build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Глобални градови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Глобални градови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8702
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 06-Apr-2014 at 20:35
Импресивни се позициите на Рига и Братислава.

Сараево воопшто не го видов дури ни во последната група. Не го видов ниту Солун.

Инстерснмо е колку ниско се рангирани градови како Анкара, Ст. Петерсбург или Глазгов.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2170
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 06-Apr-2014 at 21:25
A Лас Вегас во последната група!? Исто и Фиренца, Ливерпул, Eрусалим, додека Бејрут и Тел Авив се Beta+... Чудни некои критериуми.

Edited by phenomenon - 06-Apr-2014 at 21:32
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1708
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 06-Apr-2014 at 21:31
Всушност не треба да те изненадува Братислава, ако знаеш дека голем дел од Западните индустрии и моќни компании седиштата за Централна, Источна и Југоисточна Европа ги сместија таму со паѓањето на комунизмот и влезот на Словачка во ЕУ.
Најголемата фабрика за производство на Фолксваген и единствената што за време на кризата го зголемуваше производството, вработените и продажбата беше таа.
Седиштето на ИБМ за Европа, Мајкрософт за Централна и Источна Европа и многу други се токму во Братислава и уште многу други.
Братислава е замена за Виена бидејќи не се раздалечени ниту 70 км , а цените за градба, изнајмување , работна сила итн се многу поефтини него Виена ,а поврзаноста помеѓу двата града е премногу добра.
Мене лично ме изненадува дека Братислава е во иста група со Белград.

Рига никогаш не сум ја посетил и незнам што точно се случува ,но мислам дека е иста или слична приказна со Братислава.

И мене ме зачудува зашто се толку ниско рангирани тие три ,а зашто Никозија е толку високо рангирана иако за некој како мене додека не ја прочитав не ми текнуваше кај се наоѓа (ако некој ме прашаше пред некој ден кој е главен град на Кипар не би знаел да одговорам).

Едит:
Всушност еве ги дел од причинителите:

Riga was founded in 1201 and is a former Hanseatic League member. Riga's historical centre is a UNESCO World Heritage Site, noted for its Art Nouveau/Jugendstil architecture and 19th century wooden architecture.[7] The city is the European Capital of Culture during 2014, along with Umeå in Sweden. The city hosted the 2006 NATO Summit, the Eurovision Song Contest 2003 and the 2006 IIHF Men's World Ice Hockey Championships. It is home to the European Union's office of European Regulators for Electronic Communications (BEREC). Riga is served by Riga International Airport, the largest airport in the Baltic states.

Riga is a member of Eurocities,[8] the Union of the Baltic Cities (UBC)[9] and Union of Capitals of the European Union (UCEU). 

и

Riga is one of the key economic and financial centres of the Baltic States. Roughly half of all the jobs in Latvia are in Riga and the city generates more than 50% of Latvia's GDP as well as around half of Latvia's exports. Biggest exporters are in wood products, IT, food and beverage manufacturing, pharmaceuticals, transport and metallurgy.[48] Riga Port is one of the largest in the Baltics. It handled a record 34 million tonns of cargo in 2011 [49] and has potential for future growth with new port developments on Krievu Sala.[50] Tourism is also a large industry in Riga and after a slowdown during the recent global economic recessions, grew 22% in 2011 alone.[51]

Превземено од Рига.


Но интересно е дека земја со скоро 3 пати поголема територија од Македонија, број на жители отприлика колку Македонија и главен град со големина слична на Скопје и централизиран економски исто како Скопје, е толку моќен.


Edited by daci92 - 06-Apr-2014 at 21:45
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8702
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 06-Apr-2014 at 22:18
Originally posted by daci92


Но интересно е дека земја со скоро 3 пати поголема територија од Македонија, број на жители отприлика колку Македонија и главен град со големина слична на Скопје и централизиран економски исто како Скопје, е толку моќен.


Токму поради ова сум изненаден. Особено што Талин и Вилниус се 1-2 скалила подолу од Рига. Талин е главен град на најбогатата балтичка земја а Вилниус на најголемата. Сите три града се горе доле слични по големина.

За Братислава. Ги знам сите работи кои ги наведе. Сепак е импресивно ранкинг за град кој е брат близнак на Скопје според големината и кој е главен град на не особено битна/голема држава.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8702
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 06-Apr-2014 at 22:22
Originally posted by phenomenon

A Лас Вегас во последната група!? Исто и Фиренца, Ливерпул, Eрусалим, додека Бејрут и Тел Авив се Beta+... Чудни некои критериуми.


