build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродром 2011

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 08-Feb-2011 at 16:48
За мене Аеродром е една од најплански градените населби во Македонија (ако не и најпланска) и ова не го зборам како локал патриот. Едноставно не ми се свиѓа толкавата желба за пари преку изградба на згради, може и на др начин да се привлечат инвеститори. Ама можда со новиот парк/плоштад и салана за хокеј или што и да е ќе се освежи барем малку ликот на Аеродром.
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 24-Apr-2011 at 15:15
Ќе се сложам со н23 дека Аеродром е една од најпланските урбани населби во Скопје бидејки Аеродром важи за најзелена општина и најурбано опремена.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 22-Sep-2011 at 12:43
Единствено ми се допаѓа спортско-рекреативниот дел. Мислам дека нема потреба од изградба на станбени згради, со тоа би се смалило зеленилото кое навистина му е потребно како на Аеродром така и на Скопје.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 22-Sep-2011 at 19:41
Originally posted by dule

Ќе се сложам со н23 дека Аеродром е една од најпланските урбани населби во Скопје бидејки Аеродром важи за најзелена општина и најурбано опремена.


Што ако е плански градена, кога квалитетот на живеење е по системот „луѓе во кибритче“. Вакви живеалиште се планираат во густо населени градови, без доволно простор, или со низок стандард, кајшто треба да се „накрцаат работници за фабриките“.

По мене поубаво кога било ливада, и да се направат куќички... Македонија е голема за сите.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 23-Sep-2011 at 00:37
Originally posted by krale

Originally posted by dule

Ќе се сложам со н23 дека Аеродром е една од најпланските урбани населби во Скопје бидејки Аеродром важи за најзелена општина и најурбано опремена.


Што ако е плански градена, кога квалитетот на живеење е по системот „луѓе во кибритче“. Вакви живеалиште се планираат во густо населени градови, без доволно простор, или со низок стандард, кајшто треба да се „накрцаат работници за фабриките“.

По мене поубаво кога било ливада, и да се направат куќички... Македонија е голема за сите.
нема потреба градот да се шири така, потребно е урбанизирање на голем дел од периферијата, но сепак, населби со куќички имаш низ цела периферија на Скопје и тоа шаблонски направени, Аеродром е единствена од ваков тип
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 23-Sep-2011 at 07:57
Originally posted by zabegan


Originally posted by krale

Originally posted by dule

Ќе се сложам со н23 дека Аеродром е една од најпланските урбани населби во Скопје бидејки Аеродром важи за најзелена општина и најурбано опремена.


Што ако е плански градена, кога квалитетот на живеење е по системот „луѓе во кибритче“. Вакви живеалиште се планираат во густо населени градови, без доволно простор, или со низок стандард, кајшто треба да се „накрцаат работници за фабриките“.

По мене поубаво кога било ливада, и да се направат куќички... Македонија е голема за сите.
нема потреба градот да се шири така, потребно е урбанизирање на голем дел од периферијата, но сепак, населби со куќички имаш низ цела периферија на Скопје и тоа шаблонски направени, Аеродром е единствена од ваков тип


Заради ваквото „планско“ градење, се случи во нашиот град цена за живот „во кибритче“ да те кошта колку што ти е доживотна заработувачка. Широк град, со инфраструктура која се простира на многу поголема квадратура, ќе беше одличен за квалитетот на животот, а и за цената на живеење.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 23-Sep-2011 at 15:16

Крале, ретко кој не сака да живее во фина куќа со двор, далеку од метежот, а сепак во град. Ама ајде да бидеме реални. Пред се со невидена леснотија го омаловажуваш планското градење на населби за колективно домување (и тоа населби кои како концепт објективно овозможуваат висок квалитет на живеење). Крале, има редица многу сериозни причини зошто ниту се остварила твојата идила, ниту воопшто можела да се оствари.

