build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Храм Св. Ѓоргиј и Св. Сисој Велики - Тетово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Храм Св. Ѓоргиј и Св. Сисој Велики - Тетово
    Posted: 23-Dec-2008 at 01:09

Тетово ќе добие нов православен храм по 80 години

ТЕТОВО - Во станбениот блок 29, на просторот меѓу големата спортска сала и објектите за технички преглед на возила, ќе се гради нова црква посветена на св. Георгиј и св. Сисој Велики. На површина од околу 3.000 м2, покрај православната црква, ќе се градат и други придружни објекти. Инвестицијата за изградба на објектите ќе чини околу еден милион евра, а ктитори ќе бидат граѓаните на Тетово, но и бизнисмени, претпријатија и други донатори. Ова ќе биде прв православен комплекс што се гради по цели 80 години од последно изградениот во Тетово.

Овие информации вчера на средба со новинарите ги изнесе Иницијативниот одбор за изградба на новата црква. Прота Мирко Станковски, надлежен намесник на Тетовското архијерејско намесништво, рече дека благослов бил даден и од МПЦ и очекува наскоро да бидат осветени темелите што ќе означат почеток на градба на објектот. Тој смета дека црквата ќе биде гордост и огледало на сегашната генерација. Изградбата на црковниот комплекс во Тетово, според Станковски, ќе биде помогната од МПЦ, духовно и парично.

Претседателот на Иницијативниот одбор, Мирче Блажевски, нагласи дека наскоро ќе биде распишан тендер за изработка на идеен, а потоа и на главен проект, откако Советот на Општина Тетово неодамна писмено ги известил дека може да почне со реализација на идејата за изградба на православен храм во долниот дел на Тетово.

Иницијативата за изградба на црквата беше официјализирана на 10 септември 2007 година, од кога траат подготвителните работи и договори. Сегашните пет цркви се наоѓаат во горниот дел на градот. Блажевски информира дека претходното барање за локација било на улицата „Борис Кидрич“ спроти автобуската станица. По долги дискусии и договарања, утврдена е новата локација. Таа ќе биде покрај самиот булевар „Видое Смилевски-Бато“, нецели 200 метри од онаа што била официјално барана.

Членовите на Иницијативниот одбор ги предупредуваат граѓаните да не даваат никакви парични прилози на неповикани и неовластени лица. (Г.Е.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=72B00F19CD7F214389F0CABB1E8F0C52
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Dec-2008 at 01:13


Координати?  Smile
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Dec-2008 at 11:55
Najverojatno ova e lokacijata za novata crkva vo Tetovo,spored objasnuvanjeto dadeno vo utrinski.prvicno bese planirano crkvata da bide vo zena park.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Jun-2010 at 15:24
Originally posted by BlacK

Najverojatno ova e lokacijata za novata crkva vo Tetovo,spored objasnuvanjeto dadeno vo utrinski.prvicno bese planirano crkvata da bide vo zena park.


06.11.2008 - Проектот за изградба на новата црква во Тетово е заглавен во бирократските лавиринти

Проектот за изградба на нов православен храм во Тетово заталка во бирократските лавиринти.Организациониот одбор бара црквата да се гради во Жена парк, општината, пак сега нуди нова локација-зад спортскиот центар, што е неприфатлива за иницијаторите.

Тие побараа измена на генералниот урбанистички план, со што и правно формално би се одредила локациата на идната црква, а планот по процедурата во тетовската локална самоуправа беше испратен во министертвото за транспорт и врски.

Вчера претставници од Министерството ја утврдуваа фактичката состојба на самото место, па сега се чека на конечно одобрение од централната власт.

Поддршка за реализацијата на идејата за изградба на нов православен храм во Тетово вети и пратеничката од овој регион, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Таа се сомнева дека актуелниот градоначалник ќе соработува на ова прашање.

Прашањето за изградба на нова црква во Тетово првпат на Седница на советот беше поднесено во јули годинава, но откако локалната самоуправа одби да даде дозвола за градба на локацијата во Жена парк, иницијативниот одбор побара помош од Министерството за транспорт и врски.

Петмината советници, според изјави од Одборот, безрезервно го поддржаа проектот. Како што ни изјави советникот на ВМРО НП, Драган Давидовски, неговата иницијатива за бојкотирање на предминатата седница на Советот, бидејќи на дневен ред никако да стаса барањето за добивање на маркица, не беше прифатена од останатите советници Македонци.

Сега на потег е Министерството за транспорт и врски. Според изјави од Иницијативниот одбор, доколку оттаму стигне позитивен одговор наскоро ќе може да се гради во урбаниот блок 31, во Жена парк, поточно спроти спортско рекреативниот центар.

