build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје после земјотресот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 30>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 10-Dec-2007 at 10:38
Master за фотката на МТВ U/C. И другите се супер. Повторно околу зеленилото погледнете ја последната фотка како тревниците околу секоја куќарка се безпрекорни. Ohno
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 10-Dec-2007 at 10:48

А погледнете го само кејот и зеленилото на него.

Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 10-Dec-2007 at 12:18
Originally posted by UrbanFreak

А погледнете го само кејот и зеленилото на него.


Toa prvo mi padna na oko...ama ovaa slika e epten dobra!Thumbs%20Up

I tie kukjiki se interesni mozhea da napravat nesto od niv ama dobro e i sega kako parking, pa vo idnina mesto za oblakoderiSmile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 10-Dec-2007 at 12:44
Urban Freak екстра фотки!  Thumbs%20Up  Master


Дали приметивте дека на третата слика се гледа градски стадион во тогашната форма?

Cheers
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 10-Dec-2007 at 13:31

Уште неколку

Црква
 
Кеј
 
Плоштад
 
Следуваат уште деновиве, кога ќе имам време да доскенирам


Edited by UrbanFreak - 10-Dec-2007 at 13:34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 10-Dec-2007 at 13:52
На втората МАНУ и МНТ се градат. На третата тој кружниот дел од ПТТ комплексот Banana
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 10-Dec-2007 at 13:56
Wow! Edno golemo bravo
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 23-Dec-2007 at 01:53
Сум заборавил да ја постувам оваа, последната слика за оваа нишка што можам да ја пратам.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 23-Dec-2007 at 02:15


дефинитивно е добра ствар што го направиле кејот
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 12-Jul-2008 at 05:48
ова е извадок од книгата СКОПЈЕ ’63-’83 издание на партизанска книга љубљана, од која потекнуваат сликите на урбанфрик...

