build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродром 2011

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3818
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Аеродром 2011
    Posted: 13-Dec-2010 at 12:38
ako treba kje otvarame nova niska

МИНИ ФИЛМ И ЗА "АЕРОДРОМ 2011"

Хокеј сала покрај Вардар

Четирите облакодери од по 40 ката.- Фотографија од 3Д презентацијата

Општина Аеродром наскоро ќе се прикаже на мини филм. По примерот на тридимензионалната презентација на проектот "Скопје 2014", ќе се прикажат и потенцијалните локации во оваа општина за домашни и странски инвестиции во 2011 година.
3Д презентацијата на Аеродром ќе се случи викендов, на која, според најавите на општинарите, ќе присуствуваат градежни и проектантски фирми кои веќе имаат купено земјиште во Аеродром, но и оние кои допрва планираат да инвестираат во неа.
Како најатрактивни локации за инвестирање кои ќе се извртат на филмот се Кејот на Вардар, во близина на салата "Јане Сандански", каде што, според општинскиот план, е зацртана изградба на хокеј сала, затворен базен, просторот кај касарната "Гоце Делчев", каде што, покрај детски градинки, ќе се градат облакодери, резиденции, болница, станбени и комерцијални објекти, а ќе се видат и делови од населбата Реонски центар, на кои треба да се кренат станбени згради и основно училиште.
"Се надеваме дека оваа презентацијата ќе помогне да привлечеме нови инвеститори во општината", изјавија од Општина Аеродром. (М.Ѓ.)
http://vest.mk/?ItemID=EE5E754248158C4AAF74692CA3C43A2C
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-Dec-2010 at 14:32
Iskreno se razocarav so izgledov. Ova mi izgleda na 4 x Kontinental. No se nadevam deka turcite imaat podobar vkus, pa ke izrabotat nesto mn po ubavo.
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Dec-2010 at 16:11
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Dec-2010 at 17:27
Originally posted by my Macedonia

ako treba kje otvarame nova niska

МИНИ ФИЛМ И ЗА "АЕРОДРОМ 2011"

Хокеј сала покрај Вардар

Четирите облакодери од по 40 ката.- Фотографија од 3Д презентацијата

Општина Аеродром наскоро ќе се прикаже на мини филм. По примерот на тридимензионалната презентација на проектот "Скопје 2014", ќе се прикажат и потенцијалните локации во оваа општина за домашни и странски инвестиции во 2011 година.
3Д презентацијата на Аеродром ќе се случи викендов, на која, според најавите на општинарите, ќе присуствуваат градежни и проектантски фирми кои веќе имаат купено земјиште во Аеродром, но и оние кои допрва планираат да инвестираат во неа.
Како најатрактивни локации за инвестирање кои ќе се извртат на филмот се Кејот на Вардар, во близина на салата "Јане Сандански", каде што, според општинскиот план, е зацртана изградба на хокеј сала, затворен базен, просторот кај касарната "Гоце Делчев", каде што, покрај детски градинки, ќе се градат облакодери, резиденции, болница, станбени и комерцијални објекти, а ќе се видат и делови од населбата Реонски центар, на кои треба да се кренат станбени згради и основно училиште.
"Се надеваме дека оваа презентацијата ќе помогне да привлечеме нови инвеститори во општината", изјавија од Општина Аеродром. (М.Ѓ.)
http://vest.mk/?ItemID=EE5E754248158C4AAF74692CA3C43A2C




НЕ НЕ НЕ

НЕ НЕ НЕ

НЕ НЕ НЕ

НЕ НЕ НЕ

НЕ НЕ НЕ

НЕ НЕ НЕ

НЕ НЕ НЕ

НЕ НЕ НЕ

НЕ НЕ НЕ

Немааат памет овие наши политичари!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4443
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Dec-2010 at 17:32
Што поточно те наведе на таа мисла?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4443
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Dec-2010 at 17:39


Ах тие иЛЈади, и дилувни убјикти.

Оваа презентација на македонски е особено привлечна за инвеститорите од странство Ама сепак, ако било за мали пари, добра идеја.

