build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градско-приградска железница во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 06-May-2011 at 18:39
Нели мислите дека е време да им се прати целава тема на директорот на МЖ, на градоначалникот на Скопје...
И дали до сега имало некоја ваква идеја која што е јавно објавена??? Најверојатно во 80тите години се зборувало за нешто вакво.
(Мислам на градско-приградска железница, не на поврзување со Софија и Тирана)
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 07-May-2011 at 04:19
Originally posted by krale

Јас не спорам дека треба да се има поврзување со Софија и Тирана/Драч. Но и те како спорам дека има економски интерес во тоа.

И да има железница утре што оди за Тирана, кој ќе ја користи? Ајде биди искрен? Има ли нешто што во толкава мера го купуваме или продаваме на Албанија па да треба и железница? И сега, граничните премини (по копнен пат) не се никогаш закрчени кон Албанија и Бугарија. Единствено закрчување има кон Грција и Косово (и понекогаш кон Србија).

Затоа сметам дека економски е најдобро секогаш да се почне од најисплатливото, па потоа да се гради кон помалку исплатливото.

Во моментов делницата Тетово-Скопје-Александар Велики-Куманово, самата по себе ќе го растерети животот во Скопје (без да се прави железница за цела Македонија, а ќе придонесе и за економско заздравување на железницата, за да може да се впушта во други понеисплатливи проекти.

Krale ne daj gospode da mu tekne na Grcija da go napravi toa sto go napravi porano cela ekonimija ke propadne,a vo isto stvaras konkurencija megu pristanista ako uvezuvas ili izvezuvas ke ja koristis napovolnata varijanta
Za patnickiot sobrkaj si vo pravo nema da ima mnogu potreba za Albanija i Bugarija.Se slozuvam so tebe prioritet za patnickiot treba da bide Skopje i oklinata.
No vo isto vreme treba da se gradat i povrzuvajne so Albanija i Bugarija za koj nemora da bidi brz voz nego za tovaren sobrakaj no koga gradis treba da zemis vo predvid istata pruga da mozi lesno da se osposobi i za brz voz.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 07-May-2011 at 08:48
Ако Грција го направи истото, дали нашите компании ќе извезуваат преку Бургас?

Ни случајно!

Ќе се оди пак на опцијата Бар, ЦГ. И онака тие цело време ни се нудат, и нудат багатела цени што и за нашата економија се поевтини од Солун, ама нашите компании нејќат.

Значи кога не може да се пополни постоечката мрежа да биде рентабилна, решението НЕ Е , ај да изградиме уште 2 нерентабилни коридори. Тоа е рецепт за банкрот.
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 07-May-2011 at 13:56
Vo Bar e plitko pristanisteto. Edinstveno dlaboko vo blizina posle Solun e Burgas i Varna.
I daj zadrzete se na temata, na gradsko-prigradska zeleznica!

p.s. Zosto koga pisuvam so kirilica izleguvaat nekoi cudni znaci
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 07-May-2011 at 18:36
Дали имате информација колку е сегашната должина на пругата Скопје-Тетово,преку Радуша?Претпоставувам едно 20 км е подолга спрема опцијата да ја напраеле паралелно со автопатот...уште една голема утка од тогашно време
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 07-May-2011 at 19:25
Не сум голем познавач на железниците. Зошто трасата оди токму преку Радуша? Дали има таму некои ресурси (руди...) поради кои бил потребен железнички коридор?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2281
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 07-May-2011 at 19:39
    Најверојатно зашто била полесна за изградба, со следење на текот на рекарта Вардар.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 07-May-2011 at 23:11
Originally posted by nylon

Vo Bar e plitko pristanisteto. Edinstveno dlaboko vo blizina posle Solun e Burgas i Varna.
I daj zadrzete se na temata, na gradsko-prigradska zeleznica!

p.s. Zosto koga pisuvam so kirilica izleguvaat nekoi cudni znaci


Бургас и Варна се тотален нон-сенс - праќаш 600км, за да после одат низ закрчениот босфор, и после 2 недели да бидат кај Солун.

Патем, Македонија извезвуа 95% во земјите од ЕУ+западен Балкан. Да не се правиме дека толку ни се насушни танкерите инаку испоцркавме.

