build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градско-приградска железница во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 17-Apr-2011 at 23:48
Јас истово го предлагав уште пред некое време на форумов, само НЕ во смисла исклучиво на локално скопско железниче. Скопје нема доволно популацаја и движење на популацијата за вакво нешто.

Затоа предлагав релацијата за брза линија да биде Тетово-Скопје-Александар Велики-Куманово. Тоа е најисплатливата можна железничка рута во државава, која пак ќе помогне да се стабилизира железницата и понатаму да може да влага во проекти за:

ПРВА ФАЗА: Доизградба до Кичево на запад, пуштање крак до Велес на југ
ВТОРА ФАЗА: Изградба на железница до Охрид (нема никад да биде туристички развиен ако не го поврземе со железница до Скопје)
ТРЕТА ФАЗА: Поврзување со Бугарија и Албанија

Затоа мислам дека се работи наопачки, на нерентабилни линии кои коштаат енормни суми, а не се инвестира во исплатливи линии.
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 18-Apr-2011 at 04:51
Krale se soglasuvam so tebe zeleznica e a naeftin vid na trasport treba cela zeleznica da se osovremi.
Makedonija e mala kade da zivees ako ima brz voz dokaj 200Km na cas za eden sat si vo Skopje.
Skopje kako glaven ekonomski center i so najgomema migracija se gusi vo sobrkaj i se svaraat situacii kade sto treba da se trosat ogromni pari za da se podobri protocnosta na sobrakajat so sto se resavat mometalni problemi.
Treba da se ima vizija sto poteba e da se zivee vo Skopje ako imas brz isplatliv prevoz taka site reoni vo Makedonija ke se razvivaat i rabotnata slia ne mora da bide skoncetrirana na edno mesto.
Treba da se doizgradi cela pruga Skopje Kicevo Ohrid Bitola krak kon Albanija krak kon Bugarija
Ako ova se desi ke se namili do minumum potrebata od Megu gradski Avtobuski Sobrakaj isto potreba od avtopati i namelena upotrba na kamioni.
Ne samo toa ne ke sme zavisni samo od Grcija za uvoz i izvos ke imame alternativi Bugarija Albanija Crna Gora.
Zamisli da zivees vo Skopje so voz za eden cas da si vo Ohrid na plaza vecerta fati voz pa vratise nazad.Dali togas bi kupuval stan vo Ohrid a isto ako zivees vo Ohrid a rabotis vo Skopje ako ima subsidirani bileti za luge sto rabotat na 30Km od postojanoto zivaliste so potreba da zivees vo Skopje a isto ako si student i studiras vo Skopje se resevaat mnogu problemi.
Pomalu zagaduvajne pomalku uvoz na vozila i derivati ako imame dovolno svoja energija ke go namalime uvozniot deficit za mnogu pobrz protek na producti i poevtin trasport.
Da ova treba da bide eden on najbitnite proekti vo Makedonija posle energijata.


Edited by Goran - 18-Apr-2011 at 05:02
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 18-Apr-2011 at 09:51
Се сложувам ама не може да се направи тоа наеднаш и затоа тетово-куманово треба да биде приоритет. Во овие три града живее пола Македонија и има најголемо движење за работа, студирање, трговија и друго. Затоа треба во прва фаза да се изгради модерна и брза железница, станици, бесплатни паркинзи до станиците и друго што ќе ја спаси железницата.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-Apr-2011 at 22:24
Одлична ти е идејата krale, но ако се изгради железницата до Охрид, како ќе се храни Галеб ?
 
Ова го велам бидејќи, многу често од охридско-струшкиот регион многумина ми имаат кажано дека таа железница кон Струга и Охрид била планирана уште кон крајот на 1980-те, но било одлучено истата да не биде изградена, за да се спаси Галеб од банкрот, бидејќи Галеб се храни во најголем дел од превоз од и кон Охрид.
 
А кога сме веќе кај национална транспортна инфраструктура, ќе биде потребна ептен радикална реформа во државава, бидејќи кога во Хрватска се пушташе во употреба пат долг 200 и нешто километри, кај нас го отвораа Рамстор.
Кога во Белград се гради метро, слушам веќе имало некои функционални станици, кај нас се пуштаат во употреба нови автобуси дотерани со панделки.
 
Кај нас се фалат со половина километар пат граден неколку месеци, и тоа е невиден срам.


