиацета во Венеција во 18век, лоцирани околу големи комерцијални и деловни објекти;
·Претварање на комерцијалната променада во привлечна оаза преку елементите кои ги подобруваат топлите климатски услови, како сенки, проветрување и системи за ладење;



И покрај пофалбите од страна на комисијата на проектот на Равникар, познато е дека првите две места на конкурсот ги освојуваат тимот на Кензо Танге и тимот на Мишчевиќ и Венцлер, од чии проекти ќе се формира финалната – деветта варијанта за планот на скопското централно подрачје.

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис

marh.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1147
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 28-Oct-2016 at 20:25
Фотографии преземени од marh.mk (I, II ,III, кои пак се преземени од брошурата „Skopje“ од 1980, посветена на постземјотресната обнова на градот. Не знам за вас, но мене ми се едни од омилените фотографии на Скопје од овој период.

Административен објект на Алкалоид Скопје (арх. Александар Серафимовски)


Воена болница Скопје (арх. Јоже Осојник, 1971)


Народна банка на Социјалистичка Република Македонија (арх. Олга Папеш и Радомир Лалович, 1975)


Архив на град Скопје (арх. Георги Константиновски, 1966)


Станбени кули (П+16) во населба Карпош (арх. Трајко Димитров)


Комерцијална банка Скопје


Спомен обележје на загинатите од скопскиот земјотрес, гробишта Бутел (арх. Георги Груин, 1964)


Железничка станица Скопје (арх. Кензо Танге, 1981)


Македонска академија на науките и уметностите (арх. Борис Чипан, 1976)


Експорт импорт - Вардар (арх. Димитар Димитров)


Градски ѕид - кули (проектирање 1968)


Културен центар Скопје - Македонска опера и балет (Биро 77, 1979)


Станбени кули во населба Аеродром


Студентски дом „Гоце Делчев“ (Георги Константиновски, 1973)


ПТТ (Јанко Константинов, 1973)
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 28-Oct-2016 at 21:39
Супер фотки!
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1147
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 30-Oct-2016 at 16:08
На arhitekturabezbeograda го пронајдов и останатиот дел од фотографиите од брошурава. Ги има и претходниве во доста поголема резолуција.

ЦК на СКМ/Влада на РМ (арх. Петар Муличковски, 1970)


Музеј на современа уметност (Варшавски тигри, 1970)


Музеј на Македонија (1976)


УКИМ (арх. Марко Мушич, 1974)


Осигурување Македонија (арх. Кирил Муратовски и Мирослав Сидоски, 1977)


Театар на народностите/Албански театар (арх. Вера Ќосевска, 1970)


Градски ѕид


Кули градски ѕид (1968)


Базен Карпош (1978)
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Online
Posts: 1021
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 26-Nov-2016 at 22:48
Не е нешто посебно многу старо, ама не ми изгледаше друга нишка пологична.

Сликава е според изворот во 1979 година, интересно е колку посредено е на изглед вака


Скан из фотоальбома "Страны и народы - Восточная Европа". Издательство "Мысль", 1980 год. Фото Я. Машбич
Прислал Сергей Шпиндлет           Дата: 1979 г.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1147
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 27-Nov-2016 at 00:13
Ова е за во Скопје после земјотресот.
После пола саат гледање сфатив дека ја нема Стоковна куќа Мост, значи треба да е околу 1975/6.
Не е пренатрупано, па личи слободно. Башка улиците се сто пати почисти.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 19202122>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.