Да почнеме после втората светска војна, период кога на овој простор прв пат е систематски пристапено кон станбеното прашање на популацијата. Преовладувал крајно сиромашен народ кој живеел во субстандардни услови дури и за тоа време. На луѓето никој не им забранил да градат убави куќи во убаво средени предградија, ама едноставно општеството ни од далеку немало економска моќ за таква работа. Потоа во 1963 следува земјотресот и уште повеќе притиснала потребата за брза и ефикасна изградба на голем број станбени единици во услови кои објективно диктирале форсирање на колективното домување. Домувањето е многу реална, неизбежна елементарна потреба, за разлика од твоите „душевни потреби“, како на пример да се возиш во двокатен автобус или да имаш куќичка некаде на некоја ливада.

Всушност истражи малку како во текот на 20-ти век дури и далеку побогатите западноевропски општества организирано пристапиле кон решавање на домувањето на своите популации. Ќе видиш дека нашите плански населби за колективно домување не се никаков исклучок, всушност ќе видиш дека по квалитетот на концептот и хуманата димензија некои од нив (особено Аеродром, кој што ти беше на мета) значително отскокнуваат од западноевропскиот просек.

Единствено во Северна Америка и во Австралија, општественото богатство и густината на население дозволувале да се забега во квази-идилата која денес веќе пејоративно се нарекува „Suburbia“. Ама „Suburbia“ меѓудругото изискува МНОГУ големи површини. А нашата густина на население и фактот што огромен дел од малата површина која ја имаме е неприкладен (релјефот) за такви концепти, би морале да го компензираме со уништување на голем дел од плодното земјоделското земјиште, работа која не може така лесно да се занемари. „Suburbia“ исто така изискува огромни ресурси за функционирање, односно е многу поскапа од аспект на „тековно одржување“, пред се инфраструктурно и енергетско. А хипертрофираната инфраструктура, и незаобиколната неопходност од екстремна моторизација на населението си влечат и редица други негативни последици. Истражи малку што се случува со перцепцијата на „Suburbia“ во САД во последниве години.

„Идилата“ - куќа и двор за целата популација, предградија до каде што допира погледот, на километри и километри од центрите на градовите, едноставно ниту е ниту некогаш била реалистична опција за Македонија. Мој предлог до тебе - ако живееш во колективна зграда и тоа ти пречи, а сакаш куќа на ливада, во Македонија има неброени села каде што можеш да купиш имот буквално џабе. А за Аеродром и другите добро обмислени (и за жал нецелосно добро изведени) плански населби за колективно домување, наместо ветар и магла муабети, подобро да се сконцентрираме како да ги заштитиме од недокваканите локални самоуправи, од урбаната мафија, од самоволниците кои си доградуваат, преградуваат и рушат како ќе им прдне итн итн...





Edited by Cloverstack - 23-Sep-2011 at 16:13
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 23-Sep-2011 at 15:46
Кловер, многу добар пост!

Јас не го оспорувам историското настанување на ваков вид населби, бидејќи во тој даден историски контекст биле врв.

Се што е спорно е денес да се тврди дека тоа се небаре којзнае какви измисшљотини, кога во светот се скоро напуштени во развиениот свет, и се употребуваат само во неразвиените и во земјите во развој.

А Скопје реално нема план како да го надмине тој живот во кибритче, со поквалитетено решение. Градот не се шири во квадратура, него само во висина. И оние населби со куќи се уништуваат за населби со зградички од 4-5 спрата, во кои урбаните решенија се ептен импровизирани (како д. маало, тафталиџе, к. вода итн.)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 23-Sep-2011 at 16:01
Originally posted by krale

А Скопје реално нема план како да го надмине тој живот во кибритче, со поквалитетено решение. Градот не се шири во квадратура, него само во висина. И оние населби со куќи се уништуваат за населби со зградички од 4-5 спрата, во кои урбаните решенија се ептен импровизирани (како д. маало, тафталиџе, к. вода итн.)
Ова е сосема друг случај и е токму спротивност на Аеродром и останатите плански населби. Како што кажав, за Аеродром и сличните населби, посветеноста треба да е врз нивно унапредување и заштита на квалитетот на живот. Па баш нека служат за пример како и масовното колективно домување во „комиблокови“ може да биде поквалитетно од „елитните“ квартови како Дебар Маало и останатите што ги касапела или ги касапи урбаната мафија и останатите урбани деструктивци. За жал вредностите на ова општество се до толку изместени, па голем број од луѓето буквално ги имаат извртено дури и очигледните критериуми за тоа што претставува квалитетно домување.