Edited by Dexter26 - 18-Apr-2011 at 22:27
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 19-Apr-2011 at 00:22
Сомнежи нема дека порано така се размислувало кусо. Да се спасува некаква и така пропадната компанија се подрива проект. Тоа сигурно не било главен аргумент но не се сиклучува дека така се размислувало. денеска сеуште некои споасот на железницата го гледаат во пукање во себе со спасување на пропаднато претпријатие а не во либерализација така да не те чуди дека и некои така размислувал.
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 19-Apr-2011 at 02:21
Abe ne razmisluvajte taka zeleznicata nema da vrvi niz sekoe ulice pak treba Avtobusi Galeb i drugi avtobuski prevoznici Mozat da se preadaptirat na poveke lokalen sobrkaj sto ke bidi alternativa na veke skapio taxi prevoz.
Pa i kraj kraeva Avtobuski prevoznici ne vrabotuvaat mnogu luge pa ke napravat sok na ekonimija ne se znacitelna granka.
Imaa mnogu pozitivni efekti za da se zamaras za Avtoprevoznici kako Galeb.
A za finasirajne mozi da se resi mozi da se podeli na dve prepriatia Zelznici i Lokomotivi treba da se razraboti studia pa da se stavi vo proekt siguren sum ke ima zainterisirani strani.
Pa da se dadat pod koncesija isto kako so aerodrmite ili da bide Javno i privatno partnestvo drzavata da bide %49 procenti akcioner so toa sto profitot da go vraka nazad vo vid na subvenicii za trasport.

Edited by Goran - 19-Apr-2011 at 02:35
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 19-Apr-2011 at 15:06
[QUOTE=Dexter26]
Одлична ти е идејата krale, но ако се изгради железницата до Охрид, како ќе се храни Галеб ?  Ова го велам бидејќи, многу често од охридско-струшкиот регион многумина ми имаат кажано дека таа железница кон Струга и Охрид била планирана уште кон крајот на 1980-те, но било одлучено истата да не биде изградена, за да се спаси Галеб од банкрот, бидејќи Галеб се храни во најголем дел од превоз од и кон Охрид.
[/QUOT

Не верувам дека изградба на железница накај Охрид би делувало во толкава мера на работата на Галеб.Последен пример, во време на најголема искористеност на железницата во Битола,тие отвораат нови линии Охрид-БИТОЛА-Скопје (а не верувам дека некој од Охрид би патувал 2 сати подолго за Ск преку Бт ,првенствено е наменето за патниците од Ресен и Битола).
Не е веќе исто како кога беа државна фирма.Сега бараат профитабилни проекти,па добија неколку нови меѓународни линии од Министерството за транспорт http://mtc.gov.mk/new_site/images/storija_doc/3187/2.MegunarodniFinalni.pdf,кои се далеку подоходовни од домашен превоз(помала конкуренција,без диви таксисти итн.),шо нормално барат набавка на нови возила и поголем квалитетот.

Дај Боже да имаме и железница колку е можно побрзо и накај Охрид ,уште поголема конкуренција би донесло и поголем избор и квалитет во сообраќајот.Сакам да кажам за сите имат место во бизнисот,ако понудат добри услови - потрошувачот одбират.

Избегав офф-топик,да се вратам на темава.Најлогично е некаква си Скопска обиколна БРЗА железница во линија :
1.ТЕТОВО-Јегуновце-Ѓорче Петров-Скопје Север-ЖС СКОПЈЕ-Лисиче(па оттаму да би продолжила накај делот кон Трубарево/Илинден,до КУМАНОВО)и
2.ЖС СКОПЈЕ-Маџари-Аеродром Александар Велики па да би продолжила накај Велес)

Нормално,со изградба на втора пруга на овие делници за избегнување два воза да се чекаат на станица за да се разминат,т.е. брз ,редовен и точен превоз.Ова истотака би дошло особено добро за делот на Велес - Скопје за полесен проток на товарен сообраќај.Или ако гледаме ептен напред,делот Тетово - Скопје да е сосема нова траса паралелно со автопатот ќе е далеку пократка од сегашнава пруга (Владимир би знаел точна километража).