Се уште не видов релевантни податоци (освен политички) со кои ќе се покаже дека линијата до Софија или Тирана е поисплатлива од инвестиција во брза железница Тетово-Куманово.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3214
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 08-May-2011 at 00:45
Пругата Скопје-Тетово оди преку Радуша од неколку причини. Главната причина е накогашниот рудник покрај самото село, па и самата железничка станица била претоварна. Исто така, да не заборавиме, планината Жеден е полна со пештери и вдлабнатини низ кои понира водата, па не знам колку би било паметно да се градат тунели на ваква локација. Имено и автопатот Скопје-Тетово нема ниту еден тунел.

И да, малку сте се оддалечиле од темава за градско-приградска железница, бидејќи Тирана во никој случај не е предградие на СкопјеLaugh.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 08-May-2011 at 20:08
Originally posted by krale

Со тоа, би се отворила можноста и некои линии од Куманово директно да одат за Велес, без да влегуваат во Скопје (што за една брза железница би МОРАЛО да се случи, инаку никој нема да губи 2 саати од Велес до Куманово).
А колкав е потенцијалот на релацијата Велес-Куманово и тоа под идеални услови? Во Македонија на прсти се бројат паровите на градови кои (дури и долгорочно гледано) имаат реална потреба за дедицирана меѓусебна железничка врска. За приградскава железница која е предмет на дискусијава, неизбежен факт е дека ќе мора да се оформи околу апсолутно доминантен хаб во центарот на Скопје, а основата за среќа ја имаме:



Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3214
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 08-May-2011 at 21:20
Се согласувам со Кловер, ако го земеме за пример автобускиот превоз низ земјава, бројот на автобуси, да речеме од Битола за Струмица или од Кочани за Тетово е сведен на минимум, освен доколку не се работи за соседни градови или попатни центри на кои сообраќаат автобуси за Скопје.


Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 08-May-2011 at 23:19
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by krale

Со тоа, би се отворила можноста и некои линии од Куманово директно да одат за Велес, без да влегуваат во Скопје (што за една брза железница би МОРАЛО да се случи, инаку никој нема да губи 2 саати од Велес до Куманово).
А колкав е потенцијалот на релацијата Велес-Куманово и тоа под идеални услови? Во Македонија на прсти се бројат паровите на градови кои (дури и долгорочно гледано) имаат реална потреба за дедицирана меѓусебна железничка врска. За приградскава железница која е предмет на дискусијава, неизбежен факт е дека ќе мора да се оформи околу апсолутно доминантен хаб во центарот на Скопје, а основата за среќа ја имаме:


Потенцијалот на релацијата Куманово-Велес е очајно мал. Но со идејата што ја дадов, всушност „хабот“ би бил аеродромот Александар Велики. Тука практично би се вкрстувале линиите Скопје-Куманово и Велес-Скопје, па би било одлично место за оние на кои ќе им треба, да се префрлат на трасата Велес-Куманово.

Кога веќе се гради приградска брза железница, таа треба максимално да ги искористува сите потенцијали на делниците на кои сообраќа, за да биде што поисплатлива.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 08-May-2011 at 23:41
Крале, ај нацртај ја и постирај ја таа мрежа што ја замислуваш со тоа хабот да биде кај аеродромот, па да видиме што ќе ставиме на другата страна на вагата, наспроти „големата“ поволност баш кај Петровец да се префрлиш на воз од Велес накај Куманово (патем првично зборуваше за директни линии Велес-Куманово)
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 08-May-2011 at 23:50
Originally posted by Cloverstack

Крале, ај нацртај ја и постирај ја таа мрежа што ја замислуваш со тоа хабот да биде кај аеродромот, па да видиме што ќе ставиме на другата страна на вагата, наспроти „големата“ поволност баш кај Петровец да се префрлиш на воз од Велес накај Куманово (патем првично зборуваше за директни линии Велес-Куманово)


Види, во прва фаза воопшто нема логика ни да се размислува за крак накај Велес.

Во прва фаза повторив повеќе пати, доволно е да се направи поврзување кај Александар Велики, да се направи изградба на нова траса (барем во еден дел) накај Тетово, и да се осовремени целата делница да може возовите да сообраќаат со многу поголема брзина.

Значи во првата фаза треба да се работи на брзо решение за Тетово-Скопје-А.В.-Куманово.

Секако централен хаб и понатаму ќе остане Транспортниот Центар во Скопје.

Тоа што го предлагав е во втора фаза, да се направат продолжувања на краците на брзата железница, од Тетово до Гостивар-Кичево, и од А.В. до Велес. Во таа фаза, линијата што доаѓа од Велес сосема природно би застаналува кај А.В., и тука би можеле да се префрлаат сите оние кои немаат намера да одат накај запад, туку би продлжувале на север накај Куманово. Или во обратен правец исто така.

