build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Телеком арена (арена Филип II Македонски)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5859606162 208>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1181 Posted: 05-Aug-2009 at 02:52
 
Градежните инженери велат дека бетонските и челичните делови од трибината се според стандардите, но предупредуваат дека можност за недоволен квалитет поради брзањето да се заврши побрзо со изградбата може да има кај монтажата на столчињата, поставувањето на рефлекторите и останатите занаетчиски работи.
 
 
Супер, значи нема да се сруши цела трибина али пазете да не ви падне некој рефлектор на глава или пак столчето да ви се откачи...Bash Важно ќе биде "готова" за со Шпанија, голема работа ако столчињата се цели румби тумби...
 
Текстов е доста негативен и политички али и од сликите во оваа нишка човек може да види дека некои работи едноставно не се направени како што треба од што се брзало. Тоа ти е политички притисок и реномирана компанија губи интегритет и све, нема везе идемо даље Cheers
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1182 Posted: 05-Aug-2009 at 05:29
Овие изјави за безбедноста на трибината се отидени ептен предалеку.

Ако дотичните имаат некакви сознанија и вистински аргументи, тогаш нека ги соопштат под итно, затоа што работата е многу сериозна и илјадници животи се во прашање! Ако не, тогаш шат д' фак ап !!!
Бидејќи вакво рушење на имиџот на државата и една од македонските најистакнати градежни компании и највеќе од се вакво ширење на недоверба и паника се тотално недозволиви.

И не ми е јасно по кој основ го прашале баш Жерновски да „анализира“ и по кој основ он се почуствувал стручен и запознаен па да дава онакви сериозни квалификации.
Од политичар што и да се очекува, ама навистина непријатно ме изненади Грчев, за кого имам стекнато големи симпатии поради неговата борба против владиниот масакар на центарот на Скопје. Барем тој како архитект требаше постручно и попрофесионално да истапи.
Сите сме свесни дека со изградбата се брзаше (според мене непотребно и единствено ради чалам поради носењето на Шпанија) и дека тоа брзање не поминало без последици, ама криво наредени столчиња се една работа, а нарушена безбедност сосема друга...

Конкретно изјавите за некаква посебна небезбедност на трибината ги ценам отприлика вака   Toilet
Јас за мечот со Шпанија набавив карта за јужна и многу ми е криво што не најдов за северна. Па ако има некој со карта за северна, а на кого јужна му се гледа побезбедна, радо би се менувал! Има ли такви?



Edited by Cloverstack - 05-Aug-2009 at 05:30
Back to Top
IronMan View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 15-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote IronMan Quote  Post ReplyReply #1183 Posted: 05-Aug-2009 at 06:26
"- Тврдам дека Северната трибина нема да има никакви проблеми со носивоста - смирува Горан Марковски, професор на Градежниот факултет во Скопје."
 Tipov mi bese prof dodeka studirav na Gradezen i e eden do porenomiranite profesori na GF, malku aroganten ama toa e,taka da kako kaze doktorov taka e, ne se sekirajte deca sigurna e severna, sega za sega
A toa za betonot sto se vraduva, tocno e deka ne se cekaat potrebnite 28 dena za da betonot ja postigne negovata jakost, so cel da se ubrzaa rabotava se dodavaat aditivi za da betonot dobie na jakost , sto e nekoj vid na vestacko dobivanje na jakost , e sega dali betonot ke ja dobie taa jakost od tie aditivi, zavisi samo od kvalitetot na tie aditivi.
Mene licno da me prasate vo vrska so betonot, jas sepak ne bi mu staval nisto i bi cekal 28 dena ama toa e koga si ogranicen so rokovi.
A toa sto prof.markovski go izjavuva e so pricina normalno.
1. Se e vo red i saka da ja smiri tenzijata
2. Pa covekot saka da se eksponira i  posle on da ja pravi revizijata za stadionot da zeme pari, abe se e toa smisleno
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #1184 Posted: 05-Aug-2009 at 07:37
Originally posted by ovaj_stariov

еве две интересни слики од Сител


Зошто имам чувство дека сликиве го извртеа цел македонски форум простор?
Инаку јас ги направив скриншотовите, пред некоја страна се постирани и тука.

