build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
Active Topics Active Topics
FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипеди

Bookmark and Share
Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message
Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
Quote beTon Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 07-Mar-2015 at 21:46

информацијава не треба да изненадува со оглед рецесијата, НО добро звучи

24.10.2013 - In Almost Every European Country, Bikes Are Outselling New Cars

http://www.npr.org/blogs/parallels/2013/10/24/240493422/in-most-every-european-country-bikes-are-outselling-cars

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
Quote beTon Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 09-Mar-2015 at 14:31
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 20-May-2016 at 01:10

конечно ... после една година ... ќе го вратиме ли муабетов во живот

ме потсети за нишкава ова мариовската мб тресеница да се надеваме еден ден ќе дотера до популарен настан [1] бар ко метероролошки ивент [2]

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 20-May-2016 at 13:51

после ваков клип не би се врзало ништо озбилно, освен уште по некоја екстра заебанција [1][2] мада има од луда полуда [3] бреј поштено малтретирање

но за да не отупи техничката оштрица на нишкава, добро е да ја свртиме со порегуларен муабет

би напоменал лично немам против народ да тера без кацига на точак, мислам јас најмалку имам право да мрчам, чим и по европа возам без соодветна заштита, та во икс случаи и по планиње, но сметам дека кај децата треба да исфорсира нешто вакво, прво како помали генерално се трапави а потем о адолесценти нели крвата и врие, би препорачал до надлежните да ваквиот закон важи за млади до полнолетство, колку и да не е тренд или фора ваквата идеја, нели старателите си знаат они нек им берат гајле ...
http://off.net.mk/lokalno/bulshit-detektor/kacigi-na-tochak-stavete-si-vo-sobranie

http://natochak.blogspot.mk/search/label/кацига

со ова и џандарите би добиле причина плус зошто да идентификуваат народ мислам завозен на точак, јасно доколку им треба, додека бркаат деликвенти, багабонти и келепур младина, шала на страна но се додека во градовите не се развие некоја особена велосипедска инфраструктура но и култура, негледам зошто оваа историски репресивна мерка да не е задолжителна само за +18 евентуално +15, а законодавецот нека предвиди и прецизно какви се кациги се одобрени, пример комотно може и еластични капи да дозволат како цикло тренд, а има и похајтект алтернатива за класична кацига [1] иако истата далеку подобро ќе ги анулира следниве претпоставките за сувишност од кацига, a вакво нешто би пропишал за секој возач на јавен велосипед ко подвижна безбедносна реклама
http://www.cycle-helmets.com/helmet_statistics.html

http://www.cyclehelmets.org/1012.html

http://www.bhsi.org/stats.htm

кацига на глава е како ракавица на рака, јасно дека претежно ни се вишок и ни пречат, но зошто тогаш да носиме и патика на нога, а можеби голи и подобра аеродинамика да имаме дали, мислам кому што му чини, но за децата мора да има некои построги норми

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
Quote beTon Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 08-Jul-2016 at 09:27

неофицијално ми кажаа имаат и клуб близу Песталоци

што е до агитирањето за мултимодалност, особено кај возовите се додека тоа не го субвенционира власта и да се случи нема да се одржи, евентуално сите меѓуградски па и селкси автобуси да бидат приморани на вело-приколка, а која би служела и за транспорт на миленици, пократка а висока [1] иако за градските автобуси по главните артерии би можело трипати дневно даоди и нешто покабасто заради побрз утовар истовар [2]

Јубилејна „Критична маса“ за поддршка на зелениот превоз во земјава

Граѓанската иницијатива „НаТочак“ во среда (29 јуни) повторно ќе организира заедничко возење на велосипеди низ скопските улици. Јубилејната 50-та средба на велосипедистите ќе започне од Транспортниот центар-Скопје и ќе заврши со пикник на просторот помеѓу Скопското кале и Музејот на современа уметност. На претстојното возење се поканети сите добронамерни граѓани со своите велосипеди, а оваа „Критична маса“ ќе се обиде да ја популаризира идејата за комбинирање на велосипедот со јавниот превоз во земјава, првенствено за користењето на автобускиот превоз во Скопје и железничкиот сообраќај низ земјава.