Лас Вегас има казина и толку. Нема скоро никакви сериозни индустрии, особено индустрии со висока додадена вредност, никакви меѓународни седишта, никаква политичка тежина итн.

Тел Авив на пример е најверојатно втор центар во светот за високи технологии по силиконската долина во Калифорнија.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1708
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 06-Apr-2014 at 22:29
Мене тоа ми дава надеж дека Скопје може многу да напредува покрај Белград и Софија ,но само со правилна развојна политика и правилна политика за привлекување на светски компании. Скопје ја нема таа политичка волја ниту знаење и инфраструктура сеуште за да постигне таков раст и да стане средно-високо рангиран светски град. Кога ќе почнеме да се стремиме кон такво нешто тогаш би добиле на листава бар уште две три категории нагоре и би се нашле во Бета друштвото.

Братислава е само замена за скапите Виена, Минхен, Будимпешта и Прага затоа и толку високо котира.
Инаку точно за тоа дека Словачка не е толку битна во денешно време иако ја има токму централната позиција во Европа (географски ) но играла голема улога за развој на централна европа и Австро-Унгарското кралство во минатото. Подобро речено , Словачка = Македонија или Македонија = Словачка сеедно и двете се богати со култура, историја, знаење ,природни убавини и што не ,но и двете се потценети во сите аспекти. Бизнис светот ја откри Словачка пред 10тина - 15тина години ,а Македонија ја открива тек сега. Додека туристички и економски и двете земји се безначајни.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8702
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 06-Apr-2014 at 22:43
Ако ги прочиташ критериумите за оваа листа, разликата меѓу нас и оние градови кои се пред нас е тоа дека тие се центри кои интегрираат некои региони во светската економија (мали, средни, големи региони).

Успехот на Братислава веројатно се должи на автоиндустријата која влече огромна динамика околу себе. Се работи за продукт кој глобално се пласира и кој влече огромна логистика и комплекс на добавувачи кои гравитираат од и кон Братислава.

Регионално ние имаме мали услови да одиме многу напред освен ако нешто радикално не се смени.

Единствениот регион кој ние го интегрираме во светот е Косово. Прашање е дали тоа ќе остане така или Косово се повеќе ќе гравитира кон Албанија.

Македонските бизниси пред се размислуваат локално. Малку се компаниите кои се борат за пласман и ширење надвор (пример Алкалоид).

Придвижувањата со зоните се супер за локални услови особено во однос на претходните 20 години, но нема да не претворат во регионален играч кој „интегрира“.

Тоа може да го направи некој посериозен индустриски кластер (како во примерот со Братислава) но такво нешто не изгледа многу изгледно. Во последно време има голем раст на ИТ индустријата но пред се во аутсорсинг сегментот а многу помалку (или воопшто) во R&D делот. Аутсорсингот е супер, но се работи само за моментум кој треба правилно да се искористи и да се отиде на следното ниво. Се работи за „номадска“ индустрија која е во вечна потрага по ефтини кадри и лесно се префрла од место на место. Како дошла, така и ќе си отиде. 


Edited by pbanks - 06-Apr-2014 at 22:43
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1708
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 06-Apr-2014 at 22:58
Ги читав вчера кога ја читав целата тема и кога ја пуштив новата ранг листа (се очекува догодина понова).
Дека сме далеку сме далеку но тоа не значи дека ништо неможе радикално да се смени (теоретски мислам, практично и реално сме далеку од тоа ,но на долг рок не е невозможно). Изгледа Братислава и нејзината економија ни е добро позната и на двајцата, така да нема потреба да се објаснуваме, а воедно и знаеме какви инвестиции повлекува само една инвестиција во фабрика за производство на автомобили (готов производ) особено кога се работи за Фолксваген.

Регионално ние можеме да ја интегрираме и Јужна Србија бидејќи сме солидно поврзани, само Ниш, Софија и општо Белград многу полесно ја интегрираат бидејќи се посилни.

Е тоа ни е проблемот дека ние целиме локално наместо регионално и глобално.
Инаку тоа точно, Скопје е дом само на неколку ИКТ компании кој работат со Истражување и Развој и има само една која е во поголем дел посветена на тоа. Добро е што поголемиот дел од ИКТ компаниите се наши локални па нема така лесно да се префрла на друго место, кај нас се ретки странските ИТ компании односно сега почнаа да се појавуваат но претежно се пак регионални компании.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2170
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 07-Apr-2014 at 17:10
Originally posted by pbanks


Лас Вегас има казина и толку. Нема скоро никакви сериозни индустрии, особено индустрии со висока додадена вредност, никакви меѓународни седишта, никаква политичка тежина итн. Тел Авив на пример е најверојатно втор центар во светот за високи технологии по силиконската долина во Калифорнија.


