build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Телеком арена (арена Филип II Македонски)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 209>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6924
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Телеком арена (арена Филип II Македонски)
    Posted: 14-May-2020 at 16:08
Теренот на Националната Арена „Тодор Проески’’ обновен според највисоките светски стандарди.
По период на едномесечни сеопфатни зафати, целосно е завршена реконструкцијата на тревната површина на Националната Арена „Тодор Проески’’. Периодот на стопирани спортски активности во државата, АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје максимално го искористи за оваа исклучително важна постапка за квалитетот на теренот која ќе донесе долгорочен позитивен ефект во однос на неговата форма и издржливост.
Извадени се чепови за подобра дренажа на теренот, извршено е површно гребење за отстранување на коровот на тревата, пресеан е комплетниот терен со високо квалитетни семиња ,а површината е порамнета и со екстра фин песок и тресет за квалитетна основна подлога.











https://www.facebook.com/adsdp.makedonija/
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Nov-2019 at 03:55
Мизерија невидена, еден стадион имаме и неможеме да го доправиме до крај како што треба...кога за суперкупот на УЕФА не ги средија фасадите којзнае кога ќе се случи тоа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Nov-2019 at 01:49
Изградено-недоградено...
Која мизерија сме...
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Nov-2019 at 01:04
Originally posted by skopskodete

До кога јужната и западната трибина ќе стојат без фасада?

Срамота за АДСДП!
Koga kaj nas se napravilo nesto kakosto treba? I ne e samo fasadata, tuka ima uste dosta za pravenje.
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Nov-2019 at 15:10
samo istocna e so fasada fali na drugite tri

Edited by Dzeksi - 23-Nov-2019 at 15:11
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 22-Nov-2019 at 15:36
До кога јужната и западната трибина ќе стојат без фасада?

Срамота за АДСДП!
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1959
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Apr-2019 at 15:01
Фудбалски стадион - Тоше Проевски
или
Концертна сала - Тоше Проевски

А Влада?   
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Apr-2019 at 12:48
Originally posted by Kid_A

Originally posted by Мартин

Сепак мислам дека стадионот треба да носи име на спортист, а не Тоше Проески.

Добра колумна на оваа тема - линк


Зошто да не носи име на Филип Македонски? Заев и Ципрас ли одредуваат?


Филип II е историска личност која нема поврзаност со современиот спорт, што му е примарната намена на стадионот. Веројатно има примери низ светот на спортски арени што носат имиња на историски личности, но сепак мислам дека не беше најприкладно одбран назив. Иако, во секој случај, поприкладно од Тоше Проески, чие име требаше да се чува за некој објект од културата, за нова концертна сала (ако некогаш се изгради) или за Универзалната сала (ако некогаш се реновира).
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4751
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Apr-2019 at 06:17
„Македонски“ doesn't mean what you think it means.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Apr-2019 at 23:47
Originally posted by Мартин

Сепак мислам дека стадионот треба да носи име на спортист, а не Тоше Проески.

Добра колумна на оваа тема - линк


Зошто да не носи име на Филип Македонски? Заев и Ципрас ли одредуваат?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13144
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 02-Apr-2019 at 20:45
Originally posted by Мартин

Сепак мислам дека стадионот треба да носи име на спортист, а не Тоше Проески.

Добра колумна на оваа тема - линк


Апсолутно сум сигурен дека имаме докажани спортисти (во случајов фудбалери) чие име треба да го носи стадионот.

Вака испаѓа страшно непочитување кон нив.

А на твитер имаше една зафрканција на темава: Универзална сала „Дарко Панчев“.
За сè има вторпат
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 02-Apr-2019 at 20:01
Сепак мислам дека стадионот треба да носи име на спортист, а не Тоше Проески.

Добра колумна на оваа тема - линк

Edited by Мартин - 02-Apr-2019 at 20:03
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 02-Apr-2019 at 14:48
Originally posted by Џоле

Националната арена „Филип Втори“ ќе биде прекрстена и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески, неофицијално потврдија од Владата за Плусинфо. Од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП), ни потврдија дека поднеле иницијатива до Владата за преименување на стадионот. Оттаму додаваат дека за тоа како ќе биде преименувана Арената ќе се одлучува на Илинденска.

– АДСДП до Владата на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за потребата од донесување одлука за преименување на Националната Арена Филип II. Оваа иницијатива е во согласност со насоките на Владата да се изврши преглед и ревидирање на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку истиот се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција да се направат соодветни корективни мерки и активности. АД кое ефективно стопанисува со Националната Арена Филип II Mакедонски смета дека овој објект потпаѓа под генеричките поими на „јавните згради и инфраструктура“ и во таа насока сметаме дека постои основа за преиспитување на потребата за промена на името на ваквиот објект – велат за Плусинфо од АДСДП.


https://plusinfo.mk/%D1%82%D0%BE%D1%88%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF-%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/
Muzickoto uciliste vo Bitola, sega arenata, a tamu kade navistina treba da go stavat Tose npr. unoverzalnata sala, nigde gi nema!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13144
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Apr-2019 at 09:02
Националната арена „Филип Втори“ ќе биде прекрстена и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески, неофицијално потврдија од Владата за Плусинфо. Од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП), ни потврдија дека поднеле иницијатива до Владата за преименување на стадионот. Оттаму додаваат дека за тоа како ќе биде преименувана Арената ќе се одлучува на Илинденска.

