build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фудбалски стадиони во Македонија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 14151617>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 15-Sep-2020 at 18:37
ФФМ го претстави новиот лик на Градскиот стадион во Штип (ФОТО+ВИДЕО)



Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Хет-Трик“ програмата за развој на фудбалската инфраструктура го претстави идејното решение за западната трибина на Градскиот стадион во Штип.

Новиот стадион не само што ќе стане пристоен дом за штипската гордост, ФК Брегалница, туку би бил и прилика за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари.

Во проектот финансиран од Фудбалската федерација на Македонија предвидено е западната трибина да има капацитет од 2.000 седишта, ВИП ложа и ресторан, простор за медиуми и за лица со инвалидитет, а во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.

Фудбалската федерација на Македонија со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнувањена стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, а постави и целосно ново рефлекторско осветлување.

Во тек се градежни активности и изградба на нова трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, a после 30 години, Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие потполно нова слика. ФФМ целосно реконструира две трибини (јужна и источна), а со кровна конструкција ќе биде покриена јужната трибина.

Во најскоро време, целосно ќе се заврши и ќе биде пуштена во употреба новата трибина на стадионот во Чаир, потоа целосно ќе го заврши и новиот терен на стадионот на ФК Ренова во Џепчиште. Еден од покрупните проекти кој се очекува да се финализира е стадионот „под Тумбе кафе“ во Битола.



https://ekipa.mk/ffm-go-pretstavi-noviot-lik-na-gradskiot-stadion-vo-shtip-foto-video/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 16-Sep-2020 at 11:54
Rekonstrukcija so dogradba na tribini na Gradski Stadion Shtip - Monolit Grup





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 11-Oct-2020 at 17:20
Нека е со среќа на штипјани, добиваат нова трибина после 55 години
Денешното саботно попладне го искористив да бидам на терен заедно со заменик Градоначалникот на Штип, Јане Миланов со цел да направиме увид во отпочнувањето на активностите за отстранување на западната трибина на Градскиот стадион во Штип.
Веднаш потоа започнува со изградба на целосно нова трибина преку програмите на ФФМ.
Источната трибина ќе биде изградена преку инвестиција на Општина Штип.







https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 21-Oct-2020 at 10:16
СТАДИОНОТ ВО ШТИП ЌЕ ДОБИЕ НОВА ТРИБИНА ЗА 100 ГОДИНИ ФУДБАЛ ВО ГРАДОТ, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЧИНИ



Западната трибина на Градскиот стадион во Штип веќе е срушена и на нејзино место се гради нова трибина за 2.000 гледачи. Градскиот стадион целосно ќе биде готов догодина, кога штипскиот фудбал и ФК Брегалница го одбележуваат 100. роденден.

Целосната реконструкција на стадионот е заеднички проект на Општината и на Фудбалската федерација на Македонија, а во првата фаза беа поставени нов тренажен терен и рефлектори. Како што е договорено со актуелната локална власт, новата трибина ќе биде финансирана од ФФМ преку проект на УЕФА, а Општината заедно со новите донатори имаат обврска да ја изградат другата трибина.

Ниту ФФМ, ниту општинските кофинансиери не откриваат колку чини овој проект, но штипската фудбалска јавност е задоволна што стадионот се гради по сите европски норми, со желба Брегалница да го прослави својот 100. роденден со некој меѓународен натпревар.

ФФМ вакви проекти реализира и на градските стадиони во Охрид, Прилеп, Битола, Тетово и Чаир.

https://sdk.mk/index.php/sportski-prikazni/stadionot-vo-shtip-ke-dobie-nova-tribina-za-100-godini-fudbal-vo-gradot-ne-se-znae-kolku-chini/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 01-Nov-2020 at 14:14
НА „ЧАИР“ СТИГНАА ДО ТЕРЕНОТ, ПОСТАВЕНА И НОВИНАРКА ЛОЖА

Очигледно дека стадионот на Чаир, ќе биде еден од најубавите од нашата земја, кога ќе се заврши со неговото реновирање. Работите на овој објект не застануваат, напорно се работи, а резултатите нормално се видливи.

Новата трибина е скоро готова, се доработуваат финесите, а новитет е и специјалната новинарска ложа која е поставена и која е вистинска реткост на спортските објекти кај нас.

Конечно, се стартуваше и со реновирање, односно целосна реконструкција на теренот, се обработува темелно секој дел, а се планира тервнатата подлога да го опфати целиот терен, да нема воопшто простор без тревната површнина.

Комплетното реновирање на стадионот плус теренот и пуштањето во употреба на истиот се планира за напролет.



https://sportmedia.mk/2020/10/29/на-чаир-стигнаа-до-теренот-поставе

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 03-Dec-2020 at 10:43
Стадионот во Чаир, новата трибина е речиси при крај, се работи на тревникот, се поставува нов систем за наводнување и почната е изградба на нови соблекувални.

