build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Општинска зграда Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 01-Apr-2021 at 14:33
Би требало да е ова локацијата



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 07-Apr-2021 at 10:23
За урбанистичките аспекти на локацијата за новата административна зграда на Општина Аеродром



Општината Аеродром, на крајот на минатата година распиша конкурс за нова административна зграда за свои потреби. Повикот траеше до 1ви март, 2021 година и на истиот пристигнаа 22 идејни решенија, што е одличен одзив.

Post festum ја коментираме локацијата и урбанистичките аспекти на истата, која е производ на таканаречениот македонски урбанизам со сите негови контрадикторности.

Локацијата во однос на поширокото опкружување е на позиција, која е атрактивна, визуелно достапна и сообраќајно пристапна. Се наоѓа на јужниот агол од раскрсницата на бул. „ Видео Смилевски Бато“ и бул, „Србија“ креирајќи фасадна крива на фронтот со што ја омекнува својата појавност. Просторот е жив и раздвижен и на прифатливо растојание од општинскиот центар ( Т.Ц Бисер ). До тука е се како треба, но…



Од катастар на РМ

Предвидена е мала градежна површина која опфаќа доминантен дел од парцелата. Од тука не е возможно да создадете претпростор, пјацета, зеленило т.е партерно уредување кое соодветно ќе го третира идниот објект со достојна и урамнотежена атрактивност. Во случај да се обидете ќе морате да создадете компромис во проектната задача и со тоа автоматски да не ги исполните докрај бараните услови.

Вкупно дадените просторни побарувања ( околу 4000 м2 корисна површина ) бараа максимално окупирање на габаритот предвиден од урбанистите, влијаејќи безкомпромисно врз архитектонското решение. Тоа е типично за македонскиот тековен урбанизам, кој нема посебен третман кон објекти со општествено значење, одземајќи ги условите за визионерско делување.

Општината одлучила да ја препоплови оригиналната парцела и да ја откине од утробата, создавајќи две од кои помалата парцела е со максимални параметри. Очигледно државните институции и кога работат за себе не покажуваат до крај респектабилен однос кој ќе е исчекор кон повисок квалитет.



Од детален урбанистички план / Reonski Centar UE A Blok 1 i 2

Како производ на ова, соседната парцела е со намена – трговски содржини (иако во соседството има веќе неколку). Предвидената површина за градба го деградира постоењето на новата општина, наметнувајќи и се да создаде неразбирлив полублок.



3D модел на максима според ДУП

Нелогичноста на ваквата организираност е крунисана со различните височини каде општината е П+3, додека комерцијалниот објект доминира со П+7. Зар не беше логично овој сосед, да биде со иста височина?! … Особено засегнува фактот дека надвишувањето не смее да се случува на југот, бидејќи со тоа го одземате природното осончување на северот, додека секоја логика на урбанизмот доминантата би ја сместил на аголот ( обратно од предвиденото).

Обликувањето на површината за градба на општинската зграда отстапува и од фронтот на соседниот објект блокирајќи го природното движење и наметнува заокружување. Знаејќи ја набиеноста на програмата, создавањето на природен трем во приземјето беше невозможна мисија.

Она што остава простор за поинакво делување е сопственоста на оваа соседна парцела ( државен посед ) и нејзината неизграденост. Од тука можеме да се надеваме дека пред изработката на основиот проект ќе може да се извршат урбанистички промени како објектот на општината би добил соодветен третман.



Анализа на возможни промени во габарит / Прима Инженеринг

Постојат три возможни позитивни ситуации:

да се корегира урбанистичкиот план и да се изедначат височините на соседниот објект;
доколку се инсистира на поголема височина на трговскиот објект, тогаш да се ревидира градежната линија и истиот да се повлече во правилна правоаголна основа;
да се избриши оваа намена и да се предвиди јавен простор кој ќе се интегрира со општинската зграда.
Поентата на ова пишување сепак не е со цел да го деградира архитектонскиот дел од конкурсот, туку да укаже на урбанистичките нелогичности и можноста истите да се корегираат.

