build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спортска сала Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3833
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Спортска сала Аеродром
    Posted: 29-Jun-2009 at 12:09

ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Ќе се гради спортска сала на кејот на Вардар

На кејот на Вардар во Аеродром ќе изградиме цел спортски комплекс, изјави градоначалникот Ивица Коневски

Општина Аеродром заедно со Агенцијата за млади и спорт ќе гради спортска сала на кејот на Вардар. Изградбата на салата е предвидена со деталниот урбанистички план "Јане Сандански" кој Советот на Аеродром треба да го изгласа на некоја од следните седници.
Согласно планот, салата ќе се гради во близина на спортската сала кај што настапува кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје и ќе има капацитет за 4000 гледачи. Иста спортска сала, според најавите на општинарите ќе се гради и во населбата Реонски центар.
"Кога Советот ќе го изгласа деталниот урбанистички план, планираме кејот на Вардар во наштата општина да га направиме спортски комплекс. Освен спортска сала ќе изградиме и фудбалски и спортски игралишта со по една трибина кои ќе бидат осветлени со рефлектори. Планираме со изградба да почнеме до крајот на оваа година или на почетокот на следната", вели градоначалникот на Општина аеродром Ивица Коневски.
Освен спортска сала и фудбалски игралишта, на кејот на Вардар во Аеродром предвидено е да се градат и ракометни игралишта, аква парк, хелиодром, хотели и други содржини. (М.Ѓ.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=038EA3E398A71943A676D0AC58B86028


Edited by Cloverstack - 29-Jun-2009 at 12:25
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jun-2009 at 12:34
зошто секогаш сакаат да стават на празен простор спортски центри,и најчесто тоа се обични терени за фудбал, кошарка или тенис? или пак секогаш го тапат со „хелиодроми, аква паркови и хотели“
навистина не е само ова начин како да се уреди поголема зелена површина
(не дека имам многу против ова)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Jun-2009 at 13:31
Ај да не испадни муабетот пак локал патриотски, ама што ќе му е на Скопје уште една (квалитетна) сала, на калето и Борис Трајковски се две од единствените три во државата што личат на нешто (ако охридската се смета дека личи на нешто). Ако ништо друго, прилепската и битолската се распаѓаат, а сигурен сум дека има уште 10 други што се полураспаднати во државата.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Jun-2009 at 13:56


Како прво ова е локален, општински проект а не државен така да локалпатриотскиот муабет ти паѓа во вода.

Како второ град Скопје едвај со помош на државата направи сала од 6.000+ гледачи а Коневски ќе правел 2х4.000. Треба да научиме да ги разликуваме вистинските од глупавите најави.

Како трето, верувам дека муабетов е повеќе од аспект на ДУП отколку од аспект дека општината ќе почне да инвестира во ова.

И како четврто, планот ми звучи толку генерички и на памет да ми се блуе. Како што кажа забеган а некаде имаат луфта ај ќе правиме спортски терени. Има ли анализа некаква за демографијата на Аеродром, колку луѓе би ја користеле, колкава е нивната економска моќ да плаќаат за нешто такво, колкава е воопшто спортската култура кај нас итн... Сигурен сум дека нема.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Jun-2009 at 14:41
Општина Аеродром заедно со Агенцијата за млади и спорт ќе гради спортска сала на кејот на Вардар.


Тука во задебеленото ја видов сериозноста на најавата. Немам проблем ако сака градоначалникот да си гради со општински, баш е убаво (и ретко). Ама додека државата форсира Република Скопје Roll%20eyes - ќе се бунам. Нели агенцијата за млади и спорт е на владата?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Jun-2009 at 15:17


Тој дел ми промакнал.

Сепак никогаш во овие дискусии не добив вистински аргументи за цел тој мит Република Скопје.

Исто така ме интересира дали Грција е република Атина или Англија - република Лондон итн....

Има многу примери во светот каде диспропорцијата меѓу главниот (или неколкуте главни градови) и остатокто од земјата е голема не заради некаква пристрасна политика туку заради реални економски, социолошки и какви уште не параметри. Имаме нишка за ова доколку ми одговараш, одговори ми таму.
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Jun-2009 at 20:27

a koja e poentata da pravat uste edna sala do MZT?!?!?!? ako tolku sakaat sali barem neka ja renoviraat...posle za terenive,okolu mzt ima nekolku za tenis,pred sekoja zgrada ima 1-2 kosa (za basket),niz parkovive decava igraat fudbal...sigurno nema nekoj da cepa od biser do mzt samo da izigra partija basket ili fudbal...

