build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градско-приградска железница во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 10-May-2011 at 13:23
Убаво би било и визуелно да го претставиш овој предлог.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 10-May-2011 at 18:46
Убава пресметка на станиците и стојалиштата, но треба да се земе в предвид дека растојанието помеѓу две стојалишта или станици треба да биде минимум 600 метра и тоа во зависност колкава ќе биде предвидената брзина на движење на гарнитурите. На пример, ако измеѓу Центар и Драчево имаме една станица во Лисиче, тогаш не можеме да поставиме стојалишта и во Кисела Вода, Хром, Охис итн.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1133
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 10-May-2011 at 19:47
Originally posted by phenomenon

     
25. станица РОМАНОВЦЕ 

        ќе го опслужува Брзак (104) и ќе служи за разминување

 



Ова ми е збунувачки со разминувањево.Нели е логично ако веќе градиме вакво нешто да е по цела линија со две пруги ?

Инаку,другово се ти е во ред.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 14-Jul-2011 at 23:46
Градско Приградска железница за Скопје е оправдан проект - за ова потребни се само неколку современи шински возила и волја на надлежните



Еве 3 линии кои се економски исплатливи и оправдани (особено 1 и 2)

1. Драчево/Долно лисиче , лисиче , киселавода/аеродром, транспортен центар

2. Миладиновци, Аеродром Скопје*, Илинден, Хиподром, Автокоманда, Транспортен центар

3. Ѓорче, Бардовци, Визбегово, Бутел, Железара, Автокоманда, Транспортен центар

* Потребно е да се поврзе Аероромот со желзница - или алтернатива би била (до изградбата) превоз на патниците со градски автобус до железничката станица (која би се изградила).
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 14-Jul-2011 at 23:50
Незнам што ја прави линијата 1 пооправдана од линијата 3?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 15-Jul-2011 at 07:57
Па оваа траса е паралелна со онаа на улицата првомајска која е една од најфрекфентните сообраќајници, додека линијата 3 не сум сигурен колку би била практична бидејќи по оваа траса досега немало јавен превоз (барем колку што јас знам)
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 15-Jul-2011 at 08:52
Точно, досега немало јавен превоз, меѓутоа тоа не е показател на потребата на граѓаните, туку е показател на неажурноста и неприлагодливоста на ЈСП Скопје кон реалните денешни потреби.

Скопје двапати се смени во последниве 20 години (демографски), а единствени битни промени во градските линии што ги памтам беа укинувањето на 37ца во 2000 година, и воведувањето на 25ка во 2011.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 15-Jul-2011 at 09:23
Јас би ја споил линијата 1 со линијата 2 како една линија, од порано сме збореле дека овие линии можат да бидат многу корисни за Скопје и нејзините граѓани, бидејќи со помали корекции на пругата, железничките станици и со купување на возови можеме да добиеме градска железница.
Е сега, доколку некој успее да предвиде изградба на надземна пруга на потегот од Кисела Вода преку Јужен булевар до сегашната пруга во Ѓорче Петров, тогаш на Скопје воопшто не му е потребно да се гради никаков трамвај, бидејќи ќе добиеме кружна линија на градската железница која би ги поврзувала Кисела Вода, Капиштец, Влае, Ѓорче, Злокуќани, Визбегово, Бутел, Железара со Центар и Аеродром но и со приградските населби. И за ова сме говореле .
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 15-Jul-2011 at 19:43
Јас имам поинаков пристап за евентуална Линија 1



на истата траса може да вози воз за до аеродромот. Но во овој случај тој би тргал негде од Гостивар-Тетово-низ Скопје и аеродромот Скопје. Со што има неколку варијанти, од кои жолтата е најлесна и најефтина, односно мало продолжување и приклучување на постојната железничка мрежа. Зелената е малку поскапа, но опфаќа поголем регион. Додека виолетовата е уште поскапа, но опфаќа уште поголем регион а ако во иднина се изгради пруга Катланово-Миладиновци, без да се влегува во скопската железничка мрежа, би било уште попогодно за поврзување на Куманово, Велес и цело Повардарие со скопскиот аеродром. Што не дека не е случај и со другите две варијанти, но сепак се влегува во внатрешната инфраструктура, што и не е лошо... но некако непотребно.