– АДСДП до Владата на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за потребата од донесување одлука за преименување на Националната Арена Филип II. Оваа иницијатива е во согласност со насоките на Владата да се изврши преглед и ревидирање на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку истиот се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција да се направат соодветни корективни мерки и активности. АД кое ефективно стопанисува со Националната Арена Филип II Mакедонски смета дека овој објект потпаѓа под генеричките поими на „јавните згради и инфраструктура“ и во таа насока сметаме дека постои основа за преиспитување на потребата за промена на името на ваквиот објект – велат за Плусинфо од АДСДП.


https://plusinfo.mk/%D1%82%D0%BE%D1%88%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF-%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Sep-2017 at 13:55
За да биде телеком арена треба повеќе да инвестираат. 2-3 мил евра не е ништо за рекламирање преку 20 години. Selber schuld. (самиот виновен)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4751
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Sep-2017 at 13:48
Додуша за време на суперкупот ако се сеќавам добро, арената секаде беше именувана како Филип II, а никаде не слушнав Телеком Арена.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1959
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Sep-2017 at 12:17
Милам дека е ова намештаљка. Сакаа само да го искористат моментумот за суперкупот!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 10-Sep-2017 at 00:51
Слободно може да се врати старото име на темава: Национална Арена Филип II Македонски.
 
Швабите го раскинуваат договорот со АДСДП бидејќи наводно не биле задоволни од просторот за покриеност и промоција кој го добиле со ребрендирањето на стадионот.
 
http://ekipa.mk/telekom-go-raskina-dogovorot-so-adsdp-se-vraka-filip-vtori/
 

„Телеком“ го раскина договорот со АДСДП: Се враќа „Филип Втори“!

 
Објавено: септември 7, 2017 9:54
 

 
Македонски Телеком предвреме го раскина договорот со Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на Република Македонија (АДСДП), за ребрендирање и именување на националната арена „Филип Втори Македонски“ во „Телеком Арена“, дознава ЕКИПА.
 
Иако засега од АДСДП нема информација околу одлуката на „Телеком“, сепак како што дознаваме, по препорака директно на централата на „Телеком“ од Германија е изгласана одлука од страна на бордот на директори на Македонски Телеком за раскинување на договорот. Според нашите информации, Германците се силно револтирани поради непочитување во изминатите две и пол години на одредбите од меѓусебниот договор од македонската страна за соодветна покриеност и промоција на „Телеком“ на сите настани кои биле организирани на нашиот најголем стадион, како и несоодветно брендирање на националната арена.
 
Тогашниот генерален директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, при потпишувањето на договорот, истакна дека со брендирањето на Националната Арена во Телеком Арена, Македонија се приближува уште еден чекор напред кон светски прифатените трендови во спортската индустрија, така што на овој начин арената ќе добие уште поатрактивен и модернистички изглед, кој секако е на општо задоволство на сите граѓани во државата.
 
„Соработката помеѓу големите компании и спортската индустрија, особено именувањето и брендирањето на големи важни спортски објекти е добровоспоставена пракса низ целиот свет. Па затоа, потпишувањето на Договорот за соработка со Македонски Телеком е доказ дека националната арена добива сигурен и доверлив деловен партнер во иднина. Стадионот во Градскиот парк е импресивен објект и препознатлив белег на градот Скопје и околината. Нашата поддршка ќе обезбеди промоција на Телеком Арената во пошироки рамки по теркот на светски познатите стадиони, но и дополнително ќе го поттикнеме здравиот начин на живот и развојот на спортски дух кај граѓаните во државата“ – изјави пред две години по потпишувањето на договорот, и главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Маиерхофер.
 
Никогаш во јавноста не беше објавена висината на меѓусебниот договор, но според нашите информации, сега Телеком, поради неисполнување на договорот од едната страна, иако неофицијално, ќе бара и рефундирање на дел од средствата кое претходно беа вложени за реконструкција на Арената.
 
По ова, нашиот најголем стадион повторно се враќа на своето претходно име „Филип Втори Македонски“, иако не е тајна дека добар дел повозрасни љубители на фудбалот, како и навивачи на најтрофејниот македонски клуб Вардар бараат и враќање на неговото прво име – Градски стадион Скопје.

Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Aug-2017 at 23:43
Феноменална организација и афирмација на Македонија доживеавме. За прв пат после толку години горд де се почуствуваш дека си македонец!
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13144
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 11-Aug-2017 at 18:07
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 209>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.578 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.