build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спортска сала Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 03-Dec-2010 at 17:37
Originally posted by FoSsiL

Kinda like it, too. This is a good step as a render, to show us the space taken by the hall and the possible form it will take... but I think it is an old one.... and there are some mistakes... The investor isn't Municipality of Aerodrom, but a private investor... Pece Naumovski or so... Also they must work on their English... At the end... it can pass... it is a good one


You need some work too dude
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 04-Dec-2010 at 20:10
@ Plugger

Забелешката на  Fossil е на место. Парцелата (во пакет со обврска да биде изградена спортска сала) ја купи фирмата „Манд Интернационал“ на Петар Наумовски. Прочитај ја веста во пост #14
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 06-Dec-2010 at 06:35

Clover, Pece Naumoski go kupi mestoto kaj sto ke se gradi Akva Parkot, nisto ne bese spomnato za Salata. Pred nekoj den pravev muabet so Arhitektot na Salata i mi rece deka investitorot e drzaven a ne privaten pa sea ne znam valjda on znae poveke od nas.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 06-Dec-2010 at 15:40
Plugger, ако вообичаено го читаш само последниот коментар пред да реплицираш, дај барем сега кога точно ти ја посочив веста, прочитај ја (се разбира цела, не само насловот)   Poke   Smile


Ако архитектот знае нешто повеќе, нека се приклучи тука и нека сподели, ама последна вест која дојде од надлежните беше таа дека фирмата на Пеце го купила земјиштето. Евентуално ако збркале нешто во соопштенијата, ама тоа е слабо веројатна претпоставка.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 30-Aug-2011 at 01:46
Конкурсниот труд на SCARS Studio
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА:

Да се проектира повеќенаменска спортска сала во населбата Аеродром, за 3000 гледачи и дополнителен комерцијално-деловен простор.

ОДГОВОР:

Проектот реагира на особеностите на локацијата која се наоѓа на самиот брег на реката Вардар. Имено, тој претставува обид востановената типологија на спортски објекти кои по својата природа вообичаено се интровертни да ги преработи во нов, екстровертен модел. Во таа смисла, северната граница на објектот е перфорирана во обем во кој целокупниот пејзаж на течението на реката Вардар станува составен дел од внатрешноста. На тој начин, транспарентната мембана овозможува внатрешниот простор да емитува нови слики кон спортско-рекреативната зона која истовремено е впиена во амбиентот на салата. Борилиштата се вкопани во однос на котата на приземјето, што овозможува помала висина на објектот, како и олеснето пристапување и брза евакуација на посетителите. Западниот блок на салата се равива на три вертикални нивоа во кои се сместени комерцијално-деловни содржини ориентирани кон внатрешноста на објектот и кон новоформираниот плочник пред неговиот влез.

Применетиот архитектонски јазик и материјалност соодветствуваат со карактерот и содржината на објектот кој се обидува да иницира рационална естетика и современ естетски израз. Обвивката претставува комбинација на повторливи префабрикувани елементи, идеја водена од логиките за поголема економија во градењето.


01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


Малку ќе треба скролање.
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 30-Aug-2011 at 14:05
fala bogu pocnaa nekoj contemporary stil da se vrti niz skopjevo!
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 30-Aug-2011 at 17:23
Мислам дека тешко ќе се оствари за брзо време.
Ако беше во барок или класицизам сигурно ќе никнеше за кратко време


Што се однесува до концептот ми се допаѓа, но смеам дека треба да има нешто поголем капацитет и секако да ги задоволува стандардите на EHF и FIBA europe - да може да биде алтернатива на Борис Трајковски за меѓународни натпревари и здравје можеби некое европско или светско првенство ...

Edited by vlatko.mk - 30-Aug-2011 at 17:26
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 31-Aug-2011 at 05:32
Јас мислам дека ние во Македонија сме многу збунети.
Сакаме едноставност и функционалност како скандинавците т.е. северњаците а секогаш повеќе се палиме на накитени работи како јужнаците...

Навистина не знаеме што сакаме.
Треба некој свој стил да си развиеме бидејки вака ќе сме секогаш распнати и разделени на контрадикторни стилови.
Ако продолжиме вака градовите ќе ни станат турлитава.
Не зборувам само за јавните објекти, зборувам и за приватните...

...Мислам дека треба да се отвори тема (на соодветно место) за тоа какви стилови се преферирани во Македонија. Не дискусија за нео-класицизам, модернизам, поп-комунизам и современа архитектура, туку за културолошкото и психолошкото размислување на Македонецот како дел од една колективна заедница. (во однос на архитектурата се разбира)

Каков ни е културниот развој низ вековите и како истата таа култура влијае врз архитектурата?
Што сакаме? Што не сакаме?
Контрадикторности?
Како сето тоа влијае на стилот?
Како сето тоа влијае на формата?
Како сето тоа влијае на функционалноста?
Дали градовите ги гледаме како збир на посебни објекти или на објекти кои се надополнуваат едни со други.
итн...
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 31-Aug-2011 at 16:42
Проектов ми се свиќа, супер е, футуристички. Но што со старата сала?
Јас би ја реновирал од корен и за многу помалку пари и време би била топ.