Тиркизното е постоечката инфраструктура. иако со боите се преклопува и постоечката инфраструктура, отприлика ја знаете мрежата, па затоа не ја обоив цела тиркизно.

Инаку линија 1 е црвеното, евентуално плус зеленото. Тука би можела да биде метро или ЛРТ линија. Со тоа што целата е под земја или е одвоена од остатокот на сообраќајот.

Со ова мислам дека би се оправдала и самата линија еден, бидејќи по неа не би сообраќале возови во Скопје, туку и регионално, што ја прави поисплатлива, и поисскористена.

Кафеавите точки се предвидените станици за возот до аеродром. Со тоа што празните кафеави точки би биле евентуални станици, кои зависно од инфраструктурата или потребите на граѓаните би постоеле.

Со овој план, исто така ја наметнува и потребата за нов источен и нов западен железнички терминал, хаб. Едниот би бил во Ѓорче Петров (западниот), а другиот би бил, па зависи каква ќе биде мрежата но евентуални места се во Лисиче, Горно Лисиче, или пак евентуално Р‘жаничино.

Ако треба поконцизно објаснување и слика. Кажете, ќе се обидам.

ПС. Има мали пропусти, како евентуална станица кај Хиподром, кој не сум ја нацртал и слично...


Edited by FoSsiL - 15-Jul-2011 at 20:11
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 20-Jul-2011 at 19:56
Вака, ја разработив шемата. Иако сеуште не е целосно склопена и неиспитана. Еве што и како мислам јас.



Светло сино - постоечката железничка мрежа, без делот кај Трубарево, зашто не го гледав како потребен да го претставам.

Синото- Линија (Кременица) Битола - Табановце

Виолетовото - Линија Богородица - Табановце

Жолтото - (Брза) Линија (Кочани) Гостивар - Тетово - Ст Ѓ. Петров - (Влае) - Болница Букурешт - Гл. Ст. Скопје - Парк Јане Сандански - Лисиче - Хиподром - Илинден - Бунарџик - Аеродром Александар Велики

- Црвеното - Линија 1 (Метро) Ст. Ѓ. Петров - Лисиче (не ги обележав попатните станици, бидејќи треба да поработам на тоа, во секој случај тие што се за жолтата линија се истите и за црвената, со тоа што црвената би имала и уште по некоја измеѓу)

Може и не е местото тука. Но бидејќи е поврзано, нека стои сега за сега, па понатаму ќе видиме.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 30-Mar-2012 at 00:10
ИНТЕРВЈУ: Железничко поврзување на аеродромот „Александар Велики“ би била исплатлива инвестиција



Со универзитетскиот професор Зоран Кракутовски од Катедрата за железници при Градежниот факултет во Скопје разговаравме за можноста во Скопје да се реализира проектот за градска железница, идејата за железничко поврзување на скопскиот аеродром со Транспортниот центар, како и за финансиските средства што би биле потребни за изградба на ваквата инфраструктура:

 

 

Во последните неколку години сме сведоци дека проектите за воведување градска железница пополека се реализираат и во неколку балкански главни градови. Постои ли можност за реализација на градска железница во Скопје, од аспект на постоечката инфраструктура и можностите за нејзина надградба?

Потребно е да се направи разлика помеѓу градска железница и железнички системи за масивен урбан превоз на патници како што се трамвај, лесно метро и метро. Градска железница е железнички транспортен систем за брз и масовен превоз на патници во големи урбани агломерации, каде околу старото градско јадро постојат густо населени периферни зони со офорбени урбани карактеристики. Станиците на ваквите системи се на прилично големо растојание од неколку километри, што овозможува развивање на прилично високи брзини на возовите и доста високи превозни капацитети. Скопје не е град со такви карактеристики, а во негова близина, односно во регионот на Скопје, се населби од рурален карактер. Постоечката железничка инфраструктура може да се искористи за оформување на железнички прстен во периферните зони на градот, кој би можел да ја подобри комуникацијата на овие простори со центарот на градот.

