build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Глобални градови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Глобални градови
    Posted: 07-Dec-2010 at 23:33
Незнам колку сте запознаети со терминот глобален град...

A global city (also called world city or sometimes alpha city or world center) is a city deemed to be an important node point in the global economic system. The concept comes from geographyand urban studies and rests on the idea that globalization can be understood as largely created, facilitated and enacted in strategic geographic locales according to a hierarchy of importance to the operation of the global system of finance and trade.


http://en.wikipedia.org/wiki/Global_city

...и рангирањата кои потекнуваат од оваа дефиниција.

Иако дефиницијата го потенцира економското значење на градовите, сепак се работи за рангирање на светските центри на моќ во поширока смисла.

Така главните параметри според кои се врши категоризацијата се следниве (повторно цитирани за да не преведувам)


Economic characteristics



  • - Corporate headquarters for multinational corporations, international financial institutions, law firms, conglomerates, and stock exchanges that have influence over the world economy.
  • - Significant financial capacity/output: city/regional GDP
  • - Stock market indices/market capitalisation
  • - Financial service provision; e.g., banks, accountancy
  • - Costs of living personal wealth; e.g., number of billionaires
  • Political characteristics

  • - Active influence on and participation in international events and world affairs; for example, Washington, London, Paris, Tokyo, Berlin, Rome, Moscow or Beijing are major capitals of influential nations or unions.
  • - Hosting headquarters for international organizations (World Bank), NATO headquarters
  • - A large proper, population of the municipality (the centre of a metropolitan area, typically several million) or agglomeration
  • - Diverse demographic constituencies based on various indicators: population, habitat, mobility, and urbanisation
  • - Quality of life standards or city development
  • - Expatriate communities
  • Cultural characteristics

  • - International, first-name familiarity. For example, New York City is commonly referred to as just "New York" without needing to specify that it is in the state of New York or even the United States.
  • - Renowned cultural institutions (often with high endowments), such as notable museums and galleries, notable opera, orchestras, notable film centres and theatre centres. A lively cultural scene, including film festivals (such as the Toronto International Film Festival), premieres, a thriving music scene, nightlife, an opera company, art galleries, street performers, and annual parades.
  • - Several influential media outlets with an international reach, such as the BBC, Reuters, The New York Times, or Agence France-Presse.
  • - A strong sporting community, including major sports facilities, home teams in major league sports, and the ability and historical experience to host international sporting events such as the Olympic Games, FIFA World Cup, or Grand Slam tennis events.
  • - Educational institutions; e.g., universities, international student attendance, research facilities
  • - Sites of pilgrimage for world religions (for example, Mecca, Jerusalem or Rome)
  • - Cities containing World Heritage Sites of historical and cultural significance
  • - Tourism throughput
  • - City as site or subject in Arts and Media, television, film, video games, music, literature, magazines, articles, documentary
  • - City as an often repeated historic reference, showcase, or symbolic actions
  • Infrastructural characteristics

  • - An advanced transportation system that includes several highways and/or a large mass transit network offering multiple modes of transportation (rapid transit, light rail, regional rail, ferry, or bus).
  • - Extensive and popular mass transit systems, prominent rail usage, road vehicle usage, major seaports
  • - A major international airport that serves as an established hub for several international airlines, for example, London. Airports with significant passenger traffic andinternational passengers traffic. or cargo movements.
  • - An advanced communications infrastructure on which modern trans-national corporations rely, such as fiberoptics, Wi-Fi networks, cellular phone services, and other high-speed lines of communications. For example, Seoul and Tokyo are known as the digital and technology capitals of the world.
  • - Health facilities; e.g., hospitals, medical laboratories
  • - Prominent skylines/skyscrapers (for example Shanghai or Hong Kong)
  • - Cities' telephone and mail services, airport flights-range, traffic congestion, availability of water, train facilities, nearby parks, hospitals, libraries, police stations, etc.


  • Рангирањето се врши во повеќе категории (Алфа, Бета, Гама.... со повеќе градации помеѓу).

    Во прилог е комплетната листа во која се наоѓа и Скопје (макар во последнит ешалон). Од регионот највисоко котираат природно Атина и Истанбул (Алфа- градови), потоа Софија (Бета - град), Загреб (Гама+), Љубљана (Гама), Белград (High Sufficiency), Скопје (Sufficiency).

