build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фудбалски стадиони во Македонија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Decibel View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Aug-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Decibel Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 31-Aug-2017 at 07:54
Стадионот во Халадаш (Унгарија)

http://stadiumdb.com/designs/hun/haladas_stadion

Edited by Decibel - 31-Aug-2017 at 07:55
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 10-Sep-2017 at 16:30
Вардар ќе гради нов стадион во скопската населба Карпош!


Македонскиот фудбалски шампион Вардар ќе добие нов стадион кој ќе се гради во скопската општина Карпош, на местото каде што сега игра второлигашот Локомотива, неофицијално дознава „Спорт1“ од извори блиски на општината.
Сопственикот на Вардар, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко одамна имаше намера да изгради нов, помал стадион каде што црвено-црните би ги играле натпреварите од домашното првенство. Проектот за изградбата бил готов, доставен до надлежните во општина Карпош, од каде што без проблем се согласиле да бидат домаќини на најголемото фудбалско име во Македонија. Остануваат само да се средат бирократските работи за да може да почне изградбата на новиот црвено-црн храм, за кој ќе треба да помогне и државата која би требало да отстапи дел од нејзиното земјиште околу теренот на Локомотива.

За сето ова побаравме потврда и од спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев, кој изненаден дека информацијата протекла во јавноста, скромно изјави дека потребно е да се утврдат техничките детали за овој проект.

„Tочно е дека е во план да се гради стадион на таа локација, ама треба допрва да се утврдат сите технички детали“, ни изјави Панчев.

„Црвено-црните“, кои сега се „кираџии“ на Националната арена „Филип втори“ имаат во план новиот стадион да биде суперлуксузен, со сите нишани и на него, покрај домашните првенствени и Куп средби, да можат да се играат и понеатрактивните европски дуели.

Пред две години протекоа во јавноста фотографии од тоа како ќе изгледа новиот стадион на Вардар, за кој тогаш се шпекулираше дека ќе се гради во општина Аеродром. Откако стивна бурата, од клубот се јавија со соопштение дека проектот е стопиран за извесен период. Сега информациите велат дека сѐ е договорено Вардар да добие нов стадион, но во Карпош, населба која отсекогаш се сметала за една од највардарските во Скопје.

Ова секако ќе наиде на голема поддршка од страна на вардаровите навивачи, кои од поодамна протестираат што екипата постојано се сели со своите домашни мечеви, најчесто на „Филип Втори“ треба да се играат репрезентативни натпревари. Вардар во изминативе години своите домашни средби ги играше во Ѓорче Петров, во Маџари, во Велес, но со добивањето на нов стадион, тој проблем веќе нема да го има.

https://sport1.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/ekskluzivno-vardar-kje-gradi-nov-stadion-vo-skopskata-naselba-karposh
Back to Top
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 03-Oct-2017 at 18:04
Back to Top
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 19-Nov-2017 at 16:10
На ова ниво треба да се дотераат повеќе стадиони кај нас,монажни трибини се топ за наши стандарди

Видео:
http://https://www.youtube.com/watch?v=Q1lBva2MBMM


http://ffm.mk/dejan-stankovikj-gostin-i-predavach-vo-akademijata-na-ffm

Back to Top
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 27-Nov-2017 at 16:28
Нова трибина на стадионот СЦ Истатов




Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12419
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 02-Dec-2017 at 22:03
На предлог на Patriot, издвоени се нови нишки за стадионите во:

- Прилеп
- Тетово
- Струмица (Младост)


Cheers

Back to Top
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 17-Apr-2018 at 14:36
Фудбалскиот стадион во Охрид блесна во ново руво
http://www.ohridnews.com/vesti/113574






Back to Top
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 18-Apr-2018 at 23:05
До кога фудбалски прволигаши ќе бидат домаќини на гостински терен? Стадиони во очајна состојба:
http://www.youtube.com/watch?v=ZjXSF-kTjEA


Edited by Patriot - 18-Apr-2018 at 23:06
Back to Top
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 15-Jun-2018 at 20:26
Мали градежни работи на стадионот во ЃП,средување на подртибинскиот прстор









Back to Top
Patriot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Patriot Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 26-Aug-2018 at 22:24
ВИП ложи во Ѓорче (ФОТО)
https://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/vip-lozhi-vo-gjorche-foto







Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13807
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 29-Nov-2018 at 18:47
Наводно проект за стадионот на ФК Шкупи во Чаир. Фотките се преземени од ЅЅС форумот.









За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 29-Nov-2018 at 20:08
Охрид ќе добие супер модерен фудбалски стадион

Со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА , Општина Охрид ќе ги реконструира трибините на фудбалскиот стадион во СРЦ „ Билјанини извори“.

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2018
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 29-Nov-2018 at 20:18
"Супер Модерен" ... добро бре кој се пишува статии во мкд...

Можеле само да пишат "достоен", "пристоен".
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12474
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 25-Oct-2019 at 13:52
Изградба на трибина на стадионот на FC Shkupi во Чаир









https://www.facebook.com/komunacair/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13807
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 03-Mar-2020 at 21:40
Originally posted by stef4o

Изградба на трибина на стадионот на FC Shkupi во Чаир








За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12474
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 14-May-2020 at 08:40
Фудбалската федерација на Македонија донираше 550 нови столчиња за потребите на градскиот стадион во општина Неготино.
Пред истите да бидат монтирани ќе претходи делумна реконструкција на бетонската подлога на трибината, со што градскиот стадион во Неготино ќе добие сосема поинаков и поубав изглед, а ќе се подобрат и условите за следење на сите фудбалски натпревари.





https://www.facebook.com/delkovtoni
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12474
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 18-Jun-2020 at 12:32
Штип добива стадион каков што заслужува! (

Еден од најфудбалските градови во Македонија, Штип ќе добие нов модерен стадион, нешто што веќе подолго време се најавува, а наскоро ќе започне со реализација на проектот со кој овој град ќе добие фудбалски храм како што заслужува.