Ова не би било само за жителите на Велес побрзо да дојдат до Куманово, туку практично за сите жители на ј. Македонија кои преку Велес одат накај Куманово, а тоа се и Битола, Прилеп, Штип, Струмица и други.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 09-May-2011 at 01:12
Значи некој од Прилеп што сака да оди во Куманово, со железница ќе стигне до Велес, па таму ќе се префрли на некаква хипертрофирана „приградска“ (а всушност паралелна меѓуградска железница) која до Скопје ќе стигнува преку аеродромот, па таму кај аеродромот уште еднаш ќе менува воз за да стигне до Куманово. Интересно...
Затоа ти викам нацртај, за поубаво да ги согледаме спецификите на таа мрежа.

Друга работа... хаб не е секоја станица каде што има трансфер. Со вистински оформен хаб кај транспортен центар, смешно е за идната станица кај аеродромот да се зборува како за хаб, па макар исфорсирале и нејзино директно железничко поврзување према југ.
На крајот на краиштата хаб не е само место каде се вкрстуваат повеќе линии, туку место каде возниот ред на тие линии е беспрекорно меѓусебно координиран, а со паралелни хабови на толку мал простор, тешко дека би се организирал ем ефикасен ем координиран ем економичен возен ред. Нема ни зошто, бидејќи вториот „хаб“ кај Александар велики би бил сувишна и неисплатлива работа.

И дај конечно да повлечеме линија помеѓу приградска и меѓуградска железница. Концептите се надополнуваат и може да се разгледува нивното заедничко функционирање и координирање, ама не треба да ги мешаме. Не знам зошто упорно во нишкава разглабаш концепти кои дотуркаа и до Кичево. Исто така аман веќе со потценување на К8, барем оваа нишка поштеди ја, бидејќи на таа дискусија не и е тука местото.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 09-May-2011 at 08:54
Сега се обидуваш доста невешто да ми наметнеш концепт за кој јас не се заложив.

Станицата кај А.В. ќе биде централна во тој триаголник (Скопје,Куманово,Велес) и ќе воведе навистина да не се губат 40км во непотребно одење до Скопје за да се отиде на север (или на југ од Куманово).

Нема да има никакво „префрлање“ во Велес, затоа што се работи за железница, изгледа си го заборавил тој факт :-)

Значи некој што би се качил во Битола би седнал во вагон што оди директно до Скопје (или Куманово ако има економски резон макар и за еден вагон). А вагонот би се прикачил на соодветната композиција на А.В.

Ако нема економски резон ниту за еден вагон, тогаш префрлањето би се случило само еднаш - кај А.В.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 09-May-2011 at 09:21
Кловер,

еве за што зборувам. Го забележуваш остриот забец кој настанува кај Зелениково?

Тој природно би требало да се поврзе преку А.В. со трасата што оди накај Куманово. Ова е корисно и за сиот товарен сообраќај, кој сега мора да помине низ Скопје

Исто така, спомнувањето на Кичево (во подоцнежна фаза), е сосема во ред во она што може да се нарече приградска железница, бидејќи во една осовремена железница, растојанието би се поминувало за 1 час - што цело време го заговарам како концепт Скопје да се растерети, и навистина да прерасне во метропола.

Истото важи и на југ, се до после Неготино (практично до Д. Капија) каде исто би се патувало под 1 час до Скопје.

А за коридорот 8, немам позитивни коментари во моментов мислам дека е чиста глупа политичка инвестиција без дно, која ја упропасти железницата. Наместо тие средства да се вложеа во осовременување на трасата Куманово-Тетово, тие се фрлија во еден непродуктивен и неисплатлив проект, од чисто политички причини. Ете така ти е кога политиката ќе се замеша кај што не и е место.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 09-May-2011 at 16:17
Ах бе крале, ти кога ќе се заинаетиш (а тоа е редовна пракса), тогаш и црното станува бело. Ајде едно по едно:


Originally posted by krale

Сега се обидуваш доста невешто да ми наметнеш концепт за кој јас не се заложив.
Што точно? Цитирај што сум ти „наметнал“, а јас ќе ти цитирам каде си го рекол тоа.