За сè има вторпат
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 03-Dec-2020 at 12:30
Treba da stavat montazni tribini pozadi golovite, kako onie na FFM igralisteto ili vo Strumica so toa sto tuka nema atletska pateka pa mozat da se pogolemi od kraj do kraj. So toa ke se dobie celosen stadion.

Dali nekoj ima info do kade e stadionot vo Prilep? I tamu ima prostor za montazna tribina pozadi edniot gol kade nema tribina.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 17-Mar-2021 at 09:02
Од реконструкцијата на стадионот на Шкупи во Чаир





...

ова сега е почнато да се гради



https://www.facebook.com/VisarGaniu.Cair/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 02-Jul-2021 at 11:28
Жителите на Наколец собраа над 80.000 долари за да изградат стадион во Преспа



Љубовта кон фудбалот, а особено кон спортот, нѐ познава вера и нации, доказ за тоа се жителите на селото Наколец во близина на Ресен, кои како вистински спортските вљубеници се пред самата цел за да си го исполнат сонот, а тоа е да изградат стадион и рекреативен центар за тие што сè уште живеат во него.

Причина што приказната за Наколец е единствена и неповторлива е што спортскиот објект нема да им го изгради локалната ниту централната власт, туку тие самите со собирање пари преку интернет-мрежата за таа намена „ГоуФандМе“.

Се надеваме дека ќе го обновиме стадионот и ќе изградиме рекреативен парк каде ќе се создаде шанса за претстојните спортисти да тренираат и да ги покажат своите таленти преку различни спортски кодови, како и конечно да создадеме безбедно игралиште каде децата можат да уживаат секојдневно. Тоа е место кое многумина го нарекуваат дом, а без сомнение е проект што беше занемаруван толку години. Време е да се направи таа промена и да се создаде нешто посебно за нас и уште поважно за генерациите што следат. Секако дека за да можеме да го постигнеме ова, потребни се средства. Ние веруваме дека ако сите се собереме заедно, ќе можеме да го постигнеме ова со леснотија. Дајте великодушно каде што може, секоја донација е многу ценета – стои во објавата на „ГоуФандМе“.

Речиси 300 жители од ова преспанско село во кое живеат и сложно работат Македонци, Албанци, Турци, Роми и останати националности, нивната огромна љубов кон спортот, но и кон нивното село ја препознаа многумина, а уплати пристигнуваат од речиси сите страни на светот, но и непознати страци од „белиот свет“, кои го препознаа големото срце на наколичани.

Тие досега имаат собрано нешто повеќе од 80.000 долари, што е многу блиску до зацртаната цел од 100.000 долари, колку што сметаат дека ќе им биде потребно да го остварат својот сон. Идејниот проект е веќе направен и тој изгледа прекрасно, бидејќи покрај модерниот фудбалски стадион ќе има и игралишта за кошарка, одбојка, но и рекреативен центар со маси за пинг-понг, билијард, како и детско игралиште.

Заедништвото на жителите на Наколец и нивната сплотеност без разлика кој на која националност и вера им припаѓа, треба само да биде пример за останатите македонски граѓани и пред сè за политичарите.

https://plusinfo.mk/zhitelite-na-nakolec-sobraa-nad-80-000-dolari-za-da-izgradat-stadion-vo-prespa/?fbclid=IwAR1sISZ396cTMYVKFSeN_ZSu_FMN7W9j0V1L3yY_DBWvBOBtnawe44XsHCk
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 19-Jul-2021 at 12:41
Dali nekoj ima info za stadionite vo Bitola Stip i Chair kako odi rekonstrukcijata i poveke info za izvesna nadgradba na stadionot vo Kavadrci?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 10-Sep-2021 at 07:24
Целосно запуштени трибините на градскиот стадион



Градскиот стадион во Кичево, кој пред деценија-две беше фудбалски епицентар во градот и регионот, каде се одиграа безброј возбудливи натпревари и дотеран во секој поглед, денес не може да се препознае. Обраснат е со висока трева околу теренот, а трибините со напукнат бетон, обраснати со висока трева и искршени столчиња.

За да не му се случи целосна пропаст на стадионот се погрижи тренерот на третолигашот „Напредок“, Ѓорѓи Трпески, кој не само што ја води екипата, туку е единствениот кој, колку-толку му посветува внимание на зелениот терен за да може барем да се играат регуларни фудбалски натпревари.