Па за Лас Вегас е вистина дека има САМО казина и толку. Но со тие казина е главен хедонистички град во светот и како коцкарски центар е елдорадо за сите светски тајкуни. Покрај тоа е една од светските туристички топ дестинации и се наоѓа во Невада, единствената сојузна држава на САД со парцијално легализирана проституција. Со ова горенаведеното Лас Вегас за САМО неколку дена има обрт на пари колку што Скопје нема за цела година, иако се градови со слична големина.

А Ријад ставен во Бета. Апсурдно е и да се коментира. Главен град на екстремно сексистичка и мизогина држава каде што жените се модерни робинки и во случај мажена жена да е силувана и да се пожали на властите ѝ следува затвор заради вонбрачен секс. Плус никаде не смеат да одат без машка придружба, ниту пак да возат автомобил. каква црна Бета, градов е во ранг со Пјонгјанг, Картум и Могадишо.

Или примерот со Сеул во Алфа- и Амстердам во Алфа. Во Амстердам е најстарата берза во светот, улицата на црвените фенери и канабис кафе-барови, додека Сеул е седиште на најголемата технолошка компанија во светот - Самсунг, на Ел-Џи и на Хјундаи Моторгруп -четврт најголем производител на автомобили во светот. Плус има брза железница КТX со брзина од 305 km/h и метро второ во светот по должина на мрежа.

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8702
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 07-Apr-2014 at 23:04


Мислам дека едноставно ги гледаш градовите низ малку поширока призма. Листава е сепак правена врз база на некои конкретни индикатори. Еве Ријад да го земеме е центар на земјата најголем производител на нафта во светот. Тоа и те како му дава тежина, на страна од овие работи кои ги споменуваш кои не се дел од метриката земена во предвид.

Секако листава никако не е совршена. На пример, потполно се согласувам со тебе дека Сеул е потценет.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 06-Feb-2016 at 17:52
Има нова поделба (2014 или 2015)?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8702
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 09-Feb-2016 at 12:38
Јас имам впечаток дека ова беше некој „универзитетски проект“ со ограничен буџет и станувам скептик дека ќе добиваме тековен апдејт на листата
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 05-Jul-2016 at 08:48
Originally posted by pbanks

Регионално ние имаме мали услови да одиме многу напред освен ако нешто радикално не се смени.


ќе биде радикална промена ако натака не додржат граници пред арапската и афричката миграција во Европа, вака земено не едалеку од памет да се случи КуСкоТе мегалопилис до 2050 [1][2]

~

http://www.richardbentleyfilms.com/#section-behind-the-scenes





Edited by beTon - 05-Jul-2016 at 08:50
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 984
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 14-Mar-2017 at 10:05
Оваа тема ми се чини посоодветна од Интересни инфографикони.

Скопје на овогодинешната QUALITY OF LIVING листа на Mercer е на 161 место.

Ова истражување споредува 40 различни фактори како што се политичката стабилност, инфраструктура, здравство, образование, криминал, рекреација, култура, околина...

Од регионот, Љубљана е 76 место, Атина 87, Букурешт 107 Софија 116, Белград 138, Сараево 159, а Тирана 176 место.
Во топ 10 се Виена, Цирих, Окленд, Минхен, Ванкувер, Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Базел, кој го дели 10 место со Сиднеј, а последни 10 се Конакри, Киншаса, Бразавил, Дамаск, Нџамена, Картум, Порт о Принс, Санаа, Бангуи и Багдад на 231 место.
Од светските градови, Сингапур е 25 Париз е 39, Лондон 40, Њујорк 44, Токио 47, Лос Анџелес 58, Хонг Конг 71, Рио де Жанеиро 118, Истанбул 133, Москва 168...
imercer.com
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10299
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 14-Mar-2017 at 16:33
Некако не ми се верува дека Скопје, Сараево, Белград, Софија, па дури и Атина и Букурешт можат да бидат подобро место за живот од Москва.
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4373
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 14-Mar-2017 at 16:39
Ова истражување споредува 40 различни фактори како што се политичката стабилност, инфраструктура, здравство, образование, криминал, рекреација, култура, околина...


Криминал + политичка стабилност - богами Москва и не е место каде цветаат ружи од овој аспект. А дека Сингапур е толку ниско, немам коментар. Местото е буквално подобро од сите овие други места над него (сум бил скоро во сите места).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.