build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Патеписи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Љубљана - Клагенфурт - Брукел

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Љубљана - Клагенфурт - Брукел
    Posted: 11-Dec-2010 at 12:56
Едно мое патување во Јули 2010 година, кога сообраќајот во Словенија и Австрија е особено густ поради големиот број на туристи кои го посетуваат Јадранското крајбрежје.



Патот започнува на јужниот дела на Љубљанскиот ринг (А1, А2, Е61, Е70), потоа вртиме на западниот ринг (А2, Е61, се вклучуваме на автопатот Горењка кон Крањ и Јесенице (А2, Е61), па се исклучуваме од истиот крај градчето Тржич и се приклучуваме кон магистралниот пат Е652, 101, кон граничниот премин Љубел/Лојбел кој претставува најкуса врска помеѓу Клагенфурт (Целовец на словенски) и Љубљана.


Љубљана, излез Љубљана - југ:



Летоска јужниот дел на тн. Љубљанска Обвозница беше затворен во еден свој дел заради целосна реконструкција и затоа сообраќајот се одвиваше забавено и отежнато:





Знак за насока кон која повеќето туристи се движат кон Германија - Јесенице- Караванке - Филах - Залцбург - Минхен. Караванки тунел е втората по важност автопатска врска помеѓу Словенија и Австрија, при што самата граница е на средината на тунелот, додека граничните премини (кои се веќе вон функција откако Словенија се присоедини во Шенген) се на двете страни на тунелот.







"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Dec-2010 at 13:03
Веќе работите на патот ги поминавме и се приближуваме кон големата клучка на Љубљанската Обвозница - разцеп Козарје , каде се делат автопатите кон Копер и Италија, и рингот кон југ и запад:







Ние вртиме в десно и се вклучуваме на западната Љубљанска обвозница, која е исклучително натоварена во ова време на годината (затоа што е најкраткиот пат од Германија кон северниот Јадран и Истра):









И повторно една голема клучка (Љубљана - Брезје), каде од рингот се одделува автопатот кон Горељска, односно Крањ и Јесенице, преку новиот голем тунел Шентвид. Знаците се од ново поколение, на кои се испишува информација според потребата.

"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Dec-2010 at 13:08
Така се приближуваме кон тунелот Шентвид и продолжуваме кон Горењска, оставајќи ја Љубљана зад себе:





Пристигнуваме на првата (и единствена) патарина на ова наше патување. Наплатните станици се вон употреба за лесните возила по воведувањето на Вињетите, но тие остануваат за тешките товарни и патнички возила. Затоа низ жолтите ленти лесните возила минуваат без застанување со намалена брзина од 40 км/час, додека тешките застануваат за да ја платат таксата:



Го минуваме Крањ и одиме на северо-запад. Во позадината е видна прекрасната Крањска Гора:





"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 11-Dec-2010 at 13:16
И се доближуваме кон точката каде се исклучуваме од автопатот и одиме директно на север, преку преминот Љубел, кон Клагенфурт. Магистралниот пат Е652 101 минува и низ малото градче Тржич:







Тржич, каде застанавме да наполниме бензин и да ја сликнам симпатичната полициска станица на градчето:





...и продолжуваме на север и го искачуваме Љубел/Лојбел. Морам да нагласам дека сонцето беше исклучително силно, кое ја одсјајуваше внатрешноста на колата рефлектирајќи ја во стаклото...









Пристигнуваме на граничниот премин Љубел/Лојбел, кој исто така не е во употреба. Исто како и Караванке, границата се наоѓа на средина на тунелот помеѓу двете соседни земји:



"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 11-Dec-2010 at 13:20
Willkomen in Österreich!



Се спуштаме кон Клагенфурт (сло. Целовец), кој е главен областен град на провинцијата Кернтен (сло. Корошка), каде живеат многу словенци од каде е и познатиот австриски десен политичар Хајдер, познат по својот двоен живот и непризнавањето на правата на словенците кои живеат во Корошка:



Двојазичност на практика:








"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Dec-2010 at 13:27
Полека пристигнуваме во покрајнините на Клагенфурт, каде се надзира стадионот. Клагенфурт нема автопатска обиколница и затоа иако се работи за релативно мал град, доста време поминавме преминувајќи го:







Градски автобус на Клагенфурт:





Централата на Хупо-Алпе-Адриа Банк, која се наоѓа во овој град:





Скоро излегуваме од градот, при што на раскрсницата кај ИКЕА-та имаше еден сосема нестандарден семафор:





И така пристигнавме до нашата цел, селцето Брукел (сло. Мостич):



И куќата на домаќините или како живеат австриските селани (условно кажано):



"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 11-Dec-2010 at 15:15
Симпатичен патепис Андреј, уживав читајќи го. Ме изненади состојбата на патот (оној сегмент кај Љубел). Претпоставувам се работи за некој небитен правец па затоа и не е реконструиран.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 11-Dec-2010 at 16:06
Напротив, се работи за доста важен правец уште од Древни времиња. Ова е магистралниот пат помеѓу Клагенфурт и Љубљана. Голем дел од патот беше во темелен ремонт, но верувај дека иако има доста крпеници, си е сосема рамен, широк и пријатен за возење. Теренот е ужасен, затоа на среден рок се планира изградба на автопат и тунел по Љубел, кој за разлика од сегашниот ќе биде многу поголем и ќе се наоѓа многу подолу (мнв). Особено патот е непријатен на австриската страна, каде иако е сосема преасфалтиран има доста остри кривини, а разминувањето со камиони е отежнато. Но, токму заради овие фактори, многу луѓе го преферираат Караванке, а и заради фактот што не Клагенфурт а Филах е големиот транспортен јазол во овој дел на Австрија, каде се делат автопатите кон Грац/Виена, Германија и северна Италија.

