build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градење со камен

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 04-Mar-2015 at 11:31
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 13-Mar-2015 at 21:45

малку трапаво изведено битно истерале некако

и покрај сите зицери волјата за истрајност е најбитна

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 13-Mar-2015 at 22:44
затоа ова парче е без ниту една фалинка од идеја до изведба

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=481&PID=189803#189803

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 16-Mar-2015 at 13:22

обично не милувам природно-вештачки крос-овер иако вештачко-природен би сконтал [1]

сепак ова минималистичкиов затворен трем ме изненанди колку добро се споил со каменава куќа, воедно добро ја прати нејзината контура, но и оштрото двоење во бојата ја прави сцената лесна за око

http://archrecord.construction.com/residential/featured_houses/2012/06/Porch-house-Bosch-Capdeferro-Arquitectures-slideshow.asp?slide=1

единствено би додал на цела сценаокер тампон околу куќата а врз него по некоја саксија или ќуп зеленило, бонус би било монолитна клупа па и од дрвена железничка греда за да добие и поинтерактивна смисла цело опкружување

~

сепак склоплива дрвена а монтажна варијнта мислам би била поидеална нормално со запазен минимализам, веројатно со по некој фрактален испуст при влезот [1]




Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 16-Mar-2015 at 16:04
Битолско



Ресенско



Преубаво, хармонично и автентично. Ова е моделот по кој треба да се водат и раководат селските рурални средини за развивање на туризмот.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 06-Jun-2015 at 11:44

 


автентика ко за сламена куќа  

~

него има ли некој можност да ги симне од УГД ова трудовиве на др. Петар Намичев [1] веројатно ги има и на УКИМ

тука има фајл за преглед, но камо да ги направеа јавно достапни цели книги

http://scholar.ugd.edu.mk/petarnamicev/publications

инаку ко за ипард тур. норма [1] корисно би било да ги впрегнат кај селските куќи аберите на др.Намичев и др.Муличковски  

 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 06-Jun-2015 at 21:12


мошне веројатно за Етно-Селото на Водно главен консултант да бил др.Намичев

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 12-Jun-2015 at 12:09



не им е јасно зошто во изведбата кај камењата има голем зазор и екстра бетонска фуга, дали навистина немаме вични мајстори за засувоѕидица односно камен врзан со вар и глина, ваква автентичност да неможе да си дозволи држава тоа не ми се верува, веројатно во тендерот не постоел ваков услов, а битно било да се запази само типот на регионална ѕидарија кој сепак со бетонскиве фуги делува ко блиску-до но не и токму изворна интерпретација, ако ништо друго не е фасадна лакрдија ко во случајот со СДМТ кој пак со оглед дека е експериментален објект може и не му стои грдо иако надреално

друга работа што ја приметив при изведбата беше употреба на осб плочи, уште еден компромис ко за општински а не државен етно-музеј, вака треба и може да тераат по приватни објекти, но за автентичен тематски парк му фали далеку попрефинет пристап она мајсторите да пијат маштеинца додека ѕидаат  но во кој случај претпоставувам проектов ќе траеше цела деценија, ајде може ќе се вадат со изговори како кој сака автентичност патот под нозе и правец Галичник, Крушево, Охрид   

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1124&PID=195250#195250

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 25-Jun-2015 at 00:12


кога нашиве [1] би думале ко пoртугалецов Скопје ќе се преполови, за среќа или несреќа немаме ваква воља и трпение  

http://www.idesignarch.com/regeneration-of-an-old-stone-ruin-into-a-romantic-house/

http://www.homedsgn.com/2015/04/21/embracing-house-by-pedro-quintela/2/ 

Conclusion

Though his holistic concept, the Architect worked disorganized energies, using, assimilating and arranging them to form a specific structucture with identity, creating beauty, truth and value. The Architect firmly believes in Architecture as an evolution process (as occurs in nature), which is interconnected in three phases: Adaptation (immediate responses of the place); Transformation (reflection) and Crystallization (Creation). He believes that, only going through this process, can he consider the work to be authentic, thus respecting “The Spirit of the Place.”