Катастрофите на Скопје

Историјата на овој град исполнета е и со катастрофи. Нив ги има повеќе одошто кај другите градови, иако никој не е имун од тоа. Хроничарите заблежале дека повеќе од седумдесет пати паѓал во рацете на разни освојувачи. Ако е секое освојување проследено со битки, ако секоја битка е посебна несреќа и катастрофа, ако на тие освојувања и менување на господарите се додадат колежите и истребувањата на постојното население, тогаш тие ги добиваат вистинските димензии.
Но, во Скопје не биле само битките катастрофи и несреќи. Природата се погрижила да му донесе и други како што се пожарите, поплавите и земјотресите. Тие се нижеле во континуитет од неколку векови, како по некои непишани законитости. И тие се своевидни настани, толку страотни, големи, несекојдневни, што останале забележени, не само во обичните хроники, туку и во делата на тогашните писатели. Се добива впечаток како да е влезен во историјата токму со катастрофите. Го напаѓале речиси безброј варварски племиња и орди во времето на преселничките движења. Се претпоставува дека го избегнал уривањето од Источните Готи (479), но не се спасил од несреќите. Кон него се управиле другите варварски и преселнички племиња. Населението на Скупи, што имало
далеку истурени стражи да јавуваат за движењата на варварите, од нападите се спасувало со бегањето по населбите на Скопска Црна Гора. Во еден таков ден, кога населението било отидено од градот Скупи (518), катастрофалниот земјотрес наполно го разурнал. Тогаш биле урнати и многу други градови во Македонија. Таа катастрофа најдобро ја опишал римскиот публицист и писател Комес Марцелинус. Кога зборува за исчезнувањето на најголемиот град на Дарданија Марцелинус вели: ,,. . . Скупи се наоѓало на вливот на
реката Лепенец во Вардар. Во миг се урнаа 24 дардански тврдини; две од нив беа опустошени заедно со жителите во нив; во други четири настрадале половината згради и
жители, во единаест третината, а во седум тврдини — четвртина. Главниот град Скупи е срамнет со земја". Марцелинус пишува дека земјотресот бил силен, земјата на неколку места распукала и од неа, како од некоја жешка печка, избивал пламен. Една пукнатина
била долга триесет милји, широка дваесет стапки, така што во неа испопаѓале многу луѓе кои бегале од катастрофата. Потресите ги кутнувале дрвјата . . . " Други описи на оваа катастрофа на Скупи, главниот град на Дарданија, не се познати. Меѓутоа, самиот факт дека населението повеке не се вратило на урнатините на Скупи, дека градот го напуштило и темелите на новото Скупи ги удрило кај тврдината, до влезот на рекичката Серава во Вардар, зборува дека Скупи било сосема разурнато. Скопското Кале, пак, содржи делови на градби кои се градени по земјотресот во 518 година (иако тоа место и пред земјотресот било војничка тврдина), најверојатно градена со материјали од постраданого Скупи. Таков е и таканаречениот Киклопски ѕид на Калето. Но, фактот дека и ѕидиштата се градени на римски начин и со тогашни римски димензии, ја потврдува многупати изречената хипотеза дека населението го напуштило Скупи веднаш по катастрофалниот земјотрес, го напуштило местото на старото Скупи и никогаш повеке не
се вратило во него. Археолошките ископувања, многупати започнувани и за жал, недовршени, зборуваат дека се работело за голем град со терми, улици, бањи, театар, големи зданија. Можеби со право, зашто тој бил  лавен град не само на Дарданија,
туку и на еден дел на Римского царство на оваа страна. Скупи морало да се развива и како трговски центар, бидејќи низ него минувале патиштата за исток, запад, север и југ. А сите го сметале за стратегиска и географска точка во  римската Мизија супериора.
За следните катастрофи и несреќи дознавме од пишуваните документи неколку века подоцна. По тој долг вакуум од околу осум века, Скупи имало неспокојни мигови како што се оние од XI век.
Скопје било урнато и на самиот почеток на XI век по пропаста на државата на Самоил. Него го обновиле Византинците. Изградиле нови ѕидови и кули, врз основата на постојните, а надворешното „лице" го обложиле со големи делкани камења. Најверојатно дека камењата биле довлечени од урнатините на некогашното Скупи и тоа од римскиот театар. „Ова е најмонументалната фортификациона фаза на средновековното Скопје, а
досега било погрешно сметано дека е тоа градба на Јустинијан". Но, иако така силно закрепнато, Скопје одново страдало и до доцниот XI век. Затоа е познато дека градот
повторно бил обновуван и граден во ХП век и неговите градски ѕидини се карактеристични. Приватните градби биле од дрво, многу од нив вон градского окрепено подрачје во приградието.
Без сомнение, доаѓањето на словенските племиња во овој дел на Балканот, што се случува не така долго време по катастрофалниот земјотрес од 518, било проследено со потреси и борби. Тоа трае во текот на VI век и без некои посебни особености во однос на населувањето на другите погорни краишта на Балканот.
Скопје ќе почне да ги бележи своите историски страници по доаѓањето на Турците во 1392 година. Како прв чекор на насилството, Турците почнале да го спроведуваат раселувањето на немухамеданското население Словените, Ермените и Евреите. Делумно од ова население било истребено, а делумно преселено во далечните краишта на Мала
Азија. Турците имале единствена цел, ценејќи го стратегиското и географското значење на градот, да создадат во него турско воено упориште. Летописите за Скопје бележат уште некои повремени страдања на овој град. Од необјаснети причини, поради некои бунтови на словенското население, во 1413 година, султанот Муса го разурнал Скопје! Само дваесет и пет години потоа, Скопје било запалено од султанот Мурат П и изгорело како живеалиште на словенското население. По пожарот, сакајќи да не остави можност за доаѓање на друго словенско население, Мурат почнал да го раселува христијанското население во Албанија. Остатоци на тие некогашни Скопјани се наоѓаат и денес во близината на градот Корча каде што во трите македонски села, од кои едното се вика Бобошница, живеат потомците на протераните жители на овој град, кои до денес го имаат сочувано јазикот на своите прадедовци. Во тие немирни два века, полни со терор и катастрофи, во 1555 година Скопје го погодил голем земјотрес и разурнал многу згради за живеење, јавни објекти и цркви. Во турско време градот лежел на левата страна на реката Вардар и двете страни на рекичката Серава која се вливала во Вардар. атастрофалниот земјотрес од 1555 година, особено го разурнал централниот дел, но градот бил