*****

А она што викате за стручните коментари на Жерновски... па јас од сите слушам дека ќе иделе на јужна зошто била проверена. Ретко кој слушнав дека ќе иде на север, а најголем дел од картите за таму се разделени по ФФМ и спонзори...
Back to Top
IronMan View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 15-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote IronMan Quote  Post ReplyReply #1185 Posted: 05-Aug-2009 at 08:18
JAS KE ODAM NA SEVER!!, ako paga sever, pagam i ja so nego, ili obratno bese
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #1186 Posted: 05-Aug-2009 at 10:37
Kako diplomiran inzenjer arhitekt ne mozam da se izancudam na pametot i izjavite na licnosti od tipot na Zernovski(mislam deka e gradezen inzenjer) ili kolegata Miro Grcev vo odnos na bezbednosta na severnata tribina.....dali e od revolt  ili pak plasiran odgovor so politcka ikonotacija mozebi samite si znaat najdobro...no sepak se javni licnosti i vakvi izjavi vo javnosta ne bi trebalo da se plasiraat bez prethodni analizi i proucuvanje na samiot proekt...so eden zbor kazano pateticno i razocaruvacki...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1187 Posted: 05-Aug-2009 at 11:47
и како бе им текна да се бунат откако се изгради трибината?
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #1188 Posted: 05-Aug-2009 at 12:00
Стварно да се разочараш како можи од толку образовани и високо поставени личности да излегуваат толку глупави изјави.

Можеби сакаат да соберат политички поени,да ја напднат владата но според мене индиректно го оцрнуваат Бетон.
Да сум на местото на раководството на бетон би ги тужел.

P.S.Имам карта за северна Cheers


build.mk, гради форумска историја
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1189 Posted: 05-Aug-2009 at 12:14
 
Чекаме слики, глеј бутни се у соблекувална ако можеш, ако не тогаш барем сликај вециња, скали, столчиња итн...  Big%20smile LOL
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #1190 Posted: 05-Aug-2009 at 12:17

"БЕ­ТОН" СЕ СМЕЕ НА ИЗ­ЈА­ВА­ТА НА ПРА­ТЕ­НИ­КОТ НА ЛДП ДЕ­КА СЕ­ВЕР­НА­ТА ТРИ­БИ­НА Е НЕ­БЕЗ­БЕД­НА

Жер­нов­ски тре­ска глу­пос­ти

Ин­же­не­ри од "Бе­тон", кои ра­бо­те­ле на из­град­ба на Се­вер­на­та три­би­на, уве­ру­ва­ат де­ка ста­ти­ка­та на об­јек­тот е топ и не­ма при­чи­на за не­до­вер­ба

Гра­деж­на­та фир­ма "Бе­тон" вче­ра со чу­де­ње ги от­фр­ли из­ја­ви­те на пра­те­ни­кот Ан­дреј Жер­нов­ски, кој за вес­ни­кот "Шпиц" ка­жа де­ка не­ма до­вер­ба во без­бед­нос­та на но­во­из­гра­де­на­та Се­вер­на три­би­на и за­тоа нат­пре­ва­рот со Шпа­ни­ја ќе го прос­ле­ди од спро­тив­на­та стра­на.
"Не­мам до­вер­ба во без­бед­нос­та на но­во­из­гра­де­на­та три­би­на, па за­тоа со си­но­ви­те ќе го сле­дам нат­пре­ва­рот од спро­тив­на­та стра­на. Не са­кам ниш­то да ри­зи­ку­вам, по­себ­но за­тоа што одам на ста­ди­он со де­ца­та", из­ја­ви пра­те­ни­кот на ЛДП Жер­нов­ски за вче­раш­но­то из­да­ние на "Шпиц".
"Тоа е ла­кр­ди­ја, сра­мо­та е не­кој да ка­же так­во неш­то. На тол­ку пот­ро­ше­ни па­ри, не­воз­мож­но е да се доз­во­ли так­во неш­то", ве­лат во ра­ко­водс­тво­то на "Бе­тон".
Пра­те­ни­кот Жер­нов­ски вче­ра бе­ше не­дос­та­пен за ко­мен­тар.
Ин­же­не­ри од гра­деж­на­та фир­ма, кои ра­бо­те­ле на из­град­ба на Се­вер­на­та три­би­на, уве­ру­ва­ат де­ка ста­ти­ка­та на об­јек­тот е топ и не­ма при­чи­на за не­до­вер­ба.
Про­ек­тот за из­град­ба на Се­вер­на­та три­би­на на ста­ди­о­нот "Фи­лип 2", ко­ја е ар­хи­тек­тон­ски иден­тич­на со јуж­на­та, чи­не­ше 805 ми­ли­о­ни де­на­ри и бе­ше це­лос­но фи­нан­си­ран од Вла­да­та. Таа ги обез­бе­ди и па­ри­те за об­но­ва на Јуж­на­та три­би­на и за из­град­ба на ис­точ­на­та и за­пад­на­та три­би­на, со што ста­ди­о­нот до 2012 го­ди­на ќе до­бие уни­фи­ци­ран, за­ок­ру­жен из­глед.
Но­ви­от из­глед на ста­ди­о­нот ќе дој­де до полн из­раз на 12 ав­густ, ко­га во при­ја­тел­ски меч ќе иг­ра­ат Ма­ке­до­ни­ја и ев­роп­ски­от пр­вак Шпа­ни­ја.