 

Скопскиот железнички јазол што се градеше до пред неколку децении на мапите изгледа недовршен на потегот од Кисела Вода преку Стара железничка станица и Капиштец кон Ѓорче Петров, поточно недостига некогашната железничка пруга. Од денешна перспектива, каква е можноста за нејзина повторна изградба со што би се добил кружен железнички прстен околу најфрекфентните скопски населби?

Железнички прстен околу Скопје може да се формира ако се доизгради колосек од железничка станица Ѓорче Петров преку коридорот на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, потоа преку дел од коридорот на бул. Македонија и да се приклучи на патничка станица од Транспортен центар. Оваа врска е добра можност за поголемо користење на железнички систем за јавен градски превоз.

 

Од ваш експертски агол, кои би биле главни пречки со кои би можеле да се соочат градските власти при евентуалниот проект за воведување на градска железница во Скопје?

Најголем проблем најверојатно би биле инвестициите кои треба да се обезбедат за изградба на ваков систем. Од технички аспект треба да се проучи системот на електрификација и видот на возилата кои би се користеле, како и од аспект на траса да се проучи вкрстувањето на пругата со уличната мрежа кое би требало да биде денивелирано. Составен дел на проектите се и нови решенија за измена или заштита на постоечката комунална инфраструктура во просторот во кој се проектира железничката инфраструктура.

 

На само 2 – 3 километри од скопскиот аеродром „Александар Велики“ поминува пругата Скопје – Куманово, врска што сеуште не е искористена за поврзување на аеродромот со централното градско подрачје. Каков е вашиот коментар во однос на ваквата идеја што се провлекува низ јавноста во изминативе години?

Со новата аеродромска зграда и новите транспортни капацитети кои ги нуди аеродромот Александар Велики (околу 4 милиони патници годишно) сосема легитимно се наметнува и прашањето за ефикасен систем на јавен превоз за неговото поврзување со централното градско подрачје. Оддалеченоста на аеродромот од железничка станица Илинден е околу 8 километри, а од патничка станица во Транспортен центар околу 20 километри. Нашите првични проучувања покажуваат дека ако 30% од патниците кои го користат аеродромот се превезуваат со железнички транспорт до и од аеродромот, тогаш проектот би бил економски исплатлив и финансиски самоодржлив.

 

Да претпоставиме дека градските власти би се сложиле за воведување на градска железница во градот, би можеле ли да ни напоменете колкава би била финансиската конструкција на целокупниот проект и кој опсег од градежни активности би требало да се преземат (целосна реконструкција на постоечката инфраструктура или изградба на втор колосек, изградба на нови станици и стојалишта, изградба на паркинзи и прилагодување на линиите со останатиот јавен превоз)?

Не би можел да ви одговорам на ова прашање затоа што треба да се направат проучувања и проект за да се дојде пореално до големината на инвестициите. Она што го проучувавме беше првична процена на исплатливоста за поврзување на аеродромот со транспортниот центар. Ориентационо, инвестициските трошоци за градење на железнички пруги се движат од 2 до 50 милиони евра по километар, зависно дали е едноколосечна или двоколосечна пруга и дали е пруга на отворено или во тунел.

 

Да се навратиме малку на историјата на главниот град. Постоеле ли досега идеи за воведување на градска железница во Скопје и дали би можеле истите да ни ги напоменете?

Воведувањето на градска железница во Скопје досега е повеќепати предлагано и посочувано како можно решение, но немам сознанија дали е направена подетална студија.

 

Скопската железничка станица денес функционира како полуискористен објект без доградени колосеци. При нејзиното проектирање и градење, имало ли определена цел за воведување на градски железнички сообраќај или пак единствената идеја било да се одговори на зголемените идни потреби за меѓуградски и меѓународен транспорт на патници и стока?