Марина Блажеска
http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=5099
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Jun-2010 at 15:25

02.01.2009 - Локацијата за новиот православен храм во Тетово, градбата на црквата во селото Отушиште

и осветувањето на црковни трпезарии беа настаните кои на верски план и дадоа белег на годината што измина. Минатата година ќе остане запаметена и по лошите, вести, по неколкуте разбојништва во црквите во тетовскиот крај.

20-тина благочестиви православни семејства од селото Отушиште направија неверојатен подвиг - за неполни два месеци ја подигнаа црквата посветена на Свети Николај Мирлекијскиот Чудотворец. Со поддршка од иселените жители камен - темлникот на новиот храм беше положен два дена пред Успението на Пресвета Богородица.

На верски план друг голем настан беше одобрението за градба на нова црква во Тетово. Минатиот месец општината даде зелено светло новиот храм посветен на Сите Македонски светители, Светиот Великомаченик Георгиј и Преподобен Сисое Велики да се гради во урбан блок 29, зад Спортско - рекреативниот центар во Тетово. За многумина верници најсоодветна беше локацијата во Жена паркот, но таа идеја не беше прифатена од локалните и централните власти. Веста за градба на нова црква во Тетово по 80 години за Митрополитот Господин Кирил е ново воскресение на потшарпланинските простори.

Со новиот импозантен крст висок три местри се поднови Соборниот храм "Свети Свети Кирил и Методиј" во Тетово. Симболот на православието беше подарок на вработените во АД "Алумина", а поставувањето го помогнаа и бројни верници од градот. По осумдесет години Соборниот храм го разубавува нов заштитник на православието. Заменет беше стариот крст поставен во 1929 та година од страна на тогашниот свештеник Владе Атанасов.
Со Света архиерејска литургија на 3-ти јули, на празникот посветен на Свети Наум Охридскиот Чудотворец се изврши големото осветување на манастирската црква на Попова Шапка.
Светиот и историски чин беше извршен во чест на 50 годишнината од обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Малото осветување на манастирската црква беше извршено во далечната 1993-та година.
Лани во ноември православните жители на селото Непроштено ја осветија трпезаријата во една од најстарите цркви во полошкиот крај подигната во чест на Свети Архангел Михаил која датира од 13-от век.
Со несебичен ангажман речиси две години мештаните ја градеа трпезаријата при црквата. Желбата и оваа црква да има трпезарија ги водеше мештаните со свои средства и потпомогнати од неколку благочестиви донатори да ја изградат и осветат.
На празникот посветен на седумте маченици Макавеи во црквата во Глоѓи посветена на Свети Атанасиј Велики се положија темелите за градба на крстилница.
А на иницијатива на Месната заедница од селото Жилче и со донација од општина Јегтуновце се поплочи патот до црквата "Свети Никола".
Минатата година ќе остане запаметена и по лошите, вести, по неколкуте разбојништва во црквите во тетовскиот крај. По втор пат за три години разбојниците го украдоа црковното ѕвоно тешко стотици килограми од црквата Света Богородица во селото Џепчиште.

На мета на крадците лани беа и црквите во наслените места Лавце, Волковија и во Шемшово и црквата и "Света Богородица" во Тетово.
Арамиите во потрага по пари причинија и материјални штети во самите храмови.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Jan-2011 at 20:38
Тука нешто се мрда...?

http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/hs064.snc6/167452_192766790737935_100000138462765_823926_80234_n.jpg

Одлучив се за нова нишка, бидејки да ги прочиташ и пронајдеш сите информацији за овој објект требе доста време...?
Ако сте за уредете ја содржината, а ако не префрлете го постот под останатите весрки вести...
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Jan-2011 at 23:59
Погрешна е локацијава овде моментално се работи на фудбалското игралиште, а за црква незнам ни јас баш која е точната локација, па ако се распрашам ќе пастирам и кординати.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-May-2012 at 20:21
Новата црква во Тетово остана само желба

17.06.2011




Иницијативата потекнува уште од 2007 година, но до денеска се' е на ниво на идеја

Тетово - Идејата на тетовци во рамничарскиот дел од градот да се изгради нова црква останува само пуста желба. Во надлежните органи во Тетово засега барањата мируваат, а нема ниту акција, ниту, пак, е преземено нешто поконкретно. Иницијативниот одбор е во некаков застој, а отсуствува и поголемо ангажирање на Синодот на МПЦ, посебно од Полошко-кумановската епархија.

Православен храм со старовизантиска македонска архитектура, посветен на македонските светители свети Великомаченик Грегориј и Преподобен Сисој Велики требаше да се гради во реон на Тетово каде што нема цркви, а во кој градот одамна е проширен. Сите постојни пет цркви се наоѓаат во горниот дел од градот, од каде што населението постепено се раселува. Кај новите живеалишта нема православен храм, што очигледно претставува неминовност. Граѓаните со задоволство прифатија да бидат колективни ктитори и по пат на самопридонес да подигнат нова црква.