„Јавниот превоз и велосипедскиот може да функционираат како добра комбинација и алтернатива на автомобилот: јавниот превоз поради својата брзина, а велосипедскиот поради можноста за „превоз до врата“, велат од иницијативата „НаТочак“. Јубилејното издание на „Критична маса“ ќе се обиде да ги промовира концептите за мултимодалност (различни опции за патување) и интермодалност (различни начини на транспорт). Од граѓанската иницијатива велат дека веќе оствариле средба со ЈСП-Скопје за оваа идеја, но се надеваат дека ќе наидат и на разбирање од Македонски железници-Транспорт, која во моментов го забранува превозот на точаци со возови.

http://www.build.mk/?p=50872

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
Quote beTon Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 28-Jul-2016 at 16:08
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
Quote beTon Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 02-Aug-2016 at 22:03

за На Точак, на воз и на автобус

екстра илинденски поклон за сите велосипедисти, а ќе беше и за сите рекреативци доколку бар празникарски и викендашки пуштаа МЖ по цел вагон на композицииве, а ЈСП по една приколка до излетничките и туристичките пунктови, на ред сега се меѓуградските и селските автобуски превозници да пуштат срце, но за ним веројатно ќе мора да интервенира власта, односно општините условувајки ги кога ќе ги распределуваат линиите!

Од денеска во воз со велосипед за 177 денари

„НА ТОЧАK“ СЕ ДОГОВОРИ СО „МАKЕДОНСKИ ЖЕЛЕЗНИЦИ“

По прифаќањето на предлогот од неформалната група „На точак“ за поставување држачи за велосипеди на задниот дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, од денеска и „Македонски железници“ (МЖ) се приклучува кон идејата да се спојат неколку вида транспорт во еден и на тој начин да се олесни патувањето на корисниците, а и да им се приближат уште повеќе автобускиот и железничкиот превоз.

Раководството на акционерското друштво „Македонски железници-АД Транспорт“ од денеска одлучи да ја тргне забраната за превоз на велосипеди во железничкиот сообраќај и да определи посебен простор за ваков вид транспорт, информираат надлежните.

Во изминатиот период, претставници од неформалната група „На точак“ одржале средба со комерцијалниот директор на „МЖ-Транспорт“, Kире Диманоски, на која разговарале за можностите за интеграција на велосипедскиот и железничкиот сообраќај, по што наведената одлука е донесена, во духот на развиените земји, каде што одамна се применува.

Патникот мора да биде во близина

Цената на превоз на велосипед ќе биде 177 денари, а наплатата ќе ја извршува кондуктерот. Исто така, велосипеди ќе може да се внесуваат само каде што има ознака за такво нешто.

Дирекцијата на патничкиот сообраќај одлучи од 1 август годинава, велосипедите повторно да се примат за превоз. Бидејќи техничките можности и услови во возовите на „МЖ-Транспорт“ не соодветствуваат со посебен простор за превоз на велосипеди, а со цел да се задоволат потребите на патниците, превозот на велосипеди ќе се ограничи по вид на возови -информираат од акционерското друштво.

Односно, превозот на велосипеди ќе се одвива во возот со ознака ЕМВ 412, каде што ќе има осум места за транспорт на овој тип превозно средство, и во ДМВ 712, каде што ќе има пет места.

- За возовите во кои се дозволува превоз на велосипед, патникот сопственик на велосипедот треба да биде во близина како би реагирал да го тргне во случај на влез на лица со посебни потреби и сместување инвалидска количка. За бројот на велосипеди што се внесуваат во воз одлучува на самот место кондуктерот, кој ќе им овозможи предност на лицата со посебни потреби што се превезуваат со инвалидски колички. Доколку овој простор не е искористен, во возот ќе се прими за превоз велосипед - појаснуваат од „МЖ-Транспорт“, дополнувајќи дека за возовите со серија ДМВ 711 и ЕМВ 411 ќе се разгледа можноста за дозвола на ограничен превоз на велосипеди и дополнително ќе се донесе одлука.

