build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонски народен театар (Стар театар)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4950515253 61>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1001 Posted: 01-Jun-2013 at 12:46
Originally posted by alexsend

за 40 милиони евра МОРА да биде добар!


voopsto ne mora da znaci deka ako e skap ke bide dobar, imas primeri okolu teatarot kolku sakas
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #1002 Posted: 01-Jun-2013 at 12:53
Interceptor design
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1003 Posted: 01-Jun-2013 at 13:28
Originally posted by tiberix

Реално, во глобала е убав тетарот... Но, јас би прашал: АБЕ ДО КОГА
СО ТОЈ "ВМРОВСКИ" ФОНТ??? (не дека тоа е најважното нешто, ама е важно!!!)



Не е ВМРО-вски, туку старословенски.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1004 Posted: 01-Jun-2013 at 13:30
Originally posted by xnx

Originally posted by alexsend

за 40 милиони евра МОРА да биде добар!


voopsto ne mora da znaci deka ako e skap ke bide dobar, imas primeri okolu teatarot kolku sakas


За ова
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1005 Posted: 01-Jun-2013 at 14:19
сликите се од Стојан Николовски превземени од Скопје инфо.Дали знае некој линк до блогот или местото каде овој фотограф ги постира сликите?Подолго време овој човек поставува многу квалитетни фотографии.






Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1006 Posted: 01-Jun-2013 at 15:18
Ѓоко повеќето слики му се поставени на Facebook.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1007 Posted: 01-Jun-2013 at 15:53
Originally posted by Џоле

Originally posted by xnx

Originally posted by alexsend

за 40 милиони евра МОРА да биде добар!


voopsto ne mora da znaci deka ako e skap ke bide dobar, imas primeri okolu teatarot kolku sakas


За ова


Да не се разбереме погрешно, јас сум против цело ова лудило од воскреснување мртви објекти, стилови на градба и сл. сум максимално про модернистички и иновативно настроен. Тоа го пишав зошто многу викаат дека е убав, да убав е, позлатена е салата.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1008 Posted: 01-Jun-2013 at 15:53
За сè има вторпат
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #1009 Posted: 01-Jun-2013 at 16:56
Осветлувањето и не е така лошо...
Phantasie ist wichtiger als Wissen, denn Wissen ist begrenzt.

Albert Einstein
Back to Top
gerard View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 19-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote gerard Quote  Post ReplyReply #1010 Posted: 02-Jun-2013 at 00:48
Se izvinuvam ako nekade e odgovoreno prethodno, kolkav e kapacitetot na salata ? Od oko nema los kapacitet
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1011 Posted: 02-Jun-2013 at 08:38
724
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1012 Posted: 02-Jun-2013 at 11:43
vcera vozejki po kej sproti teatarot so nasmevka na liceto uzivav gledajki kolku e ubavo osvetlen. odednas taa nasmevka mi e izbrisha koga zastanuvajki sproti nego med facata mi se pojavi karabina od gusarski brod koj go pokri celiot teatar. bas kade sto trebase da e pogledot najubav. i toa ne e nisto, zamislete posle 4 broda i trkalo sto li ke se vidi od nego... nisto...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1013 Posted: 02-Jun-2013 at 12:23
бродовите се катастрофа,а ако се постави тркалото ,да се збогуваме со погледот од другата страна на реката
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1014 Posted: 02-Jun-2013 at 12:34

Штета навистина од една страна се градо од друга се покрива тоа што е изградено и што навистина вреди. 

Мислам дека сите овие објекти се „масло„ на градоначалникот Трајановски кој има некој турбофолкерски ген а освен тоа се однесува како неизживеано дете. 

Од една страна распишува тендери за луна парк а од друга страна гради лунапарк и тоа во центарот со разни вртелешки, бродови и тркала.