Edited by Max - 25-Jun-2015 at 00:16
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 27-Jun-2015 at 13:51



разликата во деталите е огромна, само колку значат пенџерчињата и оригиналната дограма, та иако за ова навидум скопјани не би се отселиле колку за она португалските пространи прозори, сепак оние традиционално освестените и предвреме би скубнале за ваков раритет, иако и португалскава дограма е природна, но широкоградоста ја прави атмосферата хотелска, а кај турциве еден домакин чува куќа


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 29-Jun-2015 at 05:36

уште фонтани да имаа, иако ретко кој знае креативно да склепа една

макар што предоченава е прилично преоптоварена но оди во кнтекст минимализмот горе

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 16-Jul-2015 at 23:43


мајсторлак - https://vimeo.com/119826934#t=4m24s



~

[1] https://ru.airbnb.com/rooms/1043689?s=03FZ [1][2]












Edited by Max - 12-Sep-2015 at 12:36
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 01-Aug-2015 at 02:55

кај вертикално та и хоризонтално успеаја да ја сотрат работава со каменот, волку фуш=умешност со народни пари мислам не се видело, иако и до сега муабетот не беше нешто особен, но сега заради тоа чистите перспективи доаѓа до израз и отповеќе, но сепак самиот потег е и повеќе од добредојден [1] ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=787&PID=198494#198494

... бар ќе биде балканска поука за тоа како монументални зафати не треба волку тендерски и непромислено да се тераат, а комотно ќе може да се прави компарација и со португалската традиција ко лајт мотив

http://roc2c.blogspot.com/search/label/Faro

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=787&PID=191064#191064

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3061&PID=195834#195834



Edited by Max - 01-Aug-2015 at 03:00
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 24-Aug-2015 at 15:15





не ми е јасно како и во приватна режија народ оди префинето [1] а кај нас и со државен камен резолуцијата испарува, а за таа цена ќе набавеа и пакистански мермерен оникс [2] па и кинеско петрифицирано дрво [3][4] ем заради количината и ко орнамент испорачани


Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 24-Aug-2015 at 17:50
На времето во СФРЈ од оникс се правеле ``рефлектирачките столбчина`` покрај патиштата, така да кога ќе се осветлеа со фарови се јавуваше одблесок.

После тоа попаметните ги разграбаа и си правеа огради по дворовите
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 28-Aug-2015 at 10:34



нема да биде лошо МНТ да го поплочат со зелен оникс  таман локалниот предводник на брутализмот ќе бидне инстант органски и фрактален, шала на страна но со вакво нешто можеле екс-цека да ја исфасадираат колку да се знае дека кај нас комунистите од секогаш биле зелени за оние од централата из бегиша   



Edited by Max - 20-Feb-2016 at 15:10
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 07-Sep-2015 at 07:53

плус така ќе имавме и исцелителен плоштад, бар ќе се уверувавме дека е така, шала на страна тоа не е ништо друго до супер паганизам, она да се верува дека токму ова или она може да излечи ониксот, но ко пизоелектричен [1][2] и те како има потенцијално добар вајб на околината доколку го пресретнуваат убаи луѓе чија енергија ќе ја расејува
истово важи за секоја камена куќа, особено фини места за живеење се оние каде подолго време не престојувал никој, ко нашите стари полураспаднати селски куќи, но кому му сечи доволно акал да сконта дека престој во една таква макар и на два три дена го регенерира ко да бил месец дена на бања, а не па да живее во една таква и тоа субвенционирано, да сулудо звучи но дури во бања човек може да налета и на склет од туѓи гурабии зависно кој што си истресол под ил над керамиди додека се лекуел во ваше присуство, та нели и водата има пиезоелектрични својства особено активни по тоа базените

сепак интересно звучи да и се восхитуваме на природата калемена низ еоните давајки и етнолошки епитети ко хилер што всушност и е, та макар такавата поезија е дозачинета и со нечиј мистицизам, особено локален нели и скиптарот пардон комутаторот на Алексо [3] користел камена за трансформација на енергии со кои ги попаруел соперничките војски, а штафетата на тито сигурно имала и некоја камена амајлии в себе освен седеф и слонова коска чим мајоро толку и се воскхитувал после секоја парада

Лечебные свойства

В народной медицине бытует мнение, что оникс лечит многие заболевания. Например, если изделия из оникса носить на теле, то он улучшит работу практически всех внутренних органов (особенно благоприятно влияние этого минерала па почки и печень), облегчит состояние метеозависимых людей, укрепит позвоночник, улучшит слух. Литотерапевты предполагают, что оникс лечит нервные заболевания, депрессию, снимает негативные последствия стрессовых ситуаций, избавляет от бессонницы и ночных кошмаров. В некоторых странах считается, что оникс способен повысить потенцию. Знатоки лечебных свойств минералов утверждают, что вода, настоянная на ониксе, полезна при ожирении: она снижает аппетит.
Оникс влияет на чакру солнечного сплетения.