ЈСП ќе монтира држачи на автобусите до Матка и Водно

Од ЈСП „Скопје“ неодамна информираа имаат добра волја за спроведување на проектот на групата „На точак“ за поставување држачи на автобусите во Скопје за превоз на велосипеди. Од една страна, заради заштита на животната средина преку намалување на штетните емисии на гасови, а, од друга страна, поради зголемување на привлечноста на овие две превозни средства наспроти автомобилите.

Држачите ќе ги донира Републичкиот совет за сообраќај, информираа од претпријатието. Веќе имале средба на која разговарале и се договориле за такво нешто. Активностите ќе се реализираат откако ЈСП ќе ги испита техничките можности за монтирање држачи и ќе спроведе анкета за интересот и развојот на идејата во вид на поддршка како пилот-проект на одредени автобуски линии.

Планот е во првата фаза да се постават држачи на автобусите што одат кон Матка и Водно, каде што ќе има можност велосипедот да се користи и за рекреација, но и во сообраќај. Ако идејата се покаже како исплатлива, ќе се постават на повеќе линии и релации.

Од неформалната група „На точак“, кои се залагаат за подобар велосипедски град, објаснија дека целни групи за комбинирање велосипедски и автобуски превоз се, на пример, граѓаните од приградските населби, кои патуваат на работа или факултет, туристички посетители на локалитети, како и оние што живеат во зони што не се на пешачко растојание од автобуските линии и поради тоа не ги користат - на станица би пристигнале со велосипед, а патувањето би го продолжиле со автобус.

http://dnevnik.mk/?ItemID=D0294403FDF6B041A44E56638EA7F0AC

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
Quote beTon Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 03-Aug-2016 at 12:31

04.08.2016 - Oд 1 ви август во воз со велосипед

– Дирекцијата на патничкиот сообраќај одлучи од 1 август годинава, велосипедите повторно да се примат за превоз. Бидејќи техничките можности и услови во возовите на „МЖ-Транспорт“ не соодветствуваат со посебен простор за превоз на велосипеди, а со цел да се задоволат потребите на патниците, превозот на велосипеди ќе се ограничи по вид на возови -информираат од акционерското друштво.

Односно, превозот на велосипеди ќе се одвива во возот со ознака ЕМВ 412, каде што ќе има осум места за транспорт на овој тип превозно средство, и во ДМВ 712, каде што ќе има пет места. Овие гарнитури поаѓаат од Битола во 5.25 наутро, во 12.50 на пладне, 18.25 во доцните попладневни часови и вечерта во 21.04.

– За возовите во кои се дозволува превоз на велосипед, патникот сопственик на велосипедот треба да биде во близина како би реагирал да го тргне во случај на влез на лица со посебни потреби и сместување инвалидска количка. За бројот на велосипеди што се внесуваат во воз одлучува на самот место кондуктерот, кој ќе им овозможи предност на лицата со посебни потреби што се превезуваат со инвалидски колички. Доколку овој простор не е искористен, во возот ќе се прими за превоз велосипед – појаснуваат од „МЖ-Транспорт“, дополнувајќи дека за возовите со серија ДМВ 711 и ЕМВ 411 ќе се разгледа можноста за дозвола на ограничен превоз на велосипеди и дополнително ќе се донесе одлука.

http://www.pelanet.mk/bs/tekstovi.php?id=1933

хм, сепак се исфолирале од МЖ, дозволиле точаци самно во новите кинески возови, изгледа затоа и цената екстра поскапа него порано, бар споредено со претходниот тарифник кога цената била заокружена на пола евро, што е и логично за наш стандард, абер од последниот билд-ов текст на оваа тема цитиран подоле ... ем тие порано одеа секогаш во товарен вагон, а овие сега ќе ги напикуваат и кај треба и нетреба!? ајде ко за промена добро е