http://vest.com.mk/?ItemID=EA328522E6917944BE8DE0844E9DA07C&arc=1
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9018
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1191 Posted: 05-Aug-2009 at 12:21
Дечки опозиционериве навистина се испалија и си дадоа автогол. Но ајде да не ја труеме нишката понатаму со нивните политички бесмислици. Самото тоа што ги дискутираме веројатно е и исполнување на нивната цел.

Секако ако има аргументи што го доведуваат интегритетот на трибинат под знак прашалник нека ги презентираат, во меѓувреме не заслужуваат коментар. Трибината сигурно не е совршена но е меѓу најдобрите објекти што се изградиле во последниве 20 години во Македонија.
Back to Top
IronMan View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 15-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote IronMan Quote  Post ReplyReply #1192 Posted: 05-Aug-2009 at 12:21
hahahahahaha, koj K.. e ovoj zernovski , sto vrska ima ovoj za statika, covekot e gradezen inzener ama smer patista, i nikad ne proektiral nekoj pogolem i vazen proekt u zivot, sto se razbira, so seta pocit prema nego ama mislam deka poubavo da si ja gleda politikata i da ostavi na 'vistinskite" inzeneri da si ja gledaat rabotata
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #1193 Posted: 05-Aug-2009 at 14:00
Wallbash Жерновски е патар!?!

Златна професија си има...што си го црни името во политика!?

...и што им требаат вакви глупи муабети на новиниве!? Па и вчера продавачките у продавница ги слушам, како „стварно“ не била безбедна трибината, јужна си е јужна и сл. глупости, ми идеше да си гризнам од к**** што тие незналици купиле карта (па уште заради Торес), а не разликуваат корнер од фаул...

Од брзањево најмалце ме плаши бетонот...очекувам да видам лоши спојки, криво наредени столчиња или некои моменти како шљунакот во партерот, ама тоа не е барем по живот опасно...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
vendetta View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote vendetta Quote  Post ReplyReply #1194 Posted: 05-Aug-2009 at 14:17
Originally posted by Dave Gahan

Wallbash Жерновски е патар!?!

Златна професија си има...што си го црни името во политика!?

...и што им требаат вакви глупи муабети на новиниве!? Па и вчера продавачките у продавница ги слушам, како „стварно“ не била безбедна трибината, јужна си е јужна и сл. глупости, ми идеше да си гризнам од к**** што тие незналици купиле карта (па уште заради Торес), а не разликуваат корнер од фаул...

Од брзањево најмалце ме плаши бетонот...очекувам да видам лоши спојки, криво наредени столчиња или некои моменти како шљунакот во партерот, ама тоа не е барем по живот опасно...


Мислам дека секој што не се разбира од градежништво, има право да се сомнева во вакви изјави и покрај тоа што се неточни и непоткрепени, и се изнесени со друга цел.

Еве на пример татко ми е геодетски инж. и има познавање во областа на градежништвото. Го прашав за случајов и ми објасни дека сепак треба да поминат тие одредени денови каде што се дефинира и зацврстува бетонот, можеби не 28 како што е предвидено за колку таму проценти но сепак да има пауза помеѓу едно ниво и др..

Сепак никој не чека после секоја плоча или слично 28 дена. Па имаме градежни фирми кој се реномирани тука и во светот и кој имаат работно искуство со децении.

А за тој Жерновски Bash

Depeche Mode сакав да кажам само дека народот има право да се сомнева на вакви гласини било точни или неточни.. сепак се работи за живот.

