build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фудбалски стадиони во Македонија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Фудбалски стадиони во Македонија (општо)
    Posted: 03-Mar-2009 at 23:17
Во последно време зачестија ваквите вести, и секогаш кога ќе прочитам нешто слично не можам а да не си ја пејам мојата адаптација на рекламата на Кока-Кола

♫ Избори се ближат, избори се ближат ♪

Поставен камен-темелник на нов спортски центар во општина Илинден


Во Кадино се гради профи-фудбалско игралиште


Ова игралиште е 31. од Програмата "Изградба на 50 спортски игралишта низ државата", којшто го реализира Владата преку Агенцијата за млади и спорт


Младите спортисти, рекреативци и љубителите на фудбалот, жители на Кадино, наскоро ќе добијат ново игралиште со професионални димензии од 120 на 80 метри. Фудбалското игралиште ќе биде опремено со модерна опрема, ќе има монтажни трибини и соблекувална. Ќе биде осветлено со рефлектори за да се користи и во вечерните часови. Ова игралиште е 31. од Програмата "Изградба на 50 спортски игралишта низ државата", кој што го реализира Владата преку Агенцијата за млади и спорт-АМС.

Почетокот на градежните работи на новото фудбалско игралиште беше означен вчера. Темелите ги осветија свештеници од селската црква Свети Илија, а симболичното фрлање на првата лопата го извршија премиерот Никола Груевски, директорот на АМС Драган Ѓурчевски и градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски.

Во своето обраќање пред месното население, премиерот Груевски истакна дека овој проект е дел од стратегијата на Владата за инвестирање во спортот за развој на здрава младина.
- Некои не критикуваат зошто градиме и зошто најавуваме уште поголемо градење. Некои и не веруваа дека тоа што го ветуваме ќе го оствариме и дека ќе привлечеме инвеститори да го градат. Да оставиме нека не веруваат. Ние чекор по чекор, камче по камче, секој ден, недела, месец, секоја година во наредните години ќе градиме, ќе почнуваме градби, ќе ги надгледуваме нивните текови, ќе ги завршуваме, ќе ги пуштаме во употреба. Едноставно некои луѓе се родени да критикуваат, да оспоруваат да омаловажуваат, други се родени да создаваат. Тоа е разлика која јас верувам секој ќе ја препознае, рече Груевски. Тој се заблагодари на градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски за соработката во реализацијата на овој, но и на други владини проекти во општината.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Драган Ѓурчевски истакна дека инвестирањето во спортот е во рамки на стратегијата за создавање на здрава, социјализирана и физички активна младина.

Во општина Илинден во завршна фаза е уште едно помошно фудбалско игралиште, а од минатата година во функција е и новата спортска сала "Гоце Делчев".

Елизабета АРСОСКА
фото: Ѕ.Плавевски




http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BCB5610A56D57F4499D01D2E641E8A68
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1153
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Apr-2009 at 09:03
Neznam dali ovde da prasam ali vladata rece deka ke izgradi 35 mislim pomosni igralista za fudbal?
Znae nekoj dali tie se gradat ili ne?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4401
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Apr-2009 at 13:35
се градат се градат, тоа во битола е скоро готово. евидентирани се во некоја нишка, мислам баш овде, или во вести, не знам види.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Aug-2009 at 19:30
ФУдбалско игралиште во Крушево...

www.mia.com.mk
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1153
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Aug-2009 at 22:15
a ovaie fudbalski igralista terenite se so golemina kako gradskiot stadion??
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7056
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-Aug-2009 at 23:58
можеле поголеми монтажни трибини да направат

Edited by zabegan - 19-Aug-2009 at 23:58
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 15-Sep-2009 at 18:55

 

 

 

 

     

Игралиштето „Млади лавови“ ќе собира 500 гледачи


Игралиште со стандардни меѓународни димензии, 120 метри должина и 85 метри широчина, негов помошен терен, монтажни трибини, соблекувални и осветлување се составните делови на новото спортското игралиште „Млади лавови“ во Ѓорче Петров. Објектот се наоѓа покрај брегот на реката Вардар, на стотина метри од стадионот на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров

 

 
%20  
На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски, како и градоначалникот на општината Сокол Митровски.

Игралиштето е едно од педесетте што ги гради Владата во соработка со Агенцијата за млади спорт. Драган Ѓурчевски истакна дека изградбата на ова игралиште е уште еден доказ за определбата за инвестирање во иднината.

- Определба и посветеност во создавање здрава младина, која во иднина ќе биде двигател на напредните идеи во оваа држава. Очекуваме токму одовде да излезат идните фудбалски ѕвезди како Дарко Панчев, Горан Пандев, спортисти со кои во иднина сите ќе се гордееме и ќе бидат носители на македонската фудбалска репрезентација - изјави Ѓурчевски.

Во општината Ѓорче Петров досега во употреба се пуштени две спортски сали, а во иднина се очекува и изградба на нови тениски терени, како и завршување на изградбата на фудбалското игралиште во Ново Село.