Како и да е, ако нешто се гради јас сум за.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 31-Aug-2011 at 17:31
Според неофицијални инфорамции, салава деновиве треба да биде вметната во ДУП, за тоа треба да гласа советот на следната седница, така да можно е за месец дена Општина Аеродром и Агенцијата за млади и спорт да го означат почетокот на изградбата. Инфото исто така вели дека ќе има капацитет од 4000.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 31-Aug-2011 at 17:33

  И јас прочитав и ми падна чудно. Нели Пеце требаше да ја гради салава, што се десило?

еве го извадокот:

Општина Аеродром заедно со Агенцијата за млади и спорт ќе гради спортска сала на кејот на Вардар. Изградбата на салата е предвидена со деталниот урбанистички план "Јане Сандански" кој Советот на Аеродром треба да го изгласа на некоја од следните седници. Согласно планот, салата ќе се гради во близина на спортската сала кај што настапува кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје и ќе има капацитет за 4000 гледачи.



Edited by FoSsiL - 31-Aug-2011 at 17:34
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Дарко View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дарко Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 31-Aug-2011 at 18:08
супер е....ај се надевам ќе ја прекинеме клетвата и конечно ќе земеме титула
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 31-Aug-2011 at 18:13
Originally posted by FoSsiL

И јас прочитав и ми падна чудно. Нели Пеце требаше да ја гради салава, што се десило?
Да, неговата фирма го купи земјиштето. Еве го подолу тогашното соопштение од министерството за транспорт кое ја продаде парцелата (се работи за помалата парцела, онаа од 6.885 квадрати). Во меѓувреме колку што ми е познато ниту од министерството ниту од некоја друга институција ја известиле јавноста дека зделката пропаднала или нешто слично.
Соопштение до јавноста - 23.4.2010

 

 

Почитувани,

 

 

Ве информираме дека денес во Министерството за транспорт и врски се одржа јавно наддавање по јавната објава за  отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање наменето за изградба на спорт и рекреација, спортски терени и објекти во општина Аеродром.

 

Предмет на јавното наддавање беа две градежни парцели со површина од 25.260 м2 и 6.885 м2, а со статусот најповолен понудувач на јавното наддавање се стекна компанијата „Манд интернационал“ од Скопје, која ја понуди највисоката цена од вкупно 50.520.000 денари за првата градежна парцела и вкупно 13.770.000 денари за втората градежна парцела.

 

Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена да ги уплати средствата за отуѓување согласно постигнатата цена од јавното наддавање. Доколку средствата не се уплатат во предвидениот рок ќе се смета дека земјиштето не еотуѓено, а депонираните средства на најповолниот понудувач  нема да му бидат вратени. По извршената уплата во утврдениот рок со најповолниот понудувач се склучува договор за отуѓување со кој најповолниот понудувач се обврзува дека предвидениот објект ќе го изгради во рок од 2 години.

 

Со почит,

Министерство за транспорт и врски


http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2483







Originally posted by N23

Според неофицијални инфорамции, салава деновиве треба да биде вметната во ДУП, за тоа треба да гласа советот на следната седница
Не знам што е финтата со тие муабети, ама салата е фигурира во ДУП-от уште од сам почеток:

http://aerodrom.gov.mk/tl_files/za%20opstina/generalni%20podatoci/urbanistichki%20planovi/JaneSandanskiUEG.jpg
Back to Top
KraliMarko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 17-May-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraliMarko Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 31-Aug-2011 at 21:27
Аеродром и МЗТ заслужуваат поголема и поубава сала, мило ми е ако се изгради за брзо!
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 31-Aug-2011 at 21:47
Имам јас една замерка за проектов, ако испадне така стаклениот дел јас не би купил карта =)))
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 01-Sep-2011 at 01:16
Originally posted by Cloverstack


Не знам што е финтата со тие муабети, ама салата е фигурира во ДУП-от уште од сам почеток:http://aerodrom.gov.mk/tl_files/za%20opstina/generalni%20podatoci/urbanistichki%20planovi/JaneSandanskiUEG.jpg


Точно и мене ми падна чудно, значи вметната е, но тој дуп сеуште не е изгласан. (ако и ова е веродостојно)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 01-Sep-2011 at 01:25
Донесен е, инаку не можат да ги продаваат парцелите на таков начин. Еве меѓудругото што содржат огласите на министерството кога продаваат парцела таму:

Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено земјиште,  сопственост на Република Македонија,  предвидено со Детален Урбанистички План    Јане Сандански УЕ –  Г донесен со општ акт одлука  07-200/2  од 01.09.2009 година на општина Аеродром.


Back to Top
kara View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kara Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 06-Jan-2012 at 18:07
што се случува со фотките од салата.....
Зашто ги нема (не можеме да ги гледаме) ?????
@LEK$
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 07-Jan-2012 at 01:02


Претпоставувам прашуваш за материјалите од конкурсниот труд на „СКАрС“.
Еве ги:

1


2


3


4


5


6


7


8




Edited by Cloverstack - 07-Jan-2012 at 01:03
Back to Top
kara View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kara Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 08-Jan-2012 at 20:10
Токму за нив прашав....
Ти благодарам...
@LEK$
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.