build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Телеком арена (арена Филип II Македонски)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5455565758 209>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1101 Posted: 29-Jul-2009 at 02:00
Видете факт е дека случајов е несреќен, но вакво нешто воопшто не треба да не зачудува толку колку што не зачудува. Таа работа е опасна и носи свои ризици. Па макар и било најобезбеденото градилиште на свет пак постои ризикот. На голем број објекти (посебно масивни) низ свет пишува колку животи земал објектот при изградбата. Колку што разбравме во овој случај ХТЗ стандардите не биле испочитувани докрај (работникот не го носел каишот којшто бил клучен во моментов) и се случило несреќа. Сепак државата мора да си води сметка за стандардите и да ги заштит своите граѓани.

А во однос на роковите, нема што сега усул не усул. Тендерот е таков како што е, бујрум која компанија планира дека ќе може да го испочитува нека гради. Зашто усул кога бетон склучил договор и се обврзал кон рокот. Ако смета дека неможе и ако бара усул, има некој друг што ќе може. Тоа што бетон не ангажира две смени работници, туку една смена продолжена не е ниту работа на влада ниту на ффм ниту на никого. И уште нешто за рокот..... Барем нешто у оваа држава да завршиме на време без пробивање рокови.




Edited by lslcrew - 29-Jul-2009 at 02:58
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1102 Posted: 29-Jul-2009 at 02:59
Инаку браво за таблата на стадионот. Ми се допаѓа изборот на азбука со која е напишано името на Филип втори под сликата.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1103 Posted: 29-Jul-2009 at 08:15
Originally posted by lslcrew

Видете факт е дека случајов е несреќен, но вакво нешто воопшто не треба да не зачудува толку колку што не зачудува. Таа работа е опасна и носи свои ризици. Па макар и било најобезбеденото градилиште на свет пак постои ризикот. На голем број објекти (посебно масивни) низ свет пишува колку животи земал објектот при изградбата. Колку што разбравме во овој случај ХТЗ стандардите не биле испочитувани докрај (работникот не го носел каишот којшто бил клучен во моментов) и се случило несреќа. Сепак државата мора да си води сметка за стандардите и да ги заштит своите граѓани.

А во однос на роковите, нема што сега усул не усул. Тендерот е таков како што е, бујрум која компанија планира дека ќе може да го испочитува нека гради. Зашто усул кога бетон склучил договор и се обврзал кон рокот. Ако смета дека неможе и ако бара усул, има некој друг што ќе може. Тоа што бетон не ангажира две смени работници, туку една смена продолжена не е ниту работа на влада ниту на ффм ниту на никого. И уште нешто за рокот..... Барем нешто у оваа држава да завршиме на време без пробивање рокови.


 
 
 
Неможе така едноставно да се гледа на работите. Двете работи се поврзани, ако  некој нонстоп ти прави притисок нормално е човек да скрпува и да брза а така најчесто се случуваат несреќи. Треба да се пазат роковите али не по секоја цена.
 
 
 
Со лицето надолу падна, се откачи скелето, а воопшто нема скеле, само две цевки има“, рече работник на Градскиот стадион.
 
 
Во случајов не знаеме што точно се случило, дали скелето не било наместено како што треба од што фирмата е под голем политички притисок да заврши до 2 август и работниците работат премногу долго и брзо или пак фирмата воопшто не пази на стандардите. Едноставно не знаеме. Али дефинитивно не треба онака лежерно да викаме јебига се случува. Сегде постои ризик али токму затоа постојат стандарди и кациги и појаси (не се само ради реда, несреќава најдобро ни го покажува тоа)
 
 
 
 
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #1104 Posted: 29-Jul-2009 at 08:47
Ова се screenshot-ови од прилогот на Сител, каде има панорамски снимки врз стадионот.
Мене ми изгледа убаво убаво одозгора (иако сликата е малку лоша).



Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #1105 Posted: 29-Jul-2009 at 08:56
Прво морам да кажам дека ми е жал за човекот, се надевам дека ќе се опорави од оваа несреќа.
Ова за роковите што коментирате е релативно, без познавање на вистиниските рокови и сите околности. Факт е дека секогаш има непредвидени работи и динамиката на градба се нарушува, тоа не е ништо ново. Знаме колку е тешко Шпанија да се донесе на еден пријателски меч и веројатно термините на УЕФА дополнително ја искомплицирале целата ситуација со роковите.
Најмногу што мене ме загрижува е квалитетот на работите што се изведуваат. Голема е веројатноста да се „уплеска сега нешто набрзина, па после ќе видиме“. Кога вака се брза најмалку што се мисли е заштитата на работниците, а после тоа иде квалитетот на тоа што се работи. Се замижува на многу недоследности...на салата „Борис Трајковски“ и ден денес се останати да висат каблите, цел влезен претпростор го прекопуваа заради промашен пад, а партерот да не праиме муабет - уште хиени не сум видел меѓу тревата...
Како се гради стадионов во циклуси по 40 години, ќе се изначекаме до следната ваква можност...


MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1106 Posted: 29-Jul-2009 at 09:10

Потполно се сложувам, да не беше Шпанија следна утакмица на репрезентација ќе беше негде септември/октомври 2010, сосема доволно време. И мене ме плаши квалитетот, факт е дека откако се договорија со Шпанциве одма се убрза изградбата .... барем да беше официјална утакмица па да збориме за атмосфера итн. ... вака треба да се праша човек дали вреди потенцијално да го усереме стадионов и луѓе да умрат ради една пријателска?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12046
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1107 Posted: 29-Jul-2009 at 13:14
Originally posted by lslcrew

Тоа што бетон не ангажира две смени работници, туку една смена продолжена не е ниту работа на влада ниту на ффм ниту на никого.
Не си во право. Тоа уште како е работа на државни институции. Работниците имаат права регулирани со закони, да не може да бидат експлоатирани како во 18 век, а државата преку своите институции е таа која треба да обезбеди спроведување на тие закони. Ако се вистинити информациите кои процурија за тоа под какви услови се гради трибината, тогаш состојбата е крајно загрижувачка.
Несреќен случај апсолутно може да се случи и тоа е разбирливо, но многу е важно во какви околности се случил тој несреќен случај.
Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #1108 Posted: 29-Jul-2009 at 21:56

Очигледно се гледа идеја за распоредот на столчињата - кога ќе биде готов цел стадион ќе се комплетира Сонцето од Кутлеш Applause

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1109 Posted: 30-Jul-2009 at 04:00

macedonianfootball.com
avtor: jumbo
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3849
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1110 Posted: 30-Jul-2009 at 13:06
neka stavaat skeli, ne samo brzo brzomakar neka docnat, najubo e da docnat odkako da se sluci nesto strasno (primer deneska vo kapistec ->alsat m)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1111 Posted: 30-Jul-2009 at 17:00
Овие две слики се од натпреварот што моментално се игра на градски...

01.


02.


Овие две слики се од вчерашниот немил настан...

03.


04.
Back to Top
Дуле View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 17-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Дуле Quote  Post ReplyReply #1112 Posted: 31-Jul-2009 at 11:17
Идам денес сабајле по карти абе сите шо беа и старо и младо " Абе нова трибина знаеш вака така нова е недоградена ај боље на јужна..." а и тој шо беше у билетарата кажува као 2500 карти по фирми биле дадени 7500 карти биле пуштени у продажба.
А ме праша некој како било внатре вечерта коа бев. Влегов од западната страна и трибина ко трибина скоро слична на јужна али тоа скалите колку се стрмни у ПМ!!! мислам дека салто комотно можеш да праиш, затоа пазете коа се симињате.
Back to Top
Macedonian View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote Macedonian Quote  Post ReplyReply #1113 Posted: 31-Jul-2009 at 13:28
Takvi se sea skalite na site stadioni strmni,mislis ke padnes....
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #1114 Posted: 31-Jul-2009 at 15:44
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 228
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #1115 Posted: 31-Jul-2009 at 16:12
Почина работникот кој падна од скелето е сега само едно ме интересира се виде дека се притиска на сила да се заврши што побрзо и се поставува прашањето бидејки веке и првата жртва ја имаме - Дали на таквото брзо работење после ке се најдат пропусти?Дали поради брзањето може да доведе до немил настан?
Back to Top
UrbanGuerrilla View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote UrbanGuerrilla Quote  Post ReplyReply #1116 Posted: 01-Aug-2009 at 12:03
ПОЧИНА ГРАДЕЖНИОТ РАБОТНИК НА „БЕТОН“ ШТО ПАДНА ОД СКЕЛЕ
Се гине за Филип Втори