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 22-Apr-2011 at 20:13
Originally posted by Тркало



Избегав офф-топик,да се вратам на темава.Најлогично е некаква си Скопска обиколна БРЗА железница во линија :
1.ТЕТОВО-Јегуновце-Ѓорче Петров-Скопје Север-ЖС СКОПЈЕ-Лисиче(па оттаму да би продолжила накај делот кон Трубарево/Илинден,до КУМАНОВО)и
2.ЖС СКОПЈЕ-Маџари-Аеродром Александар Велики па да би продолжила накај Велес)



Само за овој дел не се сложувам.

Александар Велики по мене треба да биде тромеѓе, на линиите кои одат Скопје-Куманово, Скопје-Велес и Куманово-Велес. Тоа лесно би можело да се изведе со поврзување на Орешани (сега на делницата Скопје-Велес) со Миладиновци (сега на делницата Скопје Куманово). Трасата би поминала точно пред аеродромот и одлично би ги поврзала овие два крака. Со тоа, би се отворила можноста и некои линии од Куманово директно да одат за Велес, без да влегуваат во Скопје (што за една брза железница би МОРАЛО да се случи, инаку никој нема да губи 2 саати од Велес до Куманово).
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 29-Apr-2011 at 20:36
Баш кога сме на темава, од 15 април активно функционира првата линија од градската железница во Белград на целата предвидена траса од Батајница до Панчевачки мост со 9 станици. Целокупната реконструкција на пругата, станиците и комплетниот ремонт на 9 електромоторни гарнитури го чинеше градот Белград САМО 10 МИЛИОНИ ЕВРА!!!

Слично на Белград, и Скопје има релативно изграден железнички прстен околу градот, па веќе и можеме да пресметуваме колку пари би не фатил проектов, но ако споредуваме со Белград и парите што градот ги потроши за проектов ТОГАШ Е ЏАБЕ.

ТРОШИМЕ ПАРИ НА ГЛУПОСТИ, НАМЕСТО НА ВАКА КРУЦИЈАЛНИ ПРОЕКТИ!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 29-Apr-2011 at 21:28
   Според мене, добра идеја е да се направи градско-приградска железница Тетово-Скопје-Куманово која ќе биде паралелна со автопатот, наместо постоечката која иде преку Радуша. Ќе поврзува повеќе од милион луѓе, и најважното: работниците ќе имат директен превоз до многу од новоизградените погони долж автопатот. Автобусите, знаете дека не смеат да застануваат на автопат.
   Пругата би била локомотива за развојот на овој регион. Замисли на работа од Куманово до Ѓорче Петров, или од Тетово до Илинден стигнуваш за помалку од саат време. Повеќе ќе нема потреба да одам да живеам во Скопје или да плаќам стан поради студии или работа. Плус, ќе имам превоз и за втора и за трета смена. Ќе има илјадници и илјадници такви. Нема да менувам по три автобуса и да чекам дополнително за прекачување. Едноставно ќе нема потреба. Трошоците за пат ќе ми бидат далеку помали. И на многу, многу други.Со тоа Скопје сообраќајно многу би се растоварило.
   Колку добра би била една ваква линија:
   Град Тетово - Желино - Групчин - Буковиќ - Сарај - Ѓорче Петров - Влае - Kарпош IV, III, II и I (паралелно со бул. Партизански Одреди)- Центар - паралелно со бул. Првомајска, бул. Србија, бул. Војводина - Маџари - вклучување на постоечката пруга - Илинден - Миладиновци - Дељадровци -Агино Село -Романовце - исклучување од постоечката пруга и продолжување по новоизградена траса која дирекно би продолжила кон Куманово покрај Градските гробишта до Соколана. Оттука Центарот на градот не е далеку.
   Најкриво од сé ми е, што овој мој, (да не бидам нескромен), доста добар предлог, ќе остане само сон и пуста желба, зашто нашиве властодршци таков корисен проект нема да направат никогаш ++++
   А и зошто би трошеле пари за добробитта на обичниот народ, кога можат да трошат за глупости.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 29-Apr-2011 at 21:33
Додај го тука и Велес
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 29-Apr-2011 at 21:54
   Би додал и еден крак кон Велес, а за понатаму пругата може да се продолжи и кон Гостивар, со што би поврзувала речиси 1,5 милион луѓе и со малку пари би се добило следново:
   - ќе нема потреба луѓево од оклните градови да одат да доаѓаат да живеат во Скопје, поради студии или работа
   - нема да бидат ограничени само на работа во прва смена поради превозот
   - нема да киснаат со саати чекајќи по три-четири автобуси, прекачувајќи се и плаќајќи многу пари за превоз
   - нема да бидат ограничени да го бараат работното место во близина на местото на живеење, или во полош случај, да се разделат од семејството и да бараат стан во близина на работата, за кој ќе треба да плаќаат и кирија
   - значително ќе се намали употребата на автомобили за одење до работа и назад, а со тоа и гужвите во сообраќајот
   - брзо одење до работа и назад, со што повеќе време би останувало за посветување кон семејството
   - поголема ефективност на работа, поради многу помалата измореност што доаѓа при мрцварење со постоечкиот превоз
   - сето горенаведено, ќе биде магнет за инвеститорите
   - ќе се формира урбан конгломерат, економски прилично јак, можеби дури и во регионални рамки.