- Ќе се изгради уште едно вакво исто игралиште во Ново Село и предвидено е тоа да биде готово до есента 2010 година - истакнаа општинарите.


 
   
Автор: Б.С.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9159103308&id=14&prilog=0&setIzdanie=21788
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Sep-2009 at 00:13

ВЛАДИН ПРОЕКТ


Отворено ново фудбалско игралиште во Марино


Жителите на село Марино добија ново фудбалско игралиште со професионални димензии во должина од 120 метри и ширина од 85 метри. Помошното игралиште има соблекувални и туш кабини за играчите и судиите, како и трибина и рефлектори за одигрување на натпревари во ноќните часови. Проектот го поддржа Владата преку Програмата за изградба на 50 фудбалски игралишта низ целата држава.

Свеченото пуштање во употреба го означи премиерот Никола Груевски, во друштво на директорот на Агенцијата за млади и спорт Драган Ѓурчевски, градоначалникот на општината Илинден Жика Стојановски, како и граѓаните од оваа населба.

Жителите се задоволни што добија нов спортски терен и сметаат дека со фудбалското игралиште кое е наменето првенствено за учениците, спортистите и за сите граѓани на општината и ќе претставува собиралиште на најмладите.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=808D41F13D1F844F95AB34F9020592D3

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Nov-2009 at 16:46
Фудбалско игралиште во Аеродром...




Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Nov-2009 at 15:17


Фудбалско игралиште во РЦ Аеродром





 

Градот шест месеци ја испитуваше функционалноста на овие средства за да утврди дека таа не постои

 

 
%20  
Реонскиот центар Аеродром ќе добие фудбалски терен долг 120 метри и широк 85 метри, со монтажна трибина за 700 гледачи, со проектот што заедно го спроведуваат општината Аеродром, Владата и Агенцијата за млади и спорт. Камен-темелникот на овој спортски објект вчера го поставија градоначалникот Ивица Коневски, премиерот Никола Груевски и директорот на агенцијата Драган Ѓурчевски, откако го осветија свештеници. Тој е дел од големиот проект со кој треба да се направат 50 фудбалски игралишта. Ќе служи за организирање спортски натпревари, за тренинзи на фудбалски екипи, но и за спорт и рекреација на граѓаните.

- Ова е плод на добрата соработка меѓу Владата, општината и агенцијата - рече градоначалникот Коневски.

Директорот Ѓурчевски изрази надеж дека теренот ќе биде место каде што првите фудбалски чекори ќе ги направат многу идни врвни фудбалери и репрезентативци на Македонија, со кои ќе се гордеат сите.

Премиерот Груевски, пак, порача дека треба да се градат вакви терени ако сакаме да имаме здрави поколенија на млади што ќе се развиваат според принципите на спортот и ќе бидат оттргнати од пороците.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111391016387&id=14&prilog=0&setIzdanie=21836
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Nov-2009 at 20:57

Почна да се гради второто игралиште во Аеродром





 

Ќе се гради ново фудбалско игралиште покрај кејот на реката Вардар, пред спортската сала „Јане Сандански“, во општината Аеродром, а наскоро во негова близина ќе се прават и четири тениски игралишта, голема сала за хокеј и уметничко лизгање, како и „куќа на фудбалот“, која ќе содржи четири фудбалски игралишта

 

 
%20  
На поставувањето на камен-темелникот за второто игралиште во оваа општина, кое е дел од проектот на Владата за изградба на 50 игралишта, присуствуваше премиерот Никола Груевски, Ивица Коневски, градоначалникот на општината Аеродром и Драган Ѓурчевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Игралиштето ќе биде долго 117 метри, 81 метар широко, а ќе има и монтажна трибина што ќе собира околу 500 гледачи. Тоа ќе биде наменето за организирање на спортски натпревари, тренинзи на фудбалски екипи, но ќе им служи и на граѓаните за спорт и за рекреација. Покрај, тоа ќе се изградат и придружни објекти, како комплет кабини и соблекувални за резервните играчи.Изведувачи на градежните работи се фирмите „Конструктор сплит“ и „Македонија инвест“.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=113091046253&id=14&prilog=0&setIzdanie=21850

Edited by Cloverstack - 30-Nov-2009 at 20:58
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Jan-2010 at 23:07
Фудбалско стадионче во Аеродром, дел од проектот за 50 фудбалски игралишта низ државата.

Локацијата е овде:
41°59'33.67"N  21°27'46.21"E

...досега го немавме регистрирано


1.  Ова ќе биле соблекувални


2.


3.


4.

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 11-Jan-2010 at 23:21
Овој стадион стои во ДУП-от за спортскиот кеј кај Јане Сандански. Мене ми беше интересно местово поради продолжување на бул.АСНОМ и премостување на Вардар за да се спои со бул.Гоце Делчев.

Стадионов треба да е јужно од булеварот, значи „прекупат“ од салата на МЗТ.