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски беше на состанок со раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која ветила изградба на една од двете трибини на новиот стадион, откако градот Штип неодамна најави дека општината ќе изгради една нова трибина на стадионот.

На состанокот, Бочварски со федерацијата се договориле за заедничка реализација на комплетно нов стадион, кој ќе ги задоволува сите стандарди, па ќе може да биде домаќин и на европски мечеви, како и на мечеви на репрезентацијата.

„Во Фудбалската федерација на Македонија одржавме состанок со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, дел од раководството на федерацијата и сопственикот на ФК Брегалница, Кирил Гогов. Од наша страна, информиравме за потребата од изградба на Градскиот стадион во Штип со нова, репрезентативна инфраструктура која би претставувала гордост за градот и ФК Брегалница, како еден од најголемите фудбалски брендови во државата. Проектот за новиот стадион го изработи Општина Штип, веќе е доставен во ФФМ, а федерацијата ќе ја разгледа целата техничка документација, ќе даде свои сугестии, а потоа нашата општина ќе издаде одобрение за градба. Исклучително сум задоволен затоа што добив позитивен одговор од страна на претседателот на ФФМ и подготвеност тие да ја финансираат изградбата на едната трибина. По завршувањето на изградбата, Општина Штип ќе започне изградба на втората трибина на новиот фудбалски храм на штипјани. Во наредниот период како Општина ќе ги преземеме сите обврски за отстранување на постоечката трибина од Градскиот стадион. Ова се навистина важни чекори кои ги превземаме за сериозен раст и развој на спортот во Штип, како еден модерен фудбалски град кој ќе биде пример за успешна спортска приказна во државата и надвор од неа„, изјави градоначалникот на Штип, Бочварски.





https://sport1.mk/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2575
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 18-Jun-2020 at 12:40
Предлог до 15 јули на секоја вест која може да се толкува како предизборна, а такви ќе ги има многу наредниве четири недели, да ставиме хаштаг #ПИА (Предизборна активност).
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13807
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 10-Jul-2020 at 22:14
Стадионот во Чаир, фоткава е од пред една недела...

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12474
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 11-Sep-2020 at 11:00
По 30 години Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие потполно нова слика. Фудбалската федерација на Македонија целосно реконструира две трибини (јужна и источна), а целосно покриена со кровна конструкција ќе биде јужната трибина. Веќе се набавени и 2000 нови столчиња за стадионот на ФК Тиквеш. Општина Кавадарци потоа целосно ќе ги обнови и модернизира соблекувалните и останатите простории во рамки на стадионот.

„За кратко време го поминавме патот од идеја до реализација. Сите знаеме колку стадионот и ФК Тиквеш значи за градот Кавадарци. Исклучитено сме задоволни од досегашниот тек на активностите, напредокот веќе е видлив, а следната пролет ќе ја видиме целосната слика од Градскиот стадион. ФФМ обезбеди средства за изградба и реконструкција на трибините на стадионот, а заедно со општината ќе продолжиме да создаваме услови за подобрување на фудбалската инфраструктура. Благодарност до градоначалникот Јанчев и неговата администрација за обезбедувањето на сета потребна документација и можноста да започнеме со реализација на проектот во најкраток рок“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Градоначалникот Митко Јанчев вели дека новиот стадион ќе биде голем плус за развојот не само на фудбалот туку и севкупно на спортот во Кавадарци.

„За реализација на овој проект изразуваме голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија. ФФМ обезбеди средства и врши реконструкција на стадионот. За ваков прилично голем проект, едни без други не можеме и на овој начин само ја унапредуваме нашата соработка. Секојдневно сме во комуникација со луѓето од федерацијата, стадионот на некој начин е „жива материја“ и заеднички се трудиме да направиме позитивни работи за фудбалот и воопшто за спортот во нашиот град. Она што Федерацијата го прави заедно со општините, едноставно, секој мора да го поддржи бидејќи се вложуваат средства, а корист имаат клубовите. Драго ми е што и ние како локална самоуправа после многу години создаваме поинаква слика за Градскиот стадион, а тоа е вредност за градот која ќе трае и ќе биде поттик за многу идни генерации фудбалери“, изјави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Фудбалската федерација на Македонија со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнувањена стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп а исто така, постави и целосно ново рефлекторско осветлување и сега на стадионот има можност да се одигруваат и натпревари под рефлектори.

За кратко време, Фудбалската федерација на Македонија целосно ќе ја заврши и ќе ја пушти во употреба новата трибина на стадионот во Чаир, потоа целосно ќе го заврши и новиот терен на стадионот на ФК Ренова во Џепчиште, а еден од покрупните проекти кој се очекува да се финализира е стадионот „под Тумбе кафе“ во Битола.

Во тек се градежни активности и изградба на нова трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, а еден од важните проекти во периодот што следува е целосна обнова со изградба на нова трибина на градскиот стадион во Штип.



https://ekipa.mk/ffm-stadionot-vo-kavadartsi-naskoro-so-nov-lik-video/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.