    Сарајево, Тирана и Приштина не се рангирани а колку што јас можам да видам го нема ниту Солун.

    Според мене, листата убаво го отсликува регионот, иако Белград е потценет, но сепак и листата е од 2008 година (а параметрите врз кои ја втемелиле веројатно и постари), така да тоа е логично.



    Како вие ја гледате иднината на Скопје на глобално ниво? Кои се неговите максимални дострели? На кои начини и до каде може да го прошири и утврди своето влијание? Каква е иднината на нашите регионални конкуренти, во кои делови сме ривали а во кои делови сме комплементарни? Дали во моментов воопшто работиме нешто на ова поле и дали сме воопшто свесни за потребата на зацрвстување на позицијата на градот или сме комплетно обземени сами со себе во нашата паралелна вселена? Дали воопшто некогаш сме размислувале во овој правец или Скопје случајно го добило значењето кое го добило?


    Edited by pbanks - 08-Dec-2010 at 00:50
    Back to Top
    lslcrew View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 14-Jan-2008
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 10989
      Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Dec-2010 at 00:18
    Се чита пристрасност во листава, не ми е објективна, или па е правена од перспекива на запад. Неможе Белград да биде различнорангиран од Софија, како што ни Скопје неможе да биде во последната, треба да е во претпоследната. Москва е една класа погоре. Има и многу други градови, повеќето од листата не ми изгледа дека е погодена, Вакво слично имам нешто порано прочитано. Добра е идејата за класификација на нивоа, но ова еве да речеме може да иде добра основа.
    Back to Top
    pbanks View Drop Down
    Admin Group
    Admin Group
    Avatar

    Joined: 01-Sep-2007
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 8777
      Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Dec-2010 at 00:27
    Не се фаќај „буквално“ за листата ЛСЛ, идејата ми беше да развиеме дискусија околу ова, а листите од ваков тип никогаш нема да можат да бидат доволно прецизни.

    Инаку мислам дека воопшто не е чудно што Софија е пред Белград (особено во минатава деценија), но истовремено сметам дека Белград брзо ќе се најде во друштво на Софија.

    Инаку, ниту последната категорија воопшто не е лошо друштво, и драго ми е што Скопје воопшто е рангирано (не беше рангирано на претходните листи од овој тип 2004 и 2000 година).






    Edited by pbanks - 08-Dec-2010 at 00:34
    Back to Top
    Andrej_LJ View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 20-Oct-2008
    Location: Ljubljana
    Online Status: Offline
    Posts: 2954
      Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Dec-2010 at 00:33
    Многу интересна тема која ја зачнавме тогаш на последната средба на која бев јас. Деновиве ќе изработам една интересна табела со Скопје и градовите во регионот (да речеме во споредба со Софија, Белград и Загреб, затоа што сметам (а и е потврдено според листава) дека Букурешт и Атина се градови од сосема друга категорија, со кои неможе да се мерат ниту Софија ниту Белград. Мислам дека можам да воочам неколку ниши во кои Скопје би можело да напредне, а има и неколку сегмента на кои веќе работиме. Само да напоменам дека Букурешт е помеѓу Атина и Софија, што тотално ја одразува ситуацијата на терен и тоа дека Белград е потценет веројатно за една категорија. На сите горенаведени прашања очекувај скоро одговор. Супер тема уште еднаш!
    "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
    Back to Top
    Buliwyf View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 27-Mar-2010
    Online Status: Offline
    Posts: 473
      Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Dec-2010 at 00:34
    Скопје во таа листа е рангиран и повеќе од реално,и нема што да се постапува прашање за реалност,тоа е факт.Е сега ако се погледне Sufficiency листата,ќе се забележат градови кои воопшто не се за потценување и се достојни репрезенти на светско ниво.

    За тоа колку Скопје може повеќе,дефинитивни дека може,особено со неговото енормно зголоемување по број на жители.Колку тоа се работи на конкретниот случај е комплексно парашање.Еве сведоци сме на "крупни"
    проекти како СК 2014,проектот постои и се одвива и тоа е реалност.За едни тоа е целосен неуспех,равно на катастрофа и уназадување,а за други тотален триумф(можеби и до некаде одговор на тоа,дека сме обземени сами со себе во нашата паралелна вселена)затоа велам е комплексна целата ситуација и не е можен едноставен одговор.