Баш ме интересира дали/колку ќе има трибини и капацитет.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 11-Jan-2010 at 23:24
Originally posted by alexgizh

Баш ме интересира дали/колку ќе има трибини и капацитет.

Најавија 1000:
http://www.build.com.mk/portal/?p=856

Мада поретко кружи некоја информација и за 500


Edited by Cloverstack - 11-Jan-2010 at 23:24
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Jan-2010 at 23:32
Како и да е, убаво што ќе има игралиште, а просторот е доволно голем за во иднина да се прошири и да се изградат асални трибини.

На Аеродром како општина му треба фудбалски клуб. Ви текнува на идејата на Трифке да го сели Работнички во Аеродром? Само незнам дали намерата беше да гради стадион овде негде или да проба нешто кај игралиштето на бивши ФК Југ.

41.982 N 21.458015 E

Бај д веј, што станува со ова игралиште? Ќе го градат како едно од овие 50? Локацијата е ѕвер, штета да не биде асален стадион.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-Jan-2010 at 17:08
ГАЗИ БАБА
Се гради игралиште во Трубарево

Во Трубарево почна изградбата на помошно фудбалско игралиште. Игралиштето се изработува по проект и со финансиска поддршка од Агенцијата за млади и за спорт, а Општина Гази Баба ги обезбеди потребните услови и урбанистичката документација. - Со изградба на овој објект младите од ова населено место ќе добијат убаво катче за спортски активности - велат од Гази Баба.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1915&ArticleID=131150
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3629
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 30-Jan-2010 at 17:33

Стадион во Штип ќе се сели од постоечката локација

Виолета Кожинкова Коментари (0)   
30.01.2010 17:13
 

 

Градскиот стадион во Штип ќе се сели од постоечката локација. Ќе биде преместен во градскиот парк Сујтлак. На него уште малку ќе се игра фудбал, за неколку години на него ќе никнат згради.

Иако постоечкиот стадион претставува атрактивно градежно земјиште со површина од 36.000 метри квадратни штипскиот градоначалник тврди дека во дислокацијата нема скриени бизнис интереси.

„Кога веќе ќе се гради нов стадион има нова локација, каде самата конфигурација на теренот овозможува неговата изградба да биде со пониска цена“, вели Зоран Алексов, градоначалник на Штип.

Реализацијата на целиот проект е вредна неколку милиони евра, но градоначалникот на Штип тврди дека општината тоа нема ја чини ништо. Новиот стадион ќе се изгради со парите од комуналиите што ќе ги плати инвеститорот што ќе гради на сегашниот градски стадион.

„Математиката кажува дека тука станува збор за износи кои се мерат во неколку милиони евра така што е можно да се направи целиот спортски комплекс туку и да остане нешто за општината за други проекти“, додава Алексов.

Инаку новиот стадион во Штип ќе има капацитет од 9.000 седишта и уште два помошни терени.                                                                                                                                   http://www.time.mk/read/NONE/19254f9b38/index.html  

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 10-Feb-2010 at 20:41
Планови за нов градски стадион и дислокација на стариот
stadion-stip-01022010.jpgШтип, 1 февруари 2010 - Локалната самоуправа сериозно размислува да го дислоцира градскиот стадион. Стадионот на ФК Брегалница кој се наоѓа во строгиот центар кај трговскиот и станбен комплекс Дујле своевремено бил финална точка до која се простирал градот. Но со ширењето на Штип, многумина ја наметнуваат тезата дека овој дел од градот е погоден за комерцијални проекти кои можат да му донесат пари на градот отколку за стадион.

Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов размислува стадионот да се дисцолицира. Поинаку кажано, да се направи нов стадион во месноста Суитлак. При тоа општината нема да издвои ниту денар за новиот стадион. Едноставно, од комуналиите кои би се наплатиле за градежните објекти на местото на стариот стадион, би се финансирала изградбата на новиот стадион. Освен тоа, новиот стадион би имал капацитет од 9000 седишта и би бил нова конструкција за разлика од стариот стадион кој е руиниран.

stadion-stip-mozen_model-01022010.jpg

На површина од над 35.000 м/2 каде сега се наоѓа стадионот би биле изградени станбени згради со можност за конструкција на трговски или деловен комплекс. Локацијата има потенцијал со оглед на тоа што во непосредна близина се две бензински пумпи, автобуската станица и трговскиот центар Дујле. Градоначалникот вели дека до сега добил неколку барања од бизнисмени кои сакаат да градат станови а потврда за интересот е и ангажманот на ЈП Штип Проект кое во 2010 година ќе работи на уредување на градежно земјиште на површина од 215 хектари.

Покрај новиот стадион, на предвидената локација ќе може да се изградат и помошни игралишта.

http://www.stip.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Apr-2010 at 18:19

Еве го Фудбалското теренче спроти МЗТ салата, покрај кеј...........

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4401
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Apr-2010 at 18:42
Во Битола па нема трибини
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.093 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.