Архитектурата сепак претставува најдобар можен одговор во рамките дефинирани помеѓу барањата на инвеститорот, урбанистичките параметри и личниот авторски сензибилитет.



Овој конкурс многу веројатно дека продуцирал интересни и добри решенија согласно параметрите, но сега треба да се остави простор победничкиот проект да се реализира во неговата оригиналност. Да не се дозволи импровизација како со лошиот пример на Општина Карпош.

Објектите не може да се набљудуваат одделно, туку во контекст на околината, затоа овој конкурс може да покаже легитимитет на овој процес и да донесе позитивен урбанистички заклучок – да ја корегира соседната парцела и целосно промени во позитивен наратив кон новата општинска зграда!

Автор на статија: Filip Koneski

https://marh.mk/za-urbanicistickite-na-lokacijata-za-nova-zgrada-aerodrom/?fbclid=IwAR1ceiNg_epsd1Kc35Wwgi6ZTPdTS-GLltx7xbOCKwDYSNtts3rKgKWZmTA
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 912
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 07-Apr-2021 at 12:49
Ако ништо друго, барем нека направат промена во издадениот дел за да ја прати градежната линија и да има нормален тротоар. И нормално да предвидат огромен број подземни паркинг места (што сигурно нема да е случај), бидејќи околните паркинзи веќе се оптеретени од ПСС, НЛБ, Лиса итн.

Друг проблем е трагикомичниот приклучок на булеварот кај Лиса, кој веќе колабира, но и отсуство на официјален приклучок за булевар Србија. Сега има само еден див приклучок.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 07-Apr-2021 at 13:48
Административна зграда за Општина Аеродром / ШаркА







Анализирајќи го севкупниот скопски контекст на моментална урбана состојба и актуелната хиперурбанизација, овој тим зема поголема слобода, (секако, на сметка на успешноста на проектот на конкурсот) пред се со цел да го покаже својот став и насоката како би требало да изгледа не само зададената локација, туку и односот кон/во градот! Проектот се јавува како реакција на урбанистичките планови кои ја минимизираат важноста на објектите од јавен интерес и јавниот простор, додека приоритет даваат на станбен, комерцијален и деловен простор.

Општинската зграда би требало да има отворен јавен простор (мал плоштад) кој би можел да се користи за повеќе намени, би го олеснувал и подобрувал пешачкиот пристапот кон општината, би создавал врска со околината и би ги акцентрал и зголемил граѓанските, демократските вредности. Овој проект претставува коментар за планот на локацијата и го акцентира како приоритетно општото добро преку создавање не само на општинска зграда, туку и препознатливо место кое поттикнува позитивни вредности. Затоа, проектот „ШаркА“ се протега на моментално целото неизградено земјиште: на државното земјиште предвидено за општинската зграда и просторот зад неа, предвиден за деловни намени. Просторот за деловниот објект со својата издолжена форма и дозволена височина од 28 метри, има потенцијал да се изгради во крут масивен блок, кој изграден во иднина би ги спречил воздушните струења и би создал дополнителна непријатна и клаустофобична атмосфера, за која дадената локација, а и градот немаат капацитет! Со оглед на непосредната близина на деловни и трговски центри, и дехуманизираната армосфера на локацијата, потребата за паркови и зеленило во градот и покрај булеварите; новите урбанистички трендови и секако почитта на околниот контекст и архитектонскиот континум, овој тим својот проект свесно го постави на моментално целиот неизграден простор.

ПРОЕКТ | КОНЦЕПТ



Проектот „ШаркА“ претставува јавен објект, односно административна зграда на Општина Аеродром. Името на проектот „ШаркА“ произлегува од зборовите: шума (алудирајќи на моменталниот светски тренд – урбани шуми), парк (тоа што е потребно за граѓаните на градот Скопје) и „А“ како името на општината – Аеродром. Лоциран на агол на крстосница, во локација опкружена со висококатници и булевари, се појавува потребата од креирање на зелен, одржлив, инклузивен, социјален и повеќенаменски простор, кој не би бил наменет само за вработените во општината, туку и за сите граѓани.