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Sep-2009 at 17:35
Кај градежната база на АДГ Маврово во Јане Сандански солидно се работи, но тешко дека ќе биде испочитуван најавениот рок за расчистување (дваесетина дена)

1


2

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Dec-2009 at 22:26
Привршува расчистувањето за спортски центар во Аеродром

Просторот покрај кејот на Вардар во Општина Аеродром, на кој до неодамна функционираше голема граджна база на АДГ Маврово е речиси расчистен од времените објекти кои таму егзистираа околу три децении. При крај е и изнесувањето на шутот и другите остатоци. Со ова се обезбедуваат предуслови за реализација на неодамна донесениот урбанистички план, кој воглавно предвидува спортски и рекреативни содржини.

Локацијата е опфатена со ДУП Јане Сандански, урбана единица Г. Со него на овој простор и околината е зацртан спортски центар кој вклучува нова спортска сала, сала за хокеј и уметничко лизгање, олимписки базен, фудбалско игралиште со монтажна трибина, како и две ракометни игралишта и четири дополнителни тениски игралишта. Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, изјави дека проектите ќе ги реализираат во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Тој најавува дека спортската сала ќе има капацитет од 4.000 гледачи, а трибината на фудбалското игралиште ќе може да прими 1000 гледачи. Во рамките на центарот, ДУП-от предвидува и два хотели, забавен парк и подземни гаражи.

Расчистувањето почна во септември и првично беше најавено дека ќе заврши за дваесетина дена.


http://www.build.com.mk/portal/?p=856

Еве и фотки од денеска:

1


2


3


4

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Feb-2010 at 23:17
За изградба на повеќенаменска спортска сала во Аеродром

Сите заинтересираните учесници треба да ги достават своите проектни решенија најдоцна до 10 март годинава исклучиво преку електронски систем за јавни набавки. Наградата за најдобро Проектно решение е во висина од 300.000 денари


Владата преку Агенцијата за млади и спорт деновиве распиша конкурс за избор на идејно архитектонско-урбанистичко решение за спортска повеќенаменска сала во општина Аеродром. Критериумите за утврдување на способноста на учесниците за поднесување проектни решенија се дека треба да ги исполнуваа барањата. Физичкото лице треба да поседува способност за вршење професионална дејност, а доколку станува збор за правно лице треба да ја приложи личната состојба, економската и финансиската состојба, како и техничка и професионална способност. Физичкото лице треба да има соодветна висока стручна подготовка од областа на архитектурата. Исто така, треба да има соодветно овластување Б, издадено од Комората на овластени архитекти и овластени градежници на Република Македонија или од соодветен надлежен орган доколку станува збор за странски учесник.

Потребните критериуми за учество на правни лица се лична состојба во последните пет години. Учесникот не треба да има изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама, перење пари, да не е во постапка за
стечај или ликвидација и да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки. На учесникот да не му е изречена прекршочна санкција односно забрана за вршење на професија, дејност или должност. Треба да е регистриран како правно лице за вршење на дејноста која е поврзана со предметот на набавката или пак да припаѓа на соодветно професионално здружение во согласност со прописите на земјата каде што е регистриран. Економската и финансиската состојба на учесникот е дека треба да има позитивно мислење за економските показатели во извештајот за билансот на состојба и билансот на успех во последните три години за секоја година одделно. Техничката и професионалната способност на учесникот е искуството во вршење работи од областа на проектирањето на градби од трета категорија во согласност со Законот за градење во последните три години. Условите за добивање на тендерска документација учесниците може да ја подигнат преку електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) на веб-адресата https://www.e-nabavki.gov.mk.

Сите заинтересирани учесници, своите проектни решенија, треба да ги достават најдоцна до 10 март годинава исклучиво преку електронски систем за јавни набавки. Наградата за најдобро проектно решение е во висина од 300.000 денари.

http://vecer.com.mk/?ItemID=3255D9637F26E14A8D7062FB43847284
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Feb-2010 at 23:36
Да не е ова таа салата за хокеј? Повеќенаменска и за лизгање?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Feb-2010 at 00:11
Незнам, ја прво се збунив дека е дел од комплексто на ФФМ па сватив дека чим општината координира проект ондак не е тој од ФФМ. Вероватно у право си со предпоставката.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Feb-2010 at 00:16


Салава е дел од спортско-рекреативниот центар во Јане Сандански:

http://www.build.com.mk/?p=856

А комплексот на ФФМ ќе биде исто покрај кеј, ама кај Ново Лисиче
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Apr-2010 at 22:46
Најдоцна во 2013 во Аеродром ќе никне аква парк

Денес во Министерството за транспорт и врски се одржа јавно наддавање за две парцели во општината Аеродром наменети за спортски и рекреативни содржини. На поголемата од нив која има површина од 25.260 метри квадратни веќе подолго време се најавува изградба на аква парк, додека на помалата која има површина од 6.885 метри квадратни со ДУП-от е предвидена повеќенаменска спортска сала. Парцелите ги доби „Манд интернационал“ од Скопје, која за нив ќе треба да исплати 50.520.000 и 13.770.000 денари. Компанијата треба да ги уплати средствата во рок од 15 дена, да обезбеди одобрение за градба најдоцна 9 месеци од солемнизирање на договорот и да ги изгради објектите во рок од 2 години после правосилноста на одобрението.