-Состојбата на Градскиот стадион е повеќе од загрижувачка. Иако овој стадион е градски, сепак од локалните власти не му се посветува доволно внимание за негово тековно одржување. Во неколку наврати сум имал намера да го контактирам комуналното претпријатие да ги запознам со проблемот, за да преземат мерки Градскиот стадион да се потсреди, но сепак до планираната средба не дојде – изјави Трпески, кој вложува огромни напори „Напредок“ да продолжи со работа, а стадионот сè уште да биде употреблив.

Тој вели дека и покрај огромната желба да ги подучува младите што подобро да играат фудбал, посочи, случајов ја има и улогата на економ.

– Го наводнувам и косам теренот без никаков надомест, за да не дојде до негово целосно исушување. Ако во наредните година-две не се променат состојбите и јас ќе бидам приморан да кренам раце од клубот и од стадионот. Се прашувам зошто тоа му се случува на фудбалскиот храм во Кичево, каде ја оставивме младоста и му ги посветивме на клубот најубавите години – нагласи Трпески.

https://www.vecer.press/целосно-запуштени-трибините-на-градс/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 10-Sep-2021 at 07:55

Беспрекорното водство на ДУИ на виделина. Зелена партија.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 12-Sep-2021 at 21:24
Дека безрбетните ѓубриња од поголемите партии што ги „водат“ општините се единствено способни да го дозапустат и тоа што постоело - сите знаеме. Дека ДУИ не инвестирала затоа што ич не ги заболе за ништо освен нивниот џеб - исто како и погоре, сите знаеме. Ама па што ако инвестриале? Демек Општина Битола што се спружи над 5 милиони евра за стадион е многу напредна? Не, туку е само доказ до кое ниво бедната малограѓанштина доминира во политиката, каде една збирштина на хулигани како Чкембари е влијателна лоби група во градот. Општина, која кога ќе ги одземиме платите на наставниците, има за се друго некој си буџет од скромни 10/12 милиони евра, инвестира пола годишен буџет во проклет стадион! За што? За Чкембари да имаат подобри услови за да се дерат „За шиптари гасна комоара“? Зошто упорно да се инвестира во спорт во кој очигледно апсолутно не не бива. Ете на пример, Битола ги има најдобрите спортски качувачи и во машка и во женска категорија во државата. А тренираат во мизерни услови, во болдер 5x5 метри. Има одличен велосипедски клуб кој одвај некако си се одржува. Покриен базен - нема. Па ете и ракометот, спортската сала се крпи плукни-залепи, со спорадични донации, а не со обемна тотална реконструкција и адаптација во навистина европски објект. И покрај сето ова се издвојуваат ненормални милиони за фудбал! Градче претвроено во паланка, каде најубавите бисери на староградска архитектура во Македонија се во комплетен распад, каде нема една проклета нивелирана шахта, каде главните сообраќајници се роскоп, каде нема еден проклет сантиметар велосипедска патека или вистински организиран јавен превоз а се гуши од загадување! И приоритет е стадион за практикување на спорт во кој сме најбезнадежни од сите спортови, а имаш илјада други во кои можеме да домиираме и на светско ниво?

Не можам никако да го сфатам фетишот на фрлање толкави државни пари во фудбал.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2122
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 13-Sep-2021 at 08:22
Vardar koj bese na nivo na makedonska reprezentacija propadna i se uste nikomu ne mu paga napamet deka klubovite treba da se privatiziraat. Sto e dolzna opstinata da finansira sportski klubovi? Ne mi se veruva deka uste vladee matricata od socijalizmot koga se bese drzavno. Zal mi e za stadionot no ako nema fudbal ke nema nitu stadion.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 13-Sep-2021 at 08:28
Originally posted by hcitrS

Дека безрбетните ѓубриња од поголемите партии што ги „водат“ општините се единствено способни да го дозапустат и тоа што постоело - сите знаеме. Дека ДУИ не инвестирала затоа што ич не ги заболе за ништо освен нивниот џеб - исто како и погоре, сите знаеме. Ама па што ако инвестриале? Демек Општина Битола што се спружи над 5 милиони евра за стадион е многу напредна? Не, туку е само доказ до кое ниво бедната малограѓанштина доминира во политиката, каде една збирштина на хулигани како Чкембари е влијателна лоби група во градот. Општина, која кога ќе ги одземиме платите на наставниците, има за се друго некој си буџет од скромни 10/12 милиони евра, инвестира пола годишен буџет во проклет стадион! За што? За Чкембари да имаат подобри услови за да се дерат „За шиптари гасна комоара“? Зошто упорно да се инвестира во спорт во кој очигледно апсолутно не не бива. Ете на пример, Битола ги има најдобрите спортски качувачи и во машка и во женска категорија во државата. А тренираат во мизерни услови, во болдер 5x5 метри. Има одличен велосипедски клуб кој одвај некако си се одржува. Покриен базен - нема. Па ете и ракометот, спортската сала се крпи плукни-залепи, со спорадични донации, а не со обемна тотална реконструкција и адаптација во навистина европски објект. И покрај сето ова се издвојуваат ненормални милиони за фудбал! Градче претвроено во паланка, каде најубавите бисери на староградска архитектура во Македонија се во комплетен распад, каде нема една проклета нивелирана шахта, каде главните сообраќајници се роскоп, каде нема еден проклет сантиметар велосипедска патека или вистински организиран јавен превоз а се гуши од загадување! И приоритет е стадион за практикување на спорт во кој сме најбезнадежни од сите спортови, а имаш илјада други во кои можеме да домиираме и на светско ниво?

