build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градско-приградска железница во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Градско-приградска железница во Скопје
    Posted: 21-Feb-2011 at 22:40
Пролистав низ форумов и не најдов баш соодветна нишка за оваа идеа, па решив да отворам нова. Верувам дека и порано е разработувана оваа идеја, но мислам дека не и е посветено доволно внимание.

Па повелете да развиеме дискусија на оваа тема . Мислам дека и оваа варијанта е најефтина и најбрзо спроведлива споредено со метро или ЛРТ, бидејќи потребно е само додавање на крак од 1 километар до аеродромот и изградба на 3-4 нови станици (секако и обнова и прилагодување на постојните).

Мислам дека со 70-100 милиони евра може да се реализира овој проект, кој значително ќе придонесе за мобилноста во Скопје, а значително е и тоа што поминува близу до поголемите индустриски објекти (Окта, Пивара, Железарница, Усје, Бунарџик, индустриска зона Илинден...) каде што работат огромен број на луѓе.

Секако во тие 70-100 милиона евра мислам да влезе и набавката на нови модерни композиции.



Edited by nylon - 21-Feb-2011 at 22:41
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 752
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Feb-2011 at 02:04
Andrej_LJ ima dosta vakvi predlozi napraveno, poberaj ima edna tema shto e do nego otvorena koja e generalno za gradska i prigradska zheleznica vo skopje.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Feb-2011 at 10:08
Одлична идеја! Мислам дека нема да требаат 100 милиони евра за ова. Можеби нешто треба да се потроши за нови композиции, нешто за реконструкција на пругите, а исто така и за соодветни постојки. Како и да е, голема работа ќе се заврши, а нема да се потрошат парите за џабе.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Feb-2011 at 20:10


Ева како би изглеал Десиро на една реконструирана железничка станица на линијата 1 од Драчево до Ѓорче Петров .

Ајде да пробаме да ја оживееме идејата за приградска железница во Скопје. Па зошто и да не пробаме да созтавиме првичен проект кој би го презентирале пред надлежните за ова прашање. Чисто како идеја и опција за натаможен развој

Edited by nylon - 22-Feb-2011 at 20:53
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Feb-2011 at 21:56
Originally posted by mirakuliks

Andrej_LJ ima dosta vakvi predlozi napraveno, poberaj ima edna tema shto e do nego otvorena koja e generalno za gradska i prigradska zheleznica vo skopje.



Баш така.А и нема потреба да се прават компарации со метро зашто на мало градче како Скопје метро ниту му треба,ниту има логика да постои.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Feb-2011 at 22:58
Возот од сликата не е за Градска туку е за меѓуградска. Мислам дека идејата е супер со оглед на тоа дека околу Скопје во радиус од 50км има три големи града.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Feb-2011 at 23:02
Идејата е одлична - моја прогноза ако прифатат ваков проект ќе биде готов за минимум неколку децении со нашево темпо на работа (чекаме година и 2 месеца за 15 стандардни автобуси)
сепак ваков проект е проект кој ќе обезбеди значително подобрување на состојбата во сообраќајот и брзината на патување !!!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Feb-2011 at 10:40
Скопје има феноменални предиспозиции за воведување на градска и приградска железница. Приградската железница би се ориентирала кон Тетово, Куманово и Велес, иако според бројот на возови и денес можеме да кажеме дека имаме некаков вид на приградска железница кон ВелесBig%20smile.

Јас би предложил првата линија на градската железница да биде од Зелениково преку Транспортен центар и скопскиот аеродром до Миладиновци.

Со завршувањето (се надевам некогаш) на пругата долж јужниот булевар до Ѓорче Петров, имаме идеални услови да добиеме кружна линија од Транспортен центар преку Капиштец, Тафталиџе, Нерези, Влае, Ѓорче Петров, Злокуќани, Визбегово, Скопје Север, Железарница повторно до Транспортниот центар. Е оваа линија би можела да го растерети скопскиот сообраќај во секаква смисла на зборот.

Според мене оваа линија од Транспортниот центар до НИП Нова Македонија би била надземна, на ист начин како што е изграден Транспортниот центар, од НИП Нова Македонија до студентскиот дом Гоце Делчев би одела на земја, а од студентскиот дом до поврзувањето со пругата во Ѓорче Петров повторно би одела над земја.