Почина градежниот работник од скопската фирма „Бетон“, кој по падот од северната трибина на арената „Филип Втори“ шест дена беше во кома, соопштија вчера од Клиниката за анестезија и реанимација (КАРИЛ). Градежникот, кој завчера попладнето им подлегнал на повредите, на интензивна нега беше примен со тешки повреди на главата и со внатрешно крвавење, а операциите кои му биле направени деновиве не успеале да ја подобрат неговата здравствена состојба. Тој во понеделникот утрото падна од скеле високо околу 15 метри. Трудовата инспекција, која веднаш по инцидентот излезе на терен, на северната трибина затекнала само 80 градежници, иако нивниот број беше поголем. Дознаваме дека вработените во „Бетон“ претходно дознале за инспекциската посета, па на многумина кои не биле со регулиран стаж им било кажано да ја напуштат изградбата. Инспекторите за време на контролата утврдија неправилности во работата на фирмата и дека вработените цел месец работеле без слободен ден. - Инспекторите остануваат на терен и будно ќе ги следат сите случувања до завршување на изградбата на трибината. По целосно комплетирање на истрагата, до Обвинителството ќе поднесеме кривични и прекршочни пријави за вработени во „Бетон“ поради утврдената небезбедност на работниците, при изградбата на трибината “ тврдат од Инспекторатот за труд. Оттаму велат дека работниците и шефовите за време на истрагата за инцидентот имале контрадикторни изјави и додаваат дека поради тоа тие ќе остават Обвинителството да одлучува кој за што е виновен. Градежниците и вчера на температури од 40 степени со полна пареа работеа, а ниту еден од главните луѓе на „Бетон“ не беше достапен да каже како ќе ги решат неправилностите што ги констатирале трудовите инспектори. Многумина коментираа дека се вратило времето на диктаторот Цезар кој по секоја цена инсистирал за кратко време да бидат изградени арените за гладијаторите, при што од исцрпеност починале десетици работници. Од канцеларијата на директорот на фирмата „Бетон“, Коста Глигоровски, веќе неколку дена се правдаат дека тој е на состанок и дека е многу зафатен. По неколкуте инсистирања да го добиеме, секретарката ни спушти слушалка со зборовите: „Јас не можам да ви помогнам“. Одговор за динамиката со која се работи на северната трибина до затворањето на весникот не добивме ниту од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, кое го распиша тендерот за изградба на трибината. И таму неколку пати вчера ни беше објаснувано дека директорот Владимир Бахчовановски е на состанок и не е слободен да даде изјава. Откако со крајни напори успеавме да го добивме на неговиот мобилен телефон, тој не упати на неговата електронска адреса, каде што побара да му ги испратиме прашања, со образложение дека доколку биде слободен ќе ги одговори. - За изградбата на северната трибина е задолжен „Бетон“, а во договорот што го потпишавме, прецизно се одредени динамиката за работа и датумот до кога треба да биде завршена изградбата “ кратко ни изјави Бахчовановски, кој моментно беше на состанок во Министерството за транспорт и врски. Останува дилемата дали навременото пуштање на северната трибина од стадионот, ќе се одрази врз здравјето на градежните работници, кои повеќе од еден месец се без слободен ден, а „Бетон“ не им ги исплаќал ниту вишокот од десет часа неделно за работа на екстремно високи температури.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=118786&EditionID=1773


Edited by Cloverstack - 01-Aug-2009 at 13:21
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #1117 Posted: 01-Aug-2009 at 12:59
Абе да ви кажам така е тоа секогаш треба да се случи беља за да некои да си ја чукаат главата. Инаку не очекувајте во оваа држава прописно работење има милиони вакви фирми што работат во спортивно од законите. Пиратска држава.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
vendetta View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 18-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote vendetta Quote  Post ReplyReply #1118 Posted: 01-Aug-2009 at 14:06
Не се почитуваат стандардите за сигурност кај нас тоа е точно.
Не е дозволиво ни тоа што работниците работат една смена по 12-14 часа.

Но секаде во светот се случуваат вакви несреќи... не дека само кај нас.
------------------------------
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12046
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1119 Posted: 01-Aug-2009 at 19:07

Утре се отвара „Арена Филип Втори Македонски“





 

Фудбалскиот храм „Арена Филип Втори Македонски“, најголемиот македонски стадион официјално ќе биде пуштен во употреба на големиот празник Илинден, утре, кога примерот Никола Груевски ќе ја пресече лентата. Северната трибина е готова, како што беше најавено токму за 2 август и сега стадионот ќе има капацитет од вкупно 25.000 седишта. Градежните работи на Северната трибина ги изведуваше градежната фирма „Бетон“. Спектаклот со кој и официјално ќе проработи „Арена Филип Втори Македонски“ е закажан за 12 август, кога ќе гостува актуелниот европски првак репрезентацијата на Шпанија

 
 
%20  
%20

%20
 
   

  Фотографија: Игор Бансколиев


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=819104281&id=19&prilog=0&setIzdanie=21753


Edited by Cloverstack - 01-Aug-2009 at 19:08
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #1120 Posted: 01-Aug-2009 at 23:59
зошто распоредот на столчињата ми изгледа катастрофален? Ни сонце, ни ништо нема да претставува, најверојатно брзаа да не не стигнат до 12ти. катастрофа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5455565758 209>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.420 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.