Edited by гитардемон - 18-Dec-2010 at 17:41
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Dec-2010 at 04:56
Не дека е нештѕо којзнае што, меќутоа е голем чекор во транспаренстоноста на општините. Прв аопштина што собиура на куп што каде може да се инвестир иа кои се можностите. И сами знаеме дека цело врем екукаме дека ништо нема информиации и сега не.
Back to Top
Mr.Edmund View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 23-Jul-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mr.Edmund Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Dec-2010 at 13:01
Ќе се сложам дека е чекор кон поголема транспарентност во урбанизмот, но, вакви анимации и презентации кои се разбирливи за пошироката јавност треба да се прават уште во најраните фази на планирањето, а не откако целата работа ќе се заврши. Минатата недела предавање одржа Алесандро Армандо од  Урбан центар Торино, кој објасни како одат работите таму. Меѓу другото, тој нагласи дека е многу важно уште на почетокот да почнат да се прават разни симулации, коишто веднаш би биле јавно презентирани и би ја вклучиле пошироката јавност поактивно да учествува во процесот на урбанистичко планирање уште во најраните фази. Кај нас, плановите како да излегуваат од некоја црна кутија, и на народот му се покажуваат откако целата работа ќе биде завршена.
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 368
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-Dec-2010 at 13:13

токму така мр Едмунд, еве и еден апел до најзаспаната општина до скоро кај нас, Кисела Вода, да се почне со ваков тип на презентирање на идните планови, бидејќи она што е реализирано од урбано становање во Расадник, не личи на ништо, а таму има простор и планови за мнооогу содржини. Мора во најскоро да излезат на прав пат зашто доскорешниот обраснат расадник, ке стане необуздана џунгла од периферијата.

.....   .......
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9025
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 19-Dec-2010 at 19:30
Originally posted by гитардемон


Оваа презентација на македонски е особено привлечна за инвеститорите од странство Ама сепак, ако било за мали пари, добра идеја.


Прилично е логично дека има и англиска верзија, која исто така веќе е на интернет...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9025
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 19-Dec-2010 at 19:35
Спрема мене, одлична идеја. Не би тупел сега со длабоки анализи дали можело подобро да се одработи или не, но ова треба да биде рутински начин за промоција на инвестициските можности во една општина. Не се работи само за некаква нова транспарентност која е добра за самите нас и која би била корисна во дискусиите за оформување на урбаниот простор, туку е исклучително добар начин за промоција на општината и привлекување на инвеститори. 
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-Dec-2010 at 19:41
Еве ја и англиската верзија. Англискиот.. хм... ама добро... јако е направено.





Edited by FoSsiL - 19-Dec-2010 at 19:46
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4443
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Dec-2010 at 20:39
Originally posted by pbanks


Originally posted by гитардемон

Оваа презентација на македонски е особено привлечна за инвеститорите од странство Ама сепак, ако било за мали пари, добра идеја.
Прилично е логично дека има и англиска верзија, која исто така веќе е на интернет...


И јас ко прле пред магаре истрчав со мислата дека ќе нема на англиски. Ама откако ја видов „англиската“ верзија, си викам поарно да ја немаше!

Нели аеродром е општина со најмногу странци (и тоа не по глава на жител, туку вкупен број) во Македонија, можеле тие 500€ што ги дале на нараторкава да ги дадат на некој странец. Не сме тука да коментираме за нараторот, се слагам дека излегувам од темата, ама кога не се потрудиле тоа да го средат туку зеле некоја ќерка, стрина, внука од зет за сестра, каква сериозност да очекуваме...

Поарно да си беше видео без тетка, вака џабе се нервирам и коментирам за нешто тотално ирелевантно
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Dec-2010 at 23:24
150 станбени згради... ехехееј
тоа е од 30-50 илјади нови жители, зар цела Македонија треба да живее во Скопје?
Дизајнот на облакодерите (ако е тој) задоволува, само не мораше сите четири да се исти.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Dec-2010 at 01:09
Како пројект ми се свиѓа баги но се надевам градбите ќе бидат по иновативни не саму многу бројни стандардни-досадни згради.

