build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Штипска Тврдина - Стипеон (Исар)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Штипска Тврдина - Стипеон (Исар)
    Posted: 29-Jan-2011 at 08:49
Фрурион Стипеон, град Штип со подградие.

Месноста „Хисар” претставува карпест рид висок 120 мнад устието на Отиња во Брегалница, на западната периферија на денешен Штип. Има многу стрмни страни и тесен долг врв, а најлесно е пристапен од север каде што сртот постапно слегува до реката. Хисар е скриен од запад и  jyr co други ридови што формираат речен теснец. Во источното подножје на Хисар и 1 км западно оттука се крстосувале неколку значајни патишта во минатото (како и денес): патото од Солун и Струмица на југ-југоисток; од Велес на југозапад; од Ниш и Овче Поле на запад-северозапад; од Горна Струма и Пијанец на североисток (по десниот брег на Брегалница); од Долна Струма и Малешево на исток (по левиот брег на Брегалница и Осојница).

Стратешката положба на Хисар со спомнатите патишта ја забележале Римјаните: местото Астибос археолошки е потврдено со бројни камени споменици од 2. — 6. век. Од тие векови потекнува и голем тунел, пробиен низ гранитни карпи од врвот на Хисар до западното подножје, во ниво на Брегалница. Во источното подножје на Хисар се регистрирани остатоци од ранохристијанска базилика со капители, од 6. век. На месноста Суитлак на североисточниот дел на Штип, преку реката Отиња се издигаат остатоци од римскиот акведукт; ѕидаријата и керамичките тубули низ кои е спроведена водата се од доцноантички тип. Обѕидието на доцноантичкиот кастел не есочувано на Хисар, само на места слоеви со доцноантички куќи.

Од Самуиловата крепост — фрурион Штип спомната на почетокот на 11. век, денес нема остатоци. Тврдината што денес се гледа на Хисарот потекнува од 14. век. Ѕидовите и се градени во плочест слог залиени со многу малтер, а широки се само 1,3 м. Само одделни партии се помасивни: челото на главната кула мери 2,20 м а западниот ѕид на палатата дури 2,65 м! Ѕидовите биле армирани со бројни дрвени греди по должина и напречно (сантрач систем). Тврдината се состои од два дела, опкружени со одделни ѕидни појаси. Тоа се:

  1. Дворецот (замокот), поставен на највисокиот дел на ридот зафаќа простор долг 106 и широк до 20 м. Западниот ѕид е поставен на работ на стрмната падина и повлечен е во права линија. Јужната половина му е широка 1,5 м и на него се потпирале (однатре) помошните градби. Северната половина на истиот ѕид е извонредно масивна, широка 2,65 м и на неа однатре се потпирала палатата. Низа дупки од големи греди на него укажуваат дека палатата имала сутерен и најмалку 1 а веројатно 2 ката. Северниот дел на просторот завршувал со триаоглна кула која денес е урната. Во северниот дел и на јужниот дел на обградениот простор се гледаат две цистерни за собирање дождовница, вдлабени во карпеста почва (големи се околу 4 х 5 и 4 х 8,7о м). Северната цистерна е поставена дијагонално на обѕидот и потекнува веројатно од постаро време (доцната антика ?). На средина на источниот ѕид (кој максимално е урнат) стои главната кула (донжон), голема 9,8 х 8 м и висока денес до 12 м (мерено од источното подножје). Покрај неа од јужната страна стоела порта за влез во замокот, а на северната страна на кулата е потпрена стражарската куќа за внатрешната (удвоена) порта; низ оваа порта се влегувало од предниот двор во дворот на палатата. Планот на замокот е целосен и компактен и укажува на еден градежен зафат.

2. Стопанскиот дел на замокот (цвингер) се простира на падините северно, источно и јужно од дворецот, на простор долг 250 и широк 50 м во северниот дел, а 60 м во јужниот дел. Обѕидието е запазено главно околу јужниот дел на тој простор. Една порта е видлива на средината од источниот ѕид (водела кон подградието), а друга порта стоела на југозападниот ѕид, на местото каде тој се потпирал на обѕидот на дворецот. Поради поголема сигурност во случај на напад, и двете порти биле поставени бочно во насока на обѕидот. Најлесен пристап постои од север, по тесниот срт што се спушта кон реката, но на тој дел обѕидот е максимално урнат. Во тој простор се гледаат и бројни правоаголни длабнатини всечени во стрмна карпеста падина - сутерени од куќи што тука стоеле.

Градежните особености на долното обѕидие укажуваат дека истото било градено во сито време со дворецот на врвот, во одминатиот 14. век.

Обградениот простор мери повеќе од 1 ха и во него биле сместени објектите за слугите и стражата, работилниците, коњушниците, магацините и оста-атите стопански објекти на господарот. Во доцниот 14. век овој простор веројатно служел и како збег за граѓаните на штипското подградие.

Во источното подножје на Хисарот лежат бројни траги од средновековното подградие. На неговиот северен дел стои добро запазена црквата на Св. Архангел од 14. век. Тоа е јадрото на денешниот град Штип.


http://www.promacedonia.org/im3/im_178_355.jpg

http://www.promacedonia.org/im3/im_177_353.jpg
http://www.promacedonia.org/im3/im_176_352.jpg





Edited by Makedonij - 29-Jan-2011 at 10:10
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jan-2011 at 09:09










ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Jan-2011 at 09:27










ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Jan-2011 at 09:49










ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Jan-2011 at 10:09





И оваа не е уште довршена но ќе биде во кратко време...Yes
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Feb-2011 at 19:03
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/0.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/1.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/2.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/2_1.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/3.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/4.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/4_1.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/8.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/7.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/7_1.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/9.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/10.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/11.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/50.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/51.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/52.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/53.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/56.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/54.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/54.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/55.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/57.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/58.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/62.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/63.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/13.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/14.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/15.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/16.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/17.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/18.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/19.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/20.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/24.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/25.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/26.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/29.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/30.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/31.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/33.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/35.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/37.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/37_5.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/37_7.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/37_6.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Isar_images/images/37_8.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.