вака сега излезе евала еве ви го веќе стекнатото право, но за 5 пати повисока цена, благодарам друже кондуктер да ти дам и за ракија, за се да е подмачкано кога ми се брза а има гужва - добар тип за туристи од кои нели нема ни на ред да дојдат домашните бајкери, а каде е тука промовирање колективно на здрав живот, затоа и велам бар викендашки да пуштаат по еден цел бајкерски вагон, нормално подобно преадаптиран во колска http://www.railstotrails.org/trailblog/2014/december/12/bike-racks-on-marc-trains-oh-yeah/

15.09.2013 - Коза може, велосипед не може да влезе во македонските возови

Покрај староста и нечистотијата на македонските возови, патничкиот железнички сообраќај не може да одговори и на логичните потреби на граѓаните кои го користат ова превозно средство. Патничките возови неретко се употребуваат за транспорт на кози и овци, плакари и телевизори, вреќи компири и делови од автомобил, но не претставуваат и ефикасна опција за превоз на велосипеди на граѓаните. За разлика од останатиот вид товар, точаците во возовите на европските железници се адекватно прифатени и корисниците во континуитет се стимулираат да го земат својот љубимец на две тркала при патувањето во специјалните вагони за оваа намена.

Искуствата на поединци што сакаат да превезат велосипед во македонски воз се навистина раритетни. „На одење кон Битола кондуктерите воопшто не ми побараа пари за да го качам велосипедот во воз. На враќање од Битола кон Скопје имаше гужва во возот и воопшто не ми дозволуваа да влезам со него, иако се понудив да платам колку што треба. Во возот имаше еден човек што носеше плакар со себе. После долгото натегање со двајцата кондуктери, ме пуштија да го ставам велосипедот во делот за багаж“, го раскажува своето патешествие студентот Данило А. Тој напоменува дека железницата треба јасно да истакне дали може или не смее да се патува со велосипед во возовите, колку чини тарифата за секоја релација и на кого треба таа да се плати.

Порталот „Билд“ испрати прашања до раководството на Македонски железници – Транспорт, но до пишувањето на овој текст не добивме никаков одговор на оваа тема. Единствен извор на информации што може да се искористи за оваа цел е прикачениот тарифник за превоз на багаж на веб – страницата на МЖ – Транспорт. „Минималниот износ за превоз на багаж изнесува 30,50 денари од пратката, освен превозот на велосипеди кој изнесува 30,50 денари за парче, а за мотори најмалку 64 денари за парче“, стои во нејасното и кусо образложение во официјалниот документ. Поради непостоењето на конкретни информации, се случува патниците често бесплатно да го превезат својот велосипед, понекогаш во текот на патувањето да им се наплати за услугата од кондуктерите, но неретки се и случаите воопшто да не се дозволи влез на граѓанинот со велосипед во возот.

Покрај проблемите со сумата што треба да се плати, вагоните и гарнитурите на Македонски железници – Транспорт немаат адекватен простор за сместување на поединци што патуваат со велосипед. Доколку им се допушти да влезат, тие се приморани превозното средство да го сместат на крајот од вагонот или пак да го држат до себе, попречувајќи им ја удобноста на останатите патници. Единствено во дизел моторните гарнитури има адекватен простор за багаж каде можат да се сместат и велосипеди, но и тогаш тие мора да бидат под будното око на нивните сопственици долж целото патување. Рачки за закачување на велосипеди во македонските возови нема, ниту пак посебни купеа во кои овие патници можат да се сместат.

http://www.build.mk/?p=28396

Edited by beTon - 09-Aug-2016 at 12:15
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 07-Nov-2017 at 10:48

i to utre so furna i frizider pod sedishte ...

http://balkans.aljazeera.net/vijesti/bicikl-pony-opet-na-trzistu-

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 12-Nov-2017 at 04:08
Back to Top
Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.