Сега треба да излезе некое стварно стручно лице и да го закопа 15 метри под земја Жерновски, со зборови секако LOL
------------------------------
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1195 Posted: 05-Aug-2009 at 14:31
Еве разглкедајте наназад и приметете ја динамиката како се градеше стадионот. Секое ниво се градеше постапно од запад према исток. Додека едно ниво се заврши комплетно на својот источен крај, западниот крај веќе одлежал скоро месец дена па се почнува со второто ниво повторно од тука и додека се сигне повторно до исток пак си прошле месец дена и така итеративно сите нивоа. Башка бетон не му е прв пат да гради пограндиозен објект! Надвор имаат парче напраено!
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #1196 Posted: 05-Aug-2009 at 14:34
Еве и јас се сомневам, поточно јас се сомневам во се' и јас имам некакво познавање ама не излегувам во дневен весник да дигам паника. Објектот поминал на технички прием, па ако му е страв, нека седи дома пред телевизор, а со вакви изјави може да предизвика Шпанија да не сака да го одигра натпреварот без некаква независна експертиза, за која сигурно ќе треба време (која сигурно нема да установи ништо спорно). За жал сето ова настана заради немилиот настан со работникот и наводното брзање во изведбата, па и многу муабети низ градов почнаат да се вртат без никаква основа. Се што не се е базирано на некакви сериозни факти не смее да добие ваква медиумска поддршка...

MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1197 Posted: 05-Aug-2009 at 18:30

“ФИЛИП ВТОРИ” ПОУБАВ ОД МАКСИМИР

За прв пат откако во поранешна Југославија беше изградена јужната трибина некој се сети дека на најголемото спортско здание во земјава му е потребна реконструкција.

По завршувањето на градежните работи на арената “Филип Втори” земјава чекор поблиску до стадион на кој би можело да се организираат големи европски и светски натпреварувања. Медиумите од регионот уште пред завршувањето на северната трибина пишуваа дека Македонците градат објект со кој можат да се гордеат.

Хрватски Индекс воодушевен од новиот изглед на северната трибина и целата арена пишува дека “Филип Втори” е далеку поубав стадион од нивниот Максимир.

Македонската бонбониера сега ќе има капацитет од 30 илјади гледачи и ќе ги исполнува строгите УЕФА и ФИФА стандарди. Челниците на фудбалските организации се заканија дека доколку не се санираат подтрибинските простори на јужна  македонската фудбалска репрезентација своите натпревари од циклусот за квалификации на европското првенство 2012 година ќе мора да ги игра на некој од стадионите во соседството.

Замерија на туш кабините, тоалетите, соблекувалните и просторот во кој фудбалерите се подготвуваат непосредно пред да истрчаат на тревата. Но сега, со новата северна трибина овие проблеми се веќе минато. Грдата глетка која ја создаваше старата северна,  без покрив, ја замени високо модерна нова трибина која во иднина ќе биде централна на арената “Филип Втори Македонски”.

За нејзината реконструкција државата потроши 14,5 милиони евра и е дел од проектот за целосна реконструкција на стадионот, што подразбира нова источна и западна трибина. Целосно, според плановите националната арена треба да биде готова до крајот на 2011 година. 



www.sitel.com.mk
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1198 Posted: 05-Aug-2009 at 18:45
што па поубав од максимир? без навреда до хрватите, ама Максимир е грд, пологично ми е да го споредат со Пољуд бидејќи сличноста е далеку поголема
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #1199 Posted: 05-Aug-2009 at 21:26

Навистина орекрасно здание. Се надевам на што поскорешна реконструкција на јужна, дури мислам дека тоа е и поургентно отколку Исток и Запад. За патетичната изјава на Грчев, без врска е и да се коментира. Пробува да собере евтини политички поени, но наместо тоа се покажа како се само не стручен. Навистина ме разочара, освен со коментарите дека паркингот не е сеуште решен. Во секој случај со среќа на 12ти. Дали некој знае каде ќе бидат сега поставени камерите? Јас мислам подобро да си останат на Јужна бидејќи така цело време ќе се прикажува „поубавата“ половина.