    Скопје е релативно голем град по површина и може да понуди многу во урбанистички поглед,но во поглед на економските карактеристики е премногу назад дури и за некои регионални "конкуренти",па би рекол и во политичкиот дел.Во културанта свера сликата е малце подруга но не и задоволувачка(зависно во кој домен).Се на се Скопје има можности за повеќе но не и за некои спектакуларни пробивања,на регионално и светско ниво.Сеуште не се гледа тој некој зацртан,стабилен и препознатлив развој на градот,според кој би можело да се направи проценка во која насока и со каков интензитет тоа би се одвивало.
    Back to Top
    pbanks View Drop Down
    Admin Group
    Admin Group
    Avatar

    Joined: 01-Sep-2007
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 8777
      Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Dec-2010 at 00:42
    Originally posted by Andrej_LJ

    Многу интересна тема која ја зачнавме тогаш на последната средба на која бев јас. Деновиве ќе изработам една интересна табела со Скопје и градовите во регионот (да речеме во споредба со Софија, Белград и Загреб, затоа што сметам (а и е потврдено според листава) дека Букурешт и Атина се градови од сосема друга категорија, со кои неможе да се мерат ниту Софија ниту Белград. Мислам дека можам да воочам неколку ниши во кои Скопје би можело да напредне, а има и неколку сегмента на кои веќе работиме. Само да напоменам дека Букурешт е помеѓу Атина и Софија, што тотално ја одразува ситуацијата на терен и тоа дека Белград е потценет веројатно за една категорија. На сите горенаведени прашања очекувај скоро одговор. Супер тема уште еднаш!


    Супер, може да натрупаме материјали и споредби на темава и доколку има интерес може да ја разработуваме и точка по точка, како и да ја прошириме дискусијата на регионално ниво. На пример, кои се Алфа, Бета и Гама градови на регионално балканско ниво, тука секако би си нашле место и Пловдив, Варна, Ниш, Нови Сад, Сплит итн....
    Back to Top
    pbanks View Drop Down
    Admin Group
    Admin Group
    Avatar

    Joined: 01-Sep-2007
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 8777
      Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Dec-2010 at 00:43
    Originally posted by Andrej_LJ

    Многу интересна тема која ја зачнавме тогаш на последната средба на која бев јас. Деновиве ќе изработам една интересна табела со Скопје и градовите во регионот (да речеме во споредба со Софија, Белград и Загреб, затоа што сметам (а и е потврдено според листава) дека Букурешт и Атина се градови од сосема друга категорија, со кои неможе да се мерат ниту Софија ниту Белград. Мислам дека можам да воочам неколку ниши во кои Скопје би можело да напредне, а има и неколку сегмента на кои веќе работиме. Само да напоменам дека Букурешт е помеѓу Атина и Софија, што тотално ја одразува ситуацијата на терен и тоа дека Белград е потценет веројатно за една категорија. На сите горенаведени прашања очекувај скоро одговор. Супер тема уште еднаш!


    Дополнителен коментар за ова... Немора да е дискусијата само за Скопје, може да ја прошириме и на овие, за нас интересни градови иако е јасно дека се класа за себе.
    Back to Top
    Andrej_LJ View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 20-Oct-2008
    Location: Ljubljana
    Online Status: Offline
    Posts: 2954
      Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Dec-2010 at 00:56
    Само да дополнам... како се најде Никосиа во друштво со Софија, а Анкара во друштво со Скопје. Инаку гледајќи ги градовите во истата категорија на Скопје, сметам дека огромен дел од нив во следното класифицирање ќе одат една/повеќе категории понапред. Пред се мислам на Анкара, Баку, Краков, Марсеј, Дресден, Утрехт, Тбилиси и Абу Даби. Едноставно вие градови се МНОГУ над нивото на Скопје.

    Ми се допаѓа идеата за балканска листа во која би можело да се вклучат екс-Ју, Бугарија, Албанија, Косово, Грција, Романија и Турција. Само време се нема доволно за се!