Originally posted by krale

Станицата кај А.В. ќе биде централна во тој триаголник (Скопје,Куманово,Велес) и ќе воведе навистина да не се губат 40км во непотребно одење до Скопје за да се отиде на север (или на југ од Куманово).
Прилично е очигледно дека во триаголникот Скопје-Куманово-Велес апсолутно доминантни краци се двата кои го поврзуваат Скопје. Па ако 99% од сообраќајот тежнее кон Скопје, која е логиката за форсирање на подиректна врска помеѓу Велес и Куманово со некаков си „хаб“ кај аеродромот, која би донела цел куп други компликации (иако и таму си тотално неконзистентен околу начинот како да се изведе тоа подиректно поврзување... де директни линии, де трансфер на патници де расклопување на композиции... кога како што одговара во приказната).


Originally posted by krale

Нема да има никакво „префрлање“ во Велес, затоа што се работи за железница, изгледа си го заборавил тој факт :-)
Изгледа ти заборави дека овде збориме за приградска железница. Или сега планираш да ја продолжиме и до Прилеп и Битола?
Според делот на кој ти реплицирав (ако концептот го прочистиме од контрадикторностите кои ги вгради во другите постови) хипотетичкиот патник од Прилеп кон Куманово секако би морал да направи два трансфера. Еден кога ќе се префрли од класична железница на приградска во Велес, а друг во „хабот“ кај аеродромот.


Originally posted by krale

Значи некој што би се качил во Битола би седнал во вагон што оди директно до Скопје (или Куманово ако има економски резон макар и за еден вагон). А вагонот би се прикачил на соодветната композиција на А.В.
Расклопување и склопување на композиции чини време и пари, а носи и дополнителни компликации. Нема никаква логика да се прави тоа за занемарлив број на патници, кои бездруго секако би биле сосема задоволително опслужени преку еден нормален хаб во транспортниот центар во Скопје. И секако нема потреба од два хабови на толку мал простор, чија функција во голема мерка би се преклопувала.

Ниту пак ми е јасно какво е тоа префрлање на вагони од од класична меѓуградска, на приградска железница (освен ако навистина сериозно сега почна да се залагаш приградскава да ја прошириме и до Битола). Ниту пак ми е јасно какво е тоа префрлање на вагони доколку барем еден од возовите е моторна патничка гарнитура.


Originally posted by krale

еве за што зборувам. Го забележуваш остриот забец кој настанува кај Зелениково?

Тој природно би требало да се поврзе преку А.В. со трасата што оди накај Куманово. Ова е корисно и за сиот товарен сообраќај, кој сега мора да помине низ Скопје
Во моментов не ми се отвара никаква слика во твојот пост, можеби е моментален проблем со локацијата каде е хостирана... во секој случај разбирам за што зборуваш, ама ги збрка работите. Пред се, досега не зборуваше само за железничка пруга од Зелениково до Миладиновци, туку за оформување на патнички хаб кај аеродромот, а тоа не е едно исто.

Дополнително, ако патничкиот сообраќај се пренасочи од кај Миладиновци, би се елиминирало кружењето на трасата помеѓу Куманово и Велес, но би се добило кружење на трасата помеѓу Скопје и Велес, што е многу полоша варијанта (не само за домашниот сообраќај, туку и за меѓународниот, бидејќи ниту еден патнички воз нема логика да го заобиколи Скопје).

За товарниот исто така не си во право, бидејќи товарниот не поминува преку транспортен центар, туку има скратен пат помеѓу Драчево и Илинден, а на тој пат е и ранжирната станица која е задолжителна дестинација за огромен дел од тој товарен сообраќај. Не сум против тоа патот на товарните композиции долж К10 и дополнително да се скрати, доколку тоа е исплатливо, ама дури и од око се гледа дека има огромна редица многу поголеми приоритети во железницата.

Во секој случај, во железница не барај премногу прави линии. Уклучи гугл земја и види како изгледа железничката мрежа во Германија на пример.


Originally posted by krale

Исто така, спомнувањето на Кичево (во подоцнежна фаза), е сосема во ред во она што може да се нарече приградска железница, бидејќи во една осовремена железница, растојанието би се поминувало за 1 час - што цело време го заговарам како концепт Скопје да се растерети, и навистина да прерасне во метропола.