И сето тоа само со ЕДНА пруга и неколку шинобуса.

Ах, пусти мои желби...

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 29-Apr-2011 at 22:56
Originally posted by StreetStruck

Додај го тука и Велес


Не е лошо некакво прекрстување ,како шо е со градскиот во Љувљана или метрото Софија.На пример,една линија Велес-Скопје ,па на север накај Визбегово (покривање на многу фаврики и погони),се до Блаце(Косоварите би иделе до граница и би продолжувале со воз до Скопје).
Оваа прва линија би се прекрстувала со таа Тетово-Скопје-Куманово(ете нека е на главната железничка станица (секако 5 перони стојат така празни),за трансфер меѓу двете линии.

Ама како шо рече Phenomenon,нашите идеи и желби се обратнопропорционални од мозоците на власта од било која опција.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 30-Apr-2011 at 11:05
Согласен сум за двете идеи, но да направиме една разлика. Градската железница би ги поврзувала населбите и селата околу Скопје, да речеме од Зелениково кон Миладиновци, Блаце или Радуша. Овој проект би требало да го финансира градот Скопје со евентуални средства на странски развојни банки, а како носител на проектот би се јавило Јавното сообраќајно претпријатие. Градската железница би требала да има термини на поаѓање на секои 10 до 40 минути и треба да биде одвоена од возниот ред на Македонски железници.

Приградската железница треба да ја гледаме како одвоен сегмент од градската железница. Еве и зошто:
Прво, се работи за поголема километража, треба поголеми финансиски средства, поголем број на гарнитури за сообраќај.
Второ, градот Скопје не би можел да се вклучи во ваков проект, бидејќи проектов излегува надвор од неговиот територијален статус. Носител на проектов би морала да биде Владата на Р.М., претпријатието Македонски железници со помош од локалните власти и странски развојни банки.
Трето, приградската железница ќе мора да биде вклучена во возниот ред на Македонски железници. Поаѓањата би можеле да видат од 30-тина минути во шпицовите па се 1 и пол-2 часа во термините со помала фреквенција на патници.

Голем дел од ова што го пишувам е искуство од другите градови во странство, односно другите железници како го организираат овој вид транспорт.  
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 30-Apr-2011 at 16:43
@Bojan

Јас сум против градска железница каква што ти ја замислуваш.

Такви железници се потребни за многу поголеми градови. Скопје нема толкава популација, ниту пак толкаво движење на популацијата (колку патници мислиш има на ден од Радуша до Скопје?) за да се поставува таква железница.

На Скопје му треба приградска железница, што би го направила де факто една метропола - еден центар на линијата од Тетово до Куманово (со понатаму ширење и до Велес и Гостивар). Куманово и Тетово додаваат 1/3 на популацијата на Скопје, што може да биде вклучена во истите економски текови. Тоа веќе би било сериозно нешто, како што кажа и некој погоре, би имало огромно економско и социјално значење.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 30-Apr-2011 at 21:41
Крале, можеби не си ме разбрал целосно. Јас градската железница ја гледам како комбиниран превоз заедно со автобуси и комбиња. Значи, поаѓа возот од Зелениково кон Миладиновци и за сите околни села би се организирал автобуски и комби превоз директно од железничката станица. На тој начин, ќе се намали гужвата во патниот сообраќај, ќе се намали бројот на градски и приградски автобуски линии, ќе се патува побрзо, а превозот ќе биде поекономичен.