Приземјето и партерното решение се обединети во еден и единствен течен простор, низ кој граѓаните лесно би можеле да се движат и да поминуваат. На овој начин движењето не се ограничува само преку тротоарите и влезовите, туку е флуидно (слободно тече) низ целата локација, која истовремено преставува и јавен социјален простор, отворен за движење и комуникацијата. Партерот содржи локално високо зеленило, кое го намалува звучното и воздушното загадување од околните булевари. Решението се повикува на концептот на слободно пешачко движење, типичен за плочниците помеѓу станбените згради во општината изведени при оригиналните планови за населбата Аеродром. На тој начин, концептот на проектот „ШаркА“ произлегува од локалната архитектура и моменталните потреби на општината и истите ги обединува во ново решение, креирано според светските принципи на одржлива, хумана и зелена архитектура. Овој проект го истражува концептот на симбиоза помеѓу објектот и потенцијалното содзавање на урбана шума, како современ концепт за заштита на животната средина и борба против климатските промени.

ФОРМА | ПРОГРАМА



Објектот е поделен во два, меѓусебно поврзани делови. Првиот е издолжен блок со слободно призмје, кој преку ходник се спојува со вториот дел составен од три меѓусебно поврзани кубуси. Ваквата форма произлегува од природната зададеност на локацијата, односно од потребата оптимално да се искористи сончевата светлина.

Просторите кои ги создаваат кубусите во приземјето се обликувани да создаваат мали и разнолики градини, кои го подобруваат биодиверзитетот на самата локација и би претставувале и интимни катчиња за релаксирање на вработените во општината, како и граѓаните и минувачите. Во таа смисла, целта е овој објект да не е само административна зграда, туку да претставува активен простор за сите граѓани во текот на целиот ден, со содржини кои би ја гарантирале безбедноста и социјализацијата и во вечерните часови (како на пример: кино проекции, скејт парк, дневна детска грижа).

За таа цел објектот преку слободното приземје и партерното уредување, ослободува простор за различни социјални активност, како на пример кино-проекции на отворено во летно време, шетање, одмарање, детска игра, рекреација.

Слободниот покрив на објектот и корвната градина ги продолжува истите функции само на повисоко ниво до кое лесно се пристигнува преку надворешните, вертикални комуникации кои овозможуваат пристапност до било кое ниво, без притоа да се влегува во самиот објект. Истиот нуди можност и за социјална активност на отворено, рекреација, како и урбано градинарство и слични одржливи концепти.

Внатрешното решение претставува јасен и едноставен економичен простор со природна светлина и вентилација и ги вклучува сите содржини побарани во проектната програма.

https://marh.mk/administrativna-zgrada-za-opshtina-aerodrom-sharka/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 10-Apr-2021 at 17:38
Административна зграда за Општина Аеродром / MXMLS

Генерален опис
На крстопатот на две градски магистрали, нашето предлог идејно решение за новата општинска зграда се најавува себеси како нова фокална точка на реонскиот центар во општина Аеродром. Надоврзувајќи се на постоечкиот и планираниот архитектонско-урбанистички контекст, решението ги следи формалните естетски тенденции на своите соседи, притоа зрачејќи со експресивност преку иновативни решенија во обликувањето на обвивката. Решението претставува спој на два волумени, различни по карактер и форма. Во ортогоналниот бочен волумен доминира полната ѕидна маса, додека заоблениот, кој и според својата ориентација е попојавен од ортогоналниот, радира со својата леснотија и порозност.







Технички детали

Објектот се карактеризира со висок степен на енергетска ефикасност при неговата секојдневна експлоатација. Системите на градба, греење, ладење и вентилација кои се планирани во овој проект се најсовремени примери за рационална и енергетски ефикасна градба.

Источниот обод на објектот е проектиран да биде обвиен со неносиви префабрикувани бетонски фасадни панели кои се одликуваат со висок степен на енергетска ефикасност, односно термичка и звучна изолација, како и заштита од директно утринско осончување преку формата на отворите во самите панели.

Она што исто така е карактеристично за нив е дека се далеку по лесни и ефикасни за монтажа, елиминирајќи ја потребата од голема работна сила и тешка машинерија при изградба на објектот.