мошне бргу обновен. Европските патописци, кои поминувале низ градот по земјотресот, оставиле податоци дека Скопје бил многу убав и развиен град. Во 1560 година, значи само пет години по земјотресот, низ Скопје поминал Марино Кавали, венецијански пратеник кој одел на прием кај султанот. За него тој пишува: „Скопје е голем град со околу 29.000 куќи. Има повеќе џамии од кои четири се мошне убави, чии кубиња се покриени со олово. Во градот има два убави, ѕидани моста од камен кои ги изградиле некои турски големци, а покрај мостовите се нивните гробови". Според Евлија Челебија (кој минал покасно), Скопје било седиште на Санџак, во градот имало кадија со највисок ранг, а јаничари имало толку многу што го преплавиле градот. Во Калето имало диздар со 300 војници и еден назир кој управувал со сребрените и железните рудници од околината. Во годината на големиот земјотрес (1555) Турците ги разурнале скопските цркви. Го осиромашиле градот за голем број споменици исполенти со уметнички резби и зографск  дела. Така Скопје останало еден од ретките градови што нема некој историски споменик од средниот век (ако не се земат предвид останатите примероци на исламската архитектура). Летописите не кажуваат колку се опоравило Скопје од овие несреќи, кога набрзо го зафатил голем пожар. Без сомнение пожарот бил многу голем и катастрофален, штом му посветувале внимание тогашните летописи. Не треба да се превиди фактот дека во тие векови и во Скопје пустошеле чуми и колери, чести болести на тоа време. Прелистувајќи ги страниците на тогашните оскудни летописи, ќе најдеме и еден податок дека, кон крајот на XVI век, некој Мустафа- -чауш во Скопје вршел голем зулум: затворал и силувал жени, собирал два пати годишно данок . . .
Уште во XV век Скопје е познат како најбогат и нејевтин пазар на робови — еден роб можел да се купи за војнички калпак, а убава македонка робинка за рало чизми. Црната хроника на Скопје, без сомневање, кулминација бележи во месеците на востанието на Карпош. Приказната за тој грд настан почнува вака: Откако доживеале пораз под Виена (1683), Турците биле принудени да се повлечат. Поразот предизвикал и востанија во многу земји. Животот на кратовските рудари бил неиздржлив. Експлоатацијата достигнала врв, па тие се дигнале на востание под водство на селанецот- рудар Карпош. Востаниците ги ослободиле градовите: Кратово, Куманово, Крива Паланка, стигнале до Велес и Демир Капија. Се појавиле пред Скопје, од каде што ги истерале Турците. Во тие денови Турците трпеле порази од австриската војска која, под команда на генералот Пиколомини, продирала преку Косово и Качаник кон Скопје. Австријците, со помошта на македонските востаници, кај Качаник ги разбиле последните турски одреди, ги завзеле упориштата и тргнале непречено кон Скопје. Во него, во тоа ослободено Скопје, австриските војски стигнале на 25 октомври 1689 година Скопје ги восхитило австриските војници. Еден австриски офицер за него пишува: „Скопје зафака голем простор, но е нешто помалечко од Прага, или речиси големо како неа. Околу градот има многу прекрасни градини во голема рамница, необично плодна и добро обработена. Во него има до 60.000 жители, меѓу кои 3.000 Евреи". Но, во Скопје владеела чума. Австрискиот командант, генерал Пиколомини немал намера да продолжи кон југ, туку — преку Албанија — сакал да избие на Драч. Пред тоа решил да го разурне Скопје како турското упориште, да им влее страв на Турците и да ја покаже силата на своето оружје. Затоа, утредента наредил да се запали Скопје. Како и Нерон, Пиколомини, под звуците на воената музика, го набљудувал пожарот на Скопје, седејќи на планината Водно. За тоа самиот Пиколомини му пишувал на својот цар Леополд I: „Градот Скопје е голем речиси како и Прага, но е без ѕидишта и ровови, а со продукти богато снабден. Малкумина луѓе што останаа во него минуваат по улиците бледи, полни со страв и ужас . . . Пред да дојдеме ние, имал 60.000 жители. Решив, иако не лесно, градот да го претворам во пепел. Ми беше жал за зградите, какви што не сум видел во оваа војна. Џамии од најубав мермер и порфир, со илјадници светилки, украсени со позлатени алкорани на кои човек би им посветил внимание и во Рим, убави старини, градини и места за забава, иако, според варварски вкус, големи резерви животни продукти, сето тоа морав да му го предадам на пламенот. За да не му оставам на непријателот ништо што може да се зачува, за да внесам страв и трепет меѓу варварските народи и за да го направам страшно оружјето на мојот господар и во најодалечените краишта, тргнав да го извршам ова дело. По сите агли во градот беа оставени луѓе со факли. На даден знак-три топовски истрели — избувна пламен. На 26 октомври, чад го замрачи сонцето и утрото. Ние само стоевме на еден висок рид, (веројатно на Водно — Ј.П.) и, под звуците на воените инструменти, го набљудувавме пожарот на ова убаво место, навистина без тага и жал, додека мислите ми се вракаа на тоа дека истата судбина мораа да ја претрпат и предградијата на Виена". По запалувањето на Скопје, австриската војска, оставајки ги на цедило своите сојузници — македон- ските востаници, се повлекла кон Качаничката клисура и Косово. Пиколомини, на 4 ноември заминал од Приштина за Призрен. За време на целото патување го тресела треска. Во Скопје се заразил со чума. На 9 ноември изутрината Пиколомини умрел од последиците од болеста. Турците ја собрале војската кај Дренополе. Во Едрене било одржано советување на војсководачите. Едно од важните прашања било ликвидирање на македонските востаници, под водството на Карпош. Задачата ја извршил Ха-лил-паша. Турците тргнале во офанзива. Востаниците храбро ја бранеле првин Крива Паланка, потоа долго, жилаво и упорно се бореле кај тврдината на Куманово. Но, и тука биле победени од посилната војска, масакрирани, а заробен и Карпош со семејството — жената со двете деца. Додека семејството било погубено Карпош бил доведен во Скопје и крај Камениот мост, под еден платан (кој остана до крајот на Првата светска војна — ЈП.) на 31 октомври 1689 бил набиен на колец, потоа исечен на парчиња и фрлен во матните ноемвриски води на Вардар. Турците повторно го завзеле Скопје, крваво се пресметале со целокупното словенско население, Ерменците и Евреите, оние кои што останале и не се придружиле на преселничките колони што се вклучиле во големата преселба кон северните земји. Единствено тие го избегнале масакрот на Турците кои бесот за своите порази со австриската војска го излиле врз недолжното население на македонските краишта.

