build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Станбена населба Лисиче

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 31-Jan-2013 at 20:08
садење на дрва под хитно,или овде ќе биде прав пекол во лето
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 31-Jan-2013 at 20:34
На сред пост ми се исклучи компјутерот поради празна батерија и сега одново постот го пишувам.

Се согласувам со тебе Ѓоко но сеуште е рано за дрва поради тоа што сеуште нема поставено ни асфалт а и сеуште се градат згради низ целиот комплекс.

Продолжуваме со моите слики кој се направени само заради забелешки.

Зашто на зградава надворешните уреди на клима уредите се поставени на надворешниот дел од фасадата кога веќе имаат испланирано место со самата градба на зградата ,конкретно зборувам за трети и шестти спрат.


Втора слика , зашто толку голема висинска разлика помеѓу две соседни згради кога на тој простор кога би бил со иста висина би можело да се направи убав тротоар или пак зеленило.


Зашто каде што се прави паркингот завршува тука и се спојува со пристапна улица на сосема друга страна кога тука ќе биде и влезот за комплексот згради:


На крај две слики за инфраструктура од страна на топлификација.
Зашто досега не била готова и зашто сеуште не е готова кога се прави веќе скоро година, а на неа не се работи веќе добри 2 месеци (од прилика).




Edited by daci92 - 31-Jan-2013 at 20:35
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 31-Jan-2013 at 21:14
Originally posted by gjoko

садење на дрва под хитно,или овде ќе биде прав пекол во лето
верувам дека и тоа ќе дојде на ред, ако не од инвеститорите, барем од општината, засега сеуште се гради

инаку daci, браво за сликиве, прва подетална тура низ комплексот Applause


Edited by zabegan - 31-Jan-2013 at 21:14
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 31-Jan-2013 at 21:53
Да не послужи времето (бидејќи сега за саат и половина смрзнав и целиот во кал се вратив дома) и ќе направам уште подетална тура со слики од сите објекти ,таман повеќе објекти ќе бидат на завршување ,улиците ќе почнат да се асфалтираат (веќе има на некој места асфалт) и другите згради ќе бидат отпочнати или во средна фаза на градба.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 01-Feb-2013 at 00:47
Originally posted by daci92

Да продолжиме понатаму.

Интересна слика каде што се гледа дека на едно место меѓу зградите ќе има паркинг со 5 ленти.






Овде е нели?
41°58'58.19"N  21°28'58.53"E

Ако е таму, тогаш ДУП-от предвидува и подземно паркирање (мада не ми е јасно кај се вцртани рампите)...
Дали успеа да забележиш било што, кое наговестува дека ќе има и подземно паркирање?

BTW симнувам капа за денешната твоја фото-тура  Smile




Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 01-Feb-2013 at 01:19
Да да за таа локација се работи, огромен простор ,не видов никакви активности за подземен паркинг ,можеби кога се граделе зградите е направен (тој период не живеев во Македонија и не сум информиран што точно е направено) но тоа не ми се верува.
Рампите може да се направат од страна кај што е предвидено зеленилото но не ги гледам вцртани во ДУП-от..
Јас би рекол дека доста од ДУПовите за Општина Аеродром повеќе неважат односно претрпеа големи измени со ГУПот ,сега одново треба да се донесат нови и да се види што ќе биде ,но тоа здравје во Септември - Октомври најрано ќе се започне.

Иначе не е денешна вчерашна е ,денеска ќе немав време ,иначе да имав време ќе поминев и до куќата на футбалот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 08-Feb-2013 at 16:29
И од мене неколку фотки од тука

1


2


3


4



Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 08-Feb-2013 at 16:38

Чудно ми е... колку побрзо се изгради населбава за разлика од Реонски центар Аеродром...

А локациски е понеатрактивна...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 08-Feb-2013 at 16:45
Кловер браво за фотките гледам дека не си сликал од тие позади што се градат што значи дека си сликал од возило во движење.
Иначе на една од тие задните згради кај големиот паркинг веќе се поставува изолација за фасада.

