build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фудбалски стадиони во Македонија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 12131415>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 31-Mar-2016 at 10:08
Четврток, 17 Март 2016 09:11

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), Општина Велес на ден 15.03.2016 година, објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за интерес

Повик за пројавување на интерес за изградба на трибини на Градски стадион во Општина Велес


ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на јавниот повик е пројавување на интерес од потенцијални инвеститори, за изградба на трибини на Градскиот стадион-Велес.

Повикот се однесува за изградба на трибини на сревероисточната страна на објектот –градскиот стадион, лоциран на КП 1812, за КО Велес, со површина на градба во должина од 100м1 и ширина 12м1.

Утврдувањето на ширината и должината на градба ќе биде утврдена со посебна проектна документација, за кое треба да биде издадено посебно одобрение од страна на општината.

Инвеститорот превзема обврска:

Да ја финансира изработката на урбанистичката документација (детален урбанистички план);

Да ја финансира во целост целата проектна документација за изградба на објектот а при тоа идејното решение и основниот проект да бидат одобрени од страна на општината;

Да ја финансира во целост изградбата на објектот согласно одобрениот основен проект;

Да ги финансира сите пропратни трошоци поврзани со изработка на техничата документација и со самата изградба на објектот;

За правата и обврските во текот на градбата помеѓу општината и инвеститорот ќе се склучи посебен договор.

...

http://www.veles.gov.mk/veles3/index.php/soopstenija/4217-povik-za-projavuvanje-interes-za-izgradba-na-tribini-na-gradskiot-stadion
За сè има вторпат
Back to Top
Patriot View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 12-May-2016 at 21:24
Tetovo Stadium
http://www.i-i-s.eu/tetovo-1.html



Bitola Stadium
http://www.i-i-s.eu/bitola-1.html



Prilep Stadium
http://www.i-i-s.eu/prilep-1.html



Stip Stadium
http://www.i-i-s.eu/stip-1.html






Edited by Patriot - 12-May-2016 at 21:25
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 13-Jun-2016 at 02:58
НАГОЛЕМО СЕ РАБОТИ НА ТЕРЕНОТ ВО ШТИП

Од ден во ден се интензивира работата на теренот на Градскиот стадион во Штип.

Иако пред извесно време реконструкција се одвиваше сo мали потешкотии, од пред неколку денови се чини дека работата добива на, како што веќе рековме, интензитет. Останува во наредниот период изведувачот на работите да го покрие теренот со квалитетна трева, како што е планирано, потоа следува период од 2-3 месеци додека истата не се „зафати“.



http://www.sport.com.mk/?itemid=DA6A3B6DF6B1D94A966EBACD78CA8D52
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 19-Jul-2016 at 11:25
На ред за реконструкција дојде и тревникот на „Гоце Делчев“ во Прилеп

Од денес на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, започна реконструкцијата на тревникот, проект на ФФМ со кој се продолжува модернизацијата на стадионите во Македонија. Откако нов тревник добија стадионите во Велес, Битола и Тетово, а во завршна фаза е и во Штип, за неколку месеци на нова трева ќе се игра и во Прилеп.



Откако денес влезе механизацијата и започна отстранување на стариот тревник, стана јасно дека прилепчани на стартот од новата сезона, својот миленик Победа кој по неколкугодишна пауза се враќа во Првата лига, нема да го гледаат на својот стадион. Ако се земе предвид динамиката и времето потребно за реконструкција на претходните стадиони, тогаш сигурно е дека стадионот „Гоце Делчев“ нема да биде подготвен за одигрување натпревари барем до Нова година.



Покрај реконструкцијата на теренот, предвидено е стадионот да добие и рефлектори, со што би имало можност за одигрување на ноќни натпревари.



http://www.gol.mk/fudbal/na-red-za-rekonstrukcija-dojde-i-trevnikot-na-goce-delchev-vo-prilep
Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 28-Oct-2016 at 20:19
Ги лапнаа донациите, направија ниви од и така катастрофалните стадиони.

Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 28-Oct-2016 at 22:38
Не се расне трева туку така, треба искуство, труд и време. Кај нас единствено требаше да стават дренажа, прскалки и да посадат готов бусен. За неколку месеци бусенот е спремен за употреба и ако се одржува квалитетно ќе трае повеќе од 5 години.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 20-Nov-2016 at 09:38

Нормално дека не, како се расне трева пример е Лужники, ама зошто сите земени донации да се трошат?

http://sport.com.mk/default.asp?ItemID=DC53E553BFB87845B2B9582762BB6023
Можеби теренот е по солиден од оној во Прилеп(почнаа во исто време), ама услови за одигрување вечерни утакмцици!? Ова се викаат фрлени пари во дупка, буквално. Јас не знам мафиозиве како ги одбираат стадионите кај што ќе постават рефлектори а и кој ги бира моделите. Ако по некоја случајност не светат во полна сила, ова е срамота!   

Back to Top
Patriot View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 06-Jan-2017 at 16:08
Бесплатниот проект за изградба на модерни соблекувални

Достапен проект за изградба на модерни соблекувални со придружни простории
http://ffm.mk/dostapen-proekt-za-izgradba-na-moderni-soblekuvalni-so-pridruzni-prostorii
http://ffm.mk/osnoven-proekt-za-soblekuvalni-za-fudbaleri-so-pridruzni-prostorii

Има две решенија...