Јас се сложувам со тебе дека градската железница во Скопје, неповрзана со јавниот превоз е неисплатлива инвестиција. Но, еве замисли возот пристигнува во станица Ѓорче Петров и од таму поаѓаат комбиња за Кучково, Никиштани или од станица Сарај за Матка, Бојане, Рашче. Мислам, дека ова би било исплатливо. ЈСП ќе ги укине на овој начин нерентабилните приградски линии, а кај дел од градските линии граѓаните ќе добијат избор со каков вид на превоз сакаат да патуваат.

И треба да го земеме во предвид фактот дека пругата до Тетово, која е во релативно добра состојба со брзини во моментов од 100 км/ч овозможува пристигнување на возовите за 1 час и 5-10 минути. Тоа е многу, поради тоа што трасата оди преку Радуша.


Edited by BOJAN - 30-Apr-2011 at 21:42
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 05-May-2011 at 05:42
Treba da se napravi detalna studia na cela zeleznica vo cela drzava pa da se napravi proekt i da se podeli po prioritet na etapi za relizacija.Paralelno da se napravi biznis model kako moze da fukcionira pa posle da se bara investitor za pod koncesija ili finasii za relizacija.
Treba moderna brza pruga so maximalna brzina dokaj 200KM na chas

1 Gradska Prigradska Zeleznica Kicevo Tetovo Gostivar Skopje Kumanovo Veles Grcka Granica
2 Kon Bugrska Granica
2 Kicevo Ohrid Aerodrom Struga Albanija
4 Veles Bitola Resen Ohrid
Jas vaka ova go zamisluvam
Ovaj proekt ne go gledam samo kako resenie za javen trasport vo Skopje
nego kako proekt sto ke ja napravi Makedonija interesna za biznis i ke go podobri standardot na cela Makedonija.
Stanuvame po konkuretni so pevtin trasport dobra i brza povrzanost ke imame 4 opcii za pristanista podobar i poevtin protek na stoka i na luge vo Makedonija a isto namesto lugeto da se skoncetriraat da zivaat vo Skopje sto stvara problemi vaka site delovi na Makedonija ke se razvivaat podenakvo.
Ova treba da bidi vtor prirotet na koja i bila vlada posle elektricnata energijata i gasovodot.
Gabe ti e ako imas energija za da proizveduvas ako nemas evtin i efikasen trasport za izvos.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 05-May-2011 at 07:43
Горан,

идејата не ти е лоша, но во овој момент е преголем залак. Сите се сложуваме дека трајно треба да се реши целиот железнички сообраќај во Македонија.

Но во моментов релативно евтино, а приоритетно решение треба да биде трасата

Тетово-Скопје-Александар Велики-Куманово

На овааа делница од 90-тина километри (смешка!) живее и работи половина Македонија. Тука треба да се постават современи возни линии и станици, кои ќе го раздвижат целото население во овој крај и ќе овозможат многу добра бизнис шанса за сите луѓе во овој реон, да си живеат подалеку од централното градско подрачје на Скопје, а сепак да бидат во можност за не повеќе од 30 минути да бидат во центарот на градот.

Според мене оваа линија треба да има капацитет да се поминува за не повеќе од 1 час, СО СИТЕ ПРОПРАТНИ ЗАСТАНУВАЊА. Односно движењето на возовите да биде со максимална брзина од 120-150км/ч.

Дури и изградба на тотално нова делница на некои места не треба да се отфрли, бидејќи потегот е мал, а мислам дека е исплатлив.


Понатаму, откако ова ќе се изгради, може да се планираат дополнителни краци

ВТОРА ФАЗА:
До Кичево и Велес
ТРЕТА ФАЗА
До Битола и Охрид
ЧЕТВРТА ФАЗА
Меѓународно поврзување по следниот приоритет (не со брза железница, туку нормална)
1. Софија
2. Тирана (и Драч)
ПЕТА ФАЗА
Развој на брза линија
1. до Солун
2. до Приштина

Се ова би можело да биде на агендатата да се заврши до 2025 година, што ќе даде комплетно поинаква слика на железницата во Македонија.
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 06-May-2011 at 03:12
Krale nemam nisto protiv za toa sto go velis ama so gradejne na prigradska zeleznica samo delumno se resava problemot i toa vo patnickiot sobrkaj samo.
A za ekonomska revulucija vo Makedonija treba povrzanost so Albanija i so Bugarija i toa za tovaren sobrakaj sto po moe bi trebalo da e prioritet ne za patnicki tuku za tovaren sobrkaj no koga gradis nesto treba da proektiras toa da bidi korisno za slednite 50 godini.