...

http://bibliotekar.ru/encKamney/5/29.htm



Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 20-Feb-2016 at 15:00


кога ќе ги види човек цениве на пакистанскиот или кинескиов оникс та и обработениов [1][2] навистина добива инспирација и за монументални зафати, пр. со вакви полускапоцени лабавоа ко на првиот линк може да се сложи супер ефтина а оригинална фонтана, од друга страна со малку креативност и од нивните камени плочи ил плочки може да се фасадираат ефтино ѕидови или да се доѕидуваат прегради [3] иако ониксниве најчесто се резервирани за во бања [4][5] таман ко за минијатурна ексклузивност со се сите свои предности и мани

но да не ве лаже единечната цена, каде е тука транспортот, каде ризикот доколку пратката не е осигурана, а каде изгубеното време, се на се експерименти можеби се добредојдени доколку имате одвишок време и пари, во спротивно најдобро е да се размислува глобално само позајмувајки идеи, а да се делува локално ползувајки камен одоколу

сепак ко што можат егзотични парчиња да пленат та и запленат нечие срце, тоа неможе локален камен дали, та човек да нема мир се додека не ги подисклеса и соѕида во архива, бар пријателски со по некоја потсетна фасадна лента околу некој прозор или врата, или место кое инспиративно би потсеќало на спомен од некое патување - песок од сахара во аквариум на тераса да бидам искрен ваков впечаток ми остави ни помалку ни повеќе колоритноста (ко сложен те посветло те потемно) на словенскиот Песочник (peščenjak) (кој заедно со Лапорецот (lapor) ги има во изобилство на Истра) [1][2][3] идеален и за масивен потпорен ѕид, но и за ограда [4]

http://www.comparerocks.com/en/sandstone-vs-marl/comparison-8-20-0[5] http://naravnagradnja.pismenost.net/category/materiali/kamen/
Originally posted by Max

 

...


Edited by Max - 20-Feb-2016 at 19:19
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 20-Feb-2016 at 21:31


впрочем како фасаден украсен камен може да се употребува  секој камен, може да се гледа на нив и скулторски [1] налик бунда на жена или спонзоруша на маж јасно далеку од конструктивна улога,   нејсе, и кај конструктивниот а не пак кај декоративниот камен единствено прашање е кое и какво би било врзивното средство, а каде меѓу другите главна улога денес има токму Лапорецот         

https://jelenajanjic.wordpress.com/везивни-материјали/

но како велат гром во коприва не удират, така и во Лапорецот  кој всушност е мек варовник,  односно природен цемент,  marl (or limestone containing integral clay) [1], што би се рекло се сече ко путер,  и иако негде  го користиле и ко декоративен поден камен,   пред се' се користи за производство на Цемент,  кај нас експлоатиран од рудникот кај село Усје скопско 

да би се користел ко декоративен камен и Лапорецот и Варовникот и Песочникот та и сите помеки градежни камења, после екстракцијата од каменоломот би требало да се сечат со water jet пила [1][2][3]  а да е повесело и во Микросам склепуваат слични цнц машини http://www.mikrosam.com/marble_granit/marble_granit.html [1] камо секој еден надежен уметник да можеше да изрента ваква опрема по саат, камо секоја оптина да инвестираше во слична опрема а која по потреба би се користела за заедничка соработка помеѓу локалните уметници и општината, се прашувам дали во таков случај ќе дотераме и до петрифициран кичерај ко тоа патинирањето на метрополата, или пак kе се истовареа изворни фрактални геометрии наоколу...

но   просто па и бар рељеф water-jet гравирање, е неспоредливо со сечење  камени блокови, и за сега недоволно исплатлива  технологија за потврдите камења, иако претпоставувам за помеките  [1] би режеле ко песна,  ко ренде на круша

http://eprints.ugd.edu.mk/6080/1/Magisterska_Ile.pdf

VI Water Jet - технологија за добивање камени блокови
Оваа технологија е доста скапа и сè уште недоволно истражена и  усовршена технологија за сечење на каменот, особено на гранитите. Цената на добиен комерцијален блок со оваа технологија е околу 150€/м3 по комерцијален блок. Коефициентот на искористување е 75% што ја прави високопрофитабилна затоа што блоковите се правилни и здрави. Степенот на 
обученост на ангажираните работници треба да е висок, бидејќи се работи за скап резен алат на висококвалитаетни машини. Од обученоста на самиот работник, односно од контролирањето на производниот процес, зависи и векот на резниот алат. Оваа технологија е најчиста од сите гореспоменати технологии бидејќи водата мора да се контролира и да се рециклира односно 
прочистена пак да се врати во технолошкиот процес.
Комбинирањето на оваа технологија со други не е неопходно, освен ако сакаме да го забрзаме технолошкиот процес.