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1200 Posted: 06-Aug-2009 at 01:41

Има уште многу работа на „Филип Втори“

Околу 90 отсто од изградбата на Северната трибина на стадионот „Филип Втори“ во Скопје е завршена, пред пријателскиот натпревар со фудбалската репрезентација на Шпанија на 12 август. Останатиот дел од работата на стадионот ќе се заврши во следните четири години, велат од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Владата донела одлука во следните четири години целосно да ги реновира и западната и источната трибина, целосно да ја реконструира јужната трибина и да го промени теренот со нова тартан-патека, дренажа и грејачи.

- Изградбата е завршена со 90 проценти, но опремата е само делумно донесена, па од финансиски аспект може да се каже дека реализацијата е до половина - истакна Зоран Мисовски, директорот на секторот за градба при ЈПССДП.

По четири години арената „Филип Втори“ ќе има капацитет од 36.400 гледачи. Во моментов на северната трибина се комплетирани 10.000 седишта, од кои 9.303 за гледачи, 456 за ВИП и 248 за новинари. Јужната трибина со реконструкцијата ќе се зголеми од 11.477 на 12.000 места, а Исток и Запад ќе прибираат по 7.152 гледачи.

Според она што го виде „Дневник“, ВИП-ложата е со кожени седишта, а видните личности до таму нема да одат по скали, туку со посебен лифт, кој веќе е тестиран од работниците. ТВ и радиокоментаторите ќе имаат можност да работат на 22 места во затворени студија.

ПОДОБРО ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ

Мошне подобрени услови ќе имаат фудбалерите, за кои во поттрибинскиот простор е изградена интерна улица, по која може да се движат само официјалните возила и да ги избегнуваат мешаниците и опасностите. Резервните играчи и тренерите на средбата со Шпанија ќе седат на клупите во старите боксови до теренот кај јужната трибина. Но во наредниот период фудбалерите, по примерот на модерните стадиони, ќе се симнуваат по скали во поттрибинскиот простор на север.

Туш-кабините се' уште се градат, а соблекувалните се речиси готови. „Шминкањата“ со фасада и тревници не се ни започнати, чакалот и прашината наголемо се присутни, но значителни проблеми и натаму треба да се решат. Двата влезно-излезни моста за северната трибина излегуваат на кејот на Вардар, па гледачите ќе треба да се „туткаат“ на пешачката патека и да чекаат на насипот, а дополнителен притисок создава нелегалната градба позната како „Кинески ѕид“. Патеката мора да се прошири во иднина до 8 метри за да постои комоција - признава одговорниот Мисовски.

ПАРКИНГ НИ ЗА ЛЕК

Паркинг ќе нема ни за лек, а допрва треба да започне подигнување на катна гаража на другата страна на Вардар, кај стариот автополигон. Во ЈПССДП велат дека градоначалникот Коце Трајановски се понудил со изградба на мост дотаму.

Многу позгодно ќе и' биде на публиката при непосредното следење на мечот. Рефлекторите ќе снабдуваат светлина од 1.600 лукса при минимална норма на УЕФА од 1.500 лукса. Покривот е изграден од поликарбонат и дава многу попријатно чувство, за разлика од масивната градба на јужната страна. Озвучувањето е поставено на покривот, така што посебни служби се погрижиле за подобра акустика за гледачите. Низ 12 излези од трибината, пресметано е празнење на гледалиштето за 7,5 минути.

- Препораките на УЕФА се од една трибина да може гледачите да излезат за максимум 12 минути, а ние сме подобри за 4,5 - наведе Мисовски.Безбедноста е на високо ниво, постојат скалила за вонредни ситуации што водат кон теренот, а при сите служби постои и амбулантна просторија за медицинска помош на присутните. Се тестира и новиот сопствен генератор, кој во вонредна ситуација со 350 киловати би го снабдил со струја целиот стадион.

Проблемот со семафорите ќе се решава со веќе распишан тендер, но поставувањето бара време. Два ќе бидат поставени на источна и западна трибина со димензии од 16 на 8 метри и дисплеј од 100 квадратни метри.

Државата ќе менаџира со поттрибинскиот простор

Владата одлучи самата да го менаџира поттрибинскиот простор и да не го дава под концесија на стопанственик што би се грижел за комерцијалните услуги под пазарни услови. Таа ќе формира посебно акционерско друштво составено од членови на разни јавни субјекти кои ќе раководат со просторијата за кардио-фитнес, канцелариите, кафетеријата, салонот за убавина, апартманите, салата за состаноци, џакузи и друго.

Александар Кузмановски

 

Dnevnik

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5859606162 208>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.438 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.