    Edited by Andrej_LJ - 08-Dec-2010 at 00:56
    "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
    Back to Top
    Supervisor View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 28-Jan-2008
    Location: skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 1220
      Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Dec-2010 at 01:12
    Ова нема ама баш никаква врска со реалноста. Њу Јорк е еден од најбедните градови во светот во споредба со Дубаи за пример. После Скопје и Абу Даби се во иста категорија па и градови како Торино и сл. Москва која е еден од најскапите градови е поназад од најзагадената метропола, Пекинг... Се на се рангот е повеќе политички...
    NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
    Back to Top
    pbanks View Drop Down
    Admin Group
    Admin Group
    Avatar

    Joined: 01-Sep-2007
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 8777
      Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Dec-2010 at 01:44


    Доста „аналитички“ кажано. Не се работи за HDI или некоја таква листа туку за листа на глобални градови и нивното влијание. Да не навлегувам во сите твои компарации ќе ги земам само Њу Јорк и Дубаи.

    Дали можеби Дубаи има повеќе седишта на мултинационалки, големи компании, финансиски и политички организации од Њу Јорк? Свесен ли си дека само поради оваа точка Њу Јорк и Лондон излегуваат далеку пред другите? Дали воопшто треба да се споредува каков центар на глобални медиуми е Њу Јорк од каде се диктира светското јавно мислење? Дали Дубаи може да и припари на културната индустрија на Њу Јорк, продукција на филмови, музика кои се конзумираат по целиот свет, центар на мода итн.

    Смешно е воопшто овие два града да се стават во иста реченица, Њу Јорк е светска метропола, а Дубаи тек треба да покаже дали зад гламурозната фасада има одржлив модел бидејќи нафта наскоро ќе снема.
    Back to Top
    Cloverstack View Drop Down
    Admin Group
    Admin Group
    Avatar

    Joined: 01-Sep-2007
    Location: Скопје
    Online Status: Offline
    Posts: 11824
      Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Dec-2010 at 04:48
    Уште на прв поглед се добива впечаток дека финансиските центри имаат значително поголема тежина во листава. Претпоставувам дека протокот на пари и стоки низ финансиските институции и берзи на градовите е најбитниот критериум применет во листава. Затоа градови со прилично големи мускули во други сфери се инфериорно рангирани во однос на центрите на финансии и трговија. Тоа е и одговор на дилемата на Андреј околу БЕТА- рангот на Никозија која има диспропорционално поразвиен банкарски сектор. Тоа е и објаснување како 300 илјадниот Цирих се нашол во АЛФА колоната.

    Тргнувајќи од таа претпоставка, теоретски нема пречки зошто Скопје и покрај својата големина долгорочно да не би можело да дотурка до некоја моментално незамислива позиција. Во пракса се разбира поинаку стојат работите... Веќе долго време не успеваме ниту вистински да ја валоризираме поволната локација на градов која нуди можност за создавање на далеку позначаен регионален центар. За ова има голем број фактори на кои реално не можеме да влијаеме, но има и еден куп работи кои се исклучиво наша вина.

    Следниве работи сметам дека највеќе би влијаеле (директно и индиректно) врз подобро рангирање на Скопје:
    - Позначаен развој на вкупната македонска економија
    - Раздвижување на К10, актуелизација на К8, врзување на Косово... крстопат во скопската котлина кој ќе стимулира и редица други битни ефекти.
    - Привлекување на меѓународни стопански субјекти, особено регионални претставништва на поголеми имиња.

    Пропратно, во сфери како спортот и културата правиме извесен напредок. Но од друга страна инфраструктурата ја имаме стравично запоставено и до 2012 нема простор за некаков напредок кој би се одразил во рачуницата. Евентуално во телекомуникацискиот сектор може да пркнеме до тогаш, односно покриеноста со оптика.

    Во секој случај сите овие фактори, а и оние кои не ги спомнав, се поврзани и влијаат еден на друг. За жал главниот импулс сеуште само го сонуваме... Затоа, би бил презадоволен доколку во наредниот ранкинг влеземе во HIGH SUFFICIENCY. Всушност би бил презадоволен доколку ние реално се помрднеме во тој правец, а како ќе котираме на ваква листа со сите нејзини слабости е далеку понебитно, иако има некакво минимално влијание за имиџот на градот. Лично јас овие листи ги гледам пред се како стимул за анализа и колективен поглед во огледало.