Edited by Cloverstack - 23-Sep-2011 at 16:03
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 23-Sep-2011 at 16:19
Originally posted by Cloverstack



Originally posted by krale

А Скопје реално нема план како да го надмине тој живот во кибритче, со поквалитетено решение. Градот не се шири во квадратура, него само во висина. И оние населби со куќи се уништуваат за населби со зградички од 4-5 спрата, во кои урбаните решенија се ептен импровизирани (како д. маало, тафталиџе, к. вода итн.)
Ова е сосема друг случај и е токму спротивност на Аеродром и останатите плански населби. Како што кажав, за Аеродром и сличните населби, посветеноста треба да е врз нивно унапредување и заштита на квалитетот на живот. Па баш нека служат за пример како и масовното колективно домување во „комиблокови“ може да биде поквалитетно од „елитните“ квартови како Дебар Маало и останатите што ги касапела или ги касапи урбаната мафија и останатите урбани деструктивци. За жал вредностите на ова општество се до толку изместени, па голем број од луѓето буквално ги имаат извртено дури и очигледните критериуми за тоа што претставува квалитетно домување.



Само што во последните години и аеродром многу се прошири (иако фактичи во н. лисиче, ама концептот е тој), а не се изгради НИЕДНА планска населба како тафталиџе, со куќи.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 783
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 19-Dec-2012 at 12:32
Еве еден ДУП од аеродром изведен во макета:




Edited by mirakuliks - 19-Dec-2012 at 12:33
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1838
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 09-Apr-2013 at 15:28


Официјално видео од општина Аеродром за периодот 2009-2012 и има слики ,макети и планови за неколку идни проекти кој се започнати или ќе започнат наскоро.
Back to Top
mackomac View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Jan-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mackomac Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 09-Jan-2015 at 13:19
Здраво, не можам да најдам ДУП на реон Три Бисери. Може ли некој да го постира/прати овој ДУП?
Благодарам однапред!
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 603
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 11-Mar-2016 at 10:22
во тек се градежни активности на некогашен МcDonalds во аеродром. Наслушнав дека ке се отвара Тренд. Има ли некој повеке инфо да сподели?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3361
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 11-Mar-2016 at 10:52
Originally posted by vladegf

во тек се градежни активности на некогашен МcDonalds во аеродром. Наслушнав дека ке се отвара Тренд. Има ли некој повеке инфо да сподели?


Можам да потврдам дека деновиве се чисти и има ситни градежни работи и некогашниот МекДоналдс во Тафталиџе.
Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 11-Mar-2016 at 12:28
Originally posted by BOJAN



Можам да потврдам дека деновиве се чисти и има ситни градежни работи и некогашниот МекДоналдс во Тафталиџе.


Се надевам KFC место Тренд
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 11-Mar-2016 at 14:04
Лиценцата за Мек Доналдс ја има бугарска фирма со која Светозар имаше удел и застапништво во Македонија. Искрено се надевам дека ќе се спогодат околу отварање. А ако се отвори некој македонски шунд, налик дискотека или кафиќ овие места имаат поголем потенцијал.
Плав, не црвен.
Масон, не комунист.
Критичар, не поттрчко.
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 603
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 11-Mar-2016 at 14:29
сопственик на објектот и земјиштето е Свето. Може да се провери на katastar.gov.mk
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 518
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 11-Mar-2016 at 14:46
А во шо е МекДоналдс толку подобар од лоша дискотека? Во невкусните хамбургери? Само американсо да е значи, не е битно што е, мора да е добро чим е американско...
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 11-Mar-2016 at 15:11
Originally posted by hcitrS

А во шо е МекДоналдс толку подобар од лоша дискотека? Во невкусните хамбургери? Само американсо да е значи, не е битно што е, мора да е добро чим е американско...
Mcdonalds беше култно место во Скопје, поготово за поновата генерација. Нема никаква врска со храната, патем ретко идеа луѓето од Скопје во Mcdonalds за храната. Но такви провинцијалски типови како тебе никогаш нема да разберат. Затворањето на Mcdonalds е еден од многуте гревови што се случија во Скопје.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.