Edited by Andrej_LJ - 11-Dec-2010 at 16:08
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 14-Dec-2010 at 14:28
Андреј, јас да бев ќе кружев малку повеќе за да поминам низ Караванке, ама претпоставувам ти си го изгустирал претходно 

Прекрасни патишта, прекрасна природа, прекрасна репортажа. И направена во интересен период на годината, кога раздвиженоста е максимална. Кога прочитав јули, лично дури очекував и поголеми гужви. Ако ти се пружи прилика, би било супер-интересно некогаш да направиш и второ „зимско“ продолжение. Да видиме како како овие алпски предели изгледаат во снежна обвивка и како изгледаат истиве патишта со помалку сообраќај за споредба.

Словенечката патна сигнализација навистина ми се допаѓа. Забелешка имам за сината „позадина“ на електронските знаци (што мислам сум ја видел и на други места, ама не изгледа убаво и што е поважно не знам која и е практичната визуелна функција). Инаку ме изненади тоа што за номенклатурата на секундарната мрежа и во Словенија и во Австрија се користи само бројка.

Клагенфурт штета што не си го сликнал малку поопсежно, ми личи на супер градче. Инаку не можев да се изначудам на автобусот со број 85. Дали можеби знаеш нешто повеќе за јавниот превоз таму, од каде толкава бројка? Неверојатно е да е до толку опсежен јавниот превоз во едно такво градче со нецели 100 илјади жители. Дали системот на нумерација е таков со многу скокнати бројки?


Edited by Cloverstack - 14-Dec-2010 at 14:37
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Dec-2010 at 15:01
Да ти кажам право овој ден се сеќавам беше означен како Код Портокалов (да, ДАРС - државното претпријатие за автопатите во Словенија прави секоја година календар со предвидена оптовареност на секој ден и за различни патни правци низ државата, може да се погледне тука: http://www.dars.si/Dokumenti/Napotki/Prometni_koledar_403.aspx ), но знаејќи го тоа тргнав во 10 саатот, кога претпладневната гужва е одмината а навалицата од туристи сеуште не ја достигнала Словенија.

Еве како изгледа предвидената оптовареност и причините за истата за месец Август, 2010 година:



Зимското продолжение и проширение се предвидува да се реализира од овој петок до следниот, при што пред Нова Година можете да го очекувате и тоа на следнава релација: Љубљана-Грац-Виена-Брно-Прага-Плзењ-Нурнберг-Минхен-Залцбург-Караванке-Љубњана 1500+км ин тотал! Во Клагенфурт сум бил претходно, сега само го заобиколив, но можам да ти кажам дека се работи за убаво, мирно подалпско градче (главен град на Корошка/Каринција/Кернтен, која е втора најзаостаната провинција во Австрија и е доста сиромашна во споредба со другите). За градскиот превоз после некоја минута во темите од Регионот...

Edited by Andrej_LJ - 14-Dec-2010 at 15:04
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 14-Dec-2010 at 15:04
Ууууу амбициозна ти е предновогодишнава рута. Веројатно не мислиш да се задржуваш секаде, каде ти е планирано да удриш акцент?
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-Dec-2010 at 15:10
Се разбира дека не. Ми доаѓаат најдобрите другари од Скопје, кои сакаат да запишат постдипломски во Грац (ЕТФ, Иван ги знае колеги му се), така што во петок сме во Грац, каде треба да се информираат. После во сабота тргнуваме за Прага, со кратко застанување во Брно. Во Прага сме предвиделе 3 дена, а потоа кон Минхен, каде ќе останеме уште 3 дена. По пат ќе застанеме сигурно во Нурнберг, а можеби и во Плзењ ако нема снег или лошо време. На враќање застануваме на подолго разгледување на Залцбург и рук-цурук за Љубљана, преку тунелите Тауерн и Караванке. Мислам дека ќе биде одлична репортажа, само што времето малку нема да ми биде благонаклонето, затоа што се предвидени меќави и снегови, барем во делот до Прага. Ама затоа ќе има репортажи (стандардните со јавен транспорт, урбанизам, идеи итн) од сите градови каде ќе одседнеме, плус новогодишното украсување и божиќните маркети!

Edited by Andrej_LJ - 14-Dec-2010 at 15:11
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 14-Dec-2010 at 16:32
Зимското продолжение и проширение се предвидува да се реализира од овој петок до следниот, при што пред Нова Година можете да го очекувате и тоа на следнава релација: Љубљана-Грац-Виена-Брно-Прага-Плзењ-Нурнберг-Минхен-Залцбург-Караванке-Љубњана 1500+км ин тотал!

Banana

Всушност морам да признаам дека ти завидувам, но барем ќе можеме да уживаме во репортажите...
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 15-Dec-2010 at 05:49
Фала за сликите Андреј. Доста убава и развиена земја.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.170 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.