Не можам никако да го сфатам фетишот на фрлање толкави државни пари во фудбал.


Се сложувам со тебе од збор до збор и за фудбалот, и за стадионот во Битола, и за другите спортови во Битола, но ќе кажам само дека малку од малку навистина треба да се реновираат стадионите не поради фудбалот, туку и поради атлетичарите. Нема потреба од толку голем мегаломански проект како во Битола, но има потреба од реновација на атлетската патека и на просторот пред и зад стадионот. Тоа конечно ќе се среди.

А за спортската сала... Луѓето на локални избори уште гласаат партија и зборуваат за „фабрики и името и НАТО и ЕУ“. Џабе зборуваме.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2122
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 13-Sep-2021 at 09:17
Luge, se razbira deka gradot e nadlezen za sportskite objekti, no i tuka ima red i pravila kako toa funkcionira. Sportskite objekti ne treba da se pretvorat vo bure bez dno i samo da crpaat opstinski pari bidejki trosocite za odrzuvanje na istite se ogromni. Klubovite za koristenje na sportskiot objekt mora da plakaat kirija. Profesionalnite sportski klubovi vo svetot plakaat milionski sumi za koristenje na sala ili stadion. Malite klubovi, pak, koristat skolski sali, kade trosocite se mali. Ne znam zosto Makedonija treba da bide isklucok i da se ceka samo na opstinata.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1767
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 13-Sep-2021 at 17:15
Уште немаме претстава во какво општество и каков систем живееме. Згора на збунетиот народ, чат-пат се наоѓа по некој на власт што па им симулира Југословија со такви потези на народната маса, како спасот на Вардар со мерџот со Миравци. Држејќи се цврсто за некои стари модели на функционирање, кои некагоаш биле успешни, неможеме да се пуштиме и фатиме на другата страна за нормалното функционирање. И така среќни со една нога си седиме цапнати во пред-транзициона агонија.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 14-Sep-2021 at 09:33
Освен неколку стадиони (две-три) сите други во Македонија би требало да се со максимум 2-2.500 илјади капацитет, а фокусот да се стави на тоа да има атлетска патека, добар терен, добро осветлување, хигиена итн.
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 130
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 14-Sep-2021 at 11:28
Originally posted by skopskodete

Освен неколку стадиони (две-три) сите други во Македонија би требало да се со максимум 2-2.500 илјади капацитет, а фокусот да се стави на тоа да има атлетска патека, добар терен, добро осветлување, хигиена итн.

Апсолутно погрешно гледање на работите. Така не се развива фудбал,така не се прави јака лига и така не се вадат и продаваат играчи за добри пари.
Фудбалски гледано сме во залет,сме интересни и симпатични на фудбалската јавност ширум Европа,сега е моментот да се стисне гас и да се изградат стадиони. Само така лигата може од полу-аматерска да стане професионална,штета што преспоро се одвива изградбата на стадионот во Битола,7 години една трибина,во Охрид исто 6-7 години една трибина,во Струмица ако се сеќавам најавија стадион за 20.000,што би било супер ама не верувам дека некогаш ќе се рализира...така да тоа е главниот проблем.

Не го разбирам форсот со атлетски патеки,демек ние тркачката земја....поголемо задоволство за публиката е да биде блиску до играчите,како во Англија.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 14-Sep-2021 at 12:02
Види, со претпоследната реченица се побиваш себеси. Па нели треба да се гради инфраструктура за да се развива спортот? Ако нема атлетски патеки како ќе има атлетика? Типичен одговор од фудбалски фан. Инаку, лига се развива со приватен капитал, не со стадиони изградени од даночните обврзници.

Затоа, „задоволството“ кое го бараш треба ти го пружи приватна фирма/приватен клуб, на приватен терен (како во Англија).

Кај нас, стадионите се општински/државни (како и повеќето спортски сали), а истото важи и за клубовите. Тоа значи дека народните пари одат за општо добро - здрави млади, активни итн.

Ако ти сакаш поинтересен фудбал, не е државата должна да ти го пружи тоа.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 14151617>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.