Истото важи и на југ, се до после Неготино (практично до Д. Капија) каде исто би се патувало под 1 час до Скопје.
Разликата помеѓу класична и приградска железница не се сведува на времетраењето на патувањето, туку и густината и типот на станиците, густината на население и економска активност долж трасите, фреквенцијата и типот на возовите, типот и временската дистрибуција на патниците. Ниту од географски ниту од социо-економски аспект, не прави логика да се обмислува некаква „приградска железница“ што ќе ги опфаќа Кичево, Неготино, Демир Капија итн. Во најширока смисла и во најповолни услови, приказната би завршила со Скопје, Куманово, Велес, Тетово и Гостивар.


Originally posted by krale

А за коридорот 8, немам позитивни коментари во моментов мислам дека е чиста глупа политичка инвестиција без дно, која ја упропасти железницата.
Не знам како успеа мојата сугестија барем нишкава да ја поштедиш од дигресии за К8, да ја протолкуваш како покана овие небулози да ги репризираш уште еднаш.


Edited by Cloverstack - 09-May-2011 at 16:18
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 10-May-2011 at 03:55
Decki dali nekoj ima nesto procitano sto stana so zeleznickiot koridorot 8 od damna nisto nema nekoja nova vest.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2281
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 10-May-2011 at 11:54
     Вака ја замислувам трасата и станиците на градско-приградската железница      Тетово-Скопје-А.Велики-Куманово (во заградите е даден бројот на жителите во населените места според пописот од 2002 година):
 
1. станица ЈИЕ УНИВЕРЗИТЕТ
    ќе ги опслужува М. Речица (8353), Г. Речица (3977), Д. Палчиште (3395), Брвеница (2918), Г. Палчиште (1356), Д.Седларце (693) и Фалише (546)
 
 2. станица  ТЕТОВО кај сегашната Автобуска Станица
    ќе ги опслужува Тетово (52915), Џепчиште (4061), Порој (2899)
 
3. станица ЖЕЛИНО
    ќе ги опслужува Желино (4110), Палатица (2516), Стримница (2422), Требош (2388), Сараќино (1087)
 
4. станица ГРУПЧИН
    ќе ги опслужува Добарце (1695), Чифлик (1180), Групчин (968), Копачин Дол (907), Ново Село (667), Рогле (566)
 
5. станица БУКОВИЌ
     ќе ги опслужува  Буковиќ (1723),  Ласкарци (1190), Чајлане (580), Семениште (559)
 
6. станица ГЛУМОВО
      ќе ги опслужува  Шишево (3376), Глумово ( 1683), Арнакија (10770 и Матка (468)
 
7. станица САРАЈ
      ќе ги опслужува  Сарај (5232), Кондово (3384), Љубин (2044) и Крушопек (1902)
   
8. станица ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 
   
9. станица ВЛАЕ
 
10. станица КАРПОШ IV
 
11. станица КАРПОШ III
 
12. станица КАРПОШ II
 
13. станица КАРПОШ I
 
14. станица ЦЕНТАР
 
15. станица ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР
 
16. станица 11. ОКТОМВРИ
 
17. станица ВЕРО-АЕРОДРОМ
 
18. станица ТРИАНГЛА
 
19. станица МАЏАРИ
 
20. станица ИЛИНДЕН
      ќе ги опслужува Илинден (4931) и Марино (3533)
 
21. станица АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ
      ќе ги опслужува аеродромот, Петровец (2659), Кадино (2090), 'Ржаничино (855), Мралино (820) и Ќојлија (400)
 
22. станица МИЛАДИНОВЦИ
      ќе ги опслужува Миладиновци (1276) и Бујковци (946)
 
23. станица ДЕЉАДРОВЦИ
      ќе ги опслужува Мршевци (651). Дељадровци (532) и Текија (304)
 
24. станица АГИНО СЕЛО 
      ќе го опслужува Агино Село (965)
 
25. станица РОМАНОВЦЕ 
        ќе го опслужува Брзак (104) и ќе служи за разминување
 
26. станица ПРЕСЕКА 
      ќе го опслужува Романовце (2794)
 
27. станица ЧЕРКЕЗИ (ќе се наоѓа на југ од селото) 
       ќе ги опслужува Черкези (3741) и Љубодраг (686)
 
Линијата ќе продолжи источно, на југ од Куманово и ќе заврши кај Градските Гробишта Куманово, над Соколана
 
28. станица КУМАНОВО
      ќе ги опслужува Куманово (70842), Карпош (5433), Бедиње (2327), Проевце (2321),
Доброшане (1655), Тромеѓа (1298), Д. Којнаре (1286) и Биљановце (1231)
 
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.