A patnickiot sobrkaj resava drugi problemi sloboden i brz protok na rabotna sila ekoloiski i ekonomski aspekt i prenaselenost vo Skopje.

evo mal dokaz za toa sto go zboruvam ova e izvadok od sitel.com

Макстил инвестираше во нова машина за леење челик

04.05.2011 - 13:50 | Бизнис


Нови инвестиции, но стари барања за помош. Металуршката индустрија по подолг период на стагнација почна со вложување во своите капацитети, но и натаму очекуваат поддршка од страна на државата.


Макстил денеска се пофали со реконструкција на една од машините за челик која чини милион и пол евра. А очекуваат значително намалување на трошоците.

Но за уште поголеми инвестиции побараа од Владата да се намали цената на гасот и да се побрза со изградба на Коридорот 8 со што би се олеснил транспортот

- Со неа ќе се постигне целосна процесна унификација и ќе се искаже погонска подготвеност за реализација на сите потребни димензионални асортимани. Воедно ќе се намалат трошоците за тековно одржување на постројките и ќе се подобри квалитетот на производството, велат од Макстил и нагласуваат дека постојат и можности за натамошно подобрување на производните перформанси на процесната линија и нејзина надградба.

Има побарувачка, но цената на челикот се движи во надолна линија, а тоа го диктираат глобалните политики. Како се намалува вредноста на доларот така паѓа и цената на овој производ.

Макстил со реконструкцијата на машината за леење челик, планира заштеда од околу 5 милиони евра.



Марина Доковска
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/makstil-investirashe-vo-nova-mashina-za-leenje-chelik

Ako go procitas ova e toa jas sto go zboram
najgolem prioritet treba da se dade na povrzuvajne so Albanija i Bugarija.
A siguren sum da se napravi detalen proekt za cela zeleznica vo Makedonija i biznis plan moze da se najde investitor koncisioner ili crediti od svetska banka.

Povrzanost so Albanija i Bugarija treba da bide prioritet za tovaren sobrakaj.

Sega se izbori kako eden politicar ne se javi so vizija samo da ja turne idejata na videlina pa posle neka proektirat i pravat biznis modeli.
Za uspesna ekonomija treba evtina energija brz protok na ideji i na rabotna sila a i evtin i brz trasport.
Makedonija moze da postani distrbutiven centar za cel Balkan i Evropa
bidejki sme vo centar na dva koridori 8 i 10.
So brz voz so prosecna brzina dokaj 170Km na cas bez razlika kade zives vo Makedonija mozes da stignes do finalna destinacija za eden cas vo prosek toa ke znaci poveketo sto doseleni vo Skopje zaradi ekonomski pricini ke si se vratat vo svoite gradovi so toa ke se namili potrebata od prosiruvajne na ulici tuneli vo Skopje i zagaduvajne nema eden aspekt
od zivotot sto nema da bide opfaten.
Toa sto e golem zalak za Makedonija e tocno no se se moze samo treba dobro i plansko rabotejne siguren sum so dobar detalen proekt i detalna analiza moze da se najde investitor koncisioner ili credit od svetska banka.


Edited by Goran - 06-May-2011 at 03:38
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 06-May-2011 at 08:18
Јас не спорам дека треба да се има поврзување со Софија и Тирана/Драч. Но и те како спорам дека има економски интерес во тоа.

И да има железница утре што оди за Тирана, кој ќе ја користи? Ајде биди искрен? Има ли нешто што во толкава мера го купуваме или продаваме на Албанија па да треба и железница? И сега, граничните премини (по копнен пат) не се никогаш закрчени кон Албанија и Бугарија. Единствено закрчување има кон Грција и Косово (и понекогаш кон Србија).

Затоа сметам дека економски е најдобро секогаш да се почне од најисплатливото, па потоа да се гради кон помалку исплатливото.

Во моментов делницата Тетово-Скопје-Александар Велики-Куманово, самата по себе ќе го растерети животот во Скопје (без да се прави железница за цела Македонија, а ќе придонесе и за економско заздравување на железницата, за да може да се впушта во други понеисплатливи проекти.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.