...



Edited by beTon - 12-Jul-2008 at 05:50
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 12-Jul-2008 at 05:56
...
после хронологијата на катастрофи следуваат пет глави само за земјотресот: 1.) 26.7.1963; 2.) Во катастрофата драми; 3.)Тоа беше југославија; 4.)Првите манифестации на светската солидарност; и 5.) Град без деца проследени со слики. овие делови не ги постирам од практични причини бар за сега како би се задржал само на она што е директно врзано за темата, подоле следуваат 3 теми за никнувањето на Ново Скопје ...

Започна обновата

Летото течеше. Минаа првите трауми. Луѓето од евакуација почнаа да се вракаат во градот. Иако немаа домови. Речиси се беше на улица: луѓето, институциите, владата, Собранието на градот и на Републиката, училиштата, апотеките, болниците, продавниците . ..
Животот се одвиваше на улиците, на тревниците, во парковите каде што почнаа да никнат шаторски населби. Тоа беа цели градови низ кои се протинаа и поштарите, носејќи ги писмата. Можеби единствен случај во историјата на традовите!
Никнаа настрешници по дворовите на урнатите куки, провизориуми во кои граѓаните ги пречекаа и првите снегулки. Но, градот живееше и упорно, неуморно работеше. Тој наеднаш стана едно големо градилиште во кое се слеаја над 50.000 градежни работници од целата земја. Тврдината на солидарноста го живееше својот несекојдневен, херојски живот.
Во тие денови почна да се азмислува за новото Скопје. Испитувањата и анализите ги насочија стручњаците Скопје да не се дислоцира, да остане на истото место. Урбанистичкиот завод на Скопје доби задача да почне со изработувањето на урбанистичкиот план за новото Скопје. Изработката на сеизмолошките студии се посебен потфат. Предвидувањата велеа дека кон крајот на октомври ќе биде готова сеизмолошката карта на градот и околината. Според неа ке бидат дозволени и градби на повеќекатници со посебни асеизмички нормативи. Во првите денови на август, за да се избегне лошото време на есента и зимата, донесена е одлука за градба на 18 приградски населби од монтажни куќи.
И тука стапи во акција југословенската солидарност. Далеку од своите домови, под тешки услови за живот и работа, во борба со суровата есен, градителите од сите југословенски републики ги создаваа населбите околу Скопје — симболите на уште една манифестација на солидарноста и братство на југословенските народи. Тие ја извршија својата задача и си отидоа, но зад нив остана нивното дело, населбите околу Скопје кои се цели гратчиња. Во населбата Драчево живеат 15.000 луѓе. И сите тие знаат дека неа ја изградија градежниците од Република Србија. Населбата Маџари има станови за 10.000 жители, кои ги изгради оперативата на Република Хрватска. Покрај оваа, хрватските градежници ја изградија и населбата Железарница. Дело на Словенците е населбата Влае, за околу 5.000 жители, а Босанците и Херцеговците ги изградија населбите Бутел I и Ѓорче Петров П. Градежниците од Црна Гора ја изградија населбата Лисиче, а оперативата од Македонија ги изгради населбите: Пржино, Тафталиџе, Водно. Белграѓаните ја подигнаа населбата Козле за 5.000 жители, а специјалниот одред на ЈНА, за потребите на своите старешини и нивните семејства, ја изградија населбата Аеродром за 10.000 жили.
Погрешно е да се мисли дека приградските населби, во кои се „стопија" осум села и еден мал град (Ѓорче Петров), се некои провизориуми. Така ќе помисли само оној што не ги видел. Тоа се гратчиња со сите потреби на инфраструктурата, а денес најзелените и најцветните предели на Скопје, кое сега има пречник од 23 километри во должина и 9 километри во ширина. Во неселбите има и домови на народно здравје, детски установи, школи, самопослуги и дјзуги трговски дукани, Стоковни куки, попгги, аптеки, продавници . . .со еден збор, се што е неопходно за живеење. Нив ги крстосуваат линиите на градскиот собраќај. Така Скопје се здоби со 18 приградски населби со 14.180 станови. Денес, дваесет години по овој потфат, може да се согледа далекувидноста на ова градба. Приградските населби сега се најубавите делови на Скопје во кои секоја куќа е доградена или надградена, добиени уште толку илјади станови, а сите тие се оградени со цвеќе и зеленило.
Мегутоа, со изградбата на приградските населби на потполно нови површини, станбеното прашање во Скопје не се решаваше. Земјотресот навистина ги оштети сите станбени згради, но не еднакво. Некои беа помалку оштетени и со санација беше можно да се приспособат за живеење. Впрочем, беше речно градот да остане каде што е, а единствена станбена и друга база беше стариот дел на градот од пред земјотресот. Но, како да се санираат толку оштетени згради? Искуства не постоеја. Нешто слично не се имаше случено во Југославија. Дури беа оскудни и искуствата од странство. Можеби едно сериозно проучување на овој проблем од страна на стручњаците ќе дадеше некои технички резултати.
Но, не треба да се заборави дека над тоа и толку рането Скопје со секој ден се проштеваше тажното лето, кое и го отстапуваше местото на зимата. А, токму од нејзините студени, непријатни прегратки, требаше да и се оттргнат жителите на овој град кои беа сместени под шаторите и во провизориумите. Во народноослободителната борба постои Четвртата непријатељска офанзива и во неа драматичната борба за спасување на болните и ранетите партизани. Тој подвиг на борците од НОБ прерасна во легенда. Нешто слично се повтори во Скопје летото 1963 година. Само оние што беа во можност од близу да ја следат борбата на цела Југославија и на много странски добротворни организации и влади, за спасување жителите на Скопје, имаа вистинска слика за величината на тие напори. Можеби утре, стратезите и другите повикани ке го испитуваат овој случај како пример за успешно реагирање по големи катастрофи, бидејки во него ќе најдат нешто што не се среќава на друго место: катастрофата се случи во најжешките летни де ови, но во Скопје не беше забележена епидемија на заразни и други болести. Феноменот на чувањето на здравјето беше уште поголем за што условите на живеењето беа крајно лоши.
Во таква брзина започна санацијата на над 14.000 згради оштетени од земјотресот. Бидејки оштетувањата не беа насекаде еднакви, и санацијата не се спроведуваше според некои рецепти и општи си, туку според видот на оштетувањето на секоја зграда. Се санираше се што економски беше оправдано. Санацијата беше тежок проблем, мачна работа. Целта не беше да се поправат оштетените места на зградите, туку да се зајакне комплетно така да можат да издржат и евентуален земјотрес со јачина од 9 степени по Меркалиевата скала. Сиг рноста на живеењето во нив беше крајната цел. На некои згради се вршеа и ресанации. Познат е случајот на станбените населби Карпош I и П, кои, патем речено, најмногу настрадаа во земјотресот. Населбата беше санирана но, со помош на англиски стручњаци одново се ресанира на тој начин што зградите се обложија со чилични мрежи, иако беа високи и по десетина катови. Беа санирани 13.500 станбени згради во кои се сместија 65.000 жители. Но, санацијата ггродолжи неколку години и по станбените и јавните згради, се продолжи со санацијата на културно-историските споменици. Но, имаше згради кои што не можеа да се санираат, бидејќи многу тешко беа оштетени. Тие се уриваа. Така Скопје се прости од многу свои синоними по кои од разгледниците го препознаваа Скопје и оние кои никогаш не биле во него. Впрочем, ова е град на феномени. Еден од нив е и солидарноста, дотогаш невидена во светот, што ја изразија луѓето од сите меридијани Утре историчарите, хроничарите и оние кои се занимаваат со комуницирање меѓу луѓето ке речат нешто повеќе за ова. Појавата и траењето на меѓународната солидарност во случајот на Скопје ќе ја објаснат секој од свој аспект. Меѓутоа, и тие, како и ние што ги ггреживеавме овие манифестации, не ќе можат да не застанат вчудовидени пред тоа колку луѓето се сплотени во чувствата, колку ги зближуваат големите трагедии. Можеби затоа што биле свесни дека само преку подадените раце се премостуваат и полесно се совладуваат сите големи катастрофи