    Од другите градови во регионов, сега за сега како кандидати за влез во листава ги сметам Солун и Сараево. Ако креаторите не направат груба грешка во рачуницата, Тирана нема шанса, а Приштина нема ни теорија.
    Back to Top
    pbanks View Drop Down
    Admin Group
    Admin Group
    Avatar

    Joined: 01-Sep-2007
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 8777
      Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Dec-2010 at 12:24
    Originally posted by Cloverstack

    Уште на прв поглед се добива впечаток дека финансиските центри имаат значително поголема тежина во листава. Претпоставувам дека протокот на пари и стоки низ финансиските институции и берзи на градовите е најбитниот критериум применет во листава. Затоа градови со прилично големи мускули во други сфери се инфериорно рангирани во однос на центрите на финансии и трговија. Тоа е и одговор на дилемата на Андреј околу БЕТА- рангот на Никозија која има диспропорционално поразвиен банкарски сектор. Тоа е и објаснување како 300 илјадниот Цирих се нашол во АЛФА колоната.


    Со оглед на тоа дека економијата и финансиите најчесто ја диктираат и политиката овој пристап ми е прилично логичен.

    Во прилог на твоево согледување оди и тоа што Вашингтон котира прилично ниско.
    Back to Top
    dejan View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 01-Sep-2007
    Location: Australia
    Online Status: Offline
    Posts: 673
      Quote dejan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Dec-2010 at 14:23
    Originally posted by pbanks


    Дали во моментов воопшто работиме нешто на ова поле и дали сме воопшто свесни за потребата на зацрвстување на позицијата на градот

    Мислам дека се работи по малку. Индустриските зони кој се градат окулу Скопје (или само еден беше? Само знам за Бунарџик) по свој начин ке го развиат градот па по тоа се надевам дека Скопје би се покажел како добар град за бизнис/инвеститори итн. Тоа "Flat Tax" што го има Македонија очекувам да и помогне многу со инвестиции, а посебно во Скопје. Добар пример се Балтичките земји. Ке треба поголем труд за да се покаже како светски град бидејќи се такмичи со градови како Софија, Белград и Солун (незнам за Тирана), кој веќе се по развиени и како што знам, по напредни.

    А за Скопје да се најде во друг ‘ранкинг‘, како што понекој од вас сте рекле, мора да се развие финанцискиот маркет. А за тоа се има доста добри примери по Европа.

    на страна, каков град мислете бил Битола под турксата империја? Нели тогаш доста бил познат? Фтор нај важен во балкан, така нешто?


    Edited by dejan - 08-Dec-2010 at 14:23
    Back to Top
    Supervisor View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 28-Jan-2008
    Location: skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 1220
      Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Dec-2010 at 14:39
    Originally posted by pbanks



    Доста „аналитички“ кажано. Не се работи за HDI или некоја таква листа туку за листа на глобални градови и нивното влијание. Да не навлегувам во сите твои компарации ќе ги земам само Њу Јорк и Дубаи.

    Дали можеби Дубаи има повеќе седишта на мултинационалки, големи компании, финансиски и политички организации од Њу Јорк? Свесен ли си дека само поради оваа точка Њу Јорк и Лондон излегуваат далеку пред другите? Дали воопшто треба да се споредува каков центар на глобални медиуми е Њу Јорк од каде се диктира светското јавно мислење? Дали Дубаи може да и припари на културната индустрија на Њу Јорк, продукција на филмови, музика кои се конзумираат по целиот свет, центар на мода итн.

    Смешно е воопшто овие два града да се стават во иста реченица, Њу Јорк е светска метропола, а Дубаи тек треба да покаже дали зад гламурозната фасада има одржлив модел бидејќи нафта наскоро ќе снема.


    Прво Дубаи има раст од 40% на годишно ниво, второ Дубаи е светска метропола со најголеми и најграндиозни објекти, има претставништва на најголемите масонски светски банки и корпорации, во градот нема криминал за разлика од Њу Јорк кој тоне во бездомници и криминалци, за стандардот не сакам да зборувам ако си прател имаше едно време на вести дека Њу Јорк има приближен стандард како Скопје... Њу Јорк се турка политички исто како и Лондон кои веќе го губат приматот и ги гази времето од една Москва која има поголем раст и стандард а е и најскап град во Европа.
    А и Дубаи не лежи на нафта дубаи е изграден од кредити и заложувања низ светските банки, шеикот си го тера тој тренд и функционира 200%
    NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
    Back to Top
    lslcrew View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 14-Jan-2008
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 10989
      Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Dec-2010 at 14:44
    Најверојатно ова треба да е некоја мерка за протокот на пари низ градот. Најрелевантна бројка е, парите се крвотокот на светот, а овие се светските срца, регионалните срца и слично, ако можтака да се каже.