Проектирањето на скопската патничка железничка станица, во склоп на денешен Транспортен центар, е правено при крајот на седумдесеттите години од минатиот век кога железничкиот сообраќај бил во голема експанзија. Претпоставувам дека капацитетите на оваа станица биле димензионирани во однос на потребите на меѓуградски и меѓудржавен превоз, а не во однос на потребите на градот Скопје. Тоа не значи дека денес не можеме да ги ставиме во функција неискористените капацитети за денешните потреби на градот.



#
Објавено на 29.03.2012 во категорија Вести.

Тагови: Јавен превоз, Аеродром Александар Велики Скопје, Градежен факултет Скопје, Градска железница, Градска инфраструктура, Железница, Железнички станици, Инфраструктура, Скопје, Транспортен Центар Скопје


http://www.build.mk/?p=13604
Back to Top
kara View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kara Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 09-Apr-2012 at 14:38
Момци, гледам дека имало добра дискусија на оваа тема.
Би сакал веднаш да го искажам моето мислење дека идејата на Бојан во моментов е најисплатлива варијанта поради финасиската конструкција и пред се поради превозот на патници кои би го имале овде.
Значи сите идеи кои ги спомнавте се ПРЕД СЕ за Железничко поврзување на цела Македонија а не на градскиот и пригратскиот превоз на скопје.
Значи за идејата на Бојан веќе имаме 90% инфраструктура. Треба да се опремат стојалиштата и нели да се набават електромоторни гарнитури.
Инвестицијата не би била голема (некои 20-тина милиони евра) а веднаш од ЈСП ќе може да се исклучат многу линии кои и онака не се профтабилни.

п.с. Значи збориме за Градски и пригратски превоз на Скопје. Кога тој би функционирал тогаш би можеле да зборуваме за поврзување со Тетово, Куманово и други поблиски градови до Скопје.
Поздрав

Edited by kara - 09-Apr-2012 at 14:40
@LEK$
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1402
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 09-Nov-2017 at 15:51

наместо Шилегов за скоспкиот железнички прстен, Заев треба да дума да го врзи, не со крак, ами за транспортен јазол ко аеродромско-железнички хаб ... пост погоре има убав абер, а и во соодветната нишки убаи думи [1][2][3][4]

всушност доколку знаме дека во наредните децении ќе има се поголем наплив на мигранти од азија и африка, ова треба да е прв приоритет заедно со Трам в Скопје, воедно и за карго транспорт би било аир, а особено доколку ваква железничка конекција има и до планираниот карго аеродром в Штип за натака ...

јанасана, може поубо ништо, а како не би кренале на стандард некако, та да не сме толку атрактивна дестинација за се останато освен македонци, мислам видено демографски ние вака сме параспур а не пак ако има повеќе можности како да му ја скубне чоек од тука, она ние веќе слиниме и по отповеќе од чергата, додека некои други и ова ќе им дојде ко мелем на рана ... конечно, зошто и да не, та зар утре и тие нема да биднат македонци од Македонија, макар биле косооки или изгорени ...



Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1990
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 31-Jan-2018 at 17:40
Урбаниот метеж во главниот град ќе се расчисти со изградба на железнички краци околу Скопје

Урбаниот метеж во главниот град во голема мера ќе се расчисти со изградба на железнички краци околу Скопје. Ова го најави министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски на меѓународната конференција на тема “Развој на урбаната мобилност за одржлив град и град во кој квалитетно се живее” што се одржа во Скопје.

– Како една од мерките за поголема употреба на јавниот транспорт во Програмата за работа предвидовме изработка на студии за изградба на приградски железнички сообраќај. Во услови кога имаме неколкукратно зголемување на бројот на возила, кога имаме урбан сообраќаен метеж, а инфраструктура е ограничена, мора сите заеднички да најдеме решенија за унапредување на транспортната ефикасност се со цел да го подигнеме квалитетот на урбаното живеење. Токму во таа насока е ова алтернативно транспортно решение – рече Сугаревски.