...



Edited by beTon - 12-Jul-2008 at 12:06
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 12-Jul-2008 at 05:57
...
Новото Скопје

Земјотресот не го урна само градот. Тој го урна и штотуку направениот Урбанистички план за Скопје — град на 400.000 жители, видени во визијата на тој план, дело на скопските урбанисти. И кога веќе испитувањата покажаа дека Скопје оже да с гради на истото место, кога беше донесена и Привремена програма за изградбата на Скопје започна изработката на новиот Урбанистички план. Донесувањето на генералниот урбанистички план преставуваше историски настан на овој град и тоа од повеќе аспекти. Генералниот урбанистички план — тоа е всушност Скопје во идните 20 години, Скопје какво што го замислија стручњаците од многу земји што работеа на него, тоа е книга која визионерски го долови градот: модерен, современ, нов, онаков каков што не бил досега .. . И ова дело има своја интересна приказна.
Веднаш по земјотресот, урбанистите од Заводот за урбанизам на Скоггје, беа задолжени да пристапат кон изработка на нов Урбанистички план за да се пламти изградбата на градот што поскоро. Но, во склопот на манифестациите на меѓународната солидарност и решеноста обновата на оштетеното Скопје да ја помогнат и Обединетите Нации, дојде до тоа во изработувањето на новиот Генерален урбанистички план да се ангажираат и многу југословенски и странски стручњаци. Така, на пример, Варшавскиот урбанистички завод, како своја помош на Скопје, изработи своја варијанта на предлог урбанистички план. Претходни студии и варијанти за урбанистичкиот план изработија и стручњаците од Заводот за урбанизам на Скопје заедно со претставниците од фирмата „Доксијадис" од Атина, кои во подготовките на планот учествуваа во својство на техничка помош од ООН за Скопје. Овој значаен документ-Урбанистич- киот план, се раѓаше како посебен феномен, дотогаш незабележан. Еве ја подолгата приказна за него. Варијантите на просторното решавање и изработените студии беа неколкупати разгледувани од
Консултативниот одбор на ООН за Ско е, формиран од страна на Специјалниот фонд на Обединетите нации за помош на Скопје. Консултативниот одбор беше составен од еминентни стручњаци: архитекти, урбанисти, планери, геолози, геофизичари, сеизмолози и други, а имаше задача да ја помогне изработката на Генералниот урбанистички план на Скопје и да помогне во решавањето на низа други проблеми на градот. По препорака на Консултативниот одбор на ООН, во октомври 1964 година, дефинитивната изработка на Урбанистичкиот план на Скопје му се довери на „Полисервис" од Варшава и „Доксијадис" од Атина, а во соработка со Заводот за урбанизам и архитектура од Скопје. Поради итноста, проектот на планот требаше да биде готов само за 10 месеци. Познато е дека ваквите планови за градовите се прават со години, па затоа изработката на Урбанистичкиот план за Скопје по земјотресот, во вака кус рок, е посебен феномен. Но, брзата изработка на Планот беше овозможена со концентрацијата на голем број стручњаци од нашата земја и странство, со нивната голема стручност и искуство, како и со тоа што изработката на Урбанистичкиот план на Скопје ја финансираше Специјалниот фонд на Обединетите нации.
Скопје е еден од најзначајните градови на Југославија. Затоа во функцијата на центарот на Скопје се вклучуваат стопанските, културните, политичките активности на Македонија, чиј е главен град. Во територијата на развитокот на општествените и културните дејности се вклучува и Старата чаршија, која има голема културно-историска вредност. Она што новиот центар го прави атрактивен е максималното користење на реката Вардар. А Калето е најголем природен елемент во центарот на градот. Она, пак, што треба да биде сочувано е Старата чаршија која не треба да се третира како фолклорен музеј. Напротив, таа е веке реставрирана, но истовремено вградена во модерниот дел на центарот како негов интегрален дел. Градовите често остануваат во долги сеќавања токму по своите централни подрачја. Центарот ги содржи капиталните објекти. Патописните белешки, хрониките и историските документи на овој град велат дека тој често го менувал и својот центар. Скопје, она затворено во ѕидините на Калето, било и град и центар. Поточно, тука бил центарот, а околу биле зградите за живеење на посиромашниот дел на населението. Челебија и другите патописци зборуваат за Старата скопска чаршија, што се наоѓа во центарот на градот, на левиот брег на реката, под тврдината на Кале. Тој центар околу остатоците на Безистенот е сочуван и денес и игра важна улога во трговскиот живот на градот. На десниот брег на Вардар, Скопје почнува да се шири дури по Балканските војни. И со растењето на овој дел полека почнува да се оформува идниот центар околу денешниот плоштад „Маршал Тито" Урбанистичкото решение за новиот центар се побара преку распишување мегународен конкурс во кој победи концептот на јапонскиот архитект Кензо Танге. Карактеристичниот зафат на новиот центар на Танге е преселување на железничката станица на неговиот југоисточен раб, пробивање на низа сообраќајници, како и подигање станбени блокови во многукатниците во таканаречениот Градски ѕид. Тој не е центар во кој се сместени само јавните објекти, туку и простор во кој веке живее една третина од населението на Скопје. Системот на зеленилото влегува во потесниот центар на градот, што заедно со зеленилото на бреговите на Вардар, кое е сега проширено поради сеизмичноста на тој реон, прави еден зафат во поподносливоста на климата на овој дел на градот. Судејки според стручните наоди на геолозите и сеизмолозите, бреговите на Вардар претставуваат трустни подрачја, па заради тоа се претполага дека и на 26 јули 1963 година земјотресот, на некои точки од нив, имал јачина и 10 степени по Меркалиевата скала. Подземните води на Вардар ги прават трустни овие подрачја и општо беше мислење дека попустина би биле сите мерки и зафати, доколку бреговите на реката не се регулираат. Во изградбата на новото Скопје се водеше сметка за оваа констатација на стручњаците и Вардар е сега регулиран во поголем дел од својот тек низ градот и на приодите на неговата периферија. Регулацијата на Вардар е една од најубавите, најголемите, најестетските и најкорисните градби во Скопје, подигнати по земјотресот. Тој потег на градот му даде ново лице и некогашните неуредени брегови се се шеталишта и отворени бини за културни и други јавни настапи. И над сета, таа прекрасна градба, остана старецот, Камениот мост со величината на своите сега дооткриени столбови, како бедем на непобедливоста и објект кој ги надживеал сите пожари, земјотреси, поплави на Скопје и останал немо да сведочи за нив.
Новиот Урбанистички план на Скопје предвидуваше до 1980 година градот да има само 350.000 жители. А сега тој веќе има 400.000. Големите миграциони движења ги урнаа претпоставките на планерите и повлекоа зад себе своевидни проблеми. И тие нови 150.000 жители требаше некаде да се сместат. Каде? На новите површини од околу 1.000 хектари . . . Така се нижат карактеристиките на најважниот документ на градот — Планот. Тие се бројни, интересни и за урбанистите и за обичните граѓани. Со една прошетка низ градот ќе се дознае приказната за него, за неговите заслуги што денес на Вардар лежи еден нов, најмлад град во Југославија и Европа, младич чии дваесет години од раѓањето ги прикажуваат и редовите на оваа книга. Патникот во градот го носат сообраќајниците. Во новото Скопје тие со право се викаат булевари. Таму каде што беа макадамските пристапни улици по периферијата зашто до ослободувањето во цела Македонија беа асфалтирани само 3 километри пат и тоа на јужниот приод на Скопје сега се протегаат модерни асфалтирани, широки, зелени булевари. Тие се и едни од најмодерните и најголемите градски сообраќајници во нашата земја воопшто. Тоа се градските сообраќајници чија мрежа, во однос на 1963 година, сега е зголемена за 2,8 пати и изнесува 420 километри. Само основните сообраќајници, овдешните булевари, изнесуваат 123 километри со коловози, тротоари, велосипедски патеки . . .
Можеби посебно внимание заслужуваат булеварите „Илинден" и „Гоце Делчев", кои ја формираат значајната насока исток-запад. Тие преку другите улици, имаат врска со булеварот: ЈНА, потоа главната сообраќајница Партизански одреди, преку булеварот Октомвриска еволуција поврзани се со адранската магистрала и со улеварот „Југославија". Решението а скопскиот сообраќај е направено реку изградба на посебен прстен во кој влегуваат спомнатите булевари, како и булеварите „Војводина", „Србија", „Босна и Херцеговина", „Васил Главинов" и други. Пробивањето на нови големи сообракајници е проследено со премостување на реката што градот го дели на два дела. Пред земјотресот градот имаше само четири моста: Камениот мост, мостота јужниот крак од булеварот „Партизански одреди" во Влае, бетонскиот мост кај хотел „Скопје" и „Мостот на Револуцијата" на булеварот „Кочо Рацин" и „Крсте Мисирков". Во обновата и изградбата градот се здоби и со неколку нови мостови како што се: мостот на Зпадниот пат на реката Вардар, мостот на „Обединетитеации", мостот „Октомвриска еволуција", најубавиот во градот мостот „Гоце Делчев" и мостот во продолжение од булеварот „Војводина", кон булеварот „Србија" . ...