Северната, односно северозападната фасада е проектирана во два слоеви, првиот е трослојно стакло со висок степен на енергетска ефикасност, а вториот е напрегната мембрана од фиберглас која штити од директна светлина во текот на денот, а овозможува висока естетска вредност како денски, така и навечер кога доаѓа до израз нејзината транслуцентност и порозност, симулирајќи ефект на лантерна.

Во однос на греење и ладење на објектот, предвиден е системот на геотермални пумпи кои ја циркулираат водата десет метри под котата на теренот каде температурата е константна низ сите четири годишни времиња. Во ладните месеци, топлата вода се испумпува во цевките вградени во цементната кошулица на подот на сите надземни етажи, затоплувајќи го објектот преку системот на т.н. “Радијално греење”, а во топлите месеци, разладената вода го лади воздухот кој циркулира во системот за вентилација и истиот контролирано го разладува објектот.

Овие системи се најрационални бидејќи ја редуцираат потребата за употреба на електрична енергија до 70%. Во однос на проветрувањето, атриумот е простор кој овозможува природна вентилација на сите заеднички простории и комуникации преку отворање на стаклениот покрив во неработните часови.



https://marh.mk/administrativna-zgrada-za-opshtina-aerodrom-mxmls
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 10-Apr-2021 at 20:33
Ова со прозорите во коцкастиот дел (не полукружниот) сум сигурен дека сум го видел некаде. Незнам дали е стандардно архитектонски решение, или е само тука копирано мазнато од некаде. Ама сигурен сум дека сум го видел кај некои слики од свет примери бруталистички.

Инаку решение изгледа фино, пристојно, нормално.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 11-Apr-2021 at 11:32
Kонкурсен труд „Идејно решение за административна зграда на општина Аеродром“ /Карангелеска -Тодоровска, Илиевска, Треневска, Грчева



ЛОКАЦИЈА

Локацијата предвидена за управна (административна) зграда на Општина Аеродром се наоѓа на аголот помеѓу булевар „Србија“ и булевар „Видое Смилевски Бато“, во урбана зона која е во брз развој и прераснува во нов локален центар. Во урбаниот блок каде е позициониран објектот се среќаваат објекти со најразлични намени (деловни, комерцијални, станбени, верски итн.), кои се одликуваат и со најразлични обликовни карактеристики. Поради тоа, целта при концепирање на општинската зграда беше насочена кон оформување на нова, препознатлива точка во блокот и во општината, која сама по себе ќе поседува обликовни и амбиентални квалитети, но нема за цел нужно да воспостави континуитет на околната изградена структура.



ФУНКЦИЈА

Објектот на новата административна зграда е концепиран на начин да овозможи беспрекорни услови за работа на вработените, но во исто време да стане и нова препознатлива точка во општината, отворена за сите нејзини граѓани.

Со проектот се предлага едноставен просторен модел, кој се обидува да воспостави рамнотежа помеѓу ефикасноста на функцијата на објектот и естетските вредности на истиот. При проектирањето водено е сметка на функционалноста, дизајнот, адаптабилноста на просторот, одржливоста, како и рационализација на содржините и комуникациите низ објектот.

По вертикала, функционално објектот е поделен на три целини. Приземје кое ја содржи скоро целата јавна програма, катовите наменети за администрацијата и подземни нивоа со паркирање и сите економско – технички содржини.

Во основа, исто така постои јасна дистинкција на три содржини и тоа: административен блок- дел наменет само за пристап на вработени; сервисен блок кој е позициониран долж соседната зграда на јужната стана, и ги опфаќа сите комуникации,тоалети и помошни простории; и атриум, кој ги обединува двата дела, како функционално така и визуелно.

Главниот влез го воведува корисникот директно во просторен атриум, кој е составен дел од влезното фоаје, преку кое посетителите можат да се дистрибуираат кон заедничките содржини во приземјето, кон комуникациите или кон интегрираните подрачни единици (матична служба, катастар, јавни приходи, пошта и слично).