Edited by shyes - 20-Dec-2010 at 01:10
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Dec-2010 at 15:53

Општината Аеродром подготвена за инвестициски бум


Над сто градежни парцели им нуди општината Аеродром на потенцијалните инвеститори

 

 
%20  
Со проектот „Општина Аеродром - вистинско место за вашите инвестиции“ се опфатени десет детални урбанистички плана и сé она што се предвидува да се гради во иднина, како педесетина станбени згради, административни, резиденцијални објекти, детски градинки, болници, училишта, хотели и спортски терени.

Иако некои од парцелите презентирани во 3Д-анимација пред јавноста завчера во хотелот „Холидеј ин“, веќе се продадени, а се знае и инвеститорот, и тие беа вметнати во визуализацијата. Тоа се парцелата за аква-паркот, што наскоро треба да го гради фирмата на кошаркарот Петар Пеце Наумовски, како и неколку станбени згради, хотел и фудбалското игралиште што ќе се гради според стандардите на ФИФА и на УЕФА.

Визуализацијата ја проследија стотина бизнисмени, сопственици на проектантски друштва и на градежни фирми. Ивица Коневски, градоначалникот на општината Аеродром, објасни дека со оваа презентација сака да ги доближи инвеститорите до општината.

- Што поскоро сакаме да ги отвориме вратите за инвеститорите и да ги прикажеме можностите за инвестиции во нашата општина. Оваа година нашата општина бележи над 250 милиони евра инвестиции, а за идната година сакаме таа цифра да ја зголемиме. Шанси за успех има, затоа што општината Аеродром има многу атрактивни локации со одлична местоположба, дури и решена инфраструктура, што е секако уште еден плус за потенцијалните инвеститори. А на сите заинтересирани да инвестираат тука, ќе им понудиме низа поволности, како на пример, плаќање на комуналиите на рати - посочи градоначалникот Коневски.

Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, истакна дека сите општини во земјава треба да ги прикажуваат можностите за инвестирање на овој начин. Тој смета дека голем недостиг на државата е тоа што нема организирано инвестирање.

- Ова е прв пат некоја општина вака да ги покани бизнисмените и да им ги прикаже плановите за развој, особено за тоа што и како планираат да градат.

Се надевам дека и другите општини ќе го прифатат овој начин на работа, кој е идеален за инвеститорите - објасни Калеников.

Поголемиот број бизнисмени, со кои поразговаравме, истакнаа дека се заинтересирани за изградба на станбени и административни објекти.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122010959131&id=14&setIzdanie=22162
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 07-Feb-2011 at 19:00
За луѓе што не живеат во Аеродром изгледа ок, ама за луѓе од Аеродром е празна идеја. Како мал на цела генерација ни ги суредија зелените површини за играње фудбал, сеа на идниве генерации ќе им остават само бетон и хаос. Можеа малце покреативни да бидат, а не да го дадат цело зеленило за згради..... ах да и хокеј сала.
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 07-Feb-2011 at 19:12
n23 каде живееш поточно? Паркчињата и зелените површини ќе останат, не знам за каков бетон и хаос зборуваш? Површините на кои ќе се гради се пред се стари бараки, празни и неуредени површини...
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 07-Feb-2011 at 19:29
Позади Тобако 2, трите војни кули. Ја сум за градење на згради на место на бараките, кај мене ги има премногу и личат одвратно. На речиси сите зелени површини на кои игравме ко мали, сеа се изградија згради. Нека се гради, немам проблем јас, апсолутно поддржувам градење, меѓутоа единствено не ја гледам потребата од толку нови згради, кога и сега, целата општина има скоро 80 000 жители, а на оваа бројка треба да се додаде и бројот на студенти од внатрешноста. Некако градење само на згради ми делува на безидејност и немање креативност, а има потреба од пари, па се одина варијанта боље да се изгради нешто, отколку ништо. Конкретно, веќе неколку месеци се бара изградба на некакво игралиште во тој дел на Аеродром, а општинските служби остануваат глуви за тоа.
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Feb-2011 at 12:15
Ако го нема на сликиве тогаш ќе го нема :-) . Шала на страна јас не сум од Аеродром ама скоро секој ден сум таму и ми се допаѓа како е решен урбанистички (барем како граѓанин лаик зборувам). Се надевам дека и за ова сега што се прави има добар план. Ајде отидов за некој саат на кејот на Аеродром одличен е:-)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.