Во овој град се е ново. Ова е нов град. Можеби тоа е најадекватна фраза во неговиот опис. Нови се 18- те населби, нови се блоковите на Градскиот центар, Универзитетскиот комплекс, Културниот центар на левиот брег на Вардар, Македонската академија на науките и уметностите, Радио-телевизија Скопје, Македонскиот народен театар, Униве зитетската и Народната библиотека, Музичкиот центар . . . Нови се неговите десетина хотели, театри, кина, административни и други јавни згради, чие набро вање далеку би не одвело. Треба да се дојде и да се види тој нов град за да се добие претстава за жилавоста на овој народ, за негозата виталност и решеност да се бори со сите немаштии и преку победи со нив да ја гради својата подобра утрешнина . . .
Но, сепак, во сите тие нови населби, блокови, јавни објекти посебно импонираат некои. Таков е Сообракајниот транспортен центар, еден од „највиртуозните" во Европа. Тој претставува извонредно значаен комплекс од објекти, во кои се обединети патничкиот, железничкиот, поштенскиот и автобускиот сообраќај. Покрај главната патничка железничка станица, во него се гради и меѓуградската автобуска станица и сообраќајна пошта. Транспортниот центар има десет колосеци со пет покриени перони, наменети за железничкиот сообраќај, на мостовска конструкција долга 700 метри. Шините се поставени 10,5 метри повисоко од околниот терен. Издигањето на колосеците овозможува продолжување на градските сообраќајници за поврзување на сите делови на градот. Површината на покриениот простор изнесува 35.400 квадратни метра, од кои на железничката станица отпаѓа 21.500 квадратни метри, за сообраќајната пошта 10.600 и за автобуската станица 3.300 квадратни метри. Скопје е град на цвеќе. Хроничарите бележат дека секоја пролет, на отворените градски површини, се садат по милион стракови цвеке. Тоа значи на секој скопјанец доаѓа по два корена цвеќе! Тој не беше таков до земјотресот. Не беше ниту град на зеленило. И тоа што го имаше пострада по земјотресот зашто по градските паркови, скверови, зелени површини беа изградени шаторски населби и разни провизориуми во кои живееја оние без покрив над главите. Со нивното преселување во монтажни или згради од тврда радба беа обновени зелените површини, а кон нив се придружија и нови.
Планината Водно, Гази Баба, Француски гробишта се централните зелени површини на градот, но по земјотресот се изградени: паркот „Жена-борец", зелените површини на булеварите „Партизански одреди", „Октомвриска револуција", „Југославија", „Гоце Делчев", „Крсте Мисирков", како и зелените површини во 18 приградски населби, полни со „кукарки во цвеќа" со што комплетно е решена инфраструктурата на Градскиот парк (на 20 хектари и насадени се 10.000 дрвја). Се предвидува тој да има површини од 80 хектари во пејсажен стил, со сите карактеристики на современ парк. Како рекреациони шуми се или наскоро дефинитивно ке станат Водно и Гази Баба, низ кои се пробиени асфалтни и обични патеки. Со уривањето на оштетените згради во градот се создадоа празни површини кои наскоро беа озеленети. Таквите нови зелени површини се протегаат на површина од над 55 хектари. Посебно внимание им е посветено на дворовите на зградите во кои досега се насадени околу 5.000 липи, јавори, јасени . . .
Во историјата на градежништвото на нашата земја, а можеби воопшто, ќе остане запишан големиот зафат што тоа го напр ви во Скопје при градењето на приградските населби, со над 14.000 монтажни кукички. На тоа треба да се додаде дека градежниците, во рекордно краток рок, подигнаа во тие населби и околу 930.000 кв метри улици и патишта, 154.000 кв.м. тротоари, 367.342 метри водовод, 277.000 м канализација, 543.271 м електрични водови, 138.000 ПТТ мрежа, 108.530 кубни метри насипи, 288.000 електро-приклучоци итн. итн . . .
Градот што беше помогнат од сите југословенски народи и народите на 82 земји, беше обврзан со таа помош да ракува што подомакински. Треба да се напомне дека монтажните куки што беа подарок не беа лродавани, туку делени на семејствата кои што останаа без станови во земјотресот или во поплавата од 1962 година. Моѓутоа, другите беа продавани на кредит, со учество на купувачите и со камата. Продавањето на монтажните згради се вршеше преку јавен конкурс, распишан уште во ноември 1963 година и тоа со учество на купувачите. Скопје својата иднина је гледаше во развивањето на стопанството. По војната, во која беше оштетено 72 отсто од и без тоа малото стопанство, поплавата од 1962 г. и земјотресот од 26 јули 1963 година го дотолчија стопанството, нанесувајки штети на новите капацитети подигнати во слободните години. Земјотресот нанесе релативно малку штета на индустриските капацитети, благодарение на тоа што тие беа лоцирани надвор од градот, вон централното градско подрачје каде земјотресот се урна со сета своја јачина и интензитет. Но, од околу 400 милиони динари штета (во тековни цени речиси 50 отсто отпаѓаа на индустријата). Покрај текстилната фабрика ,,К. Ј. Питу", која беше сосема урната знатно oтетување претрпе тутунската индустрија, железницата и угостителството кое пред земјотресот имаше 1.750 легла, а по него тие се сведоа на само 49 легла! Само по две години, со потребните кредити и услови, многу полесни од дотогаш, се успеа да се постигне реактивирање на најголемиот дел од стопанските организации на градот. Напоредно со санацијата, се презедоа мерки за подготвување техничка документација и друго за модернизација и проширување на капацитетите, како и за изградба на нови. Тие нови мерки беа осигурани со средсвата на Фондот за обнова и изградба на Скопје кои беа 5,5 пати поголеми од сумата на оштетувањето. Тоа се овозможи со тоа што, за сметка на поголемото вложување во стопанството, беше одложено изградувањето на одделни објекти од општетествениот стандард, како и со тоа што за обновата и изградбата на оштетените објекти од станбената изградба беше наложено што поголемо партиципирање на инвеститорите во финансирањето на соодветните објекти.
Еве и некои параметри од десетгодишната обнова на Скопје: Фондот за обнова и изградба на градот, во тоа вложување, учествуваше со 1.755 милиони динари. Како резултат ца тоа, општествениот производ во скопското стопанство нарасна, само во периодот 1963—973 година, за 71,3 отсто, националниот доход во стопанството се зголеми за 677 отсто, нето личниот доход во стопанството постигаа растеж за 8 отсто, вработеноста за 153 отсто...
Во првите години по земјотресот беше извршена санација на 17 оштетени индустриски капацитети, со воведување елементи на реконструкција и модернизација на погоните, како и проширување на капацитетите (фабрика за цемент „Усје" со нови 380.000 тони). Дури потоа почнуваат вложувањата за реконструкција и оптимализација пооделните носачки капацитети во скопската индустрија: ОХИС, Железарница, Металски завод „Тито", Цементарница и други. Особено значајни финансиски напори и помош се дадени при оспособувањето на ОХИС како значаен фактор во скопското стопанство и Железарницата, за доградување на нејзината трета ф за производство до милион тони суров челик, потоа во проширувањ на нејзините хали во валалниците (студена и топла), во челичарницат во полуконтиливот и друго. На дваесетгодишнината од повторното раѓање по катастрофалниот земјотрес, Скопје има 513.607 жители, во поширокиот реон, и 123.692 домаќинства, а се вработени 162.376 лица, од кои 128.550 во стопанството, и 51.483 се жени. Националниот доход по жите беше во 1981 година 77.962 динари. Во структурата на општествениот производ во 1981 година, најголемо учество имаше индустријата — 30 отство, трговината со 28,2; градежништвото со 20,0 итн. Пред земјотресот, Скопје имаше околу 37.000 станови, а денеска има 120.709 (од кои 102.171 на потесното градско подрачје). Просечна станбена површина по жител е 13,4 квадратни метри. Скопје има 1.911 основни организации и заедници на здружениот труд со кои управуваат 18.000 членови на самоуправните органи, работнички совети. Скопје има и 178 градежни организации на здружен труд од кои 41 високоградба. Градот на крајот 1981 имаше 1.888 трговински продавници (една продавница на 27 жители) и 11 хотели со 1.838 лежаи. На 47 градски линии на сообраќајот превезени се 117.652 милиони патници (само во 1981 година), а жителите на Скопје поседуваат и 63.751 патнички приватни автомобили. Градот има и 13 железнички станици, 24 пошти, 50.460 телефонски приклучоци ...