 



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 20-Feb-2016 at 21:51


нека оди цел пасус од скриптата, но обратно, може некој би се задумал како навистина стојат работите ... не ми                   е                                                                                 јасно  зошто уште во основно не ги учат децата како оди тоа сечењето по каменоломите [1] си немаат друга работа     

V Технологија за добивање камени блокови со пламеник или термичка постапка на сечење
Технологијата за добивање камени блокови со термичко сечење е една од поскапите технологии со оглед на цената на горивата која и понатаму се движи во нагорна линија. Цената на 1м3 комерцијален блок е околу 180 € што и не е така ниска и го прави самиот камен неконкурентен на пазарот, па нејзината употреба е само во одредени случаи каде не е можна примена на други технологи како во ладните северни краишта (Русија, Норвешка, Финска и се земе предвид и ширината на резот што го прави пламеникот, а се движи од
5-7 сантиметри. Степенот на обученост не е толку битен, па во оваа технологија позначајна е физичката подготвеност на работникот затоа што од тоа директно зависи ефектот на самата технологија. 
Оваа технологија многу негативно влијае на животната средина, како од гасовите што ги испушта горивото при согорување, така и од бучавата која се јавува од топењето и разорувањето на камената маса. Истата, многу негативно влијае и на самиот работник кој директно е изложен на висока температура што дополнително го истоштува и ја намалува неговата ефикасност. 
Можноста да се комбинира со друга технологија е потребна бидејќи со истата не е можно да се прават длабоки хоризонтални резови, па комбинирањето со друга технологија е неопходно.
   

IV Технологија на добивање камени блокови со каменорезачка машина 
Ова е една од најновите технологии за добивање гранитни блокови која користи машини со дискови кои имаат пречник од 2,5-4,5 метри. Дисковите се со сегменти комбинирани со дијаманти и видија и имаат голем ефект. Предност на оваа технологија е тоа што за почеток не е потребна изработка на почетни засеци и канали. Оваа технологија е применета во рудниците на „Крин“ ДОО и пресметките за цената на еден метар кубен блок изнесува околу 65€. 
Коефициентот на искористување е исто така голем и знесува 83%, што е доста
висок коефициент и значително го зголемува ефектот.
Оваа технологија бара високо ниво на обученост на работниците бидејќи машините се со софистицирана опрема и нивниот ефект зависи директно од правилноста на монтажата на шините врз кои се движи каменорезната машина. 
Пожелно е, со машината да раководи високостручен кадар.
Влијанието на оваа технологија врз животната средина е на исто ниво како и кај претходната, што значи дака е прилично чиста технологија, само што оваа технологија бара поголема количина вода за ладење на резниот алат (пилите). 
Кај оваа технологија, комбинирњето со друга технологија е неопходно бидејќи нема можност за хоризонтално потсекување на блоковите. 
Комбинацијата со друга технологија зависи од тоа која технологија е претходно употребена или, ако копот е нов, важна е цената на секундарната технологија.
 

III. Технологија за добивање камени блокови со дијамантска 
 жичена пила
 
Ова е една од новите технологии и една од најприменуваните за добивање комерцијални гранитни блокови, а се користи кај добро организирани и копови со јасна конфигурација. Трошоците за имплементирање на оваа технологија не се големи, ако се зне дека ефектот на жичарите е доста голем. 
Во зависност од производителите, набавната цена на машините изнесува 20000-40000 € во зависност од моќноста на погонското тркало, а дијамантското јаже чини 50-80€ по метар должина. Цената на добиен кубен метар комерцијален блок изнесува 58 €/м3.
 Ова е податок добиен од пресметките за производство на блокови во рудникот на „Крин“ ДОО Прилеп. 
Искористувањето на камената маса е околу 70%, што претставува добар коефициент на искористување. Губитоци на камената маса се јавуваат само при отворање на етажите, „V“- каналите и кршењето на банковите при соборување на ламелите. 
Оваа технологија бара добро обучен кадар кој треба да ја познава технологијата бидејќи, самите машини што се употрбуваат, се сè поусовршени и со многу електроника која ја олеснува работата и го зголемува капацитетот. 
Влијанието на оваа технолгија врз животната средина е сведено на минимум, ако се има предвид дека водата што служи за ладење на резниот алат и за отстранување на разорениот материјал може да се рециклира односно да поминува низ таложници и пак да се враќа во производниот процес. 
Кај оваа технологија се јавува неопходност од комбинирање со друга технологија од самата потреба на изработка на дупнатини кои служат за провирање на дијамантското јаже. Поради висината на цената на сајлата пожелно е да се комбинира со дупчење и цепење, што значително ја намалува цената на комерцијалниот блок.