Edited by BOJAN - 24-Feb-2011 at 10:44
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Feb-2011 at 12:58
Мислам дека делот од Нова Македонија до Ѓорче Петров најпогодно е да се денивелира 5-6 метри под нивото на земјата. Мислам дека тоа решение е далеку поевтино од денивелирањето над земја или целосно подземно решение, а е далеку поефикасно од наземно решение. Нешто слично како на сликава:


Edited by nylon - 28-Feb-2011 at 20:44
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Feb-2011 at 23:49
ОСВРТ: Градска железница во Скопје?

Една од најпопуларните идеи за намалување на сообраќајниот метеж и растоварување на јавниот превоз е основање на градска железница. Скопје заедно со изградениот железничкиот јазол има идеални услови за формирање на градска железница во склоп на јавниот градски превоз.

Градската железница во Скопје би ги поврзала Транспортниот центар со околните градски и приградски населби. Сегашниот развој на скопскиот железнички јазол дозволува формирање на барем две градски железнички линии кои би се вклопиле во постојниот превоз на ЈСП. Првата и главна железничка линија со почеток од Зелениково преку Орешани, Долно Лисиче, Драчево, Лисиче, Кисела Вода и Транспортен центар кон Маџари, Хиподром, Аеродром Петровец, Петровец и Миладиновци. Втората железничка линија би поаѓала од Транспортен центар кон Железара, Скопје Север, Визбегово, Злокуќани, Даме Груев, Ѓорче Петров кон Волково или кон Сарај, Кондово и Радуша и обратно.

Двете градски железнички линии постигнуваат должина од преку 30 километри на појас во кој живеат десетици илјади жители. Огромен дел од инфраструктурата на градската железница е веќе изграден, освен поврзувањето со скопскиот аеродром, па така потребна е единствено надградба и реконструкција на сегашната железничка мрежа и зголемување на бројот на стојалиштата.

Главната идеја на градската железница е да се поврзе со јавниот превоз на ЈСП. Имено, постоечките приградски автобуски линии кон кои паралелно постои пруга би се укинале и би се замениле со градската железница. Наместо автобусите да поаѓаат од Транспортниот центар, истите би поаѓале од сегашните железнички станици и стојалишта кон околните населби и села. Со ова би се растоварило централното градско подрачје од автобуси и автомобили, а би се ангажирал скопскиот железнички јазол кој не е искористен со целиот свој капацитет.

Фактите говорат дека железницата во Скопје моментно не е доволно искористена, за разлика од јавниот превоз и градскиот патнички сообраќај. На Железничката станица во Скопје се останати како недоградени 5 колосеци кои би можеле да се искористат за приградската железница, а вкупниот број на возови кои поаѓаат и пристигнуваат на истата во моментов е сведен на само 44 возови дневно.


Како би функционирала градската железница во Скопје?

1. Градската железница би влегла под капата на Град Скопје во сопственост на ЈСП Скопје или како посебно јавно претпријатие. Градот Скопје заедно со владини средства и европските развојни фондови би го финансирал главниот проект, целокупната документација и средствата за изградба;

2. Долж потегот на градската железница би се реконструирале и изградиле нови стојалишта и станици на растојание од 700 метри до 2 и пол километри, по примерот на градската железница во Загреб. Секое стојалиште би добило свои перони во должина од 160 метри со компјутеризирани билетарници, електрични табли за најавување на возовите, како и комплетна урбана опрема;

3. Градската железница би ги користела постоечките пруги од Скопскиот железнички јазол, како и дел од пругата кон Волково или кон Кичево. На дел од постоечката инфраструктура би се изградил и втор колосек за непречено функционирање на целокупниот систем;

4. Би се изградила железничката врска со Аеродром Петровец, кој би се поврзал со сегашната пруга од Коридор 10. Оваа делница би можела да се изгради и на основа на јавно-приватно партнерство со компанијата ТАВ. Скопскиот аеродром би добил модерна железничка станица, која ќе овозможи наголемувачкиот број на патници преку градската железница да се поврзе директно со центарот на градот и скопските населби;

5. Возниот парк на градската железница претставува еден од главните сегменти за инвестиција. За функционирање на скопската градска железница би биле потребни 10-тина гарнитури, а за пуштање во употреба на првата линија би биле потребни од 4 до 6 електромоторни гарнитури слични на оние што се во сопственост на Македонски железници – Транспорт;

6. Двете линии на градската железница во дневните шпицови би сообраќале на 15 минути, а во остатокот од денот на секои 20 до 60 минути во согласност со постоечките примери од Загреб и Белград.