...



Edited by beTon - 12-Jul-2008 at 06:01
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 12-Jul-2008 at 05:58
...
Скопските монументи

Земјотресот мина. И првите трауми.
Тогаш пред нас се покажа нов, дотогаш непознат град. По неговите улици врвеа стоиците, оние храбрите што останаа да је делат неговата судбина. Тие кои не им се придружија на оние кои во земјотресните денови се присетија за своите родни места или местата на пријателите и отидоа да се засолнат таму додека „мине луњата". Поприми овој град физиономија на космполитска населба. Низ татнежот на градежните машини се вплектуваа разговорите, водени на многу јази и, зашто меѓу минувачите имаше луѓе речиси од сите раси. Тука веќе беа единиците на припадниците на армиите на СССР, САД, Германија, Норвешка, членовите на хуманитарните организации од многу европски и воневропски земји, разните стручњаци: сеизмолози, планери, урбанисти, инженери, многу други од сите наши републики и голем број земји од светот. Се туркаа по улиците на градот и оние кои дојдоа во Скопје да помогнат во расчистувањето и обновата, па останаа тука да живеат. Неверојатно е, но вистинито дека во тоа и такво Скопје дојдоа од внатрешноста на Македонија, па и од другите републики, нови жители. Набрзо се вратија и оние малодушните што се исплашија од грдиот град. И оние 176.0000 деца, старци, болни што беа евакуирани во првите денови по земјотресот. Како никој да не сакаше да отсуствува од обновата на својот град
Градовите имаат монументи по кои се препознаваат. Тоа се грандиозните зданија. Овој град бил приземна касаба со тешка историја. Не и припаѓал на некоја силница која во воју ањето грабеле од други и си ги красела своите престолнини. Но, нема град без свои монументи или „монументи". Ако ги бараме скопските монументи, тогаш нив ке ги сретнеме на улиците. Отсекогаш низ историјата, неговите монументи биле неговите жители. Па кој друг монумент би издржал неурнат 72 освојувања и паѓања во туѓи раце? Кој е поголем монумент од оној што низ историјата го градел, обновувал од војни и стихијни уривања, го пополнувал со свои височини по раселувањата и колерите?
Препознатливи се тие скопски монументи. Еден од странците што најповеќе се сврза со Скопје по земјотресот беше полскиот урбанист Адолф Циборовски. Во еден разговор ми рече: „Во Скопје дојдов веднаш по земјотресот. Речиси правот не беше слегнат. Видов разурнат град каков дотогаш немав видено. Но, и луѓе со бели кошули. Тогаш си реков: ќе живее овој град штом има вакви непокорни жители што не отстапуваат и пред големата стихија!"
Минаа веќе 20 години. Зборуваме за ново Скопје. И да не го обесправуваме. Денес овој град на неговите најголеми и најтрајни монументи-луѓето им придружил и некои препознатливи зданија, ако зданијата се некакви монументи за гордеење. Денешните монументи на градот на Вардар се неговите булевари, авении, кејовите покрај Вардар што треба да го направат поудобен и посигурен животот на граѓанинот негов. Навистина поинакви се патиштата на Скопје, но и овие скопски монументи имаат свои фасади. Ако е кај човекот негов самопрегорот, тогаш фасадите на другите монументи зборуваат за силата на неговите луѓе, за силата на едно општество што се покажала и при изградбата на урнатото Скопје. Стои овој споменик на југословенските подадени раце-соли- дарноста и на помошта на пријателите од 82 земји, на разбудената совест на човештвото и сето тоа го извишува во свој чудесен монумент!
Скопје е денес и културно-просветен центар на Македонија. Тој е град на ученици и студенти. Не само срествата од Фондот за обнова и изградба на градот, не само срествата од редовните буџети во годините по земјотресот, за задоволување на потребите на просветата и културата, Скопје оддели значајни средства и од својот прв придонес на граѓаните што траеше пет години. Со сите тие напори, во годините по земјотресот, во Скопје се изградени . . . нови училишта . . .
Минатата 1982 година, Скопје имаше 162 училишта на основното образование со 78.013 ученици; 43 училишта за средно образование со 32.588 ученици; на 28 факултети на Скопскиот универзитет студираа 35.685 студенти. Градот има 20 кина, 93.991 радио претплатници, 90.429 телевизиски претплатници, четири театри, филхармонија, 9 музеи од кои 6 подигнати после земјотресот, 40 културно-уметнички друштва, 25 библиотеки, 1.147 лекари (еден на 354 жители), потоа 3.988 болнички постели . . .

!