Фосил
Реонски е далеку од изграден и кај него има уште премногу работа но во право си за градењето на зградите ,првите многу споро се градеа но сепак се изградија за 2-3 години највеќе (сега точно не се сеќавам колку) а плус тие се дупли згради (со два влеза) и малце покомплексни, но за разлика од нив другиве многу брзо се градеа. Само работата кај реонски е што долго време државата немаше понудено парцели на продажба за изградба на станови ,друга работа е што долг период не се издаваа дозволи за градба и ред други причини ,реонски центар до сега ќе беше целосно изграден доколку беше граден во истата економско-политичка состојба како денес што се градат населбиве.

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1441
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 08-Feb-2013 at 18:13
Овие згради тука се премногу близу една до друга...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 08-Feb-2013 at 19:09
Всушност сите се премногу блиску ,но ако видиш дека нигде нема прописи за тоа, нема некаков проблем кога се правени урбанистичките планови тогаш не ни имаме што да кажеме .
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 08-Feb-2013 at 20:14
Дел од вината ја има општината, поради изработка и усвојувањето на таков ДУП. Другиот дел и припаѓа на државата поради недостигот на законска регулатива која го засегнува овој проблем.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
ArChJaZz View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote ArChJaZz Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 08-Feb-2013 at 20:17

Се прашувам само дали имаме урбанисти во земјава..?!?!

Ова е дефинитивно најлошото урбанистичко решение на сите времиња.... Сериозно мислам дека кабинетиве на Арх.Факилтет за урбанизам треба да се подзамислат што кадри извадиле во последно време. Стварно не можам да го сфатам концептот на самостоечка зграда, едноставно ме вади од такт, нема тотално никаква функција во создавањето на градски пејсаж, не може да оформи улични фронтови, а од таму и улици по дефиниција, со тоа пак се коси и создавањето на какви такви визури и просторни коридори  кои би придонеле за некоја рамнотежа во соодносот на масата и  просторот.  Со прости зборови: самостоечка зграда не е градски елемент, може да биде елемент само во одредени случаи кога таа зграда треба да добие некое си концентрирано внимание поради нејзината културна или институциска функција.

Да не ме сфатите погрешно, јас зборувам само за урбанизмот и неговата внатрепоставеност  и неговата просторна пинктурна тектоника, а не за архитектурата на самите составни елементи (зградите). Архитектурата во овој случај има секундарно значење т.е. што сакаш испроектирај тоа пак ќе биде просечно и пак нема да претставува град.

Широки патишта (во случајов не се улици), повеќекатни згради и асфалтирани паркинзи не прават град. Последнава реченица е наменета и упатена кон урбанистите!

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 18-Feb-2013 at 13:18
Само да кажам ,последните две згради што се во редиците згради (ги има поназад во сликите што ги ставав) добиваат сличен изглед и фасада како таа сивата зграда (најубавата во целиот комплекс).