Планот предвидува изградба на четири железнички краци околу Скопје. Првиот крак ќе тргнува од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Пинтија, 11 Октомври и до центарот на Скопје кој ќе биде со должина од 24,5 километри. Вториот крак ќе биде со должина од 18,7 километри и ќе стартува од Миладиновци преку Илинден, Маџари до Скопје – Патничка. Од тука ќе почне третиот крак кој ќе оди покрај Пивара, Железара, Скопје Север, Ѓорче Петров, Сарај до Радуша и ќе биде со должина од 32,6 километри. Четвртиот крак е изградба на нова пруга од Миладиновци до Аеродром Петровец во должина до 5 километри.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави повеќе проекти со чија реализација македонската метропола од град со автомобили треба да премине во велоград. Тој спомена изградба на повеќе велосипедски патеки, места за паркирање на велосипеди и непрекината нова велосипедска патека долж кејот на реката Вардар.

– Ве уверувам дека повторно ќе може да се пофалиме со непрекината нова велосипедска патека долж кејот на реката Вардар што поради градежните активности на т.н. проект “Скопје 2014” е прекината и не е во функција. Левата страна на реката Вардар планираме да добие нови содржини, велоспидски патеки, осветлување и спортски реквизити, а десната страна ќе биде целосно посветена на велосипедистите и пешаците – истакна Шилегов.

На крајот од своето обраќање, градоначалникот истакна дека со предвидените политики на градот во областа на сообраќајот, се очекува тој да се растовари, функционалноста на градот да се зголеми, а граѓаните да имаат повеќе простор за безбедно пешачење и за возење велосипед.

На конференцијата обраќање имаше и Вирве Вимпари, претставничка од Делегацијата на ЕУ во Македонија, како и професорот од Универзитетот во Лондон, Питер Џонс, кој говореше за проектот CREATE и ги сподели искуствата на некои западноевропски земји кои би му помогнале на Скопје во поглед на транспортот.

CREATE или „Congestion Reduction in Europe – Advancing Transport Efficiency“ е проект за справување со урбаниот сообраќаен метеж на патиштата и како тоа да се постигне на долгорочен период, посебно во градовите со брз пораст на употребата на автомобилите.

Главната цел на овој проект е намалување на сообраќајниот метеж во европските градови преку поттикнување промена, односно префрлање на патувањата со автомобил на патувања со одржливи видови транспорт како што се јавен транспорт, транспорт со велосипед и пешачење.

http://skopjeinfo.mk/urbaniot-metezh-vo-glavniot-grad-kje-se-raschisti-so-izgradba-na-zheleznichki-kraci-okolu-skopje
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1990
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 31-Jan-2018 at 18:20
Тоа отприлика изгледа вака:
Црвено: Линија 1 - Зелениково-Железничка (22.5km);
Сино: Линија 2 - Миладиновци-Железничка (18.2km);
Виолетово: Линија 2а - Аеродром Александар Велики-Миладиновци (5.14km);
Портокалово: Линија 3 - Радуша-Железничка (32.6km);
Бела ознака: Постоечка железничка станица;
Тиркизна ознака: Нова железничка станица.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 31-Jan-2018 at 18:41


Thumbs%20Up


Инаку ме збунува должината што се спомнува за кракот од Миладиновци до аеродромот Петровец (во должина до 5 километри). Навистина е тешко да се замисли од каде ќе го носат за да биде толку долг...

Во врска со новата станица на аеродромот, идеално би било доколку биде сместена на тревнатиот простор помеѓу терминалот и паркингот, вкопана во засек.

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 31-Jan-2018 at 18:59
Ова не е добро осмислено и би рекол дека е премногу популистички.

Работата е возовите на приградска железница да сообраќаат барем на половина час, а со такво темпо, колку луѓе би се возеле на потезите од Кондово до Радуша, од Драчево до Зелениково или од Илинден до Миладиновци?