Визуелното доживување на сите четири нивоа, отвореноста, комуникацијата и динамичната атмосфера која се создава, овозможува чувство на заедништво. Така внатрешното обликување е во нераскинлива врска со функционалната распределба на содржините, што ја рефлектира потребата за транспарентност во работата на овој тип на институции, пропратено со лесна пристапност и јасно распределени содржини.

АТРИУМ

Со цел да се овозможат квалитетни услови за работа, доминантна тема во просторната организација претставува „атриумот“. Тој овозможува влез на природна светлина, а истовремено придонесува за поквалитетно просторно, амбиентално и сензорно доживување на објектот. Атриумот кој е јасно видлив од пристапната улица, како нагласена вертикала во склоп на влезниот портал, односно пукнатина, се провлекува скоро низ целата должина на објектот. На тој начин, преку влезот, надворешниот простор протекува во приземјето и влезното фоаје, каде се организирани најголем дел од содржините за јавно користење. Новиот застаклен „двор“ е замислен како нов простор за средби, што ќе даде нова социјална димензија која е особено важна за објектите од јавен карактер.

АДМИНИСТРАТИВЕН БЛОК

Содржините наменети за вработени се развиваат на три нивоа, организирани во јасни трактови, сите природно осветлени и лесно пристапни.

Работните простори, односно канцелариите и салите за состаноци на поединечните сектори се организирани на првиот и вториот кат, додека на третото ниво се наѓаат содржините наменети за работа на советот на Општината Аеродром и градоначалниот.

ОБЛИКУВАЊЕ

Во надворешното обликување на објектот постојат два основни визуелни елементи.

Доминантен фасаден елемент се ритмично поставените брисолеи, пред стаклената, транспарентна обвивка. Нивната бела ненаметлива структура, со својот ритам од вертикални елементи разбиени со суптилните хоризонтали, оддава смиреност и ја потенцира елеганцијата од секој агол при движење. Покрај тоа што овозможуваат дискреција на функциите, брисолеите преку нивната структура допридонесуваат за засенување на објектот во текот на летниот период.



Втор, но подеднакво важен обликовен елемент е нагласениот влезен портал, кој визуелно го дели објектот на два дела. Неговата нагласена вертикалност и материјализација во темна боја, јасно го воведува корисникот во внатрешноста на објектот и со тоа овозможува лесно читање на функцијата на објектот и однадвор.

Со својата појавност, новата општинска зграда истовремено станува доминанта во своето опкружување, но и логично суптилно завршување на низата новопроектирани објекти во својата непосредна околина.

Целта во проектантскиот процес беше да се обмисли отворен, современ објект кој промовира дијалог помеѓу властите и граѓаните, кој овозможува максимално рационален и функционален работен простор, но истовремено и естетски иновативен и репрезентативен објект.

https://marh.mk/konkursen-trud-karangeleska-todorovska-ilievska-trenevska-grceva
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 11-Apr-2021 at 11:33
Кој предлог проект ви се допаѓа од трите погоре презентирани?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 11-Apr-2021 at 17:48
Овој што си го објавил во пост #27 e, всушност, победничкото решение, така што тоа и ќе се гради.

Инаку, сите три ми се допаѓаа, но првиот најмногу, кога би требало да пресечам, поради поголемите стаклени површини.

Edited by Џоле - 11-Apr-2021 at 17:48
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 12-Apr-2021 at 11:37
Презентација на проектот за новата зграда - Општина Аеродром



https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 21-Apr-2021 at 12:55
УПАВНА ЗГРАДА ОПШТИНА АЕРОДРОМ / OТП СУДИО







https://marh.mk/opshtina-aerodrom-otp-studio/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 13-May-2021 at 15:02
Советот на Општината ја усвои тригодишната развојна програма и ја утврди и динамиката за изградба на општинската (управна) зграда.
Набрзо ќе биде објавена јавна набавка за изработка на главен проект за зградата, а потоа ќе следува и избор на изведувач на градбата.
За почетните активности во врска со изведбата до крајот на оваа година веќе се испланирани 15 милиони денари, а другите средства ќе бидат предвидени со буџетите во 2022 и 2023 година.
Со изградбата на општинската зграда заштедуваме средства од буџетот кои досега беа наменети за висока месечна кирија, а аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги.
Реализираме уште еден капитален проект од интерес на сите граѓани.