Edited by beTon - 12-Jul-2008 at 06:02
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 12-Jul-2008 at 12:13
Eve uste edna fotka posle zemjotresot :


"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 12-Jul-2008 at 13:10
Originally posted by beTon

...
[QUOTE]Новото Скопје Така, на пример, Варшавскиот урбанистички завод, како своја помош на Скопје, изработи своја варијанта на предлог урбанистички план. Претходни студии и варијанти за урбанистичкиот план изработија и стручњаците од Заводот за урбанизам на Скопје заедно со претставниците од фирмата „Доксијадис" од Атина, кои во подготовките на планот учествуваа во својство на техничка помош од ООН за Скопје. Овој значаен документ-Урбанистич- киот план, се раѓаше како посебен феномен, дотогаш незабележан. Еве ја подолгата приказна за него. Варијантите на просторното решавање и изработените студии беа неколкупати разгледувани од Консултативниот одбор на ООН за Скопје, формиран од страна на Специјалниот фонд на Обединетите нации за помош на Скопје. Консултативниот одбор беше составен од еминентни стручњаци: архитекти, урбанисти, планери, геолози, геофизичари, сеизмолози и други, а имаше задача да ја помогне изработката на Генералниот урбанистички план на Скопје и да помогне во решавањето на низа други проблеми на градот. По препорака на Консултативниот одбор на ООН, во октомври 1964 година, дефинитивната изработка на Урбанистичкиот план на Скопје му се довери на „Полисервис" од Варшава и „Доксијадис" од Атина, а во соработка со Заводот за урбанизам и архитектура од Скопје. Поради итноста, проектот на планот требаше да биде готов само за 10 месеци. Познато е дека ваквите планови за градовите се прават со години, па затоа изработката на Урбанистичкиот план за Скопје по земјотресот, во вака кус рок, е посебен феномен.




има една работа која ми мириса на загорено.
не сум шовинист, но кога станува збор пред се за грција и нивната политика на повеќевековно негирање на се што е македонско и од македонија немам двојби околу несреќата која не чека доколку пуштиме академски-грк во дворот да ни чисти, може работата сега ќе ни изгледа наредена, но набрзо ќе сфатиме дека останало многу ѓубре меѓу редови...
имам една теза дека атинската фирма доксијадис на која и е доделено спроведувањето на урбанистичкиот план се има погрижено да Скопје од град со план за 250 до 300 илјади жители да се модифицира во Скопје со 500 до 700 илјади, па и повеќе... е сега што е тука проблемот?
во таква ситуациаја веднаш се создаваат услови за Скопје да ги апсорбира повеќето жители од селата и малите градови што и се случило , а целта е да се удри по идентитетот т.е. кој во град ќе носи опинци и скутини, а камоли обичаи да тера? вистината е болна орото, гајдата, кавалот, песната ја губат својата природна средина и подражавачи, па така во градот добиваат само музејска форма која сама по себе не е гарант дека нема да се одродиме, па сетне ги имаме тука говорот-дијалектите тие одат низврата удоле и попреку но не се задржуваат,
плус да не заборавиме дека од претежно земјоделска земја стануваме индустриска каде ако до тогаш процентот на искористеност на обработливо земјиште е 80%, многу бргу потоа паѓа на 40%, за да денес е некаде 25%, што единствено е прифатливо доколку соодносот е 50-50 но вака сме директно како општество зависни од суровини и енергенси за што тиле се погрижил и фабрика и суровина да нема во иста република, а не заборавајте дека грција на пример денес највеќе пари влече за земјоделие од ЕУ, но и да не ни го стореле тоа грците (го направиле вонпропорционално спроведувањето на деталниот план со секакви дополнувања на оригиналниот на кензо) ние сами ќе сме си го сториле сами, па сепак ние му бевме покорни на тиле кој посекако го има одобрено грчкото гледиште, знаејки дека единствено Македонците се дрзнуваат да бараат некаков суверенитет и да покренуваат национални прашања па вака без ќотек направиги зависни од “зависната индустрија“ и од глад ќе мора трајно да спуштат глава, што се и случило, затоа и велам од Скопјани не направиле Скотјани. ова го тврдам со сигурност бидејќи бев сведок како еден систем кој го репресираше овој народ заради смешно пеење патриотски песни или чување знаме од ВМРО дома, абе џабе не е поговорката “Чувај ме Боже од пријателите зошто на непријателите им ја знам ујдурмата“
...знам дека мојава констатација за повеќето ќе делува како матрикс приказна но вистината ќе ја најдете кога ќе пробате да запеете некоја песна од изворните или да за играте друго оро освен правото...
сепак на крај не треба да ги обвинуваме ниту србите, ниту грците, ниту бугарите, тие како и секој освојувач имаат интерес ние да не постоиме, ако ништо друго заради срамот од геноцидот кој го спроведувале, па турците можеби колеле но не не негирале, секогаш не гледале како нешто свето, дури и султанките ги праќале да ги раѓаат своите деца во Македонија. ние треба да погледнеме и да ги протераме сопствените душмани, кои заради грне сребро редовно му ја отворале портата на волкот...

понекогаш ќе речам и дека срам ми е да се наречам македонец а незнам ни едно оро да заиграм или некоја полјарска песна да запеам, па дури и смешно ми изгледа кога сакаме да се повикаме на идентитетот а тој кутриот прашина фаќа по музеите и испустените села!

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 15-Jul-2008 at 22:07

1963 Skopje earthquake

Date July 26, 2007
Magnitude 6.1 Mw(moment magnitude scale) - (equivalent to 6.9 on the richter scale)
Depth 6 kilometres (4 mi)[1]
Epicenter location  42.10N 21.40E 
Countries affected Yugoslavia present-day Macedonia
Casualties 1,000-1,100 killed
Other: 
3,000-3,330 injured
120,000-200,000 left homeless

75-80% of city destroyed

The tremor lasted for 20 seconds and was felt mostly along the Vardar River Valley.





Edited by beTon - 22-Feb-2009 at 17:08
Back to Top
kliki View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kliki Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 30-Nov-2008 at 16:03
Zdravo,
izvinete a sto znaci zborot ''ALKORANI''`?

pozdrav dali se toa nekakvi ukrasi?

fala mnogu

kliki
Kliki
Back to Top
kliki View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kliki Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 30-Nov-2008 at 16:13
Што значи зборот алкорани:?
фала многу

Kliki
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 30-Nov-2008 at 16:25
па збунува на момент, но ако го бараш зборот во контекст на цела реченица може ќе биде појасно! инаку се однесува на муслиманската света книга - al-Qur'an
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 30-Nov-2008 at 16:25
Al koran = AL Quran  toa znaci mislam
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 30>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.110 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.