Балканските градови и градската железница

1. Белградската градска железница (БГ воз) се пушти во употреба на 1 септември 2010 година. Првата линија пробно функционира на потегот од Нови Београд до Панчевачки мост, при што се планира да се прошири до Батајница. Во текот на 2011 година е планирано пуштање во употреба на втората линија од Раковица до Прокоп Центар, а до 2014 година ќе се пуштат во употреба линиите  Рипањ – Прокоп Центар, Батајница – Крњача, Лазаревац – Ресник, Младеновац – Ресник и Умчари – Раковица. Капацитетот на белградската градска железница е 2700 превезени патници на 1 час, а за првичните потреби ќе се користат 9 електромоторни гарнитури;

2. Загребската градско-приградска железница дневно превезува 70.000 патници. Главната градска линија е на потегот Савски Мароф – Загреб Главни колодвор – Дуго Село, односно на релациите Загреб Гл.к – стојалиште Подсусед, Загреб Гл.к – Сесветски Краљевец, Загреб Гл.к – Одра и Загреб Гл.к – Маврачиќи во вкупна должина од 58 километри. За потребите на градско-приградската железница се користат 16 електромоторни гарнитури, а во периодот до 2012 година е планирано да се набават нови 18 електромоторни гарнитури. Во делот на градската железница во Загреб, важи единствениот тарифен систем за јавен превоз заедно со автобускиот и трамвајскиот транспорт;

3. Градската железница во Софија е планирано да се воспостави како дополнение на постоечкиот автобуски, трамвајски и метро транспорт. Главната причина за воспоставување на градската железница лежи во преоптеретеноста на постоечкиот јавен превоз, но и на софиските улици и булевари. „Важно за овој проект е тоа што ќе се користи постоечката железничка инфраструктура на Софија, која има неискористен капацитет и за неа не се потребни големи инвестиции, истакнува директорот на „Железнопатната администрација“ Симеон Ананиев за агенцијата „Фокус“.  Покрај во Софија, во градска железница ќе добијат и градовите Пловдив и Бургас, за што во моментална изработка е проектот „Супер Бургас“.



Тип на електромоторна гарнитура која се користи за потребите на градските железници во повеќе германски градови


Стандардна внатрешност



БГ Воз


Софија





Бојан Блажевски

http://www.build.mk/?p=5814



Edited by build.mk - 27-Feb-2011 at 23:56
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Feb-2011 at 23:52
Секоја ти чест, nylon. Big%20smile
Ах, да имаа барем 1% од политичариве наши визии како твоиве, ова немаше да го има само на слики.


Edited by Dexter26 - 27-Feb-2011 at 23:54
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Feb-2011 at 00:18
Одличен текст Бојан. Applause
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Feb-2011 at 00:24
Феноменална идеја. Ваков проект е дефинитивно исплатлив со купување на 2-3 моторни гарнитури, било да се електрични или дизел, токму поради кратење на трошоците кои сега се дел од стариот возен парк. Предлог би дал на ваква идеја да има и еден крак од Лисиче низ Аеродром па до Транс центар, а од таму до некаде зградана кај пошта и од таму подземно да се прклучи на Скопје север. Сигурно е скапа инвестиција, но е далеку најеколошки а и веројатно поисплатлива од сите останати превозни средства.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Feb-2011 at 00:47
Super zamisla,so dobro sklopen tekst,bravo!
Ste razmisluvale li za edno oficialno baranje za priem kaj gradonacalnikot i pretstavuvanje na idejava.
Smetam deka Koce e kolku-tolku otvoren kon graganite,pa moze da se zainteresira.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Feb-2011 at 00:57
Previous
А бе сите се отворени за секакви предлози.
 
И Трифун беше отворен за предлози, но го одби подарокот на автобуси од Санос.
 
А од неодамна дознав дека во Виена на секои 2 години го обновувале возниот парк со нови автобуси, па пред неколку години градот одлучил да ги подари, наместо да ги продаде, 2 до 4 години старите градски автобуси на градот Скопје.
Но кога дошле, нашинциве ги почастиле типична доза на македонска бирократија и на крајот ништо не биднало од планираниот подарок на автобуси од Виена.
 