Решение 1







Решение 2








Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 06-Jan-2017 at 16:52
Пријателе, те молам намали ги сликиве, преголеми се, имаш таква опција на Imgur.
За сè има вторпат
Back to Top
Patriot View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 25-Jan-2017 at 15:38
Распишан тендер за покривање на северната трибина на градскиот стадион
tvstar

Продолжува реконструкцијата на градскиот стадион во Штип. Од денес, тече тендерска постапка за набавка на материјали потребни за покривање на северната трибина, што е дел од обврските на општината:

-Проценетата вредност на проектот е 4,5 милиони денари. И според планираното надстрешницата треба да биде долга околу 100 метри и широка околу 55 метри, изјави Александра Ангеловска, соработник за јавни набавки – о.Штип.

Сите заинтересирани фирми, рок да се пријават на тендерот имаат до 13-ти февруари наредниот месец:

-Ќе следи евалуација и закажување на електронска аукција, изјави Александра Ангеловска, соработник за јавни набавки – о.Штип.

Претходно, Фудбалската федерација на Македонија заврши со дренажата на теренот, а општината обезбеди посебно напојување на електрична енерија и постави осум рефлектори.

По уредување на трибините, ќе следи и тендерска постапка за обнова на соблекувалните, со што градскиот стадион во Штип ќе добие комплетно нов, современ европски изглед.

Целосната реконструкција на стадионот, ќе чини половина милион евра, пари кои заеднички ги издвојуваат општината и ФФМ.




Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 25-Jan-2017 at 21:00
Каков бе црн европски изглед... Па барем да ја продолжеа уште 6 реда за да дојде исто ниво со тоа чудото ложа што треба да биде.
Коце, кур да бричиш!
-Кензо Танге (1913-2005)
Back to Top
DamjanFilipov View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 02-Jul-2013
Location: Stip Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote DamjanFilipov Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 23-Feb-2017 at 20:59
Back to Top
DamjanFilipov View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 02-Jul-2013
Location: Stip Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote DamjanFilipov Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 23-Feb-2017 at 21:02
Eve nekolku moderni evropski stadioni.Izgledat dosta mali,eftini a sepak pristojni i moderni.
Back to Top
DamjanFilipov View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 02-Jul-2013
Location: Stip Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote DamjanFilipov Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 23-Feb-2017 at 21:08

Kolku bre pari treba za da se napravi ovoj ekstra stadion?Apaska drzava
Back to Top
DamjanFilipov View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 02-Jul-2013
Location: Stip Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote DamjanFilipov Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 23-Feb-2017 at 21:10
http://aktiva.com.mk/
Back to Top
Patriot View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 01-Mar-2017 at 22:56
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 03-Mar-2017 at 16:56
ФФМ ќе ги реновира и стадионите во Кочани и во Турново

Фудбалската федерација на Македонија осигура наменски средства за реконструкција на стадионите во Турново, градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани и повеќе терени и игралишта кои имаа штети од поплавите. Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, објасни дека УЕФА и ФИФА навремено беа запознаени со штетите предизвикани од поплавите во нашата држава, а Европската и Светската фудбалска асоцијација во соработка со ФФМ издвоија средства за реконструкција на стадионите и терените.

„Видовме какви штети предизвика невремето и поплавите и драго ми е што во УЕФА имаа слух, а ФФМ секогаш ќе ја помага својата база. Најважно е што на тие терени повторно ќе се игра фудбал. Состојбата на стадионите ја уочивме после поплавите. Тогаш е направен предпроект за обнова и се пријавивме за средства од УЕФА и ФИФА. Тоа се строго наменски и служат за санација на терените и стадионите“ – изјави Филип Поповски.

На стадионот во Турново во тек е реновирање и прилагодување на соблекувалните, потоа реконструкција на кровната конструкција, а се гради и нова допинг просторија. По финализирањето на реконструкцијата стадионот ќе ги исполнува условите за одигрување натпревари од висок ранг.

На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани во тек е реконструкција и санација на теренот, спуштање на хидромеханичка опрема во постоечкиот бунар и подготовка на траса за поставување на нова хидрантна мрежа на фудбалскиот терен. Во оваа фаза се монтира опремата за автоматизирано наводнување на теренот, поврзување на пумпните места и поставување на водени топови за автоматско наводнување на теренот.

На теренот во Драчево изработена е санитарна мрежа од артериски бунар, а во втора фаза ќе биде извршено ѓубрење на теренот.

Паралелно, ФФМ во соработка со УЕФА и ФИФА работи на проекти за реконструкција и на останатите терени и стадиони кои имаа штети предизвикани од поплавите.

Извор
Back to Top
Patriot View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 09-May-2017 at 14:07
Теренот со најдобра тревна подлога...наскоро на тренинг центарот "Петар Милошевски"
https://www.facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Back to Top
Patriot View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 13-May-2017 at 18:00
Отворање на "Домот на спортот" во Македонска Каменица.
Горди што е дел и поддршка за фудбалот во рударскиот град.
СРЕЌНО
https://www.facebook.com/FudbalskaReprezentacija





Edited by Patriot - 13-May-2017 at 22:04
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 180
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 26-Jun-2017 at 02:32
Originally posted by DamjanFilipov

Eve nekolku moderni evropski stadioni.Izgledat dosta mali,eftini a sepak pristojni i moderni.

Не се способни кај нас да изградат вакви стадиони.
Кај нас едната трибина ќе ја градат 5 години, теренот 3 години, а другите трибини 10 години, и на крајот ќе се изгради стадионот со недостатоци...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 12131415>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.