https://www.facebook.com/marinzlatko
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 15-May-2021 at 14:05
ОПШТИНА АЕРОДРОМ ИЗБРА ПРОЕКТ ЗА ОПШТИНСКА ЗГРАДА, ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ



Општина Аеродром почнува со постапката за изградба на општинската зграда. Откако на јавен конкурс беше избрано идејното решение за изгледот на објектот, Советот на Општина Аеродром на последната седница ја усвои тригодишната развојна програма со која се предвидени и обезбедени средства. Согласно со предвидениот план, во најкус можен рок ќе биде објавена јавна набавка за изработка на главен проект за административната зграда, а веднаш потоа ќе следува избор на изведувач на самата градба.

„Со изградбата на управната зграда заштедуваме средства од буџетот кои досега беа наменети за плаќање месечна кирија, а аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги. Реализираме уште еден капитален проект од интерес на сите граѓани“, вели градоначалникот Златко Марин.

Зградата ќе се гради во населбата Ново Лисиче, на просторот после крстосницата со булевар Србија и ќе биде со површина од 4.500 квадратни метри.

Општина Аеродром месечно за кирија плаќа 8.000 евра или 96.000 евра годишно. Од буџетот на Општина за оваа година се почетокот на изградбата се обезбедени 15 милиони денари, а останатите средства ќе се предвидат со буџетите за 2022 и 2023 година.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-aerodrom-izbra-proekt-za-opshtinska-zgrada-ke-se-gradi-vo-narednite-tri-godini/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 31-Aug-2021 at 07:00
Почна постапката за изведба на новата управна зграда на Општина Аеродром



Почна постапката за изведба на новата управна зграда на Општина Аеродром, за што е објавена јавна набавка за изработка на основен проект и нејзина изградба.

На претходно објавениот јавен конкурс на кој пристигнаа 22 идејни решенија, беше избрано решението на авторите Нина Карангелеска-Тодоровска, Марта Илиевска, Марија Треневска и Марија Грчева. Комисијата која ги оценуваше пријавените идејни решенија беше составена од проф. д-р Страхиња Трпески, членовите Дејан Чадиќ и Зоран Пауноски.

Со ова, Општина Аеродром по 16 години постоење, конечно ќе добие своја зграда. Тоа е од исклучително значење затоа што со нејзината изградба веќе нема да се плаќа висок месечен наем, а исто така и аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги.

Зградата, покрај административниот дел, ќе содржи и мултифунционален центар за собири на граѓани каде што ќе можат да се организираат средби, венчавки и друг тип културни настани, интрегрирана подрачна единица и други простории што ќе бидат отворени за граѓаните.

Целта е зградата да биде нова препознатлива точка отворена за сите и да претставува нов дом на сите аеродромци.

https://nezavisen.mk/pochna-postapkata-za-izvedba-na-novata-upravna-zgrada-na-opshtina-aerodrom/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 31-Aug-2021 at 16:34
Си викам сакаат да наместат уште еден тендер пред да си одат од власт.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 02-Sep-2021 at 10:52
Повторно најави за изведба на административни објекти на општините

Општина Аеродром ја започна постапката за изградба на нова општинска зграда, а и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски неодамна на фејсбук се пофали дека после повеќе од 40 години, локалната власт ќе добие нов модерен административен објек на местото на старите бараки.

Општина Аеродром по 16 години постоење ќе добие своја зграда, по што нема повеќе од општинскиот буџет да се издвојуваат големи суми за месечен закуп, а и граѓаните, како што посочуваат од локалната власт, ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите услуги што им се потребни.

Постапката за изведба на новата управна зграда веќе е започната, односно, објавена е јавна набавка за изработка на основен проект и за нејзина изградба.На претходно објавениот јавен конкурс, на кој пристигнале 22 идејни решенија, беше избрано решението на авторите Нина Карангелеска-Тодоровска, Марта Илиевска, Марија Треневска и Марија Грчева.