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1015 Posted: 02-Jun-2013 at 15:21
театаров за мене испадна големо разочарување, затоа што:
1. сакајќи да се изигрува Паришка опера, театарот ја изгуби едноставноста и современоста која ја имал оригиналниот театар, се направија милион произволни модификации на екстериерот и ентериерот, кои немаат врска со стариот театар... театарот е многу поголем, со неоригинални куполи, покрив, боја и орнаментика, а ентериерот е преполн со злато, релјефи и шаренило, нешто што го немало во стариот театар, барем не со толкав интензитет
2. предницата на театарот е затворена со објект (музејот на борбата), а самиот простор е многу ограничен, за разлика од театрите низ европа со кои сите толку многу љубат да го асоцираат, околу него има отвори од гаражи, а круговите од мостот Гоце Делчев се буквално залепени до него... за неговата положба се дискутираше на форумов уште пред да видиме официјални рендери
3. ентериерот мене вака од око ми личи како да е нефункционален, има милион работи кои го одвлекуваат вниманието од сцената... а за акустиката и осветлувањето (најбитните работи всушост) треба да се посети објектот
после толку многу крстења во враќања на стари духови и шмекови, театаров сепак требаше да биде копија на оригиналниот, и да добие барем малку внимание и почит во однос на просторот на кој се наоѓа

добри страни на објектот:
1. со оглед на тоа каков неписмен карактер има Ск2014, објектов испадна многу пристојно екстериерно и не можам да кажам дека не ми се допаѓа лично, на изглед
2. овој објект е прв кој има правилно изведено осветлување, без забегувања во виножита, и без лоши агли и голем интензитет

се на се, му давам 4
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 369
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #1016 Posted: 02-Jun-2013 at 16:30
Ги разгледувам сликите од театарот деновиве и приметувам една скриена порака која тој ја носи, а која го прави мошне актуелен во денешно време поради тоа.
Вентилациите кои ги има во изобиле на секоја кровна површина неминовно асоцираат на ТУРБО машина, а додека оваа институција во своето име го содржини зборот народен т.е. ФОЛК. Шала на страна, жалам што турбо погонот мораше да се појави на, до сега, можеби најсериозно изведениот објект од СК2014, а единствена непознатица околу ова здание останува неговото инкорпорирање во сеуште незавршениот околиш.
.....   .......
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1017 Posted: 02-Jun-2013 at 17:48
Оние отворите асоцираат на најбавниот погон за машини а тоа е парниот мотор,додека кај турбото воопшто не му треба никаков ваков отвор и тој се смета за најбрз/најснажен погон.Значи сушта супротност
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1018 Posted: 02-Jun-2013 at 19:47
Многу подобро ќе беше доколку си ги имаа заменето местата театарот и музејот, а најдобро ќе беше да се направеше современ театар во близина на МОБ и со тоа да се дореализираше основната замисла за тој простор како културен центар на градот. Како четврт објект можеше и филмски центар со кина и сл и/или ФДУ и сликата ќе беше комплетна. Ама кога се нема визија и се лечат комплекси тоа е тоа.

Вие „страчките“ уживајте слободно во златото и бижутеријата, мене во театар ми е побитно претставите да бидат квалитетни и столчињата да бидат удобни. Се друго е тривијално и одвишно.
А што се однесува до глумците и МНТ како институција, ако досега во монтажен објект (со промаја) имаа прилика успешно да работат и да прават одлични претстави, сега во вакво грандиозно здание очекувам 100х повеќе и многу повеќе планетарни успеси.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 896
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1019 Posted: 02-Jun-2013 at 19:53
Театарот е одличен, најубав објект од Скопје 2014, очекувам и Филхармонијата да биде сосем добра. И овие два објекти се најважните што требаше да се направат од сите други. Мислам дека не треба да бидеме толку изненадени од цената и од тоа колку таа порасна, има редици други примери, каде цените вака пораснале и не верувам баш дека набрзо ќе се прави нешто друго, така да ова е објект еднаш во 30-40 години, репрезентативен објект на македонската култура и театарот кој работеше во бедни услови. Искрено одамна не сум бил во театар, па баш ќе почекам и директно наесен во новиот на нова претстава.
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #1020 Posted: 02-Jun-2013 at 19:54
Да е малку помалечко и малку пониско панорамското тркало, ѓоко стварно би можело да изгледа како стар американски Steam Boat.

Шала на страна, ми се допаѓа тоа што го видов на сликите од театарот, кога би го споредил на слики со театри низ европа, мислам дека е доловен амбиентот и внатре и надвор.
Лично не сум посетил театарска претстава во театар од ваков ранг,па и немам некој осет за да споредам со претходно искуство.Така да среќен сум што доаѓа и тој ден
Мислам дека во иднина би бил дополнително стимулиран за посета на ваков објект надвор од државата, ако се потрудам малку секако барем на англиски да најдам некоја претстава да не гледам како теле во шарена врата
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4950515253 61>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.