За почеток, во 2007 година, по основањето на иницијативен одбор, се пристапи кон барање локација. Прстот беше насочен кон паркот „Жена-борец“, кај автобуската станица. Вакво барање беше поднесено и до општинските органи, од каде што требаше да се добие маркица. Се планираше целиот комплекс да има околу 4.000 квадратни метри на кои да се подигне црква од 200 квадратни метри, како и други објекти својствени за православни светилишта. Првите преднацрти упатуваа и на уредени алеи, шеталишта, услови за духовен мир и одмор, како и за семејни верски обреди од помал карактер. Прелиминарните пресметки покажуваа дека се работи за инвестиција од околу еден милион евра, а парите сукцесивно би се собирале од граѓаните во вид на самопридонес, но и со учество на иселеништвото, на бизнисмени, стопански капацитети и други донатори. Освен тоа, не се очекуваше само духовна, туку и парична помош и од МПЦ.

„Точно е дека имало барање за изградба уште пред три-четири години. Иницијативата беше очигледна. Меѓутоа, на посочената локација не била предвидена градба на објект со урбанистички план. За добивање маркица требало да се смени планот во целиот реон. Во овој момент сме во претходна рана постапка за измени на урбанистичкиот план за тој реон“, ни рече Скендер Палоши, началник на Одделението за урбанизам на Општина Тетово.

Сепак, првата официјална повратна информација Иницијативниот одбор ја добил на 15 декември 2008 година. Во неа било наведено дека „локација за изградба на православен храм е одредена во урбан блок 29 на која може да се гради, но дури по измените на ГУП, чија изработка е во процедура“. На 3 ноември 2009 година од Советот на Општина Тетово е доставена до Иницијативниот одбор нова информација во која се вели дека „нема поведена постапка за измени на ГУП за урбан блок 29“. По ваквиот одговор, во кој е очигледна разликата во ставовите меѓу два органа на Општината, деветтемина советници поведуваат иницијатива до Советот да се стави на дневен ред извештајот од секторот за урбанизам за тоа до каде е постапката за измени на ГУП-от. Но, од таа иницијативата нема епилог.

„Сега засега не гледам решение. Мислам дека треба сите оние што ветија дека ќе се изгради црква сега јавно да им се извинат на граѓаните“, ни рече Драган Давидовски, член на Советот на Општината од ВМРО-НП и додава дека православните верници во Тетово треба сами да се организираат и да пристапат кон реализација на идејата.

Очигледни се недостатоците во конкретното водење на акцијата. Некои алки од иницијативата како да се скинаа и сега не е јасно дали некогаш ќе дојде до изградба на толку потребниот и посакуван православен храм во Тетово.

Гојко Ефтовски

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1564568F16DA0549A6F5C65C8DB1BA45
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Aug-2014 at 15:09
Датум: 03.01.2014, 18:20

ВЛАДИKАТА ЈОСИФ СЕ СРЕТНА СО ТЕУТА АРИФИ

Црквата во Тетово ќе почека на решавање на комуналните прашања

За Тетово е поприоритетно да се решат комуналните прашања отколку да се гради нова православна црква. Ваквиот став го изнела градоначалничката Теута Арифи на вчерашната средба со новиот тетовско-гостиварски владика Јосиф во митрополијата во Тетово.

- Тетово како град се соочува со многу сериозни проблеми и затоа дефинитивно за нас се приоритети прашањето за водата, сметот, прашањето на гробиштата и подигањето капели и на православните и на муслиманските гробишта. Откако ќе ги решиме овие прашања, тогаш на ред ќе дојдат другите прашања за кои ќе може да се разговара - изјави таа по средбата.

Владиката Јосиф, пак, рече дека прашањето и натаму останува отворено.

- Јас го пренесов ставот на православните верници од Тетово, кои ги застапувам во оваа епархија дека тие сакаат нов храм во новиот дел од градот. Јас се надевам дека за понатаму ќе најдеме соодветно решение за ова прашање - потенцира тој

Заложбата и очекувањето дека градските власти ќе дозволат изградба на нов православен храм во централниот дел на Тетово, владиката ги искажа веднаш по неговото стапување на должност. На средбата се разговарало за повеќе приоритетни прашања од животот на граѓаните од сите вери во општината. Нивна заедничка оценка е дека вредностите на толеранцијата, соживотот и разбирањето меѓу луѓето се вредности на секоја вера и во име на тоа Тетово е пример за еден таков живот.