    А дали ЊуЈорк имал бездомници е излишно прашање. Нема врска со влијателноста. Ниту пак има врска модерноста на архитектурата. А тоа што шеиците си играат биенале, ни сами незнаат што ќе им е толку простор, е друга рабоита ниту па има некој удел во влијателноста особено.

    Back to Top
    dejan View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 01-Sep-2007
    Location: Australia
    Online Status: Offline
    Posts: 673
      Quote dejan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Dec-2010 at 14:50
    Дубаи се прави со сила нешто што Њу Јорк го сторил за преку два века. Неможеш да ги споредуваш. Њу Јорк е град во слободна земја каде не треба да се однесуваш според некој си ‘стандарди‘.
    Back to Top
    LouReed View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 27-Oct-2010
    Location: New York
    Online Status: Offline
    Posts: 133
      Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Dec-2010 at 15:56
    Originally posted by Supervisor

    [QUOTE=pbanks]

    Прво Дубаи има раст од 40% на годишно ниво, второ Дубаи е светска метропола со најголеми и најграндиозни објекти, има претставништва на најголемите масонски светски банки и корпорации, во градот нема криминал за разлика од Њу Јорк кој тоне во бездомници и криминалци, за стандардот не сакам да зборувам ако си прател имаше едно време на вести дека Њу Јорк има приближен стандард како Скопје... Њу Јорк се турка политички исто како и Лондон кои веќе го губат приматот и ги гази времето од една Москва која има поголем раст и стандард а е и најскап град во Европа.
    А и Дубаи не лежи на нафта дубаи е изграден од кредити и заложувања низ светските банки, шеикот си го тера тој тренд и функционира 200%


    Si bil li ti nekogas vo Dubai, i dali si bil vo New York?
    Od tvojot komentar mozam da zaklucam deka ne si bil ni vo dvata grada, zatoa sto stvarno nemas pojma sto pisuvas.

    Back to Top
    Andrej_LJ View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 20-Oct-2008
    Location: Ljubljana
    Online Status: Offline
    Posts: 2954
      Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Dec-2010 at 16:00
    Јас не сум бил во Дубаи (слава Богу), но навистина нема потреба да си бил во ниеден од двата за да согледаш дека едноставно нема споредба. Првиот е најважниот град по сите параметри во целиот свет.
    "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
    Back to Top
    LouReed View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 27-Oct-2010
    Location: New York
    Online Status: Offline
    Posts: 133
      Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Dec-2010 at 16:27
    Dubai e vestacka kreacija vo sredina na pustina, nesto kako Vegas... Kade sto sheicite gi skladiraat svoite pari i si gi lecat svoite privatni frustracii / nedostatoci. Imaat edna turisticka oblast, kade sto kockanje, pienje, prostitucija, i zapadno evropski stil na oblekuvanje ne e zabranet.
    Izlezi od toj mal krug i slikata se menuva drasticno. I li so drugi zborovi "So sreka neka ti e".
    Dubai momentalno e vo ekonomska kriza i vo dolg preku glava.
    Da go sporedis Dubai so New York e poveke od smesno....
    Back to Top
    Buliwyf View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 27-Mar-2010
    Online Status: Offline
    Posts: 473
      Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Dec-2010 at 16:33
    Сите знаеме која е моќта на Дубаи и каде е неговата изворна сила.Всушност без навреда,но Дубаи и покрај нафтата која ја поседува,сам по себе не би ни бил ова што е денес да не беа тие моќни странски коорпорации.Зборот мие дека општетсвото кое што е лоцирано таму нема капацитет да се носи самостојно со ресурсите кои ги поседува,па на сила стапуваат светски центри и останати моќни двигатели,кои ја темпираат насоката и се останато,во Арапските земји богати со ресурси.

    Неспоредливо е значењето помеѓу New York и Дубаи како центри со светско влијание.Впрочем Дуаби освен туризам и не знам што друго би му понудил на светот(освен што си го даваат г..т под кирија дури имаат нафта,и трошат пари не контролирано,би рекол без мозок).
    Back to Top
     Post Reply Post Reply Page  123 5>

    Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



    This page was generated in 0.125 seconds.

    Copyright ©2007 - 2017  build.mk

    Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.