Според ДУП-от инвеститорот ќе треба да обезбеди 210 паркинг места во рамки на парцелите, а максималната дозволена висина за градба е 12 метри. Објектите ќе бидат дел од идниот спортско – рекреативен центар на кејот на Вардар во Аеродром. Поголем дел од него е зацртан на просторот на бившата голема градежна база на АДГ Маврово која е речиси расчистена. На 31 јануари таму беше поставен камен темелник за четири тениски игралишта, а на почетокот на месецов Министерството за транспорт и врски на лицитација понуди и две парцели за хотели, кои исто така треба да бидат дел од комплексот.

http://www.build.com.mk/?p=2928






Edited by Cloverstack - 23-Apr-2010 at 22:50
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Nov-2010 at 17:09
Почнале со копање за темели за Спортската повеќенаменска сала во Аеродром... ќе видиме со какво темпо ќе одат работите понатаму. Мислам дека ова е парцелата која ја купи Пеце заедно со онаа на Аквапаркот. И се гледа дека е под нивото на Вардар, па ќе треба малку работа за средување на проблемот со подземни води. А Вардар деновиве е доста висок.

01. Еве го Деталниот Урбанистички План

02.

03.

04.

05.

06.

07.

08.

09.

10.

11. Еве го нивото на Вардар деновиве


Сликите се направени од FoSsiL, но за жал има проблеми со интернетот.
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Nov-2010 at 19:34
Благодарам многу, S.P.Q.R.

Гледам јас од дома, ми се раздвижиле нешто багери. Ама како и по вообичаено, мислев дека е секојдневна рутина, а потоа нема ништо. И гледам од прозор, камиони разнесуваат земја. Кога гледам, полека, ми пропаѓаат во земја. Си викам што е ова. И отидов денес да сликам и еве. Не е нешто голем напредок, ама е дупка, и не е мала. Вака на слики не изгледа голема, ама во живо е огромна, можеби и поради тоа што и самиот тој простор е спуштен од нивото на патеката на кејот, и изгледа ко дупка во дупка.

Интересно е тоа што, парцелата за хотелот е недопрена, а пристапот за евентуални градежни работи би се искомплицирал со дупкава, која е лепенка на парцелата на хотелот. Како со нож да сечеле.

Се гледа малку вода... најверојатно е подземна, ама се надевам ќе се среди лесно. Најверојатно ќе има и некое подземно ниво. Па сега останува на дупка за темели, како ќе биде понатаму ќе видиме.... Ако во скоро време поставуваат темели ќе сликам... и првата плоча секако...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Dec-2010 at 16:33
Посебна нишка и за овој проект   Cheers


Еве едно конкурсно решение кое беше дел од АСК2010. Околу статусот на ова конкурсно решение немам никакви информации.

Автор: Игор Неделковски, диа
Соработник: Јелена Стокуќа, диа
Консултант: Проф. Станислав Миловановиќ






Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Dec-2010 at 18:55
Kinda like it, too. This is a good step as a render, to show us the space taken by the hall and the possible form it will take... but I think it is an old one.... and there are some mistakes... The investor isn't Municipality of Aerodrom, but a private investor... Pece Naumovski or so... Also they must work on their English...

At the end... it can pass... it is a good one
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Dec-2010 at 07:25

Lele ama e ubavo, eden od arhitektive mie zet pa taman ke se rasprasam za ovoj proekt.

Samo sto ke se sluci so na MZT salata? Barem taa da ja renoviraa da licese na nesto.

A za Pece Naumoski mislam toj trebase akvaparkot da go pravi vo Aerodrom ali ne znam do kade e so toj proekt.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Dec-2010 at 12:26
Originally posted by FoSsiL

Kinda like it, too. This is a good step as a render, to show us the space taken by the hall and the possible form it will take... but I think it is an old one.... and there are some mistakes... The investor isn't Municipality of Aerodrom, but a private investor... Pece Naumovski or so... Also they must work on their English...

At the end... it can pass... it is a good one


Fossil, Vladata e investitor ili opstina Aerodrom. Nema privaten investitor




Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.