Треба вториот и четвртиот крак веднаш да се спојат и линијата да иде Илинден-Бунарџик-Миладиновци- Аеродром А. Велики, така што ќе ги спојува и ТИРЗ и Окта и аеродром и индустриската зона околу Дени со центарот, за да биде рентабилна

Инаку, економски е неисплатливо градскиот воз да иде по линии кои речиси по целата втора половина од својата должина нема да бидат пополнети ни со 10% во однос на првата половина. А треба да земеме во предвид дека низ Зелениково ќе поминува и возот за Велес, низ Миладиновци и возот за Куманово, а низ Радуша и возот за Тетово.

Edited by phenomenon - 31-Jan-2018 at 19:14
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 31-Jan-2018 at 19:35
Originally posted by Staro Skopje

Тоа отприлика изгледа вака:
Црвено: Линија 1 - Зелениково-Железничка (22.5km);
Сино: Линија 2 - Миладиновци-Железничка (18.2km);
Виолетово: Линија 2а - Аеродром Александар Велики-Миладиновци (5.14km);
Портокалово: Линија 3 - Радуша-Железничка (32.6km);
Бела ознака: Постоечка железничка станица;
Тиркизна ознака: Нова железничка станица.


Зошто нема станица за Визбегово. Плус таму имаш бројни индустриски капацитети. Зошто немаш станици за ТИРЗ Бунарџик и за Дени Интернационал?
Студеничани ти е на помалку од километар од пруга - немаш станица, додека Морани почнува на пола километар од пругата, исто така немаш станица, додека од спротивната страна преку Вардар на пола километар од пругата ти е Огњанци, но ти НЕМАШ МОСТ.

Edited by phenomenon - 31-Jan-2018 at 19:35
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 31-Jan-2018 at 19:44
Форумаши, да не заборавиме дека оваа идеја за градско-приградска железница НЕ Е ИЗРАБОТЕНА на ниво на проектна документација. Нема ниту сообраќајни студии, ниту физибилити студија за одржливост на проектот. Сето ова треба допрва да се работи, по што ќе се знае колку станици и каде ќе се градат, кои краци први би се граделе, од каде ќе се поврзе аеродромот со постојната пруга итн.

Наместо да критикуваме нешто што постои единствено како идеја, предлагам да ја притискаме власта ШТО ПОБРЗО да пристапи кон изработка на проектната документација и сообраќајни студии, расчистување на евентуални имотно-правни односи и определување на моделот за финансирање на еден ваков капитален проект. Само за ова би требале минимум 3 години по моја слободна проценка.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1990
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 31-Jan-2018 at 19:50
Од Драчево до Зелениково би требало да има доволно патници за линијата да биде исплатлива, особено доколку се изгради станица и кај Студеничани. Тука може да се изгради уште една станица, во северозападниот дел од Зелениково.

Линијата 2а (која претпоставувам дека би била споена со 2, Сугарески најверојатно ја издвоил како посебен крак бидејќи треба да се гради пруга) би можела да се продолжи уште 1.5 километри до Петровец, со што би опслужувала повеќе жители. Станицата кај Аеродромот најдобро би било да се постави 200 метри југоисточно од паркингот, со што би била блиску и до терминалот, и до индустриската зона Ќојлија, кон која би се изградил подземен премин под автопатот. Може да се изгради станица и кај индустриската зона Бунарџик.

Мислам дека делот од Кондово до Радуша е непотребен. Доколку трошоците за негово функционирање би биле големи, тогаш најдобро би било линијата 3 да започнува од Кондово.

Најголемиот проблем на приградската железница е што доста населени места се прилично оддалечени од најблиските станици, па користењето на овој вид на јавен превоз не би било многу атрактивно. Треба да се фокусираме на ширење на населбите околу станиците и стимулирање на употребата на овој вид превоз за неговото воведување да не биде залудно.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.