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Aug-2014 at 15:18
Па сигурно нема да го финансира Општина Тетово православниот храм, тоа не е ни за очекување кај верниците.Мислам дека им беше вакво нешто ветено пред изборите.
Во својата држава да неможеш да изградиш свој храм.Во која ли земја живееме
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Aug-2014 at 15:31
Originally posted by jyvation

Па сигурно нема да го финансира Општина Тетово православниот храм, тоа не е ни за очекување кај верниците.Мислам дека им беше вакво нешто ветено пред изборите.
Во својата држава да неможеш да изградиш свој храм.Во која ли земја живееме


Во Струга исто така не дозвлија да се изгради храм и тоа на место каде што имало храм. Во Тетво се моли за дозвола. Во Тетово каде што 2 % од градбите не се легални а тоа може да се види и од Мапс се тренираат закони врз црквата. Од друга страна кога се во прашање џамиите тука мислам дека во последно време се градат каде што сакаат, колкава што сакаат, гласна колку што сакаат и што ли уште не. Најрадикален пример на џамија е онаа во Струга која е изградена буквално врз православните гробишта, сместена е така колку да не е на улица, не прати ниту една градежна линија и со голо око се гледа дека некој дошол и си нацртал маркичка како му одговарало.
Мораме да бидеме внимателни за вакви работи и мораат законите да важат за сите.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Aug-2014 at 15:48
MIKROFON?MOLAM?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Aug-2014 at 16:08
За ова зборував

СЕ РАБОТИ ЗА ХРИСТИЈАНСКИТЕ ГРОБИШТА !Повик до стружани да се разбудат и обединат!

Почитувани сограѓани , драги стружани !
Како и секогаш така и сега “КАПРИКОРН2010’’ Струга е на страна на народот па затоа си земав за право да ви се обратам од името на ДЗЖ/ЖС “каприкорн2010’’ Струга со повик за обединување околу едно прашање кое го мачи на секој еден жив стружанец но и на мртвите не им дава МИР !!

Се работи за следното , минатиот четврток во еден електронски весник на Албански јазик излезе текст во кој пишува дека дел од градската капела која се наоѓа во парцелата на Христијанските градски гробишта им се дал на владеење на ИВЗ Струга , нешто кое лично мене ме потресе и наежи . Ме наежи фактот што тиранијата оди до бескрај па откако зеде се она што можеше да земе сега се нафрла и по верските објекти,одбележја а јалошо од се е што се нафрла и по нашите вечни почивалишта !

Гневен на она што ни се случува а поттикнат од оваа вест која и не била нова , објектите биле дадени уште од пред неколку години но досега сите мудро молчеле а сега за ситни политички поени го обелоденија тоа !

Заедничкото користенње на КАПЕЛАТА и немаше толку да ме иритира доколку тоа беше за граѓаните на општината , односно за муслиманите,христијаните и останатите . Фактот што се дава општински имот на верска заедница ме потресе и не ми даде простор нити да помислам а не камоли да останам равнодушен!

Оттука се поставува и прашањето зошто господата од муслиманската верска заедница не плаќаат високи цени на комуналното претпријатие за одржување на градските гробишта ? Зошто во тој поглед тие се привилегирани а Христијаните мора да плаќаат за таа услуга на истото претпријатие !?

Зошто почитувани граѓани на МПЦ не и се даде парцелата со христијанските гробишта да ја владее исто како што ја владее ИВЗ онаа од муслиманите !?

Дали ние сме нешто помалку од нив и доколку е тоа така во кој поглед сме помалку од нив ?

Почитувани сограѓани , драги стружани . Јас во името на “Каприкорн2010’’ Струга ве повикувам да ставиме Стоп на ваквите појави кои постојано не обесправуваат и омаловажуваат во нашиот град ! Не обезличуваат и ни ја обезлишуваат најсветата работа како што се нашите вечни почивалишта односно вечните почивалишта на нашите претци !!

Драги стружани да отпочнеме со иницијатива за собирање потписи за христијанските гробишта да се дадат во владение на МПЦ а не на комуналното претпријатие кое сега ги владее и стопанисува !! христијанските гробишта им припаѓаат на христијанските верници од Струга и несмее јавно претпријатие да стопанисува со нив !! исто како што не стопанисува јавното претпријатие со муслиманските гробишта !!

Еднаш да ја покажеме нашата сплотеност по ова рпашање , да ставиме крај на нашето покорување и разединетост барем кога станиува збор за повреда на нашите чувства , повреда духовното ,честа и моралот !!
СТОП ЗА ИСКОРЕНУВАЊЕ НА ХРИСТИЈАНИТЕ ОД СТРУГА !! СТОП ЗА НАСИЛНОТО ОДЗЕМАЊЕ НА ВЕРСКИТЕ ОДБЕЛЕЖЈА И ВЕЧНИТЕ ПОЧИВАЛИШТА НА СТРУЖАНИ !!!

Со почит ,
Васко Јолески - претседател на “Каприкорн2010’’ Струга

https://mk-mk.facebook.com/notes/%D0%B2%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D1%98%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8/%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B4%D0%BE-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%82-%D0%B8-%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82/637395256328063
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.100 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.