-Зградата, покрај административниот дел, ќе содржи и мултифунционален центар за собири на граѓани каде што ќе можат да се организираат средби, венчавки и друг тип културни настани, интегрирана подрачна единица и други простории што ќе бидат отворени за граѓаните – велат од Општината и додаваат дека целта е новата управна зграда да биде препознатлива и отворена за сите и да претставува нов дом на сите аеродромци.

https://www.slobodenpecat.mk/povtorno-najavi-za-izvedba-na-administrativni-objekti-na-opshtinite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 21-Oct-2021 at 09:26
Аеродром ќе добие мултимедијален и ИТ центар, новата општинска зграда зад зградите Џевахир

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски, кој е избран во првиот круг на неодамнешните локални избори, ветува дека новата општинска зграда ќе биде со истата квадратура како онаа што ја предвидуваше досегашниот градоначалник, но ќе чини двојно помалку. На местото во Реонскиот центар каде беше планирано да биде изградена општинската зграда, ќе биде направен парк на површина од пет илјади метри квадратни.

– Ако ја погледнете квадратурата и цената предвидена за тој објект, ќе видите дека цената е несразмерно висока земајќи ги предвид пазарните вредности за изградба на објект од таа големина. Дополнително, жителите кои живеат во Реонски центар не сакаат таму општинска зграда. Тој е дел од општината каде итно е потребен нов парк. Затоа ветивме дека на таа локација, жителите ќе добијат парк од пет илјади метри квадратни со специјални содржини. Тоа е наше предизборно ветување и така ќе го реализираме, изјави денеска Муцунски.

https://kanal5.com.mk/aerodrom-kje-dobie-multimedijalen-i-it-centar-novata-opshtinska-zgrada-zad-zgradite-djevahir/a499256
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 21-Oct-2021 at 10:28



На таа аголна локација во „Реонски“ е многу пологично да има репрезентативен објект, отколку парк. Парк може да се направи околу црквата што се гради (наместо просторот таму да се начичка со гадни станбени квадари), исто така на дел од парцелата до училиштето Александар Македонски (и пак да остане доволно простор за изградба на средно училиште како што е предвидено).

Тимчо треба уште во старт да си ги преиспита приоритетите и да се позанимава со зеленило и паркови во деловите од општината кадешто навистина се очајно потребни, а не да решава НЕПОСТОЕЧКИ проблеми во Реонски центар.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 21-Oct-2021 at 10:51
Originally posted by Cloverstack




На таа аголна локација во „Реонски“ е многу пологично да има репрезентативен објект, отколку парк. Парк може да се направи околу црквата што се гради (наместо просторот таму да се начичка со гадни станбени квадари), исто така на дел од парцелата до училиштето Александар Македонски (и пак да остане доволно простор за изградба на средно училиште како што е предвидено).

Тимчо треба уште во старт да си ги преиспита приоритетите и да се позанимава со зеленило и паркови во деловите од општината кадешто навистина се очајно потребни, а не да решава НЕПОСТОЕЧКИ проблеми во Реонски центар.


Neli gledas pozadi opstinskata zgrada vo reonski kolkavo zdanie e isplanirano da lapne nekoj levicar u dusha... Svaka chast za detevo ne zavisno od partija vakvi gradonacalnici ni trebaat. A montesori parkovi i gradinki ni trebaat niz cela drzava za da napraime kvanten skok u mentalitetot so slednata generacija. Inace ima eden proces na zgradobranizacija na parkobranite samo zatoa sto nivnite izgubile vo odredeni opstini... zalno... Sekoja pogolema javna povrsina sto ke stane park namesto zgrada na zsf ili sanic e za pozdravuvanje. Ako ne dojdese detevo tuka Majcin Dom prikaska ke se sodzidase. Svaka cast Timcho!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 21-Oct-2021 at 12:06

Сериозно ли?

Добро, ајде ќе видиме колку паркови ќе никнат на пример во Стар Аеродром и во Мичурин. И колку маркици на ЗСФ, Саник и останатата багра ќе бидат избришани. Дај боже да си во право, колку и да звучи наивно твојава еуфорија.


Патем кои се тие паркобрани (и тоа си го членувал зборот) што ги зафатил „процес на зградобранизација“?

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.