Друго зградата на Новаградба која е до зградите на Адора веќе искочи над земјата.
Back to Top
irena.1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 31-Dec-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote irena.1 Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 19-Feb-2013 at 00:32
Tocno taka dvete zgradi od posledniot red, sto sega dobivaat fasada se od ist investitor kako onaa odma zad benziskata sivata. Investitor e DIAS construction, i navistina vaka na lik od daleku se estecki najsimaticni od site ostanati vo toj del.  Sosema slucajno bev da gledam stanovi i vo taa sto e veke vselena i vo tie sto uste gi pravat.I sega iskreno ke pisam. Rasporedite na stanovite se nekako najprifatlivi, bar za mene, i ne se site sablonski isti, mozete da gi poglednete skicite http://www.diasconstruction.com.mk/en/contact.html Znaci vo edna vertikala stanovite se razlikivaat. NO ima golemo NO, osven esteckata nota, za mene kako kupec bi bila isto tolku vazna i funkcionalna nota i kvalitetot na gradba. Znaci mene mi go nudea stanot vo gotovata zgrada zad benziskata na 6 sprat (sigurno ste primetile tarasata e po celata dolzina na stanot), i vaka zvuci interesno, ama zirinata vo najgolem del na tarasata e samo 40 santimetri (znaci jas morev da se dvizam stranicno), vo eden del sirinata e 60 sm, a vo najsirokiot del e 80 sm. I suma sumarum ti prodava tarasa od 10 kvadrati, a taa ti e skroz ne funkcionalna, znaci nemozes ni stolce ni masice da stavis, dzabe parite. I vtoro kvalitetot na gradba dosta diskutabilen, na nevselen stan stan imase puknato cevka i cel parket krenat. Znaci esteckiot momet da vazen e, ama funkcionalnosta i kvalitetot, ako me prasas mene, uste povazen.
irena
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 19-Feb-2013 at 00:59
Гледам дека во двете нови има дуплекс станови што е интересно
Квалитетот на градба зависи од тоа колку пари ќе платиш за станот ,сакаш врвен квалитет ќе си платиш дебело иначе се друго е релативно и дискутабилно.
Го видов распоредот на станот и терасата е добра иако тесна ,се разбира нема преголем простор но сепак добиваш тераса околу 1/4 од објектот.Секогаш може да се најде некое решение за столче или маса ама можеби таа тераса не ни била предвидена за такво нешто.
Пукната цевка може да се случи во скоро секоја зграда па дури и најелитните ,е тоа што инвеститорот не се погрижил да ја санира штетата пред да донесе купец е друга дискусија, затоа треба секоја зграда да помине целосно тестирање на инсталациите пред да почне со вселување ,за да може да се санираат штетите доколку настанат.
Со последното си сосема во право ,за тоа многу се согласувам.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 19-Feb-2013 at 01:46
шаблонскиот тип на станови во станбениве објекти (барем од тоа што го имам веќе видено во понови згради) е одамна напуштен, во секоја зграда има најмалку три вида на различни станови, со разлиличен расоред, што е добро на некој начин
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 19-Feb-2013 at 13:21
Заборавив да кажам дека вчера кога поминував видов дека се тампонираат пристапните и сервисните улици од страна на Фебруарски Поход за зградиве што се готови.
Него дали знае некој каков е тој синтетички материјал кој се става под тампонот?
Back to Top
DIMITAR View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 21-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote DIMITAR Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 27-Feb-2013 at 20:33
Originally posted by ArChJaZz

Се прашувам само дали имаме урбанисти во земјава..?!?!

Ова е дефинитивно најлошото урбанистичко решение на сите времиња.... Сериозно
мислам дека кабинетиве на Арх.Факилтет за урбанизам треба да се подзамислат што
кадри извадиле во последно време. Стварно не можам да го сфатам концептот на
самостоечка зграда, едноставно ме вади од такт, нема тотално никаква функција
во создавањето на градски пејсаж, не може да оформи улични фронтови, а од таму
и улици по дефиниција, со тоа пак се коси и создавањето на какви такви визури и
просторни коридори кои би придонеле за
некоја рамнотежа во соодносот на масата и просторот. Со прости зборови: самостоечка зграда не е
градски елемент, може да биде елемент само во одредени случаи кога таа зграда
треба да добие некое си концентрирано внимание поради нејзината културна или
институциска функција.

Да не ме сфатите погрешно, јас зборувам само за урбанизмот и
неговата внатрепоставеност и неговата
просторна пинктурна тектоника, а не за архитектурата на самите составни
елементи (зградите). Архитектурата во овој случај има секундарно значење т.е.
што сакаш испроектирај тоа пак ќе биде просечно и пак нема да претставува град.


Широки патишта (во случајов не се улици), повеќекатни згради
и асфалтирани паркинзи не прават град. Последнава реченица е наменета и упатена
кон урбанистите!




Населбава стварно е утка од тој аспект. Личи како планот да бил направен за 5 минути без мозгање, само редење маркици. За редење ордевер обично се троши повеќе труд и креативна енергија отколку за планов.

Ама те молам за нас нестручните објасни го подетално поимот самостоечка зграда. Дали на пример и во Аеродром зградите се такви? Мене Аеродром ми изгледа многу подобро во секој аспект од оваа населба.

И друго што ме интересира е како се станува урбанист? Дали е тоа некаква специјализација каква што има кај докториве на пример?

Edited by DIMITAR - 27-Feb-2013 at 20:35
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1441
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 28-Feb-2013 at 17:42
Пр. Аеродром како населба до пред 10 години претставувала една целина, погледни на GoogleEarth како се сите згради симетрични, парковите, улиците и сл... Цела населба била всушност само еден единствен план.

За разлика од тоа денес гради кој сака и става фасада каква сака, план прави секој за себе, без соодветни паркови, оддалеченост и сл. = шпанско село или пак предградеие во Рио и слични негативни конотации...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.