Но кога конкретно би отишле кај Коце да зборуваме за нешто вакво, Коце веднаш ќе ни се испофали со нископодните градски автобуси од украински ЛАЗ кои почнаа да пристигнуваат, двокатните градски автобуси од кинески Јутонг, од кои првиот прототип веќе е пристигнат на пристаништето Пиреја во Атина, Грција, а исто така ќе не потсети и на тоа дека во 2010 градот Скопје одбра фирма консултант за распишување на тендер за градење на трамвајска мрежа во градот.
Тендерот треба да биде распишан оваа година, а изведувачот да биде одбран и со истиот да се потпише договор во 2012, а треба да се почне со градење на трамвајската мрежа во 2013 по што, најверојатно на почетокот на 2014 ќе ја имаме веќе првата активна трамвајска превозна линија во Скопје.
 
Јас немам ништо против тоа да излеземе пред Коце со ваков предлог, но скептик сум, поради примерите кои претходно ги наведов.


Edited by Dexter26 - 28-Feb-2011 at 01:30
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 28-Feb-2011 at 01:01
PreviousСеа како што е пред избори може и ќе се даде амин, колку да има со што да се мавта пред народ.LOL
Иначе добра е идејава. Има моја поддршка.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 28-Feb-2011 at 01:05
Previous
И во 2009 требаше да се започне со градење на трамвајска мрежа додека Трифун сеуште беше градоначалник,
но поради редовните локални и претседателски избори 2009, сите јавни набавки од средна и висока категорија беа прекинати.
 
Па потоа Коце и неговите го повторија истото што Трифун веќе го имаше направено, наместо да го продолжат тоа што Трифун го започна,
го започнаа повторно од почеток и затоа, наместо сега во 2011 да ја имаме првата активна трамвајска превозна линија во Скопје, ни продаваат
приказни за мали деца.


Edited by Dexter26 - 28-Feb-2011 at 01:07
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Feb-2011 at 01:12
Dexter i jas ne ocekuvam kojznae sto od gradonacalnikot,no mislam deka so edna dobro razrabotena prezentacija,ke se podigne edna tema za koj ke se izjasnat i eksperti i lica sto direktno mozat da vlijaat na predlogov,a vo isto vreme ke ja zgolemime i tezinata na forumov kako faktor koga se raboti za infrastrukturni prasanja.
I konecno ke dokazeme deka ne sekoj vo ovaa drzava se zanimava so toa koj ke pobedi na izbori so toa koj od kade e,deka ima luge sto mislat prakticno za da si go podobrat svojot zivot a so toa i na site gragani.

Edited by ovaj_stariov - 28-Feb-2011 at 01:13
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 28-Feb-2011 at 01:16
Previous
Се надевам дека си во право и посакувам оваа дебата да стане уште помасовна во јавноста, а не да остане само на форумов.
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Feb-2011 at 01:52
Одличен текст Бојан.
Би сакал да нафрлам некои точки кои го подржуваат овој проект, пред се од економски гледано (макроеконоски):
1. Намалување на бројот на автомобили и автобуси во градот - намалување на количините на увезена нафта (трговски дефицит), намалување на бројката на новокупени автомобили (трговски дефицит), намалување на потребата од прошурување и унапредување на улиците и сообраќајните решенија;

2. Зголемување на продуктивноста на работната сила - зголемување на квалитетот на живеење, побрзо и поудобно патување од домот кон работно место; (според актуелните светски економски гуруа, зголемувањето на продуктивноста е еден од најважните, а според некои и еденствен фактор за зголемување на БДП-то;

3. Зголемување на атрактивноста на скопскиот аеродром;

4. Стимулирање на ширење на градот преку изградба на нови населби - иницирање на инвестициски циклус и вклучување на 20-тина индустрии поврзани со градежништвото;

5. Искористување на постојната железничка инфраструктура, која сега не е доволно искористувана;

Гледано од бизниснис перспектива (микроекономски):

1. Релативно мали инвестиции;

2. Голем број на потенцијални патници;

3. Ексклузивно поврзување на аеродромот, користење на бенефиции од ТАВ;
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.