II. Технологија за добивање комерцијални блокови со дупчење и 
употреба на експанзивни смеси

Технологијата на дупчење и цепење на камените блокови со експанзивни 
смеси е често употребувана технологија во коповите за гранит со поголема компатибилност и изразита цепливост на камената маса. Дупчењето на дупнатините се врши исто како и кај претходниот метод со помош на дупчечки чекани и компримиран воздух, разликата е само во распоредот на дупнатините. 
Цената на експанзивната смеса е различна и зависи од производителот, од типот на смесата и температурата при која истата се употребува и се движи од 5-10 € за килограм експанзивна смеса. 
Цената на 1 м3 блок добиен со оваа технологија во рудниците на „Крин“ ДОО - Прилеп изнесува 51 € за метар кубен блок. 
Коефициентот на искористување на камената маса и комерцијалниот блок изнесува 58%. Малата вредност на коефициентот на искористување е поради нерамната површина која се добива по цепењето со експанзивната смеса, а проблем се и нерамните површини на страните на блокот. 
Оваа технологија не бара голем степен на обученост на работната рака бидејќи не користи никакви софистицирани средства, односно овде проблем е само подгутвувањето на експанзивната смеса која, со тек на време, станува рутина и успешноста на истата зависи само од правилниот избор на типот на смесата во зависност од температурата на околината. Освен прашината и бучавата што се јавува при дупчењето, оваа технологија нема друго штетно 
влијание врз животната средина затоа што експанзивната смеса по дејството се претвора во прашина која нема никакво штетно дејство врз околината. 
Како технологија, пожелно е секогаш да се комбинира со друга, бидејќи е проблематично примарното одвојување на банковите од камената маса. 
Поради овие причини, оваа технологија се користи како секундарна, односно за кроење на комерцијалните блокови.


I. Технологија за добивање комерцијални блокови со дупчење и 
минирање

Ова е една од најстарите технологии за добивање архитектонско градежен камен. Оваа технологија користи компримиран воздух и алат за дупчење (моноблок - бургија). Дупчењето и минирањето се релативо евтина технологија и добро развиена во светот и кај нас, а опремата е различна и со различен капацитет. За коп со капацитет од 2000 м3 комерцијални блокови потребна е една лафетна дупчалка за хоризонтално и една за вертикално дупчење и два борхамери со вкупен капацитет за воздух од 10 м3
, додека потрошувачката на детонаторски фитил изнесува околу 12000 м годишно. Оваа 
технологија се применува во рудникот за гранит на „Крин“ ДОО и, според пресметките добиени оттаму, цената на 1м3 комерцијален блок изнесува 48,8 €. 
Коефициентот на искористување изнесува 53% што претставува не толку задоволителна бројка, ако се знае дека во гранитите тој би можел да биде многу поголем, што е резултат на оштетувањата што се јавуваат при минирањето. 
Оваа технологија не бара голема обученост на луѓето кои работат со неа, а проблем претставува само минирањето за што е потребна посебна обука и лиценца за палител на мини. Минирањето, исто така, влијае и на сигурноста при работата што дополнително влијае за избор на истата.  
Влијанието на оваа технологија на животната средина е негативно бидејќи при дупчењето се јавува прашина која влијае на животната средина, а проблем се и бучавата и издувните гасови кои се јавуваат при минирањето. 
Особено треба да се земе предвид детонацијата која влијае како шок врз животната средина. 
Како технологија е една од најкомпатибилните технологии за комбинирање со останатите, а историски гледано е една од најстарите технологии за производство на комецијални гранитни блокови. Најмногу се користи во комбинација со дијамантската жичена пила, што е случај и во „Крин“ бидејќи, при минирањето на три страни на здравата камена маса, доведува до 
оштетување на истат